
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Комерцијална банка АД Скопје на вчерашното собрание ја потврди Предлог-одлуката за распределба на дивиденда донесена од Надзорниот одбор на Банката на 26.02.2025 година. Од нераспределената добивка на износ од 4.924.786.040, за исплата на дивиденда на акционерите ќе бидат одвоени 2.848.833.750 денари. За една обична акција ќе се исплаќа бруто по 1.250 денари. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2024 година е 16.4.2025 година. Прв ...
Првиот квартал од 2025 година Реплек АД го заврши со раст на приходите од продажба во сегментот Фармација од 26%, во споредба со истиот период во 2024. Со ваквиот резултат, компанијата го надмина бизнис планот за овој период од тековната година за 2,5%. Од 1 јануари до 31 март 2025 година, Реплек АД реализираше приходи од продажба во фармацевтскиот сегмент во висина од 7,8 милиони евра, од кои 1,8 милиони евра отпаѓаат на домашниот и 6 милиони ...
Охрид, македонскиот туристички бисер, и оваа година е подготвен да ги отвори портите за илјадници гости кои од сите страни на светот ќе го посетат во летните месеци. По неколку сезони во кои се чувствуваше колебливоста од светските кризи, туристичките работници сега со оптимизам ги најавуваат најмасовните посети во последните неколку години. Хотелиерите и угостителите се во последните фази на подготовки за гостите од Европа, Азија, па дури и од ...
Amazon направи понуда во последен момент да го купи TikTok во САД, бидејќи социјалната мрежа во кинеска сопственост се соочува со краен рок во април за продажба или да биде забранета, јавува Anadolu Agency. „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на анонимни извори, објави дека неколку страни вклучени во преговорите не ја сфатиле сериозно понудата на Amazon. Тоа беше наведено во писмо до американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и секретарот за трговија ...
Според Одлуката за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивидендата за 2024 година, ТТК Банка ќе исплати бруто 63.023.553 денари. Висината на бруто-дивиденда по акција ќе изнесува 61,00 денар, односно 6,1 % од номиналната вредност на акциите којашто изнесува 1.000 денари. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2024 година е 14.4.2025 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2024 година е 15.4.2025 ...
Глобална рецесија е поверојатно да се случи оваа година, благодарение на тарифите воведени во средата од САД. Ова е мислењето на аналитичарите на JPMorgan кои во четвртокот ја подигнаа прогнозата на 60%. Тоа е зголемено од 40% пред објавата на претседателот Трамп во средата попладне да предизвика пад на пазарите. Плановите на администрацијата најверојатно ќе вклучат зголемување на царините во САД за 20 процентни поени, соопшти компанијата. ...
Токму кога мислевме дека повеќе нема да обрнуваме внимание на заканата од удар на астероид во Земјата во 2032 година, тој астероид сега се појави како закана за единствениот сателит на Земјата – Месечината. Астероидот 2024 YR4, таканаречениот убиец на градот, кој првично беше причина за загриженост, повеќе не и се заканува на Земјата, но новата студија сугерира дека Месечината можеби е во опасност. Според извештајот предводен од планетарниот ...
Михаел Кирш ќе ја преземе функцијата извршен директор на регионалната канцеларија на Porsche за Централна и Источна Европа од 1 мај 2025 година. Тој ја наследува Ирина Каук, која исто така презема нова улога како потпретседател за регионот Европа (со исклучок на Германија). Двете назначувања се дел од стратешкото прегрупирање на Porsche AG за да се зајакне присуството на пазарот и да загарантира идниот раст. Меѓународно искусен извршен директор ...
Воведувањето на царини од 33% за извоз на производи од земјата во САД нема да има значително директно негативно влијание. Сепак, индиректните последици не треба да се занемарат. Сведоци сме на создавање на нови глобални економски односи, а во овие процеси нема место за паника, туку за темелна анализа, проценка на нови потенцијали и преструктурирање на економијата. Ова беа главни заклучоци на дебатата „Финансиски трендови на глобалните пазари и ...
Отказот од работа секогаш е непријатен момент, како за вработениот, така и за работодавецот. Меѓутоа, постојат ситуации кога ваквата одлука не само што е оправдана, туку е и неопходна за здраво функционирање на работната средина. Стручњаците од областа на човечки ресурси издвојуваат четири главни причини кога отказот е оправдан и неизбежен чекор. Една од најчестите причини е континуираното нарушување на работната дисциплина. Експертите велат ...
Реакции од целиот свет доаѓаат откако Доналд Трамп ги објави новите глобални царини. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека „последиците ќе бидат ужасни за милиони луѓе ширум светот“ и додаде дека Европа го финализира својот прв пакет одговори на царините за челик, пренесува Би-би-си. Кина вети „решителни контрамерки“ како одговор на потегот. Премиерот на Канада Марк Карни изјави дека „од суштинско значење е да ...
НАСА покрена нова иницијатива наречена LunaRecycle, која има за цел да најде иновативно решение за управување со отпад на потенцијална месечева база. Кој ќе успее да осмисли одржлив систем за фрлање или рециклирање на вселенскиот отпад – без да го врати на Земјата или да го согорува – ќе биде награден со три милиони долари. На Меѓународната вселенска станица (ISS), отпадот моментално се пакува во специјални кеси, се складира во вселенски летала, ...
Годишната стапка на инфлација во Турција во март забави на 38,10 отсто, што е најниско ниво од декември 2022 година, покажуваат официјалните податоци објавени во четвртокот. Главната инфлација падна од 39,05 отсто во февруари, додека економистите анкетирани од Anadolu Agency проценија дека инфлацијата ќе достигне 38,66 отсто. Цените на енергијата во март се зголемија за 41,98 отсто на годишна основа, што е намалување од 43,92 отсто во февруари. ...
Потребно е сметководствената професија да го следи чекорот со глобалните трендови и да ја прифати дигиталната трансформација како сојузник, а меѓународните стандарди како темел за доверба и одржлив развој. Истовремено, вложувањето во новата генерација професионалци и поддршката за нивниот професионален развој претставуваат клучна инвестиција во иднината на професијата. Ова се дел од главните пораки упатени на втората регионална конференција на ...
Кинескиот производител на електрични возила BYD продолжува со импресивниот подем – во првите три месеци од оваа година продаде 60% повеќе возила отколку во истиот период минатата година, додека неговиот главен конкурент Tesla се лизга надолу. Компанијата од Шенжен во првите три месеци од 2025 година продаде нешто повеќе од еден милион нови енергетски возила – вклучувајќи целосно електрични автомобили, хибриди и комерцијални возила – покажуваат ...
На списокот од 180 земји, меѓу кои се и сојузниците на САД, кои сега се погодени со одмазднички тарифи, Русија ја нема. Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа му го соопшти на светот својот точен план во врска со воведувањето царини. Она што на многумина им падна во очи е дека на списокот ја нема Русија. Официјален претставник на Белата куќа објасни дека Русија „не е на оваа листа бидејќи санкциите од војната во Украина веќе резултираа со ...
Значителниот скок на цените на основните земјоделски производи ги загрижува граѓаните, а пазарџиите и трговците се правдаат со високите трошоци за увоз и со недостатокот на домашно производство. Во последниот предвелигденски период, цените на доматите, краставиците и пиперките достигнуваат рекордни суми, а граѓаните реагираат со незадоволство. На зелените пазари и во маркетите во Скопје, цената на доматите се движи меѓу 80 и 120 денари за ...
Хигиената е темелот на здравјето, а редовното чистење не треба да биде само рутина, туку и начин на живот. Знаеме дека секојдневно сме изложени на невидливи бактерии и нечистотии, кои се таложат на површините што многу често ги користиме. Подови, маси, врати, кујнски површини, бањи, рачки на врати, па дури и мобилните телефони може да бидат носители на микроби. Со текот на времето, дури и најчистите површини собираат прашина, маснотии и ...
Сите нови корисници на апликацијата можат да ја активираат без претходна посета на експозитура со користење OneID. Шпаркасе Банка АД Скопје ја лансира новата редизајнирана апликација за мобилно банкарство S-Banka, која носи ново подобрено корисничко искуство, а преку кампањата со слоганот „Прескокни го редот, плаќај со мобилна банка!“ се нагласува главната придобивка на апликацијата – нема повеќе чекање во редови, а банкарските услуги се на ...
Данската фармацевтска компанија „Novo Nordisk“ очекува нејзината продажба повторно да порасне оваа година поради зголемените залихи на неговите лекови за третман на дебелина „Ozempic“ и „Wegovy“. Приходите на производителот на лекови веројатно ќе пораснат од 16% до 24%, соопшти компанијата. За споредба, лани пораснале за 26%. Финансискиот извештај на „Novo“ за четвртиот квартал од 2024-та година ја врати довербата во изгледите на фармацевтската ...
Кинеските купувачи веќе трупаат бразилска соја додека Пекинг се одмаздува на царините на американскиот претседател Доналд Трамп со давачки за американските фармери. Бразилските добавувачи на разни стоки – од памук до пилешко – се обложуваат на поголема кинеска побарувачка, пишува „Wall Street Journal“. Подготовките ги одразуваат трговските односи меѓу Бразил и Кина, кои значително се проширија во последните години. Со големо производство на ...
САД воведe сеопфатни реципрочни царини за увоз од земјите кои воведоа царини за американски стоки, но тоа најверојатно нема да доведе до рецесија на краток рок. Ова го изјави извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева во интервју за „Reuters“. Таа потсети дека глобалната економија сè уште не ги надминала целосно ефектите од пандемијата на коронавирусот, но се чини дека не е премногу загрижена за царинската ...
Македонија си доби 33 отсто повисоки царини од стратешкиот партнер САД. Нови повисоки царини има за поголемиот дел од трговските соработници на најмоќната држава во светот. Оваа промена на надворешната трговија беше најавена уште со самото доаѓање на Доналд Транп на претседателското место во САД. Ваквиот потег наиде на жестоки реакции на глобално ниво. Сега на потег се засегнатите страни, пред се Европската унија и Кина. Допрва ќе се анализира и ...
Во потрагата по оптимално здравје и долговечност, научниците често наоѓаат позитивни примери во сините зони – региони со висок процент на стогодишници, кои сакаат јаткасти плодови. Во сините зони преовладуваат следните карактеристики: исхрана која е главно растителна, богата со зеленчук, овошје, мешунки и цели зрна, со ограничена потрошувачка на месо; редовна и умерена физичка активност како дел од вашата дневна рутина, како што се пешачење или ...
Од септември годинава пензиите повторно ќе се зголемуваат според старата методологија на пресметка, откако Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Со ова, досегашното линеарно зголемување на пензиите за фиксен износ од 2.500 денари во септември 2024 и дополнителни 2.500 денари во март 2025 година се става вон сила. Наместо тоа, пензиите повторно ќе растат врз основа на движењето на индексот ...
„Ѕkoda“ претстави подобрени и освежени варијанти на моделот „Enyaq“. Според чешкиот производител, тоа е значително подобрување на постоечкиот модел, со помодерен дизајн и напредни технологии. Овој SUV комбинира карактеристични карактеристики со подобрени аеродинамички решенија, што резултира со подобри перформанси и поефикасно возење. Моделот е базиран на модуларната MEB платформа на „Volkswagen Group“, која овозможува оптимална распределба на ...
„Apple“ пред само неколку дена го објави iOS 18.4, а оваа верзија на нивниот оперативен систем, освен што го претстави „Apple Intelligence“ во ЕУ, донесе и важни безбедносни ажурирања. Сепак, се појави необичен проблем. Корисниците известуваат дека апликациите што не ги инсталирале самите се појавуваат на нивните телефони – конкретно, како што прво забележа „MacRumors“, сите извештаи се однесуваат на појавата на несакани апликации. Во некои ...
Во духот на Велигденските пости, кога сѐ повеќе луѓе се свртуваат кон растителна и полесна исхрана, Виталиа го претстави најновото надополнување во своето портфолио – два инстант растителни напитоци во прав: OatVita и RiceVita. Создадени со целосно природни состојки, посни, без лактоза, без додаден шеќер и без компромис кога станува збор за вкус и хранливост, овие напитоци претставуваат идеална алтернатива на класичното млеко – и тоа во периодот ...
Согласно претходно потпишаните договори, сателитската ТВ услуга EON SAT (Total TV) е продадена од страна на United Group на Телеком Србија а.д. Како компанија која се грижи за своите корисници, Total TV д.о.о. Скопје има за цел на јасен и транспарентен начин да ја информира јавноста за оваа транзиција. Иако процесот сè уште не е целосно завршен, корисниците на сателитската услуга сега практично стануваат корисници на компанијата Телеком Србија. ...
Единствената картичка на пазарот со загарантиран поврат на средства со секоја направена безготовинска трансакција на продажно место во земјава и странство, и единствената картичка со која и кога пазарувате – заштедувате, во неколку месечниот промотивен период добива уште поголема вредност, овозможувајќи им на оние кои ја поседуваат опуштено пазарување и правејќи ја најдобриот пријател на нивниот џеб. Имено, од почетокот на април па сè до 31 јули ...