Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) активно ја спроведува реформската агенда 2024 – 2027 во областа на енергетската транзиција истовремено реализирајќи ги реформските активности и усогласувајќи ја националната регулатива со европското законодавство. Како резултат на овој континуиран процес, Европската комисија во својот извештај од 20 мај 2026 година официјално потврди дека два реформски чекори се целосно ...

На 21.07.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Македонски војски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.Ш.(44) од с.Волково, скопско и патничко возило, кое го напуштило местото на настанот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје, информира ...

Советот на Европска Унија денеска објави дека одобри Велика Британија да се вклучи во заемот од 90 милијарди евра за Украина. Ова значи дека Киев ќе има поширок избор на добавувачи на воена опрема, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ. Заемот ѝ обезбедува на Украина 60 милијарди евра оваа и следната година за инвестиции во одбранбената индустрија и купување одбранбена опрема, како и 30 милијарди евра директна економска и буџетска ...

Министерството за локална самоуправа (МЛС) во рамки на координираниот институционален одговор на кризата со водоснабдувањето, итно обезбеди донација од 50.000 литри вода за пиење за жителите на Општина Гостивар. -Во моменти кога граѓаните се соочуваат со сериозни предизвици реагираме брзо, одговорно и солидарно. Со оваа донација даваме конкретен придонес во надминувањето на состојбата и испраќаме јасна порака: институциите се рамо до рамо со ...

Покрај унапредувањето на системот за социјална заштита, Владата продолжува со спроведување мерки насочени кон подобрување на условите за работа на вработените, поддршка на младите и креирање на долгорочни политики за демографски развој, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Драгана Арсова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Потпишан е нов Колективен договор, со кој платите на ...

Кога Валбон Лимани вели дека не чувствува никаква одговорност за скандалот со водата во Гостивар, СДС, ДУИ и Таравари молчат, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, што МИА ја пренесува интергрално. Истите оние кои секојдневно зборуваат за отчетност и бараат оставки, денес не бараат ниту извинување, ниту политичка, ниту морална одговорност од својот кандидат Валбон Лимани. Очигледно, за СДС, ДУИ и Таравари ...

СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека секоја можност за договор ја претвораат во нов политички конфликт, истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, што МИА ја пренесува интегрално. Наместо да придонесат за донесување на новиот Изборен законик, кој беше резултат на повеќемесечни разговори и усогласувања, тие одлучија повторно да создадат политичка криза таму каде што имаше простор за консензус. Иако им ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, а во однос на мај лани е повисока за 8,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, ...

Младите масовно ја напуштаат Македонија. Не сакаат да живеат во земја во која нема перспектива, систем, добра работа, во која немаат иднина. Не сакаат да бидат дел од иднина каква што Драган Павловиќ Латас и Мицкоски ја кројат за нив, истакна на прес-конференција Кети Штерјова од СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално. Латас, човекот кој со децении работи за странски служби, денеска слободно ја води највалканата пропаганда во земјата. Неговото ...

Дилемата меѓу возачите за тоа на колкаво растојание може да биат регистрирани од камерите за брзина и понатаму е присутна во секојдевното возење. Тоа зависи колку возилото ќе навлезе во зоната каде што камерата може соодветно да ја измери брзината. Сето ова зависи и од видот на системот што се користи. Според експертите, фиксните камери не можат да снимаат на стотици метри одалеченост. Нивните системи работат во точно определена зона на ...

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан по вчерашната рација во опозициската партија Фидес и одземање на серверите, ја обвини новата влада дека воспоставува „нелегитимен“ политички систем и ги повика неговите приврзаници да се спротивстават на „тиранијата“. – Во Унгарија повторно почна ерата на тиранијата … Унгарија не е веќе демократска држава. Новиот политички систем создаден на овој начин е нелегитимен. Фидес ќе ги искористи сите мирни ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал онлајн-состанок со директорот на Директоратот за соседство и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, на кој се разговарало за законите и реформските чекори што треба да ги преземе државата до декември годинава во рамките на евроинтеграцискиот процес. Мицкоски денеска на новинарско прашање оцени дека државата продолжува да ги исполнува обврските, како и дека со исклучок на Изборниот ...

Заврши целосната реконструкција на Одделот за трауматологија во Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје, позната како Стара градска болница. Станува збор за последниот поголем оддел во клиниката кој досега не бил реконструиран, а според раководството на установата, во просториите немало посериозна интервенција од 1962 година. Во рамките на реконструкцијата целосно се заменети електричната, водоводната и канализациската ...

Смирувачки тренд на епидемијата во Гостивар. Вака министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја опиша состојбата со Гостивар поткрепено со бројот на лица кои побарале лекарска помош. -Вчера имавме околу 290 пациенти со прв контакт со доктор, денеска се околу 190 пациенти, имаме натамошно намалување што е значајно од врвот со саботата. Продолжуваме со поддршка на сите епидемиолошки активности, неопходни да се утврди хронологијата на ...

УХМР објави информација за максимална брзина на ветерот кој вчера предизвика големи штети во Скопје и околината, како и во делови од Македонија. -На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17:00 часот, е регистриран оркан со максимален удар на ветер од 134 km/h со правец запад-северозапад (WNW). Во Скопската котлина, на Автоматската метеоролошка станица Скопје, во 16:10 часот е регистриран оркан со максимален удар од 130 km/h со правец ...

Во Музејот на град Скопје денеска е откриен споменик на Махатма Ганди. Откривањето на споменикот на овој духовен водач на индиската борба за независност претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат народите и поттик за натамошно зајакнување на пријателството меѓу Македонија и Индија. Споменикот е откриен во време кога во посета на земјава е индиската претседателка Драупади Мурму која денеска заедно со претседателката Гордана ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, а во врска со вчерашното невреме, истакна дека градоначалниците со нивните тимови и претпријатија излегоа на терен и ги санираа штетите. -Санацијата по епското невреме продолжува и денеска. Штетите ќе се констатираат и согласно закон и искуство од минатото, ќе биде од страна на надлежните институции сето тоа рефундирано, посочи премиерот. Додаде и дека Владата има ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира до Конгресот да достави на одобрување договор со Саудиска Арабија за споделување нуклеарна технологија, за кој американски медиуми посочуваат дека не содржи заштитни мерки за спречување на нејзина употреба во програми за развој на нуклеарно оружје. Станува збор за документ познат како Договор по членот 123 од американскиот Закон за атомска енергија, што минатата година го ...

Францускиот парламент усвои закон со кој од јануари 2027 година ќе биде забранет пристапот до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст. Одлуката е донесена поради зголемената загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на децата, во период ...

Површината на изгорени шуми во Амазон падна на најниско ниво во последните 40 години во 2025 година, покажува најновиот годишен извештај на бразилската иницијатива за следење MapBiomas. Во текот на минатата година во пожарите во Амазонија беа погодени околу 3,1 милиони хектари или за околу 80 отсто помалку отколку во 2024 година, јави ДПА. Шумските пожари, исто така, се намалија низ целиот Бразил во целина, со 12,7 милиони хектари изгорени ...

Невремето што ја зафати државава вчера попладне предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР Скопје, каде синоќа до 22:00 часот биле евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица, информира Министерството за внатрешни работи. Дополнително, оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, смета дека претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, би бил соодветен кандидат за иден генерален секретар на Обединетите нации, објави американскиот весник „Њујорк пост“ повикувајќи се на извори блиски до Трамп. Според нујоршкиот весник, Трамп високо го оценил начинот на кој Инфантино го организирал Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико, а по завршувањето ...

САД извршија нов бран воздушни напади врз цели во Иран, додека Вашингтон порача дека е подготвен за дијалог и преговори со Техеран, но и дека ќе преземе мерки за заштита на своите интереси и интересите на сојузниците. Централната команда на вооружените сили на САД (СЕНТКОМ) соопшти дека операцијата против Иран завршила во 00:15 часот по Гринич, односно во 03:15 часот по локално време. Според соопштението, во текот на ноќта биле погодени воени ...

Парламентот на Молдавија синоќа ја одобри новата влада предводена од премиерот Василе Тофан, откако тој ја претстави програмата на неговиот кабинет, ветувајќи економско заживување и продолжување на европскиот пат на земјата. „Нашата програма се вика ‘Европска економија, ефикасна држава’. Тоа е обврска на која ќе работиме и токму според таа обврска бараме да бидеме оценувани“, рече Тофан пред пратениците. Партијата на акција и солидарност ...

Во последните денови ВМРО-ОКГ и нивната медиумска машина, предводена од Драган Павловиќ Латас, започнаа нова валкана кампања против СДСМ и лично против претседателот Венко Филипче, наведува СДСМ во соопштение, кое МИА го пренесува интегрално. Затоа што немаат што да кажат за труењето на целиот град Гостивар. Наместо да ја преземат одговорноста за тоа што илјадници граѓани беа отруени поради нивната неспособност и криминално управување, тие се ...

Валбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, ...

Воените операции против Иран досега ги чинеле САД 37,5 милијарди долари, изјави синоќа американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за време на сослушување пред Конгресот. Тоа претставува зголемување од речиси осум милијарди долари во однос на последната јавно објавена проценка на трошоците. Хегсет пред американските законодавци изјави дека во сумата се вклучени и очекуваните трошоци до 30 септември. Ова е првпат Хегсет јавно да одговара на ...

По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се регистрирани материјални штети, паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици, соопшти Центарот за управување со кризи. Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на последиците и нормализирање на состојбата. Во Скопски регион по 17 часот, преку Единствениот број за ...

Силното невреме што вчера зафати делови од Балканот предизвика повеќе штети во Босна и Херцеговина и Хрватска, откако гром усмрти околу 30 овци во БиХ, а предизвика и шумски пожар во близина на Макарска. Според босанската национална телевизија, гром синоќа удрил во стадо овци на планината Хрбина во Босна и Херцеговина, при што угинале околу 30 животни. Подрачјето на општина Бугојно беше зафатено од силно невреме, при што за еден час наврнале ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното одделение за Трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје. Од владината прес-служба информираат дека предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми. Фото: архива Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42