Инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчера попладне постапувајќи по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, презедоа итни мерки и активности на терен во село Вруток, поради сомневање за загадување на водата со која се снабдува градот Гостивар. -Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на ...

Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19:50 часот евидентирале пријава за напад на ресенчанец од мечка. Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н.И.(41) жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка. Веднаш по нападот Н.И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница. Фото: Архива Секторот за односи со јавност при СВР Битола ...

Советот на јавните обвинители на денешната седница донесе одлука за објавување оглас за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кој во согласност со законскиот рок ќе биде распишан во август, односно 90 дена пред истекот на мандатот на актуелниот шеф на Обвинителството. Членовите на Советот го избраа Зоран Марковски за основен јавен обвинител на Основното јавно ...

Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески. Одговарајќи на новинарско прашање дали Обвинителството ќе поднесе жалба, Савески рече дека како и во секој друг предмет, најнапред ќе биде разгледано целокупното образложение на судската одлука. – Не ...

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека на 15 јули до Европската Унија е доставен документ со целосно исполнети и означени обврски, со што, како што вели, уште еднаш покажавме дека реформскиот процес го водиме одговорно, транспарентно и со јасна посветеност кон исполнување на европската агенда. – Уверен сум дека во динамиката на реализацијата ќе бидеме далеку пред многу други и покрај обидите процесот да биде забавен преку блокирањето на ...

Дваесет и еден комерцијален аеродром во поранешна Југославија со редовен патнички сообраќај опслужија 13.105.289 патници во периодот јануари-мај годинава. Оваа бројка претставува зголемување од 1.074.294 патници во истиот период минатата година, а Македонија беше најбрзорастечкиот пазар во поранешна Југославија, со додадени 375.766 патници во текот на првите пет месеци од годината – пишува порталот „Екс-ју авиејшн“. Како што посочуваат, ...

Израелскиот парламент во вторник вечерта го усвои конечното читање на законот за финансирање на партиите и сопственото распуштање, со што го заврши својот четиригодишен мандат, објавија француските медиуми. Шеесет и двајца од 120 пратеници го поддржаа законот, со што официјално заврши мандатот на сегашниот парламент. Изборите се закажани за 27 октомври. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој се бори за нов мандат, учествуваше во ...

По ослободителната пресуда за Никола Груевски, враќањето на криминалниот имот на ВМРО и „Бела палата“, сега е ослободен и Драган Павловиќ Латас. Обвинителството се откажа од обвинението против него. Судот побарал ново супервештачење, по што износот на наводното даночно затајување бил намален. Провидно. Ова е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството, пишува во денешното соопштение ...

Со Мицкоски и ВМРО за две години животниот стандард на граѓаните е целосно урнисан. 73% од граѓаните имаат плата под просекот, Мицкоски го урниса животниот стандард, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз што МИА ви го пренесува во целост. Платите се најниски во Европа – граѓаните осиромашуваат, народот живее многу полошо од пред 2 години. Податоците на УЈП за 2025 година покажуваат дека дури 73% од граѓаните имаат плата под ...

До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде во деновите од викендов кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени – соопшти УХМР. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени. Фото: Архива До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до ...

Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе. Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на полесен начин. Токму ова, коалицијата на СДС, Левица и ДУИ ...

Исправноста на водата за пиење во градскиот водовод во Гостивар се проверува со вонредни контроли за да утврди дали има поврзаност со зголемениот број на пациенти со дигестивни проблеми. Во меѓувреме, од ОЈО на новинарско прашање одговорија дека за незаконска интервенција во водоводната мрежа, по наредба на јавен обвинител се преземаат дејствија по поднесена пријава во однос на квалитетот на водата за пиење. По појавата на зголемен број на ...

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека образованието повторно е еден од главните приоритети на Владата, посочувајќи дека во изминатиот период се реализирани повеќе мерки насочени кон подобрување на условите за учениците и наставниците. На денешната прес-конференција, пратеничката Емилија Ангелова истакна дека втора година по ред учебниците за сите одделенија се обезбедени уште на првиот училишен ден. Според неа, набавени се повеќе од еден милион примероци ...

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. -Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека декласифицирал разузнавачки информации кои, според него, покажуваат кинеско мешање во американските избори, обновувајќи ги долгогодишните забелешки по однос изборната безбедност. Трамп изјави дека Кина незаконски прибавила изборни податоци за околу 220 милиони Американци, вклучувајќи имиња, адреси и други информации поврзани со регистрацијата на гласачите. Тој обвини дека делови на ...

Кина денеска ги отфрли како „чисти измислици“ изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во своето последно обраќање до нацијата повторно ги покрена обвинувањата за мешање во претседателските избори во САД во 2020 година. Трамп синоќа го обвини Пекинг за нелегално добивање на 220 милиони записи од гласачи во САД, вклучувајќи имиња, адреси и други информации што се користат за регистрација за гласање, и за обид за „местење“ на ...

Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни од главните државни приоритети,наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, кое МИА го пренесува интегрално. Во оваа насока на подобрување на животот на македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи веќе две години по ред и политиките кои ги спроведува даваат резултати. Со цел да ...

Во време на владеењето на СДСМ, поранешна претседателка на Комисијата за проверка на условите за одгледување медицински канабис во Министерството за здравство заработи кривична пријава, откако полицијата утврдила дека не ги спроведувала законски предвидените контроли, поради што едно правно лице во Свети Николе произвело 56 килограми канабис повеќе од дозволеното. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека Надворешната канцеларија ...

Турското обвинителство побара доживотни и дополнителни казни затвор во времетраење до 37 години за 14 лица обвинети за априлскиот оружен напад пред Израелскиот конзулат во Истанбул. Според вчера објавеното обвинение, учесниците во инцидентот се товарат за извршени кривични дела обид за убиство, обид за уривање на уставниот поредок, членство во вооружена терористичка организација и нелегално поседување огнено оружје и муниција. Обвинителството ...

Во последните американски напади врз Иран извршени од 22 јуни досега се убиени најмалку 38 лица, а повеќе од 400 се повредени, соопшти денеска иранското Министерство за здравство. „Бројот повредени во американските напади надмина 400, а 38 наши сограѓани загинаа како маченици“, напиша на платформата „Икс“ портпаролот на Министерството за здравство Хосеин Керманпур. Меѓу загинатите, според него, има три жени и едно дете. Во последните ...

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека Франција и Германија повторно се приближуваат и дека е потребен нов поттик за билатералната соработка, особено по клучни европски и меѓународни прашања. „Сметам дека можам да кажам дека во последните неколку месеци има вистинско приближување меѓу Франција и Германија во однос на европската агенда“, изјави Макрон пред почетокот на заедничката француско-германската меѓувладина седница во ...

По повод Светскиот ден на змиите, Македонското еколошко друштво вечерва во дворот на Кинотеката на Македонија во Скопје организира бесплатна проекција на документарниот филм „Европа: Еден континент, пет света“, во кој значајно место има и Голем Град во Преспанското Езеро, познат како „Змиски остров“. Како што соопштуваат од МЕД, проекцијата ќе почне во 20:30 часот, а на публиката ќе ѝ биде прикажана првата од шесте епизоди на документарниот ...

Политички мотивираниот тероризам не смее да остане слепа точка во нашата заедничка безбедносна архитектура. Современите закани бараат координиран одговор, силни институции, цврсти партнерства и целосно почитување на владеењето на правото – објави на „Фејсбук“ шефот на допломатијата Тимчо Муцунски, кој на покана на државниот секретар на САД, Марко Рубио, во Вашингтон учествуваше и се обрати на министерскиот состанок посветен на заканите од ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити ги пречека делегациите на фолклорните ансамбли од повеќе земји во светот, кои учествуваат на 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“. За време на средбата, Меџити им посака добредојде на учесниците, истакнувајќи го значењето на фестивалот како мост што ги поврзува културите, традициите и народите преку уметноста и фолклорот. -Овој фестивал е доказ дека ...

Речиси цела држава попладнето беше зафатена од невреме со пороен дожд и грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека вечерва Битола, Преспа и Ресен се зафатени од пороен дожд и грмежи. Слаб до умерен дожд имаше во Скопје, Охрид, Ресен, Македонски Брод и во северозападните делови на Македонија, а невреме со пороен дожд и грмежи имаше во Прилеп, Гевгелија, Крушево и Македонски Брод. Речиси цела држава попладнето беше зафатена од ...

Фудбалерите на Силекс не успеаја да ја минат првата квалификациска рунда за Конференциската лига. Кратовци во реваншот со белорускиот Динамо Минск се поразени со 5-6 на пенали (0-1 регуларен дел и продолженија). Иако во првиот натпревар на гостувањето Силекс славеше победа (1-0) сепак не успеа да ја сочува и да продолжи на европската сцена. Гостите од Белорусија беа подобри во првото полувреме и создадоа неколку шанси уште на самиот почеток. ...

Фудбалерите на Шкендија триумфираа и во вториот натпревар од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА сега во Скопје со резултат 1:0 против ФК Европа од Гибралтар. Единствениот гол се случи во 86 минута кој беше дело на Ване Крстевски по асистенцијата на Арбин Зејнулаи. Крстевски претходно влезе во игра од 71 минута како замена за интернационалецот од Габон, Фахд Ндзенгуе. Шкендија во второто квалификациско коло во ова ...

Ламин Јамал и Педро Поро би требало навреме да се опорават од повредите добиени во полуфиналето со Франција,иако не тренираа на последниот тренинг со својата репрезентација. Поради непријатностите во бутниот мускул Јамал денеска не тренирал со остатокот од репрезентацијата. Од тренингот отсуствувал и десниот бек Педро Поро, кој почувствувал затегнатост во мускулот. Селекторот Луис де ла Фуенте потврди дека станува збор за мускулен проблем, но ...

Американската војска започна нов бран воздушни напади против Иран, шеста ноќ по ред, со цел намалување на воените капацитети на Иран, објави денеска Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ). Претходно, иранските медиуми објавија дека денес повторно се слушнале експлозии на островот Кешм, во Бандар Абас и Чабар. ЦЕНТКОМ е дел од американската војска задолжен за Блискиот Исток. Американската војска започна нов бран воздушни напади против Иран, ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07