Откријте како дигитализацијата го прави онлајн коцкањето подостапно, побезбедно и попрофитабилно. Научете совети за буџет, безбедност и избор на игри со висок RTP. Придобивки од дигитализацијата: заработка со онлајн коцкање Дигитализацијата целосно го смени начинот на кој луѓето заработуваат пари, а коцкањето на интернет е еден од најочигледните примери. Кога зборуваме за онлајн казина во Македонија, платформата onlinekazino.mk им овозможува на ...

Членовите на собраниската Комисија за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), според договореното од вчерашната седница, денеска треба да ја посетат Агенцијата за разузнавање откако вчера беа во посета на АНБ за да извршат надзор по наводите за прислушување. Откако во јавноста излегоа информации дека во периодот од 2019 до 2024 година се прислушувале новинари, бизнисмени и премиерот Христијан ...

Три лица се во критична состојба по пукотницата во средното училиште „Евергрин“ во Евергрин, Колорадо, според болницата „Св. Антониј“, јави Си-Ен-Ен. Најмалку две од жртвите се ученици, според канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон. Евергрин се наоѓа на околу 28 милји југозападно од Денвер. Училиштето е ставено во блокада, според јавните училишта на округот Џеферсон, кои ги повикуваат луѓето да се држат подалеку од областа додека реагираат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека е „исполнет со тага и бес“ по „гнасниот атентат“ врз десничарскиот инфлуенсер Чарли Кирк. Кирк, лојален сојузник на американскиот претседател, беше убиен на универзитетски настан во Јута вчера попладне по американско време. Властите соопштија дека осомничениот веројатно пукал од покрив од значително растојание, додавајќи дека на собирот на Универзитетот во Јута се собрале околу 3.000 луѓе. ...

На полноќ завршува јавниот увид во податоците од Избирачкиот список за Локалните избори 2025, а два дена подоцна, на 13 септември на полноќ, завршува и рокот за доставување на листите за кандидати за градоначалници и за советници до општинските изборни комисии (ОИК). Граѓаните може да го направат јавниот увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и на нивната веб-страница и преку електронска пошта upisis@sec.mk можат да поднесат барање за ...

Променливо облачно време, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, најавуваат синоптичарите за денеска. Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2) и засилен ветер (над 60км/ч). Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. Во Скопје слично време, а во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно ...

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди на „реален ризик“ од ескалација на украинскиот конфликт надвор од границите на земјата откако руски дронови беа соборени над полска територија. Епизодата „повторно го потврдува регионалното влијание и реалниот ризик од ескалација на овој разорен конфликт“, изјави Стефан Дужарик, портпарол на генералниот секретар на ОН. Во меѓувреме, британскиот министер за одбрана, Џон Хили, одржа однапред ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 август. Денеска е Отсекување на главата на Св. Јован Крстител. Во времето кога Јован проповедаше во Палестина, во Галилеја владееше Ирод Антипа, еден од синовите на оној Ирод што насекаде се прослави со својот расипан карактер. Овој наследи некои особини од татко му, па ја избрка својата законита жена и живееше незаконито со Иродијада, жената на својот се уште жив брат Филип. Јован ...

Денеска е 29 август (по стар стил) и се слави Отсекувањето на главата на свети Јован Крстител. Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господа Исуса, беше господар на Галилеја во времето на проповедта на свети Јован Крстител. Овој Ирод беше оженет со ќерката на арапскиот кнез Арета. Но, бивајќи зол изданок од зол корен, Ирод ја протера својата законита жена и незаконски ја зеде за сожителка ...

На денешен ден, 11 септември 1905 година на битолскиот Ат-пазар Османлиите го обесија Александар Турунџиев – македонски легендарен војвода. Александар Турунџев е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Роден е во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, во Егејска Македонија. Во редовите на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како комита, а потоа ...

-Големиот, па дури и легендарниот Чарли Кирк, е мртов. Никој не го разбираше или немаше срцето на младите во Соединетите Американски Држави подобро од Чарли. Тој беше сакан и почитуван од сите, особено од мене, а сега, тој повеќе не е со нас. Меланија и моите сочувства се упатуваат до неговата прекрасна сопруга Ерика и семејството. Чарли, те сакаме! – напиша Трамп на социјалната мрежа Truth social. „Во чест на Чарли Кирк, вистински голем ...

Чарли Кирк, влијателен активист близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на „Turning Point USA“ (TPUSA), беше ранет за време на настан на Универзитетот Јута Вали. Снимките што кружат на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога е застрелан додека зборува под шатор на кампусот. Во исто време, студентите бегаат во паника од звуците на огнено оружје. Кирк настапуваше таму како дел од турнејата American Comeback Tour, ...

ВМРО-ДПМНЕ ги објави преостанатите имиња на кандидатите за градоначалници, во Кочани ќе го поддржат натпартискиот кандидат д-р. Влатко Грозданов, информираше вечерва Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Пратеничката Бети Стаменковска Трајковска кандидат за градоначалник на Кисела Вода -Мирослав Славковски кандидат за градоначалник на општина Старо Нагоричане -Илија Тентов кандидат за градоначалник на општина Дојран -Сашко Велјановски ...

Новиот француски премиер Себастијан Лекрону зборуваше само две минути и 48 секунди кога ја презеде функцијата од својот претходник Франсоа Бајру, во резиденцијата Матињон. „Нема да одржам голем говор“, рече на почетокот блискиот помошник на францускиот претседател Емануел Макрон. Тој ја нагласи потребата од промени. „Ќе треба да се промениме, да бидеме покреативни и посериозни во начинот на кој работиме со опозицијата. Исто така, ќе треба да ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги повика американските агенции за јавно здравје да ги приоритизираат истрагите за несаканите ефекти од вакцините, употребата на лекови на рецепт и причината за аутизмот во новиот извештај „Направете ја Америка повторно здрава“ објавен синоќа, а е насочен кон децата, јави Бета. Извештајот од 20 страници, изготвен под раководна палка на секретарот за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. ...

Руската армија соопшти дека немала намера да нападне цели на полска територија, соопшти руското Министерство за одбрана не потврдувајќи дали дроновите навлегле во полскиот воздушен простор. Руското МО изрази подготвеност за консултации со полското Министерство за одбрана. Во соопштението на руското МО се наведува дека армијата ги нападнала украинските воени постројки во регионите Ивано-Франкивск, Хмелницки и Житомир, како и во градовите Виница и ...

На Канал 5 телевизија во „Вести Плус“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. На самиот почеток Стојаноски дискутираше за актуелната тема во јавноста деновиве, за скандалот со прислушкувањето за кое објасни дека СДС направиле државен удар со користењето на ресурсите на АНБ и АР повеќе од пет години и тоа за политички и лични цели. „Единствени коишто треба да бидат и се уплашени од ова се СДС и личностите коишто ...

Организаторите го најавуваат финалето на 19-иот по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски – Рајче“ кое ќе се одржи оваа сабота на 13.09.2025 година на стадионот во с. Глуво на падините на Скопска Црна Гора, спортска манифестација која ја негува традицијата и преку спортот ги зближува и обединува граѓаните. За тоа најдобар пример е општината Чучер Сандево на Скопска Црна Гора, која иако мала по големина, покажува големо срце и ...

По викенд базарот и богатата детска, баскер, забавно-музичка и фолклорна програма минатиот продолжен викенд, годинешното Културно лето 2025 во општина Ѓорче Петров продолжува и за време на следните септемвриски денови. Овој пат програмата уште побогата и поразновидна, и распоредена исто така во четири дена дена. Првите три дена, започнувајќи од четврток (11. септември) па се’ до сабота (13 септември) ќе бидат посветени на првото урбано издание ...

Шесте закони што треба да изработат во Правда, се сведуваат само на едно – повисоки плати за судии и обвинители кои имаат рејтинг два проценти, одговори на новинарски прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицковски, при денешната посета на општина Гази Баба. Тој дополни дека во моментот се прави компаративна анализа колкав е процентот од буџетот кој се одвојува во европските земји, и нагласи дека како што е таму, ќе биде и кај нас, но и ...

– Работната група за декласификација на федералните тајни на американскиот Конгрес вчера одржа сослушување насловено „Враќање на јавната доверба преку транспарентност за НАФ и заштита на свиркачите“. За време на сослушувањето, членовите ги слушнаа сведоците за постојаните грижи во врска со обелоденувањето на неидентификуваните аномални феномени (НАФ) (Unidentified anomalous phenomena – UAPs) и информациите што ги поседуваат федералните агенции. ...

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто изрази загриженост поради говорот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за состојбите во ЕУ, истакнувајќи оти постои ризик да се вовлече ЕУ во украинскиот судир. – За разлика од претседателката на ЕК, ние Унгарците не сакаме Европа да биде во војна. Исклучително сме загрижени поради чекорите преземени кон ескалација на војната, наведе Сијарто на прес-конференција по ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Стразбур – во срцето на европските институции – присуствуваше и се обрати на свечен настан по повод одбележувањето на Денот на независноста: 34 години од македонската независност и 30 години членство на Република Македонија во Советот на Европа, соопштија од МНРиНТ. Во обраќањето, министерот Муцунски потсетил на значењето на 8 септември 1991 година, кога ...

Депонијата „Вардариште“ не ја создаде оваа Влада во изминатите 15 месеци. Тоа е создавано 35 години, а може и повеќе, ама ние ќе го решиме. Ќе ја средиме и депонијата „Дрисла“, ќе ја спакуваме и ќе личи на модерна европска депонија со фабрика, која ќе произведува енергија и ќе го произведува, складира и рециклира отпадот. Тоа го вети денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Гази Баба, каде ...

Денеска имавме навистина би рекол интензивна прошетка низ Гази Баба и увид во три проекти коишто се во фаза на изработка, спортско игралиште, спортски терени, детска градинка, витална улица, односно улица од витално значење, рече претседателот на владата, Христијан Мицкоски. Градоначалникот во суштина зборуваше за плановите коишто ги има Општината, за сите оние проекти коишто се реализирани и се во фаза на реализација и ќе се реализираат. ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини започнува практичната примена на Законот за енергетика и воведување на транспарентен, јасен и предвидлив процес на планирање на развојот на енергетскиот систем во Република Македонија. За прв пат ќе биде изготвен Годишен план за развој на енергетскиот систем, кој ќе ги дефинира насоките за изградба на нови објекти и зајакнување на енергетските мрежи, како и насоките за развој на нови ...

Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска, со сведоци на Основното јавно обвинителство продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и тројца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти. Сведокот Јулија Мациевска, мајка на починатата Адријана Начевска, одговарајќи на прашања од страна на Обвинителството ја раскажа голготата која нејзината ќерка ја поминала откако започнала со ...

Ајродром, ајро, ајро викаше Заев на цел глас во 2017 година и ветуваше чист воздух во Аеродром, додека Каја Шукова му беше задолжена за воздухот, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. СДС, Заев и Шукова уште пред 7 години ветуваа почист воздух и почиста животна средина во Аеродром. Поранешната министерка за животна средина и поранешна државна секретарка во истоименото министерство, Каја Шукова која сега е ...

„Македонско најдобро“ е патриотска кампања, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарко прашање. -Македонска кампања, на македонските граѓани, сите треба да купуваме македонски производи затоа што тоа навистина е најдобро. Тое е суштината на таа кампања. Да го поттикнеме македонското производство, преработувачката индустрија и јас сум многу среќен што главен дивгател на растот на индустриското производство, а понатаму и на ...

СДС преку АНБ и АР го следеле ВМРО-ДПМНЕ, за да го забрани постоењето на партијата, целта била да останат на власт, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски. СДС целосно ги ставиле службите во нивната партиска агенда. Службите го следеле претседателот Мицкоски, со цел негова политичка елиминација и елиминација на ВМРО-ДПМНЕ, а со цел што подолго да остане СДС на власт, за да ги распродава националните интереси и да прави ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
3.09
85%
1017
weather icon

Загреб

4ᴼ / 0ᴼ
1.03
87%
1018
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1017
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.49
93%
1019
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1018
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
2.57
81%
1015
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
1014
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
81%
1014
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
8.23
87%
1020
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.79
89%
1019
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
88%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793