Сепаратистички борци убиле пет тајландски војници во напад врз контролен пункт во јужниот дел на Тајланд, соопшти тајландската армија. Нападот, еден од најкрвавите во последните години, бил извршен синоќа во провинцијата Наратхиват. Напаѓачите фрлиле импровизирани експлозивни направи и отвориле оган врз контролниот пункт, при што биле повредени и шест цивили, соопштија локалните власти. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот. ...

Претставничкиот дом на САД го усвои Законот за овластување на трошоците за националната одбрана, со кој се одобруваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп. Предлог-законот беше усвоен со 216 гласа „за“ и 212 „против“, што претставува значително потесна поддршка од вообичаената бидејќи таа законска рамка традиционално добива широка двопартиска поддршка во Конгресот. Демократите се ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 32 степена. ...

На маргините на Самитот на АСЕАН во Манила се одржа средба на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар, Марко Рубио. Средбата одржана по претходно утврден распоред траела нешто повеќе од половина час, а според најавите, разговорите биле посветени на прашањата поврзани со решавањето на конфликтот во Украина. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, претходно изјави дека Москва смета ...

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, на 23 јули 2026 година (четврток) дел од корисниците во општина Бутел ќе останат без електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје. Според известувањето од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е планиран во периодот од 05:30 до 14:30 часот. Без струја ќе бидат корисниците на: Ѓоре Ѓоревски Анди Вемир ...

Официјално од наредната сезона во РК Алкалоид ќе бидат Словенците Матиц Сухолежник и Нејц Цехте, како и Црногорецот Вуко Борозан. Матиц Сухолежник е 31 годишен пивот висок 202 сантиметри и во РК Алкалоид доаѓа од екипата на РД Слован. Во својата кариера има настапувано и за екипите на РК Целје, Данкерк и Саран од Франција, Бенфика од Португалија и за хрватскиот првак РК Загреб. Нејц Цехте (33) е десен бек кој минатата сезона ја заврши кај ...

Германија денеска остро ги отфрли руските тврдења дека тајно спроведува истражувања поврзани со развој на нуклеарно оружје. – Германската влада оваа изјава ја смета за дел од вообичаената руска пропаганда – изјави заменик-владиниот портпарол Штефен Мајер на прес-конференција во Берлин. Според германските власти, кругови блиски до руските разузнавачки служби преку комуникациски платформи ја ширеле информацијата дека Германија спроведува ...

Интер Мајами официјално го објави трансферот на бразилскиот фудбалер Касемиро. Касемиро му се приклучи на американскиот клуб, каде што игра Аргентинецот Лионел Меси. Договорот на Касемиро е со важност до јуни 2027 година, со можност за продолжување за уште две години. Бразилецот има 34 години и оваа лето го напушти Манчестер Јунајтед ова лето по истекот на договорот. Интер Мајами официјално го објави трансферот на бразилскиот фудбалер ...

Македонскиот тенисер Калин Ивановски со пресврт обезбеди пласман во второто коло на ИТФ турнирот во Олерсбах, Австрија, откако го совлада Русинот Александер Чајка со 2-1 во сетови. Првиот сет му припадна на Чајка, кој славеше со 9-7 во тај-брејкот. Вториот сет Ивановски го доби убедливо со 6-2, а во третиот беше подобар со 6-4 за пласман во следната рунда. Во осминафиналето Ивановски го очекува осмиот носител на турнирот, Словенецот Бор ...

Бројот на деца кои починале од потврдени или сомнителни случаи на мали сипаници (морбили) во Бангладеш во изминатите четири месеци се зголеми на 803, откако во последните 24 часа починаа уште шест деца со симптоми на болеста, покажуваат денешните податоци на Министерството за здравство. Според дневниот билтен на Генералната дирекција за здравствени услуги, од вкупниот број смртни случаи, кај 95 деца лабораториски е потврдена инфекција со ...

Европската Унија и Пакистан денеска повикаа на продолжување на дипломатските напори и дијалогот за ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток, оценувајќи дека дипломатијата е единствениот одржлив пат кон мирот. Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, се сретна со пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар на маргините на 33. Регионален ...

Јужна Кореја денеска соопшти дека не добила ново барање од Соединетите Американски Држави за распоредување воени капацитети во Ормуската Теснина, но наведе дека спроведува „сеопфатна анализа на можностите за практичен придонес“ кон обезбедување на слободата на пловидба. Реакцијата следува откако медиуми објавија дека Вашингтон побарал од Сеул да испрати воен брод во стратешки важниот морски премин, во услови на обновени тензии меѓу САД и Иран ...

Општина Карпош донираше еден тон вода за пиење за жителите на Гостивар, кои во моментов се соочуваат со сериозни проблеми со квалитетот на водата за пиење. Како што соопшти градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, донацијата е обезбедена од општинската администрација и раководството на општината, а во текот на утрешниот ден ќе биде доставена до општинскиот пункт за помош во Гостивар. Според Лукровски, тој и градоначалникот на ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре (23 јули, четврток) ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот градски базен во Општина Кавадарци, соопшти Владата. Настанот е закажан за 12:00 часот, а по официјалното отворање на реконструираниот објект, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите. Од Владата засега не соопштуваат дополнителни детали за реконструкцијата на ...

Лионел Меси е избран за најдобар играч на Светското првенство од страна на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС). Тој го доби највисокиот индекс на успешност – 8,33, кој се пресметува врз основа на постигнатите голови, асистенциите и влијанието врз натпреварите во елиминациската фаза од турнирот. Меси одигра осум натпревари на Мундијалот, од кои седум како стартер. Единствено против Јордан влезе во игра во ...

Македонскиот фудбалски шампион Вардар доживеа пораз во првиот меч од Конференциската лига. По елиминацијата од КуПС во ЛШ, следеше меч против Рига, кој летонскиот првак го доби со 2-3 во Скопје и дома ќе игра за следна рунда. Мечот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје се играше пред 2.000 гледачи, на ден каде македонскиот тим го прослави 79. роденден. Во 28. минута, Вардар прв дојде до предност. По едно лошо избивање со глава на еден од ...

Според информациите на шпанската емисија „Ел Чирингито“, Атлетико Мадрид и Арсенал веќе постигнале договор за евентуален трансфер на аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез. Лпндонскиот клуб е подготвен да плати 50 милиони евра, а во зделката да го вклучи и шведскиот голгетер Виктор Ѓокереш. Алварез очекува Атлетико Мадрид да го исполни претходно даденото ветување поврзано со неговата иднина, па токму тоа е причината поради која, и покрај ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска телефонски разговараше со специјалните пратеници на САД, Џаред Кушнер и Стив Виткоф, соопшти советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин. „Разговорот беше конструктивен и значаен. Разговаравме за обновување на дипломатските напори и иницијативите за постигнување мир“ – напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека двете страни ќе продолжат со тесна ...

Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со вода за пиење во Гостивар, Општина Чаир испрати количина вода за пиење со цел да им помогне на граѓаните погодени од актуелната состојба. Помошта претставува придонес во справувањето со тековните потреби на жителите, додека Општина Чаир останува во постојана комуникација со локалните власти во Гостивар и е подготвена и во наредните денови да обезбеди дополнителна поддршка, согласно ...

Во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен, соопшти денес ЈП „Комунален сервис“ од Валандово. Според информацијата објавена на социјалните медиуми од страна на јавното претпријатие, присуството на арсен во водата за пиење е утврдено во добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје. – Поради наведеното, се препорачува водата од градскиот водовод во Валандово да не ...

Без индустриски меса, без шеќерни желатини и сирупи…Пациентите во Оштата болница во Темпа, САД, од пред неколку месеци почнаа да добиваат исклучиво здрави и нутритивно богати оброци. Оваа болница стана првата американска болница која ги примени новите протоколи на министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Јуниор кој е во отворена војна со прехранбената индустрија што форсира ултрапроцесирана храна. „Болниците постојат за да ги лекуваат луѓето, ...

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, денеска порача дека ЕУ останува целосно посветена на европската перспектива на Македонија и нема никакво сомневање дека на државата се гледа како на идна членка на Унијата. -Не треба да имате никакво сомневање дека Европската комисија е целосно посветена да ја види вашата земја како полноправна членка на ЕУ, рече Рокас, обраќајќи се на седница на Националниот совет за евроинтеграции, ...

Партнерството со земјоделците подразбира институциите да бидат присутни на терен и да дејствуваат координирано кога нивниот труд и производството се загрозени, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при денешната посета на селата Дабиље и Пиперово во струмичкиот регион, каде што невремето предизвика штети врз градинарските култури. Министерот Серафимовски, заедно со градоначалникот на Општина ...

Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето. Во координација со Град Скопје, ќе се врши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски по Координативниот состанок со ...

Украина одобри извоз на дронови во САД, кои ќе учествуваат во програмата за симулација на борби, организирана од Пентагон. Според неименуван извор, шест украински компании добиле дозвола за извоз на приближно сто дронови. Ниту Украина ниту САД официјално не коментираа. Украина и САД исто така преговараат за поширок нацрт договор за украинските дронови, а и други држави се заинтересирани да набават украински дронови за тестирање. Украина веќе ...

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во обраќањето на свеченото отворање на Интернационалниот фестивал „Играње во Подградец“, рече дека фолклорот претставува мост на пријателство, разбирање и соработка меѓу народите. Во своето поздравно обраќање, Стерјовски истакна дека за него претставува особена чест да биде дел од фестивалот, кој, како што рече, ги промовира најдобрите вредности на ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека главна задача на властите е да поттикнат структурни промени во економијата и да започнат нов инвестициски циклус. Путин рече дека рускиот федерален буџет во јуни остварил суфицит од 196 милијарди рубљи (околу 2,1 милијарда евра), благодарение на растот на приходите од нафта и гас, како и на останатите буџетски приходи. Според него, приходите што не потекнуваат од нафта и гас во вториот ...

Пред судот во Њујорк денеска продолжува прелиминарното сослушување на соборениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, кои се обвинети за наркотероризам. Мадуро и Флорес на почетокот од годината се уапсени во нивниот дом во Каракас и одведени во САД. Тие се во затвор во американската сојузна држава Њујорк, негираат вина и ги обвинуваат САД за нивно киднапирање. Доколку поротата утврди дека брачната двојка ...

Согласно резултатите од анализите на мострите извршени од Институтот за јавно здравје, водата во Гостивар во моментов е неисправна за пиење и за техничка употреба. Граѓаните се повикуваат строго да ги почитуваат препораките на надлежните институции и до понатамошно известување да не ја користат водата од водоводната мрежа. Ова е информација за која, меѓудругото, се разговарало на денешната седница што се одржала во Центарот за управување со ...

Во текот на вчерашниот ден продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти – лица што првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис – покажуваат податоците од јавните здравствени установи во Гостивар. Како што информира Министерството за здравство, во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи на педијатриското ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Кобалт

33.53