Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Непознати сторители со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени објектот и неколку возила. Министерството за внатрешни работи соопшти дека случајот бил пријавен на 17 јули од 42-годишен тетовец. Според пријавеното, во текот на ноќта било пукано кон објектот на неговата фирма во Тетово. При увидот, полициска екипа пронашла 11 чаури, а биле констатирани оштетувања на објектот и на возила. Полицијата презема ...
Фудбалерот од средниот ред на Астон вила, Морган Роџерс, ќе му се придружи на Челзи. Како што пишува Дејвид Орнштајн од Атлетик, лондонскиот клуб ќе плати 117 милиони фунти (приближно 138 милиони евра) за 23-годишниот Англичанец. Фудбалерот од средниот ред ќе потпише шестгодишен договор со опција за продолжување на уште една година. Според „Трансфермаркт“, Астон вила плати 9,4 милиони евра за Роџерс од Мидлсбро во февруари 2024 година. ...
Триесет и двегодишен маж е уапсен во Штип откако, според МВР, заедно со својата сопруга физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејства. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 18 јули во 00:30 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Л. (32), со престојувалиште во Штип. Според полицијата, тој и неговата сопруга К.Х. (30) на улицата „Гоце Делчев“ во Штип физички нападнале полициски ...
Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, присуствуваше на отворањето на фотографската изложба „СВЕДОЧИ – 30 години патување низ фотографијата“ на познатиот уметник Енгин Узун, организирана во Куршумли-ан во Скопје. Во своето поздравно обраќање, мајсторот Енгин Узун, кој потекнува од Скопје, им се заблагодари на присутните за учеството, споделувајќи ги своите емоции по повод оваа изложба, која опфаќа три децении од неговото уметничко ...
Шпанија се подготвува за третиот топлотен бран ова лето, кој ќе започне во вторник, а се очекува температурите во поголемиот дел од земјата да надминат 40 Целзиусови степени, соопшти шпанската Државна метеоролошка агенција (АЕМЕТ). Овој топлотен бран дополнително ќе биде засилен од антициклон кој во текот на неколку дена ќе задржи сув и врел воздух од Северна Африка над Пиринејскиот Полуостров, подигнувајќи ги температурите на исклучително ...
Пишува: Дејан Донев за Курир.мк Во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико пристигна вистинска парада на тренерски имиња со огромен углед во клупскиот фудбал. Една од главните тенденции пред Светското првенство 2026 беше селекциите да бараат тренери со трофеи, авторитет и искуство од секојдневната работа во најсилните клубови. Не класични селектори, туку луѓе навикнати да победуваат од недела во недела. Бразил, во потрага по шестата ...
Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хаменеи објави писмена изјава во која тврди дека САД постојано ги прекршувале обврските од меморандумот за разбирање што двете земји го потпишаа во средината на јуни. Врховниот лидер дополнува дека потписот на претседателот на САД Доналд Трамп под овој договор е „лишен од вредност и е неважечки“. Според Хаменеи, американските напади врз Иран се директна потврда за тоа. Во соопштението, Моџтаба Хаменеи додава ...
Центарот за управување со кризи информира дека до 18 часот денеска регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои активни нема, под контрола нема, а изгаснати се 9 пожари. -Изгаснати се девет пожари – Општина Гази Баба: с. Брњарци (ниска вегетација и ѓубре); Општина Бутел: с. Љуботен (ниска вегетација и ѓубре); Општина Струмица: с. Просениково (ѓубре); Општина Старо Нагоричане: с. Старо Нагоричане (ниска вегетација); Општина ...
Еден од најеминентните ендокринолози во регионов, доц. д-р Иван Круљац дипломирал на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Загреб во 2010 година, а докторирал во 2016 година на истиот факултет, со истражување што за првпат во светот дало одговор на прашањето дали кетозата кај пациенти со шеќерна болест тип 2 претставува позитивен или негативен прогностички знак. Неговиот научен опус денес брои околу 60 објавени трудови во меѓународни ...
Претседателот на Христијанско-демократската партија во Бундестагот, Јенс Шпан, денес поднесе оставка поради скандалот со услугите за сурогат мајчинство во Соединетите Американски Држави (САД), бидејќи оваа практика е забранета во Германија, објави Дојче Веле (DW). Во среда, во интервју за Билд, Шпан објави дека тој и неговата сопруга станале татковци и дека „Георг е нивната најголема среќа“. Сурогат мајката го става своето тело на располагање ...
Дваесет и двократниот шампион на Гренд слем, Рафаел Надал, објави поддршка за Шпанија на социјалните мрежи пред финалето на Светското првенство 2026 со Аргентина. – Фудбалот е една од моите најголеми страсти уште од детството. Отсекогаш уживав играјќи, гледајќи и поддржувајќи ја нашата репрезентација. Сè уште ги паметам емоциите што ги почувствував на финалето во 2010 година во Јужна Африка. Никогаш нема да го заборавиме тоа! Утре ќе имаме ...
Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, во пресрет на финалето на Светското првенство против Шпанија упати големи пофалби за младиот шпански репрезентативец Ламин Јамал. Меси го нарече Јамал еден од најдобрите фудбалери во светот, но истовремено порача дека се надева оти младиот ас нема да го одигра својот најдобар натпревар токму во финалето. Аргентинската ѕвезда зборуваше на заеднички настан што ФИФА го ...
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ќе ја преземе функцијата селектор на Франција на 1 септември. Според „Л’Екип“, 1 септември е избран како датум за потпишување договори меѓу Зидан и неговиот тренерски штаб во документите разменети меѓу двете страни. Медиумските извештаи претходно посочија дека страните планирале да потпишат четиригодишен договор во јули. Под негово водство, се очекува француската репрезентација да се ...
Генералниот секретар на Советот за соработка во Заливот (ССЗ), Џасем Мохамед Албудајви, денеска ги осуди иранските напади врз цивилната инфраструктура во Бахреин, Јордан и во Кувајт, оценувајќи ги како „воени злосторства“. „Дејствијата на Иран претставуваат исклучително опасна ескалација, сериозно кршење на меѓународното право и на Повелбата на Обединетите нации, како и воени злосторства (…) имајќи предвид дека намерно се гаѓаат цивилната ...
Романското Министерство за национална одбрана, преку Генералната дирекција за вооружување, потпиша две нарачки во рамките на европскиот инструмент „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE), во вкупна вредност поголема од една милијарда евра, за набавка на повеќенаменски хеликоптери „Ербас“ и на радари од француската компанија „Талес“, пренесува романската новинска агенција Аџерпрес. Договорниот партнер е француската Генерална дирекција за ...
На 15 август 2012 година, Дидие Дешам дебитираше како селектор на Франција на пријателскиот натпревар против Уругвај во Авр. Повеќе од 5.000 дена подоцна, односно по речиси 14 години минати на клупата, неговата долга и успешна ера ќе заврши по натпреварот за третото место на Светското првенство 2026 против Англија. За францускиот фудбал, тоа ќе биде крај на едно големо поглавје. На прес-конференцијата пред натпреварот, дефанзивецот Ибрахима ...
Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ја освои пол позицијата во квалификациите за Големата награда на Белгија, 13-та трка во Формула 1 што се одржува на патеката Спа-Франкоршан. Актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул беше втор, додека возачот на Мекларен, Ландо Норис, беше трет. Британецот ќе изгуби 10 места на стартната линија поради замена на компонентите на погонскиот систем. Квалификациски за ГН на Белгија – Топ 10: 1. ...
Финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина стана најскапото во историјата на Мундијалите, а според одредени показатели и едно од најскапите спортски случувања досега. Просечната цена на билет на пазарот за препродажба достигна околу 9.900 евра. Официјалните билети за натпреварот, кој во недела ќе се одигра на „МетЛајф стадиум“ во Њу Џерси, повеќе не се достапни на интернет-страницата на ФИФА, но сè уште можат да се најдат на ...
Четворица вработени на аеродромот во Франкфурт заболеле од маларија, а германскиот Институт „Роберт Кох“ соопшти дека се претпоставува дека биле заразени преку убод од комарец од видот анофелес, кој пристигнал во Германија преку авион. Сите четворица биле вработени во секторот за ракување со багаж на еден од најфреквентните германски аеродроми, пренесува „RTL Луксембург“. Случајот предизвика загриженост дека би можеле да се појават и ...
МОК нема намера да го санкционира претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, поради укинувањето на забраната за фудбалерот на американската репрезентација, Фоларин Балогун, на Светското првенство 2026 година, објави „Гардијан“, повикувајќи се на свои извори од Меѓународниот олимписки комитет. На 14 јули, „Сити АМ“ објави дека непрофитната организација „ФерСквер“ поднела жалба до МОК поради постапките на Инфантино. Еден од изворите на „Гардијан“ ...
Принцот Хари неодамна беше во Велика Британија, а пред да се врати во Америка, се појави во подкастот „Joe Marler Will See You Now“. . Поводот беше да се одбележи една година до почетокот на „Игрите на инвиктус“ во Бирмингем во 2027 година. Тој зборуваше за децата, тешките денови и животот по напуштањето на кралското семејство. Тој, исто така, ги предвиде шансите на фудбалската репрезентација на Англија, но се пошегува и на своја сметка, за ...
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска телефонски разговараше со својот колега од Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, при што главна тема била состојбата во Персискиот Залив и во Ормуската Теснина. Според информациите на руската државна новинска агенција ТАСС, двајцата министри разговарале и за потребата од итен прекин на воените дејствија во регионот. Министерот за надворешни работи на ...
ЈП Водовод и канализација известува дека поради уличен дефект прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Радишани. На ден 18.07.2026г. поради уличен дефект на ул.Киро Димушков 31 во населба Радишани, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Киро Димушков, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 17:00 часот , информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. ЈП ...
Војната со Иран и натаму врши притисок врз германското земјоделство, со што постои ризик од недостиг на минерални ѓубрива и дополнително зголемување на производствените трошоци, предупреди претседателот на Германскиот сојуз на земјоделци, Јоахим Руквид. Тој оцени дека состојбата во Персискиот Залив останува нестабилна, што ги зголемува стравувањата за сигурноста на снабдувањето. – Во моментов нема физички недостиг, но цените на азотните ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските сили погодиле два големи логистички објекти во Московската и во Тамбовската област во Русија, како и руски нафтен објект, како одговор на руските напади врз украинската цивилна инфраструктура. „Денеска нашите удари со оружје со долг дострел погодија цели во три региони на руската територија, како и на нашите привремено окупирани територии и на море. Поточно, како ...
Државниот совет и Министерството за управување со вонредни состојби одржаа состанок со Кинеската метеоролошка администрација и други владини агенции за да го проценат влијанието на врнежите од дожд и поплавите. Главниот појас на дождови, донесен од тајфунот Бави, се помести на југ, носејќи обилни врнежи од дожд во југозападна Кина, средниот и долниот тек на реката Јангце и јужниот дел од земјата. Државниот совет и Министерството за ...
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Англија, Вејн Руни, го сподели своето мислење за тоа дали Томас Тухел треба да остане селектор на националниот тим. Германскиот тренер дојде на селекторското место во јануари 2025 година, а неговиот договор е до 2028 година. На Светското првенство во 2026 година, Англија загуби со 2:1 од Аргентина во полуфиналето и ќе се соочи со Франција во натпреварот за бронзениот медал. -Во моментов, не гледам ...
Кувајт денеска го обвини Иран дека извршил напад врз уште една електрана и постројка за десалинизација на вода, откако САД седма последователна ноќ изведоа воздушни напади врз Иран. Кувајтското Министерство за електрична енергија соопшти дека објектот бил погоден во „непријателски“ напад, при што избувнал пожар во дел од постројката. Неколку генератори биле превентивно исклучени. Ова е втор ваков објект во Кувајт што е цел на напад во ...
Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, грмежи и град денеска го погоди јужниот дел на Загреб, додека Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска издаде портокалово предупредување поради невреме со громотевици што се очекува околу 15 часот. Невремето го зафати јужниот дел на хрватската престолнина и околината во текот на претпладнето, а поради интензивните врнежи дел од возачите биле принудени да ги запрат своите возила, ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес пречека делегација составена од претставници од политиката, бизнисот и меѓународните институции, предводена од д-р Дастин Плантхолт. Делегацијата престојува во регионот во рамки на иницијативите за економска соработка со Соединетите Американски Држави. За време на средбата, Меџити ги презентираше приоритетите и развојните проекти на Општина Чаир, со посебен акцент на локалното управување, ...