Американските акции пораснаа во понеделникот, упатувајќи се кон закрепнување на почетокот на скратената трговска недела поради Денот на благодарноста, бидејќи американските креатори на политики ги зголемија надежите за намалување на каматните стапки во декември. Технолошкиот Nasdaq Composite порасна за повеќе од 2,5%, а S&P 500 напредуваше за повеќе од 1,4%, бидејќи акциите на Wall Street почнаа да ги продолжуваат добивките во петокот. ...

Оптимистички информации дојдоа од Министерството за финансии во однос на средствата кои се наменети за земјоделците по скандалот во Платежната агенција. Информациите до кои дојде Денар се дека се прават последните проверки и системот ќе биде вратен во функција и исплатата на парите ќе си тече без никакви пречки. Надлежните замолуваат за трпение, бидејќи требало да се направат уште неколку контроли се со цел да не постои сомнеж за други ...

Кажете збогум на чекањето во редици и обемната документација. Отсега, НЛБ Банка ви овозможува да аплицирате за дозволено пречекорување на вашата платежна сметка или да го зголемите веќе одобрениот лимит каде и да сте, кога и да посакате, и целосно он-лајн преку мобилната апликација НЛБ мКлик. Процесот на аплицирање е брз, интуитивен и безбеден. Во моментот кога вашето барање ќе биде одобрено, вашите нови средства се достапни веднаш и без ...

Цените на гаражите во Скопје одамна ја напуштија зоната на „дополнителна погодност“ и денес се третираат речиси како недвижност од прва линија. Пазарот за подземни и надземни паркинг-места се движи во чекор со становите: нагоре, упорно и без намера да застане. Во различни делови од градот, едно обично гаражно место се продава од 6.000 до дури 16.000 евра. Тоа е сума што пред само една деценија ја плаќале луѓе за гарсониера во периферија, и ...

Првото полугодие сѐ уште не завршило, а во ученичките групи на Вибер веќе се вртат понуди, ценовници и прашалници – кој ресторан е слободен, кој фотограф е достапен, кој бенд колку чини за големата матурска вечер напролет. И додека родителите се обидуваат да ја избалансираат сметката, најголемиот шок доаѓа токму од музикантите: цената за неколку часа свирка на матурска вечер стигнала до над 2.000 евра. Матурантка од средното Медицинско ...

Финтех гигантот „Revolut“ достигна проценка од 75 милијарди долари по затворањето на продажбата на акции, соопшти компанијата во соопштение за медиумите. Продажбата ја предводеше широка група инвеститори, вклучувајќи ги глобалните лидери „Andreessen Horowitz“ (познат како a16z), „Franklin Templeton“ и „T. Rowe Price Associates, Inc“. Продажбата, исто така, вклучува инвестиција од „NVentures“, одделот за ризичен капитал на „NVIDIA“, што ја ...

Глобалното ветување за тројно зголемување на нуклеарниот капацитет до 2050-та година доби поддршка од уште две земји, со што вкупниот број на земји што ги поддржуваат напорите за проширување на флотата на нуклеарни централи во светот се искачи на 33, објави „Bloomberg“. Сенегал и Руанда се приклучија на целта во петокот за време на разговорите на COP30 во Белем, Бразил, бидејќи Светската нуклеарна асоцијација соопшти дека нејзината последна ...

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, информира дека повластената стапка од 5% ДДВ за првиот промет на новоизградени станови ќе продолжи да важи и по 1 јануари, согласно предложените измени кои веќе се во владина процедура. „Пред еден месец го изнесовме нашиот став, но беше потребно да се извршат дополнителни анализи и пазарни испитувања, не само во Македонија, туку и споредбено со другите земји. Врз основа на тие резултати, ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55% во однос на одлуката од 17.11.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денари за ...

Телефонот што постигнува најбрз „Wi-Fi“ во светот и го зазема првото место пред моделите на „Apple“ и „Samsung“, не е ниту „iPhone“, ниту „Galaxy“ модел. „Wi-Fi 7“ полека, но сигурно станува стандард меѓу водечките телефони, а брзините на безжичниот пренос на податоци во реалниот свет добиваат сè поголемо значење. Најновиот извештај од „Ookla“, која ја управува платформата „Speedtest“, открива дека серијата „Google Pixel 10“ е моменталниот ...

Пластиката и стаклото – два од најупотребуваните амбалажните материјали – не се лесно разградливи и им е потребно многу долго време да се разложат во природни услови. На пластиката можат да ѝ бидат потребни и до неколку стотици години за да се разложи, а дури и тогаш таа не се разложува целосно туку само се распаѓа на ситни парчиња наречени „микропластика“. А стаклениот отпад носи и дополнителна општествена опасност, бидејќи може да ...

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, предупреди да не се гледа монетарната политика како решение за проблемите со долгот, отфрлајќи ги неодамнешните предлози од крајно десничарската француска партија дека институцијата треба да продолжи со купување средства во големи размери. „Секогаш постои страв дека кратковидата влада би можела да биде во искушение да се обиде да ја принуди централната банка да го финансира ...

Кога повеќето луѓе помислуваат на храна богата со протеини, првото нешто што им паѓа на ум е пилешкото бело месо. Со околу 25 грама протеини на порција од 3 унци, пилешкото е еден од најпопуларните извори со добра причина – посно е, разновидно и лесно достапно. Но, ако сакате да додадете повеќе протеини или разновидност во вашата исхрана, можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека постојат намирници што содржат уште повеќе протеини. ...

„AUDI“ го претстави концептот на голем електричен „SUV“ на саемот Авто Гуангжу под името „AUDI E SUV concept“. Со овој модел, кинескиот сестрински бренд, наменет исклучиво за тој пазар, го најавува својот втор производствен модел, кратко по неговото деби минатата година. „AUDI“ е насочен кон клиенти кои очекуваат напредни електрични возила и силна интеграција со локалните дигитални услуги. Проектот се развива во соработка со „SAIC“ и се ...

Цените на природниот гас во Европа паднаа на најниско ниво од мај 2024 година во понеделник, оптоварени од прогнозите за поблаго време во наредните недели и мировниот предлог на САД за Украина што би можел да ги намали тензиите и санкциите врз извозот на енергенсите. Фјучерсите паднаа на најниско ниво од мај 2024 година. Тие моментално се тргуваат во тесен опсег, бидејќи трговците ги споредуваат големите залихи на гас од ЕУ со променливите ...

Министерството за здравство на Русија издаде одобренија за клиничка употреба на mRNA вакцината за третман на меланом и пептидна вакцина за малигни тумори, изјави денес рускиот министер за здравство Михаил Мурашко. „Денес, Министерството за здравство издаде одобренија за клиничка употреба на два поединечни биотехнолошки лекови. Станува збор за лекови против рак од нова генерација – терапевтска вакцина базирана на mRNA и пептидна вакцина“, рече ...

Младите денес сè почесто ја прават истата пресметка: „подобро пари во рака сега, отколку некаква хипотетичка пензија некогаш“. И тоа не е само флоскула што кружи низ социјалните мрежи или низ кафулињата. Во последниве години, работодавачите најдоа безброј начини да ги заобиколат обврските кон пензиските и здравствените фондови, а дел од младите, да не се лажеме, не ни инсистираат да бидат пријавени. Тие сакаат поголема плата, „во џеб“, без ...

Ако успееме да поттикнеме барем еден човек повеќе да направи преглед навреме – тогаш сме направиле вистинска разлика! По повод месецот на машко здравје Мовембер, разговаравме со д-р Елена Бабаљ Бансколиева, специјалист интернист и супспецијалист нефролог за најкарактеристичните машки болести, важноста на превентивни методи, како и за соработката со компанијата dm drogerie markt за реализирање на бесплатни прегледи во болницата Д.мед Медикал. ...

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на Конференцијата за европска економска интеграција (CEEI 2025) – Финансиската иднина на ЈИЕ: финансирање на растот и иновациите, во организација на Народната банка на Австрија, којашто се одржува во Виена, истакна дека финтек-иновациите значително го олеснуваат пристапот до финансии за граѓаните и за малите и средните претпријатија, ја намалуваат цената на трансакциите и поттикнуваат развој ...

Утре Регулаторната комисија за енергетика треба да го донесе новиот тарифник за дистрибуција на електрична енергија. Од ова независно тело велат дека станува збор за усогласување со европската регулатива. Но, групата Инжењери подолг период бара од надлежните да се укине давачката од 200 денари за пристап на мрежа. Од групата Инжееери велат дека упатиле ургенција до регулаторот бидејќи не добиле одговор на Претставката поддржана од 36 членови ...

СЕТЕК, водечката технолошка компанија со долгорочно лидерство на македонскиот пазар, официјално го стартува најголемиот шопинг настан во годината Black Friday, со досега највисоки попусти и ексклузивни понуди. Black Friday во Сетек носи вистинска шопинг еуфорија: голем избор, огромни попусти и до 70% и атрактивни понуди на стотици производи од водечките светски брендови. Купувачите можат да изберат врвна техника од сите категории: бела ...

Австралија стана првата земја во светот што им забрани на децата под 16 години да користат социјални медиуми, а новите правила стапуваат на сила на 10 декември. Според одлуката на владата, технолошките компании ќе мора да преземат „разумни чекори“ за да се осигурат дека малолетниците не можат да отвораат нови сметки и дека постојните ќе бидат деактивирани или отстранети. Владата вели дека целта на оваа, единствена во светот, забрана, која има ...

Високиот американски дипломат изрази дефинитивно оптимистички тон во Женева по бурниот ден интензивни разговори насочени кон убедување на скептичната Украина да ги прифати најновите предлози на САД за ставање крај на бруталната војна на Русија. „Многу сум оптимист дека можеме да постигнеме нешто тука, бидејќи постигнавме огромен напредок“, ми рече американскиот државен секретар Марко Рубио на прес-конференција доцна во ноќта во американската ...

Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, изјави дека затворањето на владата на САД, кое траеше 43 дена, предизвика траен удар од 11 милијарди долари за американската економија. Бесент изјави за NBC дека за време на затворањето на владата, делови од американската економија кои се чувствителни на каматните стапки, вклучително и домувањето, беа во рецесија, но дека не гледа дека целата економија е во ризик од негативен раст. Тој рече дека за ...

Еден по друг, плочкарите почнуваат тивко да ја менуваат логиката по која ја пресметуваат цената за својата работа. Она старото правило – „квадратот е квадрат, се наплаќа исто“, веќе не важи насекаде, барем не кога станува збор за најнезгодниот дел од секој дом: тоалетот. На терен, приказната е многу поразлична. Добар и сериозен мајстор и денес ќе ја прифати цената од околу 12 евра за квадрат ако лепи плочки во соба, тераса, салон или на ...

Со доаѓањето на постудените денови и сезоната на настинки и грип, зајакнувањето на одбраната на телото станува приоритет. Како што листовите ја менуваат бојата и температурите паѓаат, поминуваме сè повеќе време во затворен простор, каде што вирусите и бактериите полесно се шират. Во исто време, недостатокот на сончева светлина доведува до пад на нивото на витамин Д, кој е клучен за функцијата на имунолошкиот систем. Затоа старата поговорка ...

Најголемиот индиски конгломерат „Reliance Industries“, во сопственост на милијардерот Мукеш Амбани, го прекина увозот на руска сурова нафта за својата рафинерија во Џамнагар, наменета само за извоз, во западната држава Гуџарат. Овој потег е наменет за усогласување со забраната на ЕУ за увоз на гориво произведено од руска нафта преку трети земји, која стапува на сила следната година. Исто така, тој е во согласност со санкциите на САД врз ...

Американскиот претседател се огласи на социјалната мрежа Truth Social, додека високите функционери од Соединетите Американски Држави, Украина и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија разговараат за нацрт-планот на САД за завршување на војната во Украина. „Војната меѓу Русија и Украина е насилна и ужасна војна која, со силно и вистинско американско и украинско раководство, никогаш немаше да се случи. ...

Високи претставници на Соединетите Американски Држави, Украина и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија денес во Женева ќе разговараат за нацрт-планот на САД за прекин на војната во Украина. Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и државниот секретар Марко Рубио, треба да пристигнат на разговори за прекин на руската инвазија, која сега е во четвртата година. Во петокот, американскиот претседател ...

Македонија веќе подолго време се соочува со една непријатна реалност: најниската просечна плата во регионот. Според последните податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната нето плата изнесува околу 45.466 денари, што ја поставува земјата на дното во споредба со државите од поранешна Југолсавија како Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија. Во последните неколку години платите за прв пат имаа посериозна тенденција на раст, но тоа ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
3.6
75%
1010
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
61%
1013
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
82%
1011
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
1.03
66%
1012
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
2.47
82%
1016
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
78%
1010
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.13
63%
1008
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
54%
1008
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
70%
1009
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -5ᴼ
5.66
67%
1016
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 1ᴼ
3.09
94%
1012
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
7.2
100%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

54.25

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Платина

83354.78

Сребро

3663.67

Иридиум

221848.72

Паладиум

54624.12

Алуминиум

3.15

Родиум

363303.44

Бакар

11.99

Цинк

3.34

Злато

156424.63