Големи шумски пожари, суши и силни бури продолжуваат да предизвикуваат проблеми низ Европа и покрај постепеното слабеење на топлотниот бран, а властите во повеќе земји предупредуваат на нови екстремно високи температури и зголемен ризик од пожари. Пожарникари, со поддршка од 30 летала, денеска се обидуваа да стават под контрола голем шумски пожар во североисточна Шпанија, поради кој беа евакуирани повеќе од 1.000 лица. Големиот пожар во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека САД ја сметаат Канада за одговорна за пожарите што ги загадуваат американските градови и најави дека по тој повод ќе го повика канадскиот премиер Марк Карни. Тој исто така додаде дека „трошоците од тоа загадување без одложување мора да бидат вклучени во царините“ кои Канада моментално ги плаќа во трговијата со САД. „Ја сметаме Канада за одговорна за неадекватно одржување на нејзините ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва од Битола, по повод одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, во обраќањето пред членовите, ветераните, Унијата на жени и поддржувачите, порача дека довербата од народот е најважна и ниту една функција, ниту позиција не може да биде поважна од тоа. Тој, во својата објава на Фејсбук, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е најсилно кога е обединето. -Ако постои ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на Пиво фест во Прилеп. -По одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, вечерва присуствував и на Пиво Фест во Прилеп. Имав можност да се сретнам и да разговарам со голем број граѓани, во пријатна атмосфера исполнета со музика, традиција и позитивна енергија, наведува Мицкоски во објавата на Фејсбук. Тој порачува дека ваквите настани ...

Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19:50 часот евидентирале пријава за напад на ресенчанец од мечка. Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н.И.(41) жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка. Веднаш по нападот Н.И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница. Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека ...

На девет месеци до изборите во ФИФА за претседател првиот човек на Светската фудбалска федерација Џани Инфантино најверојатно ќе добие уште еден мандат. Според проценките Инфантино поддршка од околу 200 федерации. Изборите ќе бидат во март следната година, а новоизбраниот претседател ќе има мандат до 2031 година. Како што пишува шпанска Марка, а пренесуваат и други европски медиуми, федерациите кои не се на страната на Инфантино имаат проблем ...

Пренесувањето на телата на лицата починати од ебола меѓу различни делови на Демократска Република Конго, најчесто за да бидат погребани во родните места, претставува сериозен ризик за понатамошно ширење на заразата, предупреди денеска Меѓународната организација за миграција (МОМ). Според податоците на МОМ, до 14 јули во Демократска Република Конго и во Уганда се регистрирани повеќе од 2.000 случаи на ебола и околу 700 смртни случаи, при што ...

Турското Министерство за здравство соопшти дека отвори нови специјализирани клиники кои ќе обезбедуваат индивидуализирано лекување и советување за млади на возраст од 12 до 18 години што сакаат да се откажат од пушењето, објави весникот „Дејли сабах“. Новите клиники за одвикнување од пушење кај адолесцентите се наменети да одговорат на биолошките, психолошките и социјалните потреби на тинејџерите, кои, според здравствените власти, стануваат ...

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија, а пренесе регионалната телевизија „Н1“. Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата, обезбедувајќи поддршка за земјите со ...

Големи облаци чад од шумските пожари што беснеат низ Канада предизвикуваат влошување на квалитетот на воздухот во големи делови од Канада и во североисточниот дел на Соединетите Американски Држави, покажуваат податоците на Службата за следење на атмосферата „Коперник“. Како што соопштуваат од Центарот за односи со јавност на „Коперник“, предупредувања за исклучително лош квалитет на воздухот се издадени во градови како Њујорк и Филаделфија, ...

Американските вооружени сили денеска соопштија дека ја уништиле набљудувачката кула во пристаништето „Шахид Калантари“ во иранскиот град Чабахар. Во објава на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) на социјалната мрежа Икс се наведува дека кулата била дел од иранската мрежа за надзор во Оманскиот Залив. Според ЦЕНТКОМ, преку овој објект Корпусот на Исламската револуционерна гарда следел и изведувал напади врз трговски бродови што пловат низ ...

Полскиот претседател Карол Навроцки денеска стави вето на два закона со кои се предвидуваше воведување „договори за заеднички живот“ за парови што живеат заедно. Според локалните медиуми, ваквиот потег претставува удар за истополовите двојки во една од ретките земји членки на Европската Унија каде што правата на ЛГБТ-заедницата сè уште се ограничени. Премиерот Доналд Туск, кој ја презеде функцијата во 2023 година, најави реформи во областа на ...

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) денеска предупреди дека ќе продолжи со нападите сè додека САД не ги прекинат нападите врз јужниот дел на Иран и во Ормуската Теснина. „Нашите ефикасни и прецизни напади, што се изведуваат од целата територија на Иран против непријателот, ќе продолжат сè додека не се воспостави мир долж јужниот брег на земјата и воо Ормуската Теснина“, напиша на социјалните мрежи командантот на ...

Почнувајќи од јулската плата започнува да важи привремена промена на структурата на придонесите за задолжително социјално осигурување. Оваа одлука внесе паника меѓу вработените, кои се исплашија дека ќе им се намали платата, дека ќе имаат помалку права во јавното здравтсво, но и недоумницата што во иднина ќе се случува со пензиите, со оглед на менување на ставката за издвојување средства за пензиското осигурување. Иако на прв поглед изгледа ...

Македонска претставничка на Европското првенство за атлетичари и атлетичарки до 18 години, кое се одржува во Риети, Италија, Марта Димковска успешно ги заврши своите настапи на шампионатот. Димковска настапи во квалификациите на 200 метри, каде трката ја истрча за 25.42 секунди, поставувајќи нов личен рекорд и подобрувајќи го своето претходно најдобро време за 0.20 секунди. Во конкуренција од 40 атлетичарки, таа го освои 38. место. Вчера таа ...

Соединетите Американски Држави денеска соопштија дека Стратешкиот дијалог со Косово ќе продолжи откако Приштина ќе ги исполни условите, вклучително и обврските преземени кон српската заедница, јави српската редакција на Радио Слободна Европа. – Остануваме посветени на зајакнувањето на заедничките интереси на САД и народот на Косово. Со задоволство ќе го започнеме Стратешкиот дијалог со Косово кога ќе бидат исполнети соодветните услови, ...

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДС во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори. Но, неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Потврда за ова е и последниот ...

Од април следната година во Англија ќе биде забранета продажбата на енергетски пијалаци со висока содржина на кофеин на деца помлади од 16 години, соопштија британските власти, а пренесе Би-Би-Си. Според новите правила, продавниците, рестораните, кафулињата, автоматите за продажба и интернет-платформите нема да смеат да продаваат пијалаци што содржат повеќе од 150 милиграми кофеин на литар на деца и тинејџери под 16-годишна возраст. Забраната ...

Соединетите Американски Држави денеска соопштија дека Стратешкиот дијалог со Косово ќе продолжи откако Приштина ќе ги исполни условите, вклучително и обврските преземени кон српската заедница, јави српската редакција на Радио Слободна Европа. – Остануваме посветени на зајакнувањето на заедничките интереси на САД и народот на Косово. Со задоволство ќе го започнеме Стратешкиот дијалог со Косово кога ќе бидат исполнети соодветните услови, ...

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, пред финалето на СП против Аргентина изјави дека неговиот тим мора да остане доследен на својот стил на игра, бидејќи токму тоа ќе ги доближи до освојување на титулата. Финалниот натпревар ќе се игра во недела во 21:00 часот. „Многу сум смирен и убеден дека ако останеме доследни на идејата што нè доведе овде, ќе бидеме поблиску до остварување на нашата цел. Имаме голем ...

На два дена до одигрувањето на финалето меѓу Шпанија и Аргентина организаторите и локалните власти имаат нов неочекуван проблем, а тоа е квалитетот на воздухот во Њујорк. Големите шумски пожари во Канада и чадот од нив предизвикаа проблем на поширокото градски подрачје. Здравствените служби издадоа и предупредување да не се излегува на отворено (без потреба) и да се намалат физичките активности односно по потреба да се носат и маски. Финалето ...

Турското Министерство за здравство соопшти дека отвори нови специјализирани клиники кои ќе обезбедуваат индивидуализирано лекување и советување за млади на возраст од 12 до 18 години што сакаат да се откажат од пушењето, објави весникот „Дејли сабах“. Новите клиники за одвикнување од пушење кај адолесцентите се наменети да одговорат на биолошките, психолошките и социјалните потреби на тинејџерите, кои, според здравствените власти, стануваат ...

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија, а пренесе регионалната телевизија „Н1“. Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата, обезбедувајќи поддршка за земјите со ...

Техеран денеска објави дека неговите сили ја нападнале американската воздухопловна база Ал Удеид во Катар во 15-тиот бран напади – јавува агенцијата ИРИБ. Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во соопштението соопшти дека во нападот биле уништени радар со долг дострел и неколку американски стратешки авиони за полнење гориво, јавува „Ал џезира“. -Американскиот непријател и земјите што ги примаат неговите бази во регионот треба да ...

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј изјави дека неговата влада „секој ден е сè поблиску“ до враќање на суверенитетот над Фолкландските Острови продлабочувајќи го дипломатскиот спор предизвикан од политичката прослава на аргентинската репрезентација по победата над Англија на Светското првенство претходно оваа недела – пишува бриселскиот портал „Политико“. Милеј на „Икс“ се потсмеваше со реакцијата на Велика Британија на прославата на ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре (18 јули, сабота) со почеток во 13:00 часот ќе ја посети општина Дебарца. Во рамки на посетата, премиерот ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на локалниот пат од селото Мешеишта до селото Волино, како и во реконструкцијата на улица во селото Волино, на делницата кон манастирот „Св. Петка“. По увидот во градежните работи, предвидено е премиерот ...

Осум млади Македонци од дијаспората денеска успешно го завршија своето тринеделно патување низ Македонија како дел од програмата „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) 2026, со што беше заокружено јубилејното десетто издание на оваа единствена програма од ваков вид. Организирана од Обединета македонска дијаспора (ОМД), програмата „Родум од Македонија“ и понатаму им овозможува на младите со македонско потекло да ја зајакнат врската со ...

Бројот на ученици и студенти што се сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во 2025/2026 година изнесува 5.232, што претставува зголемување за 7 проценти во однос на претходната 2024/2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во 2025/2026 година во државава имало 9 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните и средните верски училишта. Во нив е обезбедено сместување за ...

И покрај нашиот обид и четири месеци преговори, договори, состаноци на коишто аргументирано се дебатираше во врска со Изборниот законик, на крајот причините за недонесување на Изборниот законик се очигледната неспремност од страна на опозицијата да прифатат дека ќе направиме уште еден голем успех со носење на овој Изборен законик, со тоа што, така, ќе исполневме 10 од 10 од условите за Реформската агенда и ќе добиевме многу повеќе пари, што ...

Возачите кои летово патуваат во Грција треба да бидат особено внимателни, бидејќи грчката полиција сè почесто користи необележани службени возила опремени со современа технологија за откривање на сообраќајни прекршоци. Како и голем број европски држави, грчките полициски власти вложуваат во користење возила без полициски ознаки, со цел полесно да ги откриваат возачите кои ги прекршуваат сообраќајните правила кога мислат дека никој не ги ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Калај

46.54

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87