Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Израел во вторник ја одбележува втората годишнина од ненадејниот напад врз земјата од страна на палестинските милитанти, додека Хамас и израелските преговарачи одржуваат индиректни разговори за прекин на двегодишната војна во Газа како дел од предложениот мировен план на САД. Точно пред две години, милитантите предводени од Хамас започнаа ненадеен напад врз Израел, што беше најсмртоносниот ден во историјата на земјата. Палестинските борци ја ...
На Wall Street, Dow Jones малку падна во понеделникот, додека S&P 500 и Nasdaq достигнаа нови рекордни максимуми, благодарение на растот на цените на акциите на неколку технолошки компании што развиваат вештачка интелигенција. Dow Jones изгуби 0,14 проценти, на 46.694 поени, додека S&P 500 порасна за 0,36 проценти, на 6.740 поени, а индексот Nasdaq за 0,71 процент, на 22.941 поен. Цената на акциите на AMD скокна најмногу вчера, повеќе од ...
Иако извозот бележи благ раст, трговскиот дефицит продолжува да се продлабочува. Најновите податоци на ДЗС откриваат еден загрижувачки тренд, односно значително забавување на трговијата со Германија, нашиот најголем економски партнер. Македонската економија бележи благ раст на извозот во првите осум месеци од 2025 година, но тој е засенет од уште поголемиот раст на увозот, што резултира со продлабочување на трговскиот дефицит. Според најновите ...
Тоа е прашање што сè почесто го поставуваат младите луѓе, но и оние кои едноставно сакаат да направат нешто повеќе со своите заштеди наместо да им лежат на сметка. Иако звучи малку, 1.000 евра можат да бидат почеток на нешто многу поголемо – ако човек знае каде и како да ги насочи. „Најважно е да не гледаме на парите како на нешто што треба да стои, туку како на нешто што треба да се движи“, велат експертите. „Дури и мала сума, ако се стави на ...
„Mercedes-Benz“ официјално го укина својот електричен теренец „EQB“ по моделската 2025-та година. Возилото е базирано на механичката платформа „MFA“ од 2011-та година, што очигледно го ограничи неговиот развој и конкурентност. Портпаролот на компанијата потврди за „InsideEVs“ дека „EQB“ го завршува својот планиран животен циклус и повеќе нема да се нуди по 2025-та година. „Mercedes“ нагласува дека брендот не се повлекува од електрификацијата и ...
Најновите футроли на „Dbrand“ им овозможуваат на широк спектар на уреди кои не се од „Apple“ да ја добијат истата „Cosmic Orange“ боја како и „iPhone 17 Pro“. Новите футроли се достапни за сите уреди опфатени со „Dbrand“, почнувајќи од денес, вклучувајќи паметни телефони на „Apple“ и „Android“, лаптопи, таблети, слушалки и гејмерски хардвер. За корисниците на „Apple“ кои веќе имаат портокалов „iPhone 17 Pro“ или „17 Pro Max“, ова значи дека сега ...
Швајцарските гласачи велат дека нивната влада е премногу послушна откако САД и претседателот Доналд Трамп воведоа високи царини за увоз од нивната земја, објави „Bloomberg“. Околу 80 проценти од испитаниците во анкетата на државниот радиодифузер „SRG SSR“ рекле дека Швајцарија е „премногу пријателска“ кон најголемата економија во светот. Анкетата, исто така, покажа дека министерката за финансии Карин Келер-Сутер, која исто така го држи ...
Велика Британија е подготвена да ги изгради своите први нови градови по повеќе од половина век, оживувајќи ја значајната шема што одигра клучна улога во повоеното закрепнување на земјата, објави министерот за домување Стив Рид на конференцијата на Лабуристичката партија оваа недела, додека капи со натпис „ Build, baby, build“ беа делени низ публиката. Фанфарите истакнуваа несовпаѓање: шемата ќе даде мал, ако воопшто, придонес кон целта на ...
Седечкиот начин на живот и лошите навики во исхраната дополнително ја влошуваат ситуацијата, па затоа здравјето на срцето и крвните садови често се занемарува, сè додека не се појави сериозен проблем. Наслагите што се акумулираат во крвните садови се стврднуваат со текот на времето и доведуваат до состојба позната како атеросклероза. Оваа состојба значително го зголемува ризикот од срцев удар и мозочен удар, како и висок крвен притисок. Сепак, ...
„Alphabet“ веќе две години работи на одвојување на својата единица за биолошки науки, „Verily“, за да може да се продаде или одвои, изјави за „Bloomberg“ висок извршен директор на компанијата. Хедер Адкинс, потпретседателка на „Google“ за безбедносно инженерство, ги изложи плановите за „Verily“ кога се појави доцна синоќа како сведок на одбраната во тужбата на Министерството за правда во која се тврди дека „Google“ нелегално ја монополизирал ...
Од денеска, 6 октомври, Шпаркасе Банка АД Скопје започнува со извршување СЕПА-трансфери. Банкатанаправи значаен исчекор кон современите европски платни системи, приклучувајќи се кон Единственото подрачје за плаќања во евра СЕПА (Single Euro Payments Area). Со оваа иницијатива, Шпаркасе Банка станува активен учесник во извршувањето на СЕПА кредитните трансфери,овозможувајќи им на клиентите, физички и правни лица, да вршат и да примаат плаќања во ...
Државниот завод за статистика ги објави податоците за септември. Иако цените се стабилни во однос на август, годишната споредба покажува дека за јадење и пиење во ресторан или кафуле сега плаќаме речиси 5% повеќе од лани. Цените на угостителските услуги во септември се зголемени за 4.7% во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Главни двигатели на овој раст се ...
ЕВН Македонија продолжува со силна поддршка на меѓународното здружение „Мако Сигре“. Највисоките претставници и инженери од компанијата годинава присуствуваа на „13 Советување на МАКО СИГРЕ“ во Охрид, важен настан за електроенергетскиот сектор во земјава, кој ги собира учеснците со цел размена на идеи, иновации и практични решенија. Настанот со свечен говор го отвори Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања ...
Она што започна како интерен проблем во транспортниот сектор, четири месеци подоцна се прелева во целата економија. Повисоките цени на транспортот, доцнењето на стоките и загрозениот извоз стануваат новото секојдневие. Кризата со недостиг на професионални возачи, која летово го вклучи алармот кај транспортните компании, влегува во нова, далеку поопасна фаза, односно почнува директно да влијае врз стандардот на граѓаните и стабилноста на ...
Зад романтичната слика на вредните раце и уникатните креации се крие сурова математика. Зголемените трошоци за материјали, струја и кирии ги принудуваат занаетчиите да ги зголемат цените, ставајќи ја на тест лојалноста на муштериите и одржливоста на бизнисот. Пред седум месеци ја раскажавме приказната за македонските шивачки, чувари на еден благороден занает во ера на брза мода. Но, зад звукот на машината за шиење и шаренилото на конците, се ...
Земјите што воведуваат јасна и предвидлива регулатива за криптовалутите бележат побрз пазарен раст и повисока доверба кај корисниците, покажуваат новите податоци на „The 2025 Global Adoption Index“ (Глобален индекс на прифаќање за 2025 година). Според извештајот, регулацијата не е кочница, туку е мотор на иновациите, односно создава рамка што овозможува сигурна, одговорна и долгорочна употреба на криптовалутите. Јасните правила поттикнуваат ...
Тие се богати со омега-3 масни киселини кои помагаат во намалувањето на крвниот притисок, чистењето на крвните садови и зајакнување на срцето. Може да се најде во речиси секоја продавница, а нејзината цена е сепак прифатлива. Сепак, нутриционистите тврдат дека е една од највредните намирници за здравјето. Сардините се богати со протеини, омега-3 масни киселини и витамини кои го зајакнуваат целото тело. Станува збор за сардини, риба која често е ...
Од 1 октомври 2025 година, во четирите северни региони на Италија – Ломбардија, Пиемонт, Венето и Емилија-Ромања, ќе стапи на сила забрана за движење на дизел автомобили од еколошката класа Евро 5. Ограничувањето ќе важи во работните денови до пролетта 2026 година, а потоа секоја есен и зима, како дел од мерките за подобрување на квалитетот на воздухот. Забраната за дизел автомобили Евро 5 важи за сите населби со повеќе од 30.000 жители во ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ), донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,00 % во однос на одлуката од 29.09.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,509% или за 32,700 ...
Додека европските земји влеваат милијарди во трошоците за одбрана, нивните долгови се зголемуваат, што покренува прашања за националната фискална стабилност. Во Франција, зголемениот коефициент на долг го натера „Фич“ да го намали кредитниот рејтинг во септември. Земјата се соочува со постојани политички превирања бидејќи понудата на долг на земјата неодамна достигна рекордни 4 трилиони долари. Оваа графика го прикажува односот на долгот кон БДП ...
Започнувајќи од 7 октомври 2025 година, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) побрзо и поевтино. Историскиот чекор којшто се направи кога Европскиот совет за плаќањата го прифати барањето на нашата земја за приклучување кон СЕПА им овозможи на домашните банки да се интегрираат во европските платежни шеми во кои учествуваат давателите на платежни услуги од ...
Американскиот пазар на акции порасна во просек за повеќе од еден процент минатата недела, додека индексот S&P 500 ја надмина границата од 6.700 поени за прв пат во историјата. Овој раст се случи и покрај фактот дека американската влада е суспендирана од среда откако Конгресот не успеа да постигне договор за нејзино привремено финансирање. Последното суспендирање на работата на американската влада беше за време на последниот мандат на Трамп, ...
Некогаш земја со плодна почва, мирис на тутун и жито што се вее по Пелагонија, денес Македонија е речиси целосно зависна од увоз на храна. Иако повеќе од една третина од територијата е обработливо земјиште, земјоделството тивко пропаѓа, а на полиците во маркетите доминираат производи од Србија, Грција, Албанија, Турција и дури од Полска. Она што порано беше гордост на македонскиот селанец, денес е статистика со пад од година во година. „Се ...
Во последниве десетина години најавената реформа во администрацијата е шеста. Како се менува и доаѓа нов министер надлежен за јавната администрација така тој излегува во јавноста со свој план, со свои идеи за иднината на вработените во управата, во државните институции, министерствата, правосудните органи, локалните самоуправи и останатите сектори кои се под државна капа. Истото продолжи и со оваа влада, сега актуелниот министер за ...
Хотелиерско-угостителскиот сектор на Балканот, а особено во Македонија, одамна се соочува со сериозни проблеми. Недостигот од работна сила, слабата инфраструктура, сезонскиот карактер на приходите и неусогласеноста меѓу образованието и потребите на пазарот создадоа една тивка, но опасна криза која го гуши развојот на туризмот. „Ако пред десет години беше тешко да се најде добар келнер, денес е речиси невозможно да најдеш било каков“, вели ...
Регулацијата и надзорот се клучни за стабилноста и отпорноста на финансискиот систем, изјави денес претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. За време на својот говор во Амстердам, таа потсети дека ненадејните промени на каматните стапки, или во насока на зголемување или намалување, можат да го загрозат банкарскиот систем и да предизвикаат зголемување на финансиските ризици, што, како што изјави, беше забележано за ...
Алта Банка АД Белград ги известува сите акционери на Стопанска Банка АД Битола кои сè уште немаат запишано акции во рамки на јавната понуда, дека јавната понуда за запишување акции завршува на 10.10.2025 година. Сите заинтересирани акционери, согласно јавниот повик, можат да ги запишат, односно да ги продадат своите акции по цена од 3.777 денари за една акција. Запишувањето на акциите се врши преку овластените банки и брокерски куќи, информираат ...
Растот на цените на становите во земјава продолжува и во третиот квартал од годинава. Според податоците од Народната банка, во третиот квартал, недвижностите поскапеле за 25,1 отсто, што е 4 проценти на месечна основа. И покрај тоа што трошоците во градежништвото паѓаат за првпат после неколку години – цените за метар квадратен растат, но цените на становите се имуни на ваквите движења, што придонесува кон зголемување на маржите во градежниот ...
Корпоративниот сектор во Македонија влезе во циклус на агресивно задолжување во текот на 2024 година, со годишен раст на долгот од 13,1 отсто, што е речиси двојно повисока стапка во споредба со 2023 година, покажуваат најновите податоци од Извештајот за финансиска стабилност на Народната Банка. Овој тренд, иако ја одразува зголемената побарувачка за инвестиции и економски оптимизам, истовремено отвора сериозни прашања за одржливоста и ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, јасно стави до знаење дека сака Нобелова награда за мир, која ќе биде објавена следната недела, но експертите предвидуваат дека има мали шанси во споредба со оние кои вредно и тивко работат на „заборавените“ конфликти во светот. Добитникот на престижната награда ќе биде објавен во петок, 10 октомври, но добитниците на Нобеловите награди за медицина, физика и хемија ќе бидат објавени во деновите пред тоа. Трамп ...