Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Премиерките на Италија и на Данска, Џорџа Мелони и Мете Фредериксен, денеска објавија изјава насловена „Заедничка порака за Европа“, во која ја претставуваат својата заедничка визија за иднината на европскиот континент, безбедноста на европските граѓани и потребата од заштита на европските вредности и европскиот начин на живот. На почетокот на изјавата, Мелони и Фредериксен признаваат дека потекнуваат од различни политички семејства со многу ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги исполнува дадените ветувања и да работи во интерес на граѓаните. Една од најзначајните мерки за директно подобрување на животниот стандард е линеарното зголемување на пензиите за 7.000 денари за поголем број пензионери. Пред изборите ветивме дека ќе направиме сѐ што е можно за да обезбедиме линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. И наместо тоа, Владата испорача уште повеќе и за ...
Голем број пожарникари, меѓу кои и силите од Романија и Франција кои се во Грција преку европскиот механизам за цивилна заштита, се ангажирани за гаснење на пожарот што околу 8 часот утрово избувна во областа Куварас во источниот дел на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за евакуација на жителите и оние кои се наоѓаат во населено место што е во непосредна близина на огнената ...
Тајванската војска денеска симулираше одбрана од кинески десант на стратешки важниот остров Пенгу, а подоцна во текот на денот, за првпат во рамките на воена вежба, ќе биде намалена брзината на интернетот. Десетдневната воена вежба, која започна минатата недела, опфаќа различни сценарија за можен напад од Кина, која го смета Тајван за своја територија, и евентуално негово заземање со сила. Пенгу, кој е поблиску до главниот тајвански остров ...
Со години Филипче и власта предводена од СДС добивала извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за справување со проблемот рече Мартин Андоновски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Гостивар. „Овој проблем во Гостивар не е од денес, туку е од децениската негрижа на локалните власти. Филипче и СДС требаше сега кога имаат градоначалник кој отворено го ...
Рускиот постојан претставник при меѓународните организации во Виена, Михаил Уљанов, изјави дека француските политичари и новинари кои зборуваат за наводна вмешаност на Русија во шумските пожари во Франција покажуваат непочитување кон сопственото население. „Некои француски функционери и новинари тврдат дека Русија на некој начин е вмешана во шумските пожари во Франција. Тие едноставно не го почитуваат населението на сопствената земја“, напиша ...
Ерол Маск, таткото на американскиот милијардер Илон Маск, на пријатели и познаници од Јужна Африка кои размислуваат да се иселат од земјата им препорачал, меѓу другите можности, да размислат за преселување во Русија. Како што пренесува српскиот весник „Политика“ Маск во интервју за руски агенции изјавил дека Русија ја смета за земја во која, според неговото мислење, многу луѓе би можеле да најдат добро место за живеење. „Ги советував луѓето ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за ново намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во земјава. Од 11 август 2026 година од 00:01 часот, горивата ќе поевтинат во просек за 5,81 отсто во однос на цените утврдени со претходната одлука од 4 август. Најголемо намалување има кај дизелот, чија максимална малопродажна цена се намалува за 8 денари за литар. ...
Нервозата кај Филипче расте, а талогот од СДС го покажа вистинското лице. СДС долго време тоне во жива кал, па нивното раководство не бира начин како да дојде до политички поен повеќе, а сега тоа го прават преку глумење на жртви со случајот во Ново Село, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Филипче фатен во паника откако се покажаа вистинските лица на „децата“ кои токму тој ги прати да направат инцидент во Ново Село. За ...
Американската кибер-команда покрена истрага по серијата од пет смртни случаи на нејзини припадници и лица кои тесно соработувале со таа воена единица. Петте смртни случаи регистрирани во периодот од почетокот на јуни до поечтокот на јули предизвикаа загриженост во воениот врв и во Конгресот, а раководството на Кибер-командата ситуацијата ја третира како таканаречен „кластер на самоубиства“, што подразбира примена на посебни процедури за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја минимизира важноста на повторното отворање на Ормуската Теснина, додека дипломатски договор со Иран сè уште нема, објави американскиот портал „Аксиос“. – Не ѝ придаваме преголемо значење, го цитира „Аксиос“ Трамп, кој тоа го изјавил во телефонски разговор за порталот. Трамп истакна дека САД нема целосно да се посветат на преговорите со Иран. – Со нив преговараме само делумно. Само го набљудуваме Иран ...
Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема. Од никого. А нема ниту чиста вода во Гостивар, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Четири недели ...
Научници развија нов вид молекула што би можела да го промени начинот на којшто одредени сериозни болести се третираат во иднина. Станува збор за таканаречени молекуларни лепила што можат да поврзат еден штетен протеин со системот во клетката одговорен за негово отстранување. Во напис објавен во списанието „Сајенс“ (Science), научниците тврдат дека успеале да користат таква молекула за да го отстранат протеинот „KAT2A“, којшто има важна улога ...
Едно лице загина, а две се повредени во денешната експлозија на гас во рудникот за злато „Асачинскоје“ во рускиот регион Камчатка, соопштија локалните власти. Според првичните информации на Обвинителството, соопштени преку социјалната мрежа „Макс“, до несреќата дошло кога експлодирала боца со пропан додека работник на ангажирана фирма вршел заварувачки работи на градилиштето. „Обвинителството на градот Елизово започна истрага за инцидентот на ...
Високата вулканска активност на италијанската планина Етна денеска предизвика нарушувања во авиосообраќајот на аеродромот во Катанија на Сицилија, додека најактивниот вулкан во Европа продолжува да исфрла големи количества пепел и вжештени парчиња карпи. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), густи текови лавина истекуваат од два отвора на надморска височина од 2.360 и 2.750 метри. Поради потенцијалната опасност за ...
На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата. Партијата чии лидери ја бришат историјата за ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Уживај во летото, создавај убави спомени и грижи се за своето здравје, е пораката што денеска ја упатија од Институтот за јавно здравје, споделувајќи информации за препознавање, превенција и заштита од сексуално преносливи инфекции. – Сексуално преносливите инфекции (СПИ) се инфекции кои најчесто се пренесуваат преку незаштитен сексуален контакт – вагинален, анален или орален. Тие можат да бидат предизвикани од бактерии, вируси или други ...
На денешен ден се одбележуваат 25 години од трагичниот настан кај месноста Љуботенски Бачила, каде животите ги загубија осум припадници на резервниот состав на македонската Армија. По тој повод, министерот за одбрана Владо Мисајловски им оддаде почит на загинатите македонски бранители и порача дека нивната жртва за татковината никогаш не смее да биде заборавена. „На денешен датум, Македонија изгуби уште осум свои синови, осум македонски ...
Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена, наведува премиерот Христијан Мицкоски во објавата на Фејсбук по повод 25 годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски Бачила. – Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи ...
За нас 10 август не е само датум, тоа е ден кога Македонија молчи од почит и кога се поклонува пред своите херои, ден кога со гордост и благодарност се сеќава на своите македонски бранители. Нивниот пример нека биде наш патоказ, а нивната храброст инспирација за секоја нова, сегашна и идна генерација. Нивната љубов нека остане вечен пламен што сите ќе не обединува. Денес повеќе од кога било, наша обврска е да ја чуваме вистината за нивното ...
Очигледно во Левица ги заболела метафората „талог“, употребена од Драган Ковачки, повеќе отколку луѓето од врхушката на СДС на кои се однесуваше, па веднаш се впуштија во нивна одбрана. Ама кога веќе решиле да делат лекции за тоа кој што работел пред да влезе во политика, ајде да ја примениме нивната логика и кај нив. По истата логика, нивниот лидер Апасиев, пред да стане пратеник, што работел? Професор на државен универзитет и стручен ...
Легендарниот американски кошаркар и тренер Дон Нелсон почина на 86-годишна возраст, потврди неговото семејство. „Во неделата, нашиот сакан сопруг, татко, дедо и прадедо, Дон Нелсон, мирно отиде да биде со Господ, опкружен со своето семејство. Во текот на претходната недела, семејството и пријателите го опкружија со љубов, споделувајќи го благословот на неговото пријателство и прекрасните спомени“, се вели во соопштението на семејството. Hall ...
Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 годишнината од независноста во Македонија вечерва започна од Охрид на стадионот „Билјанини извори“. Во 11 градови преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подеми, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении. На 11 ...
Дерби дуелот од 2.коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Шкендија мина во знакот на вицепрвакот од Тетово. Дуелот одигра во Скопје, заврши со победа на Шкендија со 2-0. Дерби дуелот од 2.коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Шкендија мина во знакот на вицепрвакот од Тетово. Дуелот одигра во Скопје, заврши со победа на Шкендија со 2-0, а можеа тетовци да слават и многу поубедливо Сенегалецот, беше стрелец и на ...
Тајфунот Делфин денеска ја погоди источна Кина, што предизвика откажување на повеќе од 1.000 летови, евакуација на милион луѓе и прогласување на највисоко ниво на опасност, објавија метеоролошките служби, пишува Евроњуз (Euronews). Средишниот дел на тајфунот попладнето, по локално време, се упати кон копното во близина на градот Јухуан, во источната кинеска покраина Џеџијанг, соопшти Националниот метеоролошки центар-НМЦ (NMC) на Кина. Во ...
Палестинската милитантна група Хамас денеска повика на целосно спроведување на планот од 15 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа. Хамас во соопштение објавено на Телеграм изјави дека останува посветен на планот од 15 точки за втората фаза од прекинот на огнот во Појасот Газа, објави Ал Џезира. Во соопштението се нагласува дека приоритет сега е целосното спроведување на договорот, што подразбира целосен прекин на ...
На 08.08.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Србија“ во Скопје, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.М.(20) од Скопје, излетало надвор од коловозот и удрило во метална канделабра. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка А.Ѓ.(20) од Скопје, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“, информира ...
Британскиот премиер Ендру Барнам следната недела ќе тргне на национална турнеја со цел да ја подобри врската на владата со британската јавност, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“. Се очекува премиерот да објави низа нови мерки што треба да им помогнат на граѓаните финансиски. Иако Даунинг стрит сè уште не објави официјален распоред, се очекува премиерот да посети области каде што лабуристите ја изгубија поддршката во текот на ...
Во Бирмингем утре стартува 27. Европско првенство во атлетика на кое маратонецот Дарио Ивановски ќе биде единствен македонски натпреварувач. Маратонската трка на програмата е на 16 август со почеток во 8:10 часот по македонско време. На трката ќе настапат 64 маратонци, а Ивановски е рангиран на 36. место и обезбедена норма со одличните резултати. Ивановски, кој во февруари 2024 година во Севиља го постави државниот рекорд со време 2:08:26, ...