Трансфер пазарот беше доста тивок додека траеше Светското првенство, но откако се спушти завесата на турнирот во САД, Канада и Мексико почнаа да се случуваат, комплетираат доста операции, а во исто време да се најавуваат и мега трансфери. Се очекува да имаме доста „бомби“ до крајот на летото, а најголемиот, најзначајниот трансфер може да го има англискиот шампион Арсенал. Имено „Атлетик“ пренесува дека „топчиите“ сериозно размислуваа за ...
Арсенал би можел да биде еден од главните актери во овој дел од летниот преоден рок. Англискиот шампион сериозно ја разгледува можноста да го доведе Винисиус Јуниор од Реал Мадрид, што би претставувало еден од најголемите трансфери во историјата на клубот. Интересот засега е во почетна фаза и нема конкретни преговори меѓу двата клуба, но раководството на „топџиите“ дало зелено светло да се испита можноста за ангажман на бразилската ѕвезда. ...

