ИФАБ како тело кое ги усвојува и утрдува фудбалските правила испрати порака до судиите дека не смеат да го повторат потегот на судиите кои по грешка му доделија црвен картон на швајцарски репрезентативец на СП 2026. Брил Емболо беше исклучен во четвртфиналето меѓу Швајцарија и Аргентина, откако ВАР собата го повика главниот судија да ја прегледа снимката во ситуација во која првично му беше покажан жолт картон на Паредес. Судијата одлучи дека ...

Јувентус успеа да му најде друг клуб на Лоис Опенда, а Белгиецот ќе се надева дека ќе може да се врати во препознатлива форма во француското првенство. Едно од најголемите трансфер промашувања на италијанскиот клуб од денеска и официјално е нов член на Олимпик Лион, а Французите го најавија неговото доаѓање со специјално видео. За заемот Лион ќе плати 3,5 милиони евра и ќе ја преземе обврската за платата на Белгиецот, но Јувентус не вклучил ...

Бредли Баркола не сака да потпише нов договор со ПСЖ и решил да го напушти актуелниот европски шампион само поради фактот што не ја добива посакуваната минутажа од тренерот Луис Енрике. Францускиот репрезентативец отишол и чекор подалеку, па веќе разговарал со Андони Ираола, потврдувајќи му дека е подготвен да потпише за Ливерпул, клубот кој бара освежување во офанзивниот дел по заминувањето на Мохамед Салах. Ливерпул ќе треба да направи ...

Македонскиот шампион Вардар имаше водство од 0:2 на гостувањето кај Рига, но не успеа да издржи до крајот и беше елиминиран од летонскиот ривал (5:2), по продолжение на реваншот од квалификациите за Конференциската лига. „Црвено-црните“ имаа гол негатива од првата средба, но истата беше избришана со мајсторскиот гол на Бабунски во 17. минута. Голот на Бабунски можете да го видите на овој линк Сепак, само две минути подоцна Најдовски направи ...

Икер Касилјас зад себе има успешна и трофејна фудбалска кариера, а во меѓувреме често е актуелен во фудбалската јавност со своите коментари и изјави поврзани со актуелни настани. Поранешниот голман беше активен и за време на мундијалот, а по големиот успех на неговата земја, фокусот ќе биде свртен кон клупските случувања. Касилјас зборувал за „ЕСПН Бразил“ чиј новинар побарал од него да ги избере омилените клубови во најпознатите светски ...

Кошаркарскиот клуб Работнички се пофали со договор со американскиот кошаркар Дарин Говенс, кој во новата сезона ќе го носи дресот на скопскиот тим. Говенс имаше успешни настапи во дресот на ТФТ, по разделбата со составот од Тафталиџе се претпоставуваше дека ќе направи трансфер во посилна европска лига, но на крајот решил да го продолжи својот престој во Македонија. – Работнички АД Скопје ја известува јавноста дека нов член на клубот, воедно и ...

Мануел Нојер останува дел од Баерн Минхен во новата сезона, но таа веројатно ќе му биде и последна во успешната фудбалска кариера. Искусниот голман отворено зборувал за својот статус, признавајќи дека бил блиску да донесе одлука за пензионирање уште ова лето. – Нема да ги играм натпреварите и да размислувам дали тоа ќе ми биде последен на еден или друг стадион. – Но, делува реално дека ќе се пензионирам по крајот на сезоната, – рекол Нојер. ...

Манчестер Сити се подготвува за новата сезона со нов менаџер и без неколку досегашни играчи од ростерот на Пеп Гвардиола, додека истовремено клубот веќе обезбеди и работи на нови засилувања. Но, раководството не ги заборава ниту играчите кои имаат посебна важност за менаџерот Енцо Мареска, а кои со нови договори потврдуваат дека планираат да останат на „Итихад“ уште долг период. Денеска, таков потег е направен со Јошко Гвардиол, со што ...

Килијан Мбапе уште еднаш ја потврди својата лидерска позиција во француската репрезентација на неодамна завршеното СП, а имаше одлична соработка со веќе поранешниот селектор Дидие Дешамп. Взаемното почитување се чувствуваше во потезите и изјавите од двете страни, а Мбапе заслужено ја доби и капитенската лента, која веројатно ќе ја носи и по пристигнувањето на Зинедин Зидан. Зизу денеска беше официјално промовиран како наследник на Дешамп, а ...

Во новата сезона Комо ќе игра во Лигата на шампионите, а овој историски успех носи и императив за засилување на екипата и поголем избор за тренерот Сеск Фабрегас. Шпанскиот стручњак го одведе тимот од езерото во Топ 4 во Серија А и раководството се обидува да ги исполни неговите трансфер желби, но барем засега италијанскиот тим се соочекува со непосакувани препреки. Тревор Чалоба беше прв пик на Фабрегас за стоперските позиции, но Комо не ...

Марк Кукурелја беше еден од креаторите на големиот успех на Шпанија на СП 2026, а реши да го испочитува и своето ветување дадено пред финалето против Аргентина. Левиот бек беше еден од неколкуте шпански репрезентативци кои најавија дека ќе го истетовираат ликот на селекторот Луис де ла Фуенте на своето тело, доколку Шпанија стигне до мундијалската титула, а засега е единствен кој го исполни ветувањето. Денеска, новиот играч на Реал Мадрид ...

Џани Инфантино заработи многу критики поради начинот на кој ја води ФИФА и пред се околу организацијата на последното светско првенство, а последната информација ги шокираше и одговорните во УЕФА, кои веднаш излегоа со соопштение. Угледниот новинар Мартин Циглер од „Тајмс“ објави дека за време на мундијалот, Инфантино имал средби со бизнисмени и американски милијардери, на кои им бил понуден дел од сопственичката структура на светските ...

Селтик непријатно ги изненади своите фанови откако му дозволи на Дајзен Маеда да се пресели во Ипсвич, а денеска објави трансфер кој треба да е гаранција дека е ангажирана соодветна замена за јапонскиот репрезентативец. Шкотскиот шампион плати 11 милиони фунти, што е нов клупски трансфер рекорд, за да го доведе Каспер Хог, кој веќе постигнуваше многу голови во дресот на Бодо. Хог има 54 постигнати голови на 103 натпревари во норвешкиот тим, а ...

Иван Чупиќ оствари голем успех во својата прва сезона како тренер на Вардар и ја освои двојната круна во македонскиот ракомет, но со оглед на високите стандарди кои си ги поставува како тренер, самиот вели дека неговиот стручен штаб и сите играчи на Вардар ќе мора да бидат за 50 проценти подобри во новата сезона. Вардар вчера ги „запали моторите“ и ги почна подготовките за новата натпреварувачка сезона, а во пресрет на базичните подготовки ...

Новата сезона во шпанската Ла Лига ќе започне на 15-ти август, а на неполни три седмици пред стартот на возбудувањата, одговорните лица во судиската комисија донесоа важна одлука. ФИФА воведе низа нови правила на Светското првенство и го активираше „Винисиус правило“ за доделување директен црвен картон, па иако се даде предлог истото сите да го применуваат и во националните првенства, УЕФА јасно стави до знаење дека не е на иста бранова ...

Кадетската репрезентација на Македонија во изминатиот период ги комплетираше подготовките за Европското првенство кое се игра во соседна Србија, а ова утро избраниците на Горан Кузмановски и цел стручен штаб отпатуваа за Белград. Македонската експедиција денеска ќе пристигне во Белград и веќе утре ќе го има првиот предизвик на континенталниот собир, и тоа против селекцијата на Словенија. Машката кадетска репрезентација немаше среќа при ...

По пријателската со Селтик, Милан отпатува на летни подготовки во Перт и во Австралија ќе ја продолжи својата летна авантура, а оттаму Рубен Аморим говореше за идеите кои ги има за својот тим, како и за важноста во ростерот да се има легенда како Лука Модриќ. Португалскиот стручњак направи сериозен напор за да го обезбеди потписот на Модриќ и тој е еден од клучните за останувањето на хрватскиот маестро, а како што вели самиот Аморим, врз ...

Зинедин Зидан денеска ја дочека прес-конференцијата за која долго мечтаеше и беше официјално назначен за нова француски селектор, проект во кој тој ќе биди лидер на националниот тим во наредните четири години. Претседателот Филип Диало посочи дека Зизу добива голема одговорност да продолжи по патот кој го трасираше Дидие Дешамп и сите имаат големи очекувања од новиот селектор, кој на пресот не го криеше огромното задоволство што конечно го ...

Италијанскиот фудбал влезе во немирни води во последните 48 часа и настана голема збрка поради стопирањето на акцијата наречена „Андреа Пирло“, а отфрлањето на опцијата од страна на претседателот Џовани Малаго донесе домино ефект кој никој не го посакуваше. Пирло не доби дозвола од првиот човек на Федерацијата поради инволвираност и маркетиншки договор со руски букмејкер, па откако стана јасно дека Андреа нема да ја води селекцијата, Паоло ...

Најсилната женска репрезентација на Македонија денеска отвора ново поглавје и тоа беше потврдено со свечен чин во просториите на Федерацијата, каде денеска за нов селектор на сениорките беше именуван Игор Марковиќ. Црногорецот кој е роден во Цетиње денеска доби промоција од страна на македонската ракометна Федерација и добива голема награда за напорната тренерска работа во изминатите четири години, па во нашата земја пристигнува како еден од ...

Вардар долго време чекаше да се врати во Европа, а сега кога е дел од натпреварувањата на УЕФА, „црвено-црните“ имаат обврска да дадат се од себе за да останат што е можно подолго во Конференциската лига. Македонскиот првак испадна од Купс во првото квалификациско коло во Лигата на шампиони и се префрли во Конференциската лига, но првиот натпревар од второто коло донесе нов пораз на домашен терен. Летонскиот шампион Рига победи во Скопје со ...

Паоло Малдини и Леонардо си поднесоа оставки само 16 дена откако беа назначени за лидери на италијанскиот проект, сето тоа како резултат на скандалот со Андреа Пирло и отфрлањето на опцијата тој да биде назначен за нов италијански селектор. Како технички директор на националниот тим, Малдини доби за задача во друштво на Леонардо да го бира новиот предводник на репрезентацијата, па откако се беше договорено со легендарниот Пирло, во Италија ...

Франција означи крај на еден незаборавен циклус на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, бидејќи последниот натпревар против Англија знаечеше одјава на Дидие Дешамп, човекот кој донесе многу радости за „триколорите“ во изминатите години. По цели 14 години во репрезентацијата, Дешамп го отстапи своето селекторско место и остави простор за помлади колеги, а како што се очекуваше, неговата позиција и официјално ја зазема Зинедин Зидан. ...

Рома неколку недели се занимаваше со комплексна операција и не успеа да го убеди Кришенсио Самервил да заврши во италијанската престолнина, но затоа успеа во намерата експресно да го договори Сантијаго Кастро. Младиот аргентински напаѓач остави одлична сезона зад себе во Серија А како член на Болоња, а бидејќи станува збор за подвижен фудбалер кој одговара на стандардите кои ги поставува Џан Пјеро Гасперини, тој се очекува да биде големо ...

Франција означи крај на еден незаборавен циклус на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, бидејќи последниот натпревар против Англија знаечеше одјава на Дидие Дешамп, човекот кој донесе многу радости за „триколорите“ во изминатите години. По цели 14 години во репрезентацијата, Дешамп го отстапи своето селекторско место и остави простор за помлади колеги, а како што се очекуваше, неговата позиција и официјално ја зазема Зинедин Зидан. ...

Роберт Левандовски стави крај на својата убава етапа во Барселона, но иако на најдобар можен начин беше испратен од „Камп Ноу“, Полјакот дефинитивно може и да чувствува лутина поради начинот на кој заврши целата ситуација. Иако Леви во ниту еден момент не кажа лош збор за Барса, неговиот агент Пини Захави открива дека одолговлекувањето на Барселона го оставила Левандовски без понуда која можела да му го промени животот, бидејќи минатиот ...

Аргентина четири години наназад гордо ја носеше титулата актуелен светски шампион, па иако го бранеше овој епитет до големото финале во Њу Џерси, на крајот „гаучосите“ беа оправдано поразени од Шпанија. „Црвената фурија“ го украде светскиот престол од Аргентина и ќе важи за светски првак во наредните четири години, а ако втората светска титула донесе огромна радост на Пиринеите, сосема очекувано ваквиот исход донесе и разочарување и солзи во ...

Начо е доволно важна и компетентна личност за да говори за сите актуелности кои се случуваат во Реал Мадрид, не само пораади неговото минато во шпанската престолнина, туку и поради фактот што како младинец ги познава сите вредности на клубот. Легендарниот стопер освои шест титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид и се задржа 13 години во првиот тим на Реал Мадрид, а како човек кој деби доби од Жозе Мурињо, во интервјуто за „АС“ не крие ...

Пристигнувањето на ЛеБрон Џејмс во Филаделфија одекна како вистинска „бомба“ во НБА лигата и јавноста се уште се извлекуваат заклучоци за потегот кој го повлече „Кралот“, особено поради фактот што прифати да игра кошарка во петтата деценија од животот за најскромен договор во кариерата. Џејмс ќе добие само 8 милиони долари за две сезони со „сиксерси“, а Филаделфија не само што стана еден од најпопуларните тимови во НБА лигата во овој момент, ...

Англиските медиуми во изминатите 24 часа пишуваат за изненадувачка операција која ја подготвува Челси, клуб кој на својот млад тим сака да придодаде искуство и големо знаење во вид на двајца ветерани. Чаби Алонсо имаше неуспешен обид да го привлече Гранит Џака од Сандерленд, но затоа клубот сега е цврсто решен да ангажира други двајца ветерани, и тоа Џордан Хендерсон и Дани Велбек. Двајцата имаат големо премиерлигашко искуство и доволно ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Калај

46.54

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35