Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Аргентина беше целосно неутрализирана во финалето на Светското првенство и покажа немоќ како на ниту еден друг натпревар на мундијалот, па тоа натера дел од аргентинските медиуми да се занимаваат и со теории на заговор поврзани за можен инцидент кој се случил пред одлучувачкиот натпревар. Повод повеќе за тоа беше и говорот кој го имал капитенот Лионел Меси неколку минути пред играчите да излезат на теренот, а бидејќи во јавноста се крена ...
„Жога бонито“ е термин кој ја означува фудбалската игра како уметност и нешто возвишено, а бидејќи овој суперлатив со години и децении се користеше за бразилската фудбалска репрезентација, навистина е чудно да се гледа како мундијалите веќе подолго време не се сцена на која воодушевуваат „кариоките“. Бразил е во голем фудаблски пад повеќе од две децении и искрените фудбаски фанови подзаборавија на традиционалната „Жога бонито“, а фановите од ...
Феран Торес стана национален херој во Шпанија поради тоа што го постигна голот кој донесе втора светска титула за „црвената фурија“, но неговиот погодок сепак не ја израдува цела нација. Три дена по големото финале на Светското првенство, денеска во Каталонија на големо се зборува за уништениот мурал кој беше посветен на голгетерот од Њу Џерси, и тоа од вандали кои оставиле и јасна порака на ремек-делото. – Шпанијо, сакаме репрезентација на ...
Томас Тухел разочара голем број ѕвезди со тоа што ги прецрта од мундијалскиот список на Англија, а една од нив дефинитивно беше и Фил Фоден. Офанзивниот фудбалер имаше лош крај на сезоната во Манчестер Сити каде го загуби своето место во стартната постава, факт кој направи Тухел да го изостави од својот тим и да го остави без сонот наречен мундијал. Англија освои историска бронза на турнирот во САД, Мексико и Канада и во ситуација кога дома ...
Светското првенство во САД, Мексико и Канада беше 23-то по ред и доби своја завршница во Њу Џерси во неделата, а три дена по одиграното финале, ФИФА го објави тимот на турнирот изгласан од страна на најверните фудбалски следбеници. Фудбалските фанови имаа можност да гласаат за најдобрите фудбалери кои прикажаа највпечатливи перформанси на турнирот, а на крајот изборот падна на 11-мина играчи. ФИФА ова попладне го објави идеалниот тим на 23-от ...
Крајот на Светското првенство традиционално затвора едно фудбалско поглавје кое сите со голема страст го следеа повеќе од еден месец, но од друга страна, отвора нови хоризонти за клубовите кои допрва треба да ги конструираат замислените тимови. Европските великани се очекува посебно да се активираат во раната фаза на месец август за завршната фаза од летниот трансфер пазар, но на другите страни во светот веќе се официјализираат големи ...
Жозимар Дијаш, или скратено Возиња е голманот кој направи вистински бум на ова Светско првенство, не само со извонредните изданија кои ги имаше во САД, Канада и Мексико, туку и поради неверојатната популарност која ја доби на социјалните мрежи. По првиот меч против Шпанија на Светското првенство, Возиња собра 7 милиони следбеници на Инстаграм во само неколку часа и стана вистински хит, но до крајот на мундијалот бројата достигна неверојатни ...
Алваро Арбелоа не се задржа долго во Реал Мадрид и навистина се покажа како привремено решение, но после интензивните пет месеци кои ги имаше во шпанската престолнина, си најде интересна работа во Премиер лигата. Фулам му се довери на младиот шпански стручњак и му овозможи прво искуство надвор од родната Шпанија, а бидејќи проектот на лондонскиот клуб расте од година во година, очекувањата ќе бидат доста амбициозни во новата сезона. ...
Марк Кукурелја има лето од соништата, бидејќи најпрво направи голем трансфер во Реал Мадрид, а еден месец подоцна стана и нов светски шампион. Левиот бек остави неверојатен турнир зад себе и беше еден од најконстантните во неверојатните изданија на „црвената фурија“, па сосема заслужено, беше еден од играчите кои добија најмногу внимание за време на прославата за паметење. Кукурелја целосно се опушти пред навивачите и ги потсети на ...
Иако беше сигурен стартер во воведната фаза од мундијалот, Педри западна во втор план и го загуби местото во почетните 11 од Фабијан Руиз, но и во такви услови, офанзивниот играч на Барселона беше многу важен за крајниот успех. Педри влезе во вториот дел од финалето со Аргентина и одигра повеќе од 60 минути во ситуацијата кога имаше и продолженија, а како еден од осуммината играчи на Барселона кои станаа светски шампиони, офанзивниот фудбалер ...
Роберто Фабијан Ајала повеќе од една деценија беше столб во одбраната на Аргентина и запиша повеќе од 100 настапи во репрезентативниот дрес, но во последните години, препознатлив е и како човек кој е дел од стручниот штаб на Лионел Скалони. Ајала веќе со години ја извршува асистентската улога во елитниот тим на Скалони, но токму тој ги расипа впечатокот како човек кој мораше да остане мирен по финалето во Њу Џерси. Во ревијата од невкусни ...
Македонскиот тениски ас, Калин Ивановски успешно ја мина првата пречка на ИТФ фјучерсот во Олерсбах (Австрија) што се игра на земјени терени за награден фонд од 30.000 долари. Калин важеше за огромен фаворит на хартија на соочувањето со Александер Чајка, но мораше да се препоти за да дојде до посакуваниот резултат. Чајка најави дека ќе биде максимално незгоден ривал уште во првиот сет кој го доби во тај-брејк со 9-7. Ивановски соодветно ...
Шпанија успеа да го освои пехарот на 23. Светско фудбалско првенство и тоа откако во завршниот натпревар славеше со 1-0 со гол во дополнителните 30 минути. Ова беше нова лекција на „црвената фурија“ како тимот, тимската игра може да донесе успех, пехар на највисоко ниво, но во исто време овој триумф на Шпанците отвори една интересна дебата, тема кога е во прашање „Златната топка“. По навистина долго време нема да имаме фаворит затоа што ...
Пеп Гвардиола ја заврши приказната со Манчестер Сити, клуб во кој мина цела деценија и во кој успеа да остави неизвршлива трага освојувајќи ги сите можни трофеи. Гвардиола долго време работеше без одмор во Сити и очекувањата се, беа дека тој ќе направи пауза за да ги наполни батериите пред да прифати некој нов предизвик во кариерата. Токму поради ова изненадувачки беа информациите дека е еден од кандидатите за нов селектор на Италија, односно ...
Ливерпул остана без неколку важни играчи од минатата сезона, играчи кои беа стандардни првотимци како Мохамед Салах, Енди Робертсон и Ибрахима Конате. Сите си заминаа како слободни играчи и допрва ќе видиме што ова ќе значи за Ливерпул, дали клубот ќе пронајде соодветни замена, фудбалери кои ќе можат да одговорат со својот квалитет, но и лидерство на теренот и соблекуваното. И други играчи од Ливерпул се поврзуваат со можна преселба во друга ...
Морган Роџерс ја менува клупската средина и во новата сезона ќе го гледаме во Англија, меѓутоа во дресот на Челси. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ се одлучи да плати неверојатни 117 милиони фунти или околу 140 милиони евра, сума со која е поставен нов британски рекорд. Офанзивецот потпиша повеќегодишен договор со „сините“ сега пред него е обврска да се докаже, да покаже дека вреди за парите, но и да ја оправда довербата која клубот и пред се ...
Луис Назарио Де Лима Роналдо со големо внимание го испрати Светското првенство во САД, Мексико и Канада кое заврши со триумф на Шпанија. Шпанија дојде до втората ѕвезда на својот грб и тоа откако во завршниот меч на турнирот славеше над Аргентина со 1-0 по продолженијата. Шпанците доминираа, комплетно ги неутрализираа „гаучосите“ кои дуелот го завршија со само два упатени удари и тоа двата надвор од рамките на голот. -Беше историски ден ...
Велемајсторот Звонко Станојоски и член на ШК Алкалоид е првиот шампион на Македонија во конкуренција на ветерани, откако триумфираше на турнирот што се одигра во Негорски Бањи. Тој успеа да освои 6,5 поени од 7 партии, при што единственото реми се случи во мечот од второто коло против ФМ Александар Кралевски, кој на крајот се најде на втората позиција со 5,5 поени. Третото место со по 4,5 поени го поделија ФМ Александар Качаковски и Илија ...
На Генералното изборно собрание на Интернационалната Училишна Федерација за спорт (ISF), кое се одржува во Белград, а на кое присуствуваат претставници од земјите членки од целиот свет, претседателката на македонската федерација, Елена Мицковска е избрана во Извршниот одбор. Во текот на собранието таа ја претстави својата програма, визија, мисија и цели за иднината на училишниот спорт. Нејзината визија и посветеност беа препознаени од земјите ...
Зад нас е Светското првенство и сега фокусот ќе се префрли на клупските натпреварувања иако ќе мораме да почекаме до август за оние најдобрите со тоа што дотогаш ќе имаме мечеви во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига на УЕФА. Се очекува да биде доста интересно на трансфер пазарот, а особено треба да се внимава на оние кои имаат најмногу средства како Англичаните. Веќе видовме трансфери со луди суми за играчи за кои ...
Барселона ќе има сосема поинаков лик во новата сезона, си заминаа голем број на играчи, клубот досега ангажираше шест нови имиња, се очекуваат уште потписи, а во меѓувреме клубот конечно го затвори најважното прашање, тренерската позиција. Чави Пасквал не сакаше да продолжи и одлучи експресно да го заврши новиот мандат, па Барса во изминатиов период се мачеше да пронајде тренер. Се споменуваат повеќе опции за да на крајот изборот падне врз ...
Рома ќе игра во Лигата на шампионите во новата сезона, но засега тоа не е искористено од страна на калчолигашот ако се погледнат потезите во досегашниот летен преоден рок. „Волчицата“ се мачи и последниот играч кој им избега е Крисенсио Самервил кој се очекува да заврши во Саудиска Арабија во редовите на Ал Хилал. Сега мета на Рома е уште еден фудбалер од Премиер лигата, ама од дефанзивната линија и тоа е Аксел Дисаси. Французинот од 2023 ...
Белгија одлучи да се раздели со Руди Гарсија иако репрезентатицијата имаше добар настап на Светското првенство, настап кој заврши во четвртфиналето со драматичен пораз од сега веќе светскиот шампион Шпанија. Меѓутоа од федерацијата одлучија да не му го продолжуваат договорот на Гарсија, да пробаат со ново име и како што стојат работите многу брзо официјално ќе се затвори тоа прашање. Имено за нов предводник на „црвените ѓаволи“ ќе биде ...
Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години ќе настапи на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Овој шампионат ќе се одржи во Ријека и Опатија во периодот од 24 јули до 2 август, а Македонија за ривали во првата фаза ќе ги има Грузија, Шведска, Унгарија и Босна и Херцеговина. –Атмосферата во репрезентацијата е одлична, на највисоко ниво. За жал, имавме неколку повреди кои ги сменија плановите во текот на подготовките, но ...
Македонскиот шампион Вардар е пред нова европска задача, овојпат во рамките на Конференциската лига на УЕФА каде ги очекува соочување со Рига од Летонија. Вардарци паднаа на првиот испит против Купс и тоа воо двобој во кој двете екипи добија по еден натпревар, но домашниот пораз од 2-0 беше пресуден за скопскиот тим биде елиминиран. Меѓутоа тоа е веќе зад нив, Рига е нова шанса, ривал кој треба да се почитува, ама не и да се преценува. -Ја ...
Челси нема да игра во Европа во следната сезона, но и покрај тоа клубот прави сериозни инвестинции ова лето, па доведени се Морган Роџерс и Марко Палестра, а и некои други играчи за кои останува да видиме дали ќе има место во натпреварувачката 2026/2027 или ќе бидат отстапени во други клубови. „Сините“ не планираат тука да застанат, бараат стопери и желба е Лакроа од Кристал Палас, меѓутоа тоа не е единствената желба. „Би-Би-Си“ пренесува ...
Шпанија ја совлада Аргентина и го освои 23. Светско првенство и тоа во меч кој на моменти беше тензичен со тоа што кулминацијата се случи по крајот на дополнителните 30 минути во кои „гаучосите“ се „исклучија“ и се обидоа да покажат сила над новите шампиони. Се тргна од ударот на Молина кон Родри, Шпанците се обидоа да застанат во одбрана на капитенот, Паредес го фати Гарсија за врат. Гави сакаше да помогне по што се дојде до плус мешаница во ...
Италија е во потрага по нов селектор, нова енергија која треба да биде продолженија на она што се случи во претходниов период, назначувањето на Џовани Малаго за прв човек на фудбалската федерација, а потоа и ангажманот на Паоло Малдини како технички директор и Леонардо како негов советник. Малдини и Леонардо бараат соодветно име за селектор со тоа што во моментов се обидуваат да „уловат“ голема „ѕверка“ и тоа во името на Пеп Гвардиола. Тие ...
Андони Ираола одговори позитивно на повикот и стана нов менаџер на Ливерпул и тоа по една турбулентна сезона за клубот од „Енфилд Роуд“, сезона во која не беше освоен ниту еден трофеј и по која управата одлучи да се збогува со тренерот Арне Слот. Ираола во претходните години заврши одлична работа во Борнмут и тоа беше препорака за Ливерпул да го ангажира, а сега е на Шпанецот да се докаже. Ова за Андони нема да биде лесна мисија поради повеќе ...
Николо Барела е еден од најважните фудбалери на Интер, ас кој од 2019 година е во Милано каде пристигна од Калјари прво на позајмица, а потоа беше откупен неговиот договор. Веќе има сериозен стаж во таборот на „нероаѕурите“, освои доста титули меѓу кои две и претходната сезона, но секоја година е нов почеток и тоа добро го знае италијанскиот репрезентативец. -Да се подобриме уште повеќе во споредба со минатата година. Сакаме да продолжиме ...