Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Светската фудбалска федерација (ФИФА) го објави идеалниот тим на Светското првенство 2026, во кој очекувано доминираат финалистите Шпанија и Аргентина. Новиот светски шампион и вицешампионот имаат по тројца свои претставници во најдобрите единаесет, додека останатите места ги пополнија фудбалери кои оставија силен впечаток со своите настапи на турнирот. Еве како изгледа идеалниот тим на Светското првенство 2026 според ФИФА: Голман: Орландо ...
Невреме, проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град го зафати Скопје. Во делови од западниот дел на Скопје попладнево започна најавеното силно невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер, а во некои населби има и прекин на електричната енергија. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), силното невреме беше очекувано во попладневните часови. Поради тоа, Кризниот штаб на Град Скопје одржал ...
Собранието беше домаќин на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. Ова е прва посета на претседател на Република Индија на Македонија, што претставува значаен момент во развојот на односите и зајакнувањето на соработката меѓу двете земји. Во рамките на посетата на Собранието, претседателката Мурму беше пречекана од претседателот на Собранието, Африм Гаши, со кого одржа тет-а-тет средба. По средбата, таа се ...
По 30 дена затворски притвор добија тројцата осомничени Артан Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши од Гостивар, кои се на високи раководни функции во комуналното претпријатие во Гостивар. Оваа мерка им ја определи судијата на претходна постапка во Основниот суд во Гостивар, Ќирко Михајлоски на тројцата осомничени кои се товарат дека се виновни за епидемијата со труење во општина Гостивар, предизвикана од водата за пиење и за нелегално ...
Навивачите на Аргентина им приредија дочек на фудбалерите по враќањето во земјата по завршување на СП и поразот во финалето. Но, меѓу играчите го немаше капитенот Лионел Меси, кој со приватен авион замина кон родниот Росарио. Првиот фудбалер кој се појави пред присутните, веднаш по претседателот на Аргентинската фудбалска федерација, беше заменик-капитенот Николас Отаменди. Simply 𝐀𝐫𝐠𝐞𝐧𝐭𝐢𝐧𝐚, don’t try to understand it ❤️🇦🇷 ...
Еден од најтрофејните и највлијателни европски кошаркарски стратези Светислав Пешиќ ќе биде главен предавач на дводневен стручен семинар што на крајот од август во Скопје ќе ги собере сите македонски кошаркарски тренери. Како што соопшти денеска Македонската кошаркарска федерација (КФСМ), годинашната задолжителна тренерска клиника ќе се одржи на 24 и 25 август со учество на прославениот 76- годишен српски тренер чија кариера повеќе од четири ...
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов е нов член на Штип УГД. Искусниот примач, засили штипскиот клуб во пресрет на новата сезона. Љафтов зад себе има богата интернационална кариера, настапувајќи за клубови од Македонија, Турција, Србија, Кипар, Египет, Хрватска, Бугарија, Италија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Грција, Унгарија и Кувајт. Од Штип УГД му посакаа топло добредојде и изразија надеж дека со ...
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје ја продолжи соработката со репрезентативецот Андреј Маслинко. Крилниот центар стави потпис на нов едногодишен договор и ќе остане во таборот на аеродромци и во сезоната 2026/27. За 29-годишниот кошаркар ова ќе биде седма сезона во сино-белиот дрес, откако првпат пристигна во клубот во 2017 година. Маслинко досега освои три шампионски титули и три трофеи во Купот на Македонија, а во периодот меѓу ...
Лука Модрич е сѐ поблиску до крајот на својата богата репрезентативна кариера, а според пишувањата на италијанските медиуми, легендарниот хрватски капитен би можел да се прости од националниот тим веќе на почетокот на октомври. “Газета дело Спорт“ објави дека искусниот играч од средниот ред има намера да го одигра претстојниот репрезентативен циклус, односно првите четири натпревари од Лигата на нации, а потоа целосно да се насочи кон ...
Од прес службата на Влада информираа дека утре 22.07.2026 година (среда) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното одделение за Трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје. Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. Од прес службата на Влада информираа дека утре 22.07.2026 ...
Со метална конструкција на галериите со витражи и стакла почна превентивно да се заштитува Македониумот во Крушево во кој со години протекува. Работите се изведуваат под стручен надзор на прилепскиот Завод и музеј и треба да завршат до крајот на месецов. Оваа мерка е поради протекување во Споменикот од прва категорија кој во ноември 2025 година е прогласен за културно добро во опасност. – Со цел да се заштитат галериите со витражи кои имаат ...
Во Делчево 44 правни субјекти аплицирале за мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ од Оперативниот план за вработување, со што е предвидено вработување на 65 невработени лица. На државно ниво, пак, за мерката досега се пријавиле над 1.400 компании, а евидентирани се повеќе од 1.700 апликации од невработени лица, беше истакнато на денешниот Информативен ден организиран од Министерството за економија и труд и Општина Делчево. ...
Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна ...
Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна ...
Приоритет на Владата уште од самиот почеток на мандатот е унапредувањето на системот за социјална заштита. Иако беше наследен системски проблем во начинот на функционирање на системот за социјална заштита, истиот е целосно реформиран преку воведување ново софтверско решение за интегрирано администрирање на паричните права, социјалните услуги и јавните овластувања, рече Драгана Арсова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција што ја ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 13:00 часот попладнево, регистрирани се вкупно шест пожари на отворен простор, од кои активен е еден пожар, четири се под контрола, а еден пожар е изгаснат. Активен е пожарот во Општина Делчево на градските гробишта, со кој е зафатена ниска вегетација. Под контрола се пожарите во Општина Василево, село Доброшинци (депонија), во Општина Кочани (градска депонија), во Општина Илинден, ...
СДС повторно се обидува да создаде паника таму каде што нема проблем. За економијата не се зборува со измислици и политички конструкции, туку со факти и бројки. А фактите се јасни, министерката за финансии во ниту еден момент не кажала дека нема средства за плати, пензии или социјални надоместоци. Ова е уште една груба манипулација и свесно извртување на кажаното, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, кое МИА го пренесува интегрално. Напротив, ...
Има ли срам Валбон Лимани градоначалникот на Гостивар кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата?, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција што ја пренесуваме интегрално. „Кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, Валбон Лимани вчера вели дека за скандалот со водата во кои директно беше погоден целиот град Гостивар, не чувствува никаква морална одговорност. Па со кое ...
„Со неколку пакети помош денеска посетивме повеќе семејства на социјално загрозени категории на граѓани“ , изјави денеска од Гостивар „лидерот“ на СДСМ, Венко Филипче. Тој, како што објавува Курир денеска во ролја на Јеховин сведок тропал по вратите на сопартијците од Гостивар во мисија да не пропушти да ја политизира маката на граѓаните, па стокми и популистичка прес-конференција на која „постави“ и неколку прашања до институциите, меѓу кои ...
Со неколку пакети помош денеска посетивме повеќе семејства на социјално загрозени категории на граѓани, постари луѓе, пензионери, и тоа ќе продолжиме да го правиме и во следните денови, изјави денеска од Гостивар претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој истакна дека посетата на Гостивар нема за цел да го политизира прашањето, како што ВМРО-ДПМНЕ сакале да ги обвинат, туку, како што рече, имале за цел да им помогнат на неколку категории ...
Тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во Гостивар денеска се изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар откога Основното јавно обвинителство отвори истрага против нив за кривичното дело тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејства на загадување на водата за пиење. Пред судија на претходна постапка беа изведени вршителката на должност директорка на ЈП ...
Авиокомпанијата „Визер“ ја прошири својата база во Скопје со седми авион со што Скопскиот аеродром се вброи меѓу првите бази на „Визер“. Додавањето на уште еден воздухоплов во базата во Скопје значи повеќе дестинации и поголем број на френвенции на летови. Благодарение на дополнителниот авион беа отворени две нови линии до Палермо и Алгеро, авиолинии чиишто први летови беа реализирани на 15 и 18 јули. Ова, според вицепремиерот и министер за ...
Веќе втор ден по ред, Инспекторатот за употреба на јазиците продолжува да молчи, додека градоначалникот на Град Скопје отворено ги прекршува законските обврски за употреба на албанскиот јазик. Градоначалникот на Скопје не само што не го исправи прекршувањето, туку одлучи целосно да го игнорира револтот на Албанците. Нема одговор, нема образложение, нема извинување и нема никаква подготвеност да се почитува законот. Ваквото однесување покажува ...
ВРЕДИ ја поздравува брзата реакција на надлежните институции и започнувањето на постапките за утврдување одговорност во врска со сериозната состојба во Гостивар. Секој што, со дејствување или недејствување, придонел за овој скандал, мора да одговара пред правдата. Здравјето на илјадници граѓани на Гостивар беше загрозено како последица на негрижата и лошото владеење, а ова не смее да помине без одговорност, како што се случувало многупати во ...
Владата на Мицкоски денеска преку министерката за финансии, Кочовска го претстави ребалансот на буџетот како „развоен“, а не како „кризен“. Меѓутоа, самата Кочовска призна дека ребалансот е потребен за да се обезбеди редовна исплата на плати, пензии и социјални надоместоци, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Со други зборови, без овој ребаланс, државата наскоро нема да има пари ни за основните обврски кон ...
Првата операција со роботскиот систем MedBot Toumai® беше изведена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, со што, како што наведуваат оттаму, почнува нова ера на напредна, прецизна и минимално инвазивна хирургија во болницата, во земјава и во регионот. Кај 57-годишен пациент била изведена радикална роботски асистирана простатектомија со роботски асистирана лапароскопска лимфаденектомија. Станува збор за комплексна операција за лекување ...
Полициски службеници од ОВР Делчево вчера околу 15:05 часот го лишија од слобода А.Т.(26) од с.Митрашинци, беровско. -При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,35 промили алкохол во крвта, велат од МВР. Тој бил задржан во полициска ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава. По свеченета церемонија, Сиљановска-Давкова и Мурму заминаа на тет-а-тет средба, по што ќе биде одржан пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на двете претседателки. Индиската ...
Дивиот приклучок поставен на гостиварскиот водоснабдителен систем не се наоѓал во заштитните санитарни зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата што ја имал Комуналец – Гостивар. За овој приклучок што е предмет на истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, не е доставено барање до Министерството за животна средина и прострона планирање (МЖСПП). -Овој див приклучок воопшто не е во рамки на дозволата, ...
Министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) на Самитот што се одржува во Манила изразија загриженост поради ескалацијата на кризата на Блискиот Исток. Шефовите на дипломатиите на 11-те држави-членки на АСЕАН, како и претставници на партнерските држави, се состануваат во престолнината на Филипините, во услови на зголемена нестабилност поради обновениот конфликт меѓу САД и Иран и стравувањата од ...