Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Комплетирано е седмото коло во англиската Премиер лига, коло по кое имаме нов лидер во Арсенал со 16 освоени бода. „Топчиите“ го совладаа градскиот ривал Вест Хем со 2-0 и на најдобар можен начин го искористија вториот пораз во низа на Ливерпул (загубија од Челси со 2-1) за да го преземат врвот, односно на пауза да заминат како водечки тим на табелата. Последните победи на Арсенал (Њукасл и Вест Хем) како и негативните резултати на Ливерпул, ...
Микел Артета се уште го тера својот прв самостоен тренерски предизвик во кариерата и тоа како предводник на Арсенал, клуб во кој е активен од 2019 година. Шпанецот успеа да го однесе Арсенал на повисоко ниво, да го направи да биде меѓу најдобрите тимови во Премиер лигата и Лигата на шампионите, меѓутоа како постојано да му фали тој завршен чекор, удар и за тоа потврда се освоените пехар, еден единствен во ФА Купот ако ги тргнеме на страна оние ...
Тимот на Црвена Звезда има очаен старт на натпреварувачката 2025/2026, па така откако ги загуби првите два натпревари во Евролигата вечерва доживеа шок во АБА лигата и тоа на домашен терен во пресметката со Задар. Клубот од Хрватска се избори за големо славје од 85:79 и тоа сосема заслужено. Гостите водеа со плус шест по 20 минути (43:37), предност која ја зголемија и по третиот период (62:53) за да во завршниот период одиграа стабилно, ги ...
Челси ја прекина серијата на лоши резултати во Премиер лигата и тоа во дербито со актуелниот првак Ливерпул кого успеа да го добие со 2-1. „Сините“ одиграа квалитетен меч во кој конечно останаа со единаесетмина на теренот до самиот крај, па со погодоците на Каиседо и Еставеао дојдоа во трите бода, третото славје во шампионатот, прво по 30 август кога беше добиен Фулам со 2-0. Еквадорецот Каиседо имаше супер настап зачинет со атрактивен погодок и ...
Партизан се избори за победа над Крка од 84:78 во првиот натпревар во новата сезона во АБА лигата. „Црно-белите“ му дозволија на противникот да уфрли 50 поени во второто полувреме, но добриот настап во првиот дел беше доволен за да се дојде до посакуваниот резултат на стартот на ова натпреварување. За клубот од Белград дебитираше талентираниот Мика Муринен кој со неколку потези во негов стил ги запали домашните навивачи. Тој имаше атрактивно ...
Расмус Хојлунд имаше одлична седмица за Наполи, два натпревари на кои постигна три гола против Спортинг Лисабон и Џенова. На двата дуели од Лигата на шампионите и Серија А, актуелниот италијанскиот првак триумфираше со 2-1 што носи плус задоволство кај Хојлунд кој почнува да се пронаоѓа во Неапол по тешката епизода која ја имаше во редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. -Конте е врвен тренер. Дојдов тука затоа што знаев дека ова ...
Вчера се одржа Виз Ер Скопскиот маратон, настан кој мина во знакот на нашиот Дарио Ивановски кој успеа да триумфира со време од 2:14.50 часа и тоа пред кенискиот ривал Џулиус Кипкоч. Меѓутоа дефинитивно имаме и еден неформален победник на маратонот-тоа е 72 годинишниот Благоја Ацковски. Популарниот Бале Брзи го освои срцето на сите учесници и гледачи, облечен во народна носија ги истрча 42 километри со време од 3:59:24! Неговиот дух, упорност и ...
Екипите на Пелистер и Шкендија ги поделија бодовите во последниот меч од 9. коло во Првата македонска фудбалска лига. На средбата која се играше во Битола, актуелниот првак ја имаше улогата на фаворит против тимот кој беше во серија од пет порази во низа во шампионатот. Меѓутоа тетовските „црвено-црните“ не успеаа да пронајдат начин да го матираат голманот Јовчевски, односно мораа да се задоволат со реми без голови. Шкендија со ова се израмни со ...
Хосе Марија Гутиерез Ернандез или попознат само како Гути е легенда на Реал Мадрид, тим во кој преку школата, Ц и Б тимот дојде до оној најдобриот за кого настапуваше 15 години што не е мала работа. Тој освои доста пехари со „кралевите“ и многу добро знае што значи да си успешен во оваа средина, но и каква конкуренција носи еден клуб каков што е великанот од Мадрид. Секој се бори за место и кога имаше повеќе опции како што сега има тренерот Чаби ...
Јувентус и Милан одиграа без победник во големото дерби во Серија А, резултат од кој понезадоволен може да биде гостинскиот тим кој не реализираше неколку изгледни шанси, но и пенал од страна на Кристијан Пулишич. Американскиот репрезентативец одлучи да ја преземе одговорноста во 53 минута, меѓутоа шутираше многу лошо, надвор од рамката на голот што го чуваше Ди Грегорио. Офанзивецот дефинитивно жали за промашениот пенал, се извини и вети дека ...
Европската фудбалска федерација (УЕФА) даде зелено светло или поточно позитивно одговори на барањата на Шпанија и Италија на играње на лигашки средби надвор од нивните земји. Од УЕФА потенцираат дека и понатаму се против играње првенствени натпревари надвор од дома, земјите кои ги организираат натпреварувањата, но актуелната регулаторна рамка на ФИФА не е доволно јасна и детална, па Извршниот комитет донел одлука да ги одобри, по исклучок, двете ...
Тимот на ГРК Охрид ја заврши соработката со 30-годишниот интернационалец од Словенија, Гал Цирар. Цирар од натпреварувачката 2023/2024 беше дел од „гладијаторите“ и имаше значајна улога во екипата, беше меѓу најдобрите играчи, но во оваа сезона тука е и Дарко Ѓукиќ и неговата минутажа беше лимитирана. Клубот и десното крило седнаа и маса и договорија раскин на соработката. -Му благодариме на Цирар за се што направи за ГРК Охрид и му посакуваме ...
Македонската фудбалска репрезентација ќе има поддршка од трибините на средбата против Белгија која на 10 октомври ќе се одигра во Гент во рамките на квалификациите за Светското првенство. Доста Македонци обезбедија карти за ова сооочување, па ФФМ излезе со нова инфорамција за процесот со билети. -Драги навивачи на македонската репрезентација, Сите кои купивте ваучери за билет за натпреварот Белгија – Македонија , што ќе се игра во Гент (10.10.), ...
Италијанската фудбалска легенда, Фабио Канаваро не се прослави во својот последен клупски ангажман во редовите на Динамо Загреб, но тој е големо име и е интересен, па неговиот нов предизвик ќе биде работа со национален тим. Тоа што изминативе денови се најавуваше денеска беше потврдено и Канаваро е именува за нов селектор на Узбекистан. Тоа е селекција која веќе обезбеди пласман на Светското првенство во 2026 година, дебитински настап во кој ќе ...
Македонскиот првак МЗТ Скопје уште ќе го започне настапот во новата сезона во АБА2 лигата и тоа против Вршац од Србија. Средбата е закажана за 20 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Аеродром, а тренерот Васко Атанасов ги повика навивачите да им дадат голема поддршка и заедно да се радуваат на победа. -Новиот систем според кој ќе се игра во АБА2, ја зголемува важноста на секој натпревар, бидејќи едноставно немате право на кикс ако сакате да се борите ...
Македонската репрезентација до 19 години на 9. и 12. октомври против Црна Гора ќе одигра два контролни натпревари. Селекторот на нашите надежи до 19 години, Ерхан Селими за пријателските натпревари во Даниловград и Подгорица ќе смета на следните фудбалери: Голмани: Давид Илиоски (АП Брера), Павел Трајковски (Партизан, Србија); Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Абдулах Аслани (Лунгби, Данска), Горазд Ристовски (Црвена Звезда, Србија), Давид ...
Нов месец и нови предизвици за македонската А фудбалска репрезентација и тоа во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Националниот тим го очекуваат два исклучително важни натпревари, првиот на 10 октомври против фаворизираната Белгија во Гент, а три дена подоцна ќе го пречекаме Казахстан во Скопје на националната арена „Тодор Проески“. Атмосферата е добра, позитивни и тоа го говорат насмевките на играчите на првиот ...
30 години по незаборавното деби кое го имаше во Серија А, Џанлуиџи Буфон доживеа уште еден специјален момент во својот живот, а тоа е дебито на неговиот тим во најсилното фудбалско друштво на Апенините. Луис Томас Буфон веќе дебитираше за првиот тим на Пиза во Купот, но изминатиов викенд ја дочека и својата прва шанса во Серија А. Натпрварот против Болоња донесе историја и покрај тешкиот пораз на Пиза со резултат 4:0, бидејќи влегувањето во игра ...
Играчите на Вилјареал беа огорчени од арбитражата на „Сантијаго Бернабеу“ и не ја криеја фрустрацијата по поразот од 3:1, но ако треба да се бира една ситуација која беше убедливо најконтроверзна и спорна, тогаш тоа е онаа кога гостите останаа со играч помалку. Сантијаго Мурињо доби втор жолт картон по минимален контакт кој го имаше со Винисиус Жуниор, но бидејќи Бразилецот исценира дека добил удар во глава, судијата реши да покаже втора опомена ...
Барселона вчера го претрпе најубедливиот пораз во ерата на Ханси Флик како тренер на првиот тим, откако каталонскиот великан целосно потклекна на гостувањето во Севилја, особено во завршницата во која прими два гола. Роберт Левандовски не реализираше пенал за 2:2 и гостите имаа и неколку колосални шанси преку Барџи, а сето тоа беше сурово казнето од домаќинот кој на крајот славеше со убедливи 4:1. Потопот дојде неколку дена по болниот пораз од ...
Иако живее во Шпанија, Предраг Мијатовиќ е цврсто врзан за проектот на Партизан и веќе некое време ја извршува улогата на потпреседател, па иако доби и одредени критики поради односот кон навивачите за време на последното дерби против Црвена Звезда, Пеџа е убеден во намерата дека ќе го истера својот проект до самиот крај. Важниот функционер во новата гарнитура на Партизан е посебно ценет поради репутацијата која ја ужива од играчките денови, па ...
Рафаел Леао беше во аут 40-тина дена и се уште го бара вистинскиот ритам, но како фудбалер од кој се очекува да прави разлика на натпреварите на Милан, Макс Алегри реши јавно да го испрозива својот фудбалер по ремито со Јувентус. Дербито заврши 0:0 и гостите го завршија натпреварот далеку поразочарани поради пропуштените шанси, не само поради нереализираниот пенал на Пулишич, туку и поради двете лоши реакции на Леао. Рафа најпрво реагираше лошо ...
Деветтата рунда во Првата македонска фудбалска лига ќе биде затворена денеска со натпревар под рефлектори во Битола, пресметка на која силите ќе ги одмерат Пелистер и Шкендија. Македонскиот првак допатува во Битола после големиот напор кој го имаше во Конференциската лига и поразот од Рајо Валјекано во Мадрид, па повеќе од јасно е дека фаворитот за три бода ќе атакува на победа, особено во ситуација кога Вардар и Струга вчера ремизираа во ...
Дербито меѓу Јувентус и Милан не ги оправда очекувањата и вчеравечер не видовме ниту еден гол во Торино, иако двата тима имаа можност да го загрозат противничкиот гол, особено во второто полувреме. Милан го заврши дербито со полош впечаток поради нереализираниот пенал и двете пропуштени шанси од Леао, но севкупно гледано, големото италијанско дерби понуди премалку за навивачите на стадионот, но и за неутралните фанови кои го следеа мечот преку ...
Порто влезе со девет победи во низа во сите натпреварувања во новата сезона, но португалскиот великан вчера ги испушти првите бодови, и тоа во дерби пресметката со Бенфика. Жозе Мурињо се врати на „Драгао“ и успеа да ја сопре залетаната машина на тренерот Фариоли, а неговата Бенфика стана и првиот тим кој оваа сезона не прими гол од разиграниот Порто. Големото дерби заврши со резултат 0:0 и тоа донесе и нервоза кај одредени фанови на Порто, кои ...
Вардар на драматичен начин се избори за реми против Струга и избегна пораз на домашен терен (2:2), па иако во дадената ситуација се беше регуларно, во јавноста се крена голема прашина за пеналот кој го доби тимот на Седлоски на стартот на вториот дел. Мато доби шанса за брзо израмнување откако судијата покажа на белата точка, па иако не реализираше во дадената ситуација, овој момент беше убедливо најкоментиран по дербито во Скопје. Дел од ...
Алексис Санчез мина убава етапа од својата кариера во редовите на Барселона, но после 11 години се врати во шпанскиот фудбал и на залезот од кариерата дочека шанса да биде противник на каталонскиот великан. Искусниот Чилеанец вчера го отвори резултатот на големото дерби меѓу Севилја и Барселона и го најави потопот на фаворитот со погодокот од пенал, но начинот на кој го прослави истиот направи да се најде во центарот на вниманието. Санчез не ги ...
Диего Симеоне ќе мора да пронајде решение за ужасната форма на Атлетико Мадрид кога игра далеку од „Метрополитано“, а доказ за тоа е и вчерашниот натпревар кој го одигра во Галиција. Селта Виго се избори за реми откако речиси 60 минути играше со играч повеќе на теренот, па токму поради ова, Чоло еуфорично го славеше ремито по последниот судиски свиреж. Аргентинскиот стручњак со голема тензија и нервоза ги следеше последните минути од ...
Рубен Аморим во најавата за натпреварот со Сандерленд правеше анализа на лошиот старт кој го има Манчестер Јунајтед во новата сезона, а во дел од своето излагање, менаџерот се сврте и против легендите на клубот кои редовно испорачуваат критики на сметка на играчите после секое слабо издание на тимот. Португалецот заклучи дека познатите имиња како Невил, Кин, Сколс и Фердинанд не помагаат во процесот да се издигне тимот со своите редовни критики, ...
Ревијалниот ракометен спектакл насловен како „Легендите на сцена“, кој беше најавен минатата седмца, ќе биде одлична можност за публиката повторно да види на дело некои од најголемите ѕвезди на овој спорт, кои претходно дел од својата кариера поминаа во македонските клубови. На 29 октомври 2025 година, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, овој уникатен настан ќе ги обедини на едно место најголемите македонски ракометни имиња од ...