Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции, информира Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Според МВР, најголеми последици од невремето се регистрирани на подрачјето на СВР ...
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а ...
Официјалната посета на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, претставува силен поттик политичкото пријателство меѓу Македонија и Индија да се претвори во конкретна економска соработка, нови инвестиции и долгорочни деловни партнерства, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски на Македонско-индискиот бизнис-форум. Како што соопшти Министерството за земјоделство, форумот се одржал во рамки ...
Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат ...
Дождот и силниот ветар кој носеше се пред себе направи штети и во општините Свети Николе и Пробиштип. Поржарникарите од ТППЕ-Свети Николе информираат дека имале неколку интервенции за време на невремето. -По силното невреме кое го зафати Свети Николе и Овчеполието во 17.46 часот интервенирано е со едно противпожарно возило на запалена трева и ниска вегетација во село Црнилиште, Свети Николе, а со три противпожарни возила на запалена трева, ...
Казахстан денеска го заприра испорачувањето сурова нафта до терминалот на Каспискиот конзорциум за нафтоводи (ЦПЦ), во близина на руското пристаниште Новоросијск, поради нападите врз танкери што ги одвраќаат бродските сопственици од користење на пристаништето, јави „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Доколку блокадата потрае до крајот на неделата, казахстанските производители би можеле да бидат принудени да го ...
Силно невреме го зафати Кочани и регионот денеска во доцните попладневни часови. Ветерот и водената стихија петнаесетина минути носеа се пред себе. Првичните информации велат дека повеќе сообраќајници во градот се непроодни поради искршени стебла од дрворедот, неколку куќи се останати без кров, во селото Бање, според изјавата на градоначалникот Владко Грозданов, има пожар во куќа. Грозданов е на терен со припадниците на ТППЕ и на ДПД Кочани. ...
Активни се четири од 14 регистрирани пожари на отворен простор денеска до 18:00 часот. Два пожари се под контрола, а осум се изгаснати – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има на депонија во штипското село Пенуш, прилепското село Локвени, каде е зафатена ниска вегетација и шума, како и во крушевските села Јакреново и Пресил каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Под контрола се пожарите на депонија во ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека градските служби веднаш реагирале по силното невреме со бурни налети на ветер што денеска го зафати главниот град и дека расчистувањето на последиците се одвива непречено. Според него, екипите на градските јавни претпријатија веднаш излегле на терен, при што булеварите се проодни, а интензивно се отстрануваат паднатите дрвја и гранки. „Природата не можеме да ја спречиме, но ...
Припадниците на Армијата се вклучија во расчистувањето на последиците од силното невреме што го зафати Скопје, соопштија од Армијата. Во објавата се наведува дека војниците без одлагање излегле на терен за да им помогнат на надлежните служби во справувањето со последиците од невремето, кое предизвика паднати дрвја, искршени гранки и отежнато движење на повеќе локации во главниот град. Од Армијата истакнуваат дека брзата реакција, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“ (Pickaxe Mountain). – Веројатно многу наскоро ќе ја нападнеме таа зона. И тие ништо не можат да направат по тоа прашање – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Според американските медиуми, меѓу кои „Вашингтон пост“ и ...
Петнаесет повредени лица се примени во две клиники по невремето што попладнето го зафати Скопје, од кои девет на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), а шест на Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”. Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски за МИА изјави дека од деветте повредени, две се со ...
Растојанието меѓу Македонија и Индија да не го мериме во километри, туку преку силата на нашата соработка и резултатите што заеднички ги постигнуваме, порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во обраќањето од Македонско-индискиот бизнис форум што се одржа денеска во Скопје, во присуство на претседателките Гордана Сиљановска-Давкова и Друпади Мурму. -Дигитализацијата ги намалува растојанијата, ги намалува трошоците, ја ...
Силниот урагански ветар однесе дел од кровната конструкција на штипската Клиничка болница. Поради паднатиот лим од кровната конструкција дел од пациентите од одделението за ортопедија се преместени на другите одделенија во болницата. Билјана Ефтимова заменик директор на Клиничка болница-Штип вели дека одделенијата ортопедија и единицата за интензивна нега сега функционираат со намален интензитет. -Пациентите се сместени во делот каде што е ...
Девет повредени лица во невремето во Скопје се примени во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје, изјави за МИА директорот на Клиниката, проф. д-р Игор Мерџаноски. Од нив две се со потешки повреди – една жена со повреда на глава е на Неврохирургија, а друга е со скршена рака, додаде д-р Мерџаноски за МИА. МИА Девет повредени лица во ...
Откажан е вечерашниот концерт на Џос Стоун којшто требаше да се одржи на стадионот на АРМ во Скопје, поради штетите што ги предизвика попладневното невреме, соопштија од Авалон. -Невремето предизвика оштетување на комплетната продукциска опрема, како и на просторот предвиден за одржување на вечерашниот концерт на Joss Stone, велат од Авалон. По извршената проценка на состојбата, наведуваат од Авалон, беше констатирано дека не постојат никакви ...
Во Црна Гора има големо невреме кое во моментов се движи кон Македонија, информира вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица зафати повеќе делови од државава попладне по 17 часот, предизвикувајќи штети во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Струмичко,… Во Црна Гора има големо невреме кое во моментов се движи кон Македонија, информира вечерва Управата за ...
Оливера Катарина (86) е една од најпознатите актерки и пејачки на поранешна Југославија. Некогаш нејзината убавина и харизма биле тема и на светските медиуми, но денес нејзиниот живот изгледа сосема поинаку. Јавноста пред неколку години беше потресена од признанието дека славната уметница била принудена да го продава сопствениот мебел за да може да ги плати сметките и да обезбеди средства за живот. Подоцна Оливера откри и дека се чувствува ...
Пиењето вода загадена со фекалии освен акутните симптоми, остава сериозни долгорочни последици врз цревниот микробиом, предизвикувајќи трајна дисбиоза (нарушување на рамнотежата на бактериите). Патогените бактерии како Eшерихија коли, Салмонела и Џардија (E. coli, Salmonella и Giardia) ја уништуваат корисната микрофлора, што може целосно да го смени нејзиниот состав, објави на својот фејсбук профил Милан Ристески, онколог во Клиничката ...
Шест повредени во невремето во Скопје се донесени во Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” кои се со посекотини и набиеници. Сите лица се третираат амбулантски, изјави за МИА, директорот на Клиниката, д-р Небојша Настов. Тројца од повредените по амбулантскиот преглед, се пуштени дома, а тројца се во фаза на испитување. – Сите се во стабилна состојба. Првично не оддаваат впечаток дека ќе бидат задржани на натамошно ...
Сите расположливи екипи на општина Карпош се излезени на терен, постојано добиваме дојави од граѓаните за паднати дрва, кровови од згради,…Засега нема информации за повредени лица, информира во видео обраќање градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски. Општина Карпош има формирано дежурна интервентна екипа, која е постојано на терен и активно ја следи состојбата на територијата на општината, со цел навремена реакција во случаи на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Македонско-индискиот бизнис форум, организиран во рамките на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. Според Сиљановска-Давкова, посетата е силен поттик за интензивирање на економската соработка преку поврзување на македонската и индиската бизнис-заедница. „Економскиот подем на Индија и визијата „Виксит Бхарат 2047“ природно се надоврзуваат на ...
Поради невремето проследено со силен ветер, кое попладнево го зафати Скопје до овој момент преку Единствениот број за итни повици 112 се евидентирани повеќе од 1.000 повици од граѓани, информира Мухамед Али, директор на ЦУК. Во Скопје е пријавена падната кровна конструкција од зграда на ул. „Женевска“ бр. 10, при што се оштетени повеќе патнички возила. Регистрирани се и паднато дрво врз моторно возило на ул. „Методија Митевски“, паднато дрво ...
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информира дека кризниот штаб е ставен во функција и дека екипите ќе бидат присутни на терен за интервенција доколку има последици од невремето. -Во моментов Општина Ѓорче Петров е зафатена од силно невреме. Кризниот штаб е активиран, а општинските екипи веќе се на терен и работат на расчистување и оспособување на блокираните патишта, објави тој. Ќе останеме целосно мобилизирани и ...
Невреме проследено со силен ветер и дожд го зафати Куманово попладнево. Граѓаните јавуваат за паднати дрвја и бандери, како и за откорнати лимени кровови во централното градско подрачје и во близина на поранешниот „Минимаркет“. Директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Томиќ, изјави дека сите расположливи екипи се мобилизирани. -Екипите веќе се на терен, мобилизирани се не само од „Чистота и Зеленило“, туку и од другите јавни претпријатија, ...
Бројот на прегледи на заболени со стомачни тегоби во Гостивар се намалува и претпоставка е дека тоа е заради првите мерки, изјави попладнево министерот за здравство Сашо Клековски по посетата на Општата болница во Гостивар. – Според последниот извештај имаме преполовување на бројот на нови прегледи, односно првпат прегледани пациенти, односно 293 нови случаи. Тоа е преполовување во однос на саботата, кога беше врвот на епидемијата. ...
Силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје ги активираше кризните штабови во општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, а општинските служби се на терен за справување со последиците. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информира дека кризниот штаб е ставен во функција и дека екипите ќе бидат присутни на терен за интервенција доколку има последици од невремето. „Во моментов општината е ...
Владата денеска на седница, на предлог на министерот за здравство Сашо Клековски, го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и управител на СЦ „Борис ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски и портпаролката на Владата Марија Митева, престојуваше во Гостивар, каде беа реализирани активности за координација на институциите и преземање мерки за надминување на ...
ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен! Почитувани граѓани, Поради силното невреме што пред малку го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција. Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции. Сите ...