Македонски Телеком и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ започнуваат стратешко партнерство со кое најголемата спортска сала во земјата добива ново име и нов идентитет и станува Т Арена. Т Арената во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ наскоро ќе добие нов визуелен изглед со препознатливата магента боја на Т брендот и на надворешниот и во внатрешниот простор на салата. Телеком веќе 25 години ја поврзува Македонија преку најдобрата ...

Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и годинава освоија високи признанија на еден од најпрестижните и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter World Wine Awards 2026“, потврдувајќи го континуитетот на својот врвен квалитет и меѓународна конкурентност. Во исклучително силна конкуренција од речиси 17.000 вина од 58 земји од светот, кои учествуваа на годинешното издание на „Decanter“, врвните вина на „Тиквеш“ освоија вкупно 18 медали, ...

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, деловните субјекти во 2024 година оствариле вкупен промет од 2 166 693 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 497 031 милион денари. Во 2024 година во рамките на структурните деловни статистики биле анализирани 69 089 пазарноориентирани деловни субјекти во кои биле вработени 434 645 лица. Најголем промет од 40.3 % реализирале деловните субјекти од секторот Трговија на ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 19 јуни 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 115,75 евра/mwh, додека на MEMO цената е 86,70 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 50,74 евра за мегават час, а на MEMO 13,70 евра. Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува ...

Повторното отворање на Ормутскиот теснец нема веднаш да ја реши ситуацијата бидејќи прво мора да се отстранат мините, празните танкери да се вратат во регионот, производството да се рестартира и нафтата да се испрати до клиентите Ормутскиот теснец е повторно отворен! На прв поглед, ова е големо олеснување за глобалниот пазар на нафта, но се поставува прашањето дали отворањето можеби доцнело, објавува CNN. Нафтата од Блискиот Исток не ...

Турција летово повторно влегува во игра како дестинација за оние што сакаат море, хотел, храна, базен, лежалка и помалку нервози околу дневните трошоци. По неколку сезони во кои многу семејства се прашуваа дали одморот станал луксуз, понудите за турските летувалишта годинава изгледаат далеку попримамливо. Особено за оние што пресметуваат до последно евро. Најмногу интерес има за Анталија, Аланија, Сиде, Кушадаси, Кемер и Бодрум. Тоа се веќе ...

Зелената лимонада наутро го прави она што кафето на празен стомак не може: го смирува желудникот наместо да го иритира. Магдоносот и лимонот заедно го исфрлаат вишокот течности од телото и ја отстрануваат таа непријатна надуеност што ве следи од будењето. А трикот што менува сè не е во состојките, туку во ритамот на пиење. Зошто кафето на празен стомак работи против вас Повеќето луѓе одат директно на шолја кафе наутро. Без неа, велат тие, ...

Швајцарското Министерство за надворешни работи потврди дека разговорите планирани за денес меѓу Соединетите Американски Држави и Иран во планинското одморалиште Бургеншток во Швајцарија нема да се одржат. Министерството го објави ова откако портпаролот на Белата куќа вечерва изјави дека потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, го откажал планираното патување за средба со иранските преговарачи во Швајцарија денес, каде што требаше да започнат ...

Ратата за стан за многу семејства веќе не е само бројка во банкарска апликација. Таа е првото нешто што се одзема од платата и последното нешто за кое се преговара дома. Кирија нема, ама има кредит. Станот е твој, хартијата е во банка, а секој месец почнува со истото прашање: може ли ова некако да се намали? Одговорот, според познавачи на банкарскиот сектор, е: може. Но, не секогаш лесно, не секогаш брзо и речиси никогаш без човек сам да ...

На Тајмс Сквер во Њујорк избувна масовна тепачка, по што се слушнаа истрели, предизвикувајќи паника и стампедо од туристи, а полицијата уапси еден тинејџер и продолжува со истрагата. Вистинската драма се одвиваше во четврток попладне на преполниот Тајмс Сквер во Њујорк. По масовната тепачка сред бел ден, се слушнаа истрели, принудувајќи стотици туристи и минувачи да избегаат во паника. Полицијата уапси еден тинејџер кратко по настанот, додека ...

Едно кафе на плажа, две води за децата, нешто за јадење по пат, патарини, гориво, маркет, лежалки, сладолед навечер. Теоретски гледано, одморот во Грција почнува со цената на апартманот. Во реалноста, завршува со сите оние мали трошоци што никој не ги брои првиот ден, а десеттиот веќе добро се чувствуваат во паричникот. За четиричлено семејство од Македонија, двајца возрасни и две деца, 10-дневен одмор во Грција ова лето најчесто значи буџет ...

Охрид не е само град. Охрид е приказна. Духовност која трае со векови, култура што ретко кој град на Балканот може да ја понуди и природна убавина која одамна ги надминала границите на Македонија. Токму затоа, прашањето што денес треба сериозно да си го поставиме е: каков туризам сакаме да развиваме во Охрид во следните децении? Дали нашата цел е што поголем број туристи по секоја цена, или пак туристи кои ќе ја препознаат вистинската ...

Јаткастите производи се практичен, хранлив и разновиден избор за брза ужина или како здрав додаток на оброк. Но, со толку многу опции, прашањето е кој јаткаст плод е најдобриот избор. Диететичарите со кои разговараа од „Health.com“, се согласија дека бадемите се најздравиот јаткаст плод што можете да го јадете. „Кога ќе ја земете предвид нивната хранлива вредност, разновидност и разноврсност, тоа би морало да бидат бадемите“, вели ...

„Audi“ го прошири семејството „A6“ со многу популарна „allroad“ модификација. Со овој потег, германскиот производител сака да ги привлече оние кои се уморни од SUV моделите што го преплавуваат пазарот. Моделот е дизајниран според истите принципи како и претходно – погон на сите тркала и зголемен клиренс, но сега им се додаваат уште две технички иновации – управувани задни тркала и хибриден систем. Новиот „Audi A6 allroad“ првично ќе се нуди ...

„Dacia“ официјално потврди дека подготвува нова, втора генерација на својот електричен модел „Spring“ и ги покажа првите фотографии од новиот дизајн. Компанијата сè уште не откри други детали, но можеме да претпоставиме дека новиот „Spring“ ќе биде официјално лансиран на Саемот за автомобили во Париз во октомври и дека ќе ја користи платформата и погонскиот склоп од новиот електричен „Renault Twingo“. Веќе нема да биде индиско-кинески Првиот ...

Паметните телефони станаа главна цел на сајбер криминалците. Бидејќи на нив складираме сè – од приватни фотографии до банкарски сметки – клучно е да ги препознаете симптомите што укажуваат дека вашиот уред е компромитиран. Важно е да знаете како да се заштитите од хакери и злонамерни напади кога станува збор за мобилни уреди. Еден од најефикасните начини да го направите ова е да разберете три клучни знаци што можат да укажуваат дека вашиот ...

„Apple“ планира да ги зголеми цените за да го компензира зголемувањето на трошоците за меморија и чипови за складирање, изјави извршниот директор Тим Кук во ексклузивно интервју за „Wall Street Journal“. „За жал, зголемувањето на цените е неизбежно. Правиме сè што можеме за да ги ублажиме огромните зголемувања што ни се пренесуваат и се обидуваме да ги заштитиме нашите клиенти од нив, но ситуацијата стана неодржлива“, рече тој. Зголемувањето ...

Побарувачката и понудата на нафта ќе се намалат во 2026-та година, но пазарите ќе се опорават и ќе има значителни вишоци во 2027-ма година, според новата прогноза на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Анализата покажува дека побарувачката за нафта ќе се намали многу повеќе од очекуваното – за 1,1 милион барели дневно во споредба со 0,7 милиони барели дневно во мајската прогноза. Така, дневната побарувачка ќе достигне нешто над 103 ...

Додека светот го чека договорот меѓу САД и Иран и отворањето на Ормускиот теснец, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) работат на извонреден обем за да ја постигнат својата независност од него. За таа цел, земјата планира големо проширување кон источните пристаништа Диба, Фуџаира и Хор Факан, како и изградба на барем уште едно големо пристаниште на овој брег. Средствата ќе бидат инвестирани во нови нафтоводи, железници и патишта за поврзување на ...

Платежната недисциплина во Европа продолжува да биде сериозен предизвик за компаниите и финансискиот сектор, покажува најновата студија „Европски платежни практики 2025“ на EOS Group, спроведена меѓу 2.200 финансиски менаџери од 11 европски земји. Според резултатите, од околу 18 милијарди фактури кои секоја година се издаваат во Европа, приближно секоја четврта се плаќа со задоцнување или воопшто не се плаќа. Притоа, 19% од фактурите се ...

Во Германија има милијарди евра на неактивни банкарски сметки. Наследниците често не знаат дека постојат, а сè уште нема централен регистар. Што се прави со тие пари? Во Германија, повеќе од четири милијарди евра наводно лежат на таканаречени „заборавени сметки“ во банки и други финансиски институции, објави Сојузното министерство за истражување, технологија и вселена уште во 2021 година. Можно е да станува збор за уште поголема сума – некои ...

Федералните резерви на САД ја задржаа референтната каматна стапка на исто ниво, но новите проекции покажаа дека дел од членовите на Комитетот очекуваат можно зголемување на каматните стапки до крајот на годината. Според кварталните прогнози, девет од 19 функционери сега гледаат простор за зголемување на каматните стапки, додека ажурираните проценки покажуваат значителна промена од март, кога не постоеше такво очекување, објавува Ројтерс. Во ...

Храната која ги уништува бубрезите ретко изгледа опасна, но е вистинска стапица. Најголемиот проблем не е солта, туку скриените фосфати – оние состојки на декларацијата на производот што никој не ги чита. Бубрезите работат како филтер без одмор. Кога ги преплавувате со преработена храна, тие се трошат тивко, без симптоми. Откријте точно каде грешите, пред да биде предоцна. Која храна најмногу ги оптоварува бубрезите? Саламата, колбасот и ...

„И покрај добрата дигитална подготвеност на граѓаните, прифаќањето електронски плаќања кај малите трговци е ограничено и претставува голем предизвик за платниот систем во земјава.“ Ова беше истакнато од вицегувернерот на Народната банка Игор Величковски на отворањето на работилницата „Премостување на јазот кај прифаќањето на електронските плаќања од страна на трговците: Форум на засегнатите страни за заклучоците и следните чекори“, ...

На Јадранот веќе не се прашува само кој ќе ја отвори сезоната, туку кој ќе работи во неа. Хотели, ресторани, барови на плажа, кујни, рецепции и мали семејни објекти од Црна Гора до Хрватска повторно влегуваат во лето со истата мака: гости ќе има, ама работници недостигаат. И тоа многу. Огласите се множат со месеци наназад. Се бараат келнери, готвачи, собарки, рецепционери, шанкери, помошници во кујна, пица-мајстори, скараџии, работници за ...

Македонската универзитетска репрезентација во карате постигна историски резултат на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во Бразилија. Со освојувањето на златен, сребрен и два бронзени медали, Македонија се позиционира во генерален пласман на 4 -то место, како една од најуспешните нации на овој престижен настан одржан од 8 до 13 јуни 2026 година. македонските спортисти ја потврдија својата доминација и високата конкурентност ...

Во период кога енергетскиот сектор се соочува со значајни предизвици, а компаниите сè повеќе бараат сигурност, предвидливост и доверлив партнер, ЕДС бележи континуиран раст и ги зацврстува своите позиции на пазарот на електрична енергија. Овој раст се должи на иновативните понуди на пакети за снабдување со електрична енергија – меѓу кои последната која нуди снабдување со струја во рок од две години со фиксна цена и можност за избор на вреден ...

Како и повеќето други технолошки компании во последно време, „Meta“ сè повеќе вклучува вештачка интелигенција (AI) во многу од своите производи. Најновиот пример за ова се три нови функции со вештачка интелигенција што доаѓаат на „Facebook“. Овие функции имаат за цел да го подобрат пребарувањето и да донесат покреативни алатки во целокупното социјално искуство. Друга нова функција што доаѓа кај вас се шаблоните за сечење колажи и ефектите на ...

Инфлацијата за граѓаните одамна не е бројка што се чита во соопштение. Таа е кесата од маркет што станува полесна, сметката што станува подолга и платата што исчезнува некаде меѓу струјата, храната, кредитот и неколкуте ситници за дома. На хартија може да пишува дека цените растат побавно, но пред каса тоа не звучи како олеснување. Таму нема проценти. Таму има прашање: „Колку ми остана?“ Во продавниците сликата е јасна. Луѓето веќе не ...

Се очекува растот на платите во еврозоната да се забрза во втората половина од оваа година, додека ќе остане далеку под претходните врвови. Според индикаторот за плати на ЕЦБ, се очекува платите да пораснат за 2,6% на годишно ниво во третиот и четвртиот квартал. Тоа е над прогнозата за првите шест месеци од годината, но далеку под врвот од 5,2% во 2024-та година. „Ова зголемување во текот на годината го одразува исчезнувањето на механичкиот ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76