Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во четврток објави сеопфатни планови за заострување на правилата за имиграција, вклучително и суспендирање на миграцијата од „земјите од Третиот свет“ и прекинување на сите федерални бенефиции и субвенции за „недржавјани“ во земјата. Во два поста на Truth Social доцна во четвртокот навечер, Трамп рече дека „трајно ќе ја запре миграцијата од сите земји од Третиот свет за да се овозможи целосно закрепнување ...
Една од најжешките урбани дилеми денес се сведува на едно просто, ама наелектризирано прашање: дали конечно ќе поевтинат становите во Скопје? По толку години упорен раст на цените, луѓето почнуваат да се прашуваат дали овој пазар ќе попушти барем малку, како што попуштаат нервите на оние што со години штедат, мерат, пресметуваат… и пак не ги стигнува квадратите што секој месец им се оддалечуваат за уште некоја илјадарка. Во позадина на оваа ...
Проектот СЕНЕ3 – „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ на Република Северна Македонија има за цел да помогне во воспоставување интегриран и одржлив регионален систем за управување со отпад. Финансиран од Европската Унија преку ИПА II програмата, проектот обезбедува поддршка за општините, јавните комунални претпријатија и регионалните центри за управување со отпад ...
Со доаѓањето на зимата и пократките денови, многумина од нас ги менуваат своите гардероби, но еден експерт вели дека треба да го прилагодиме и времето за вечера. Кетрин Нортон, вонреден професор по спортски и нутриционистички науки на Универзитетот во Лимерик, објасни дека јадењето порано вечера во текот на зимските месеци може значително да го подобри нашето расположение, метаболизам и целокупно здравје. Пишувајќи за „The Conversation“, ...
Новиот „Jeep Compass“ пристигнува како целосно освежена генерација, со јасна цел за подобрување на механичката основа, удобноста и технологијата. Надворешно, новиот „Jeep Compass“ носи подолги пропорции од 4.550 mm, порамен преден дел и функционално подигнати сензори, за да биде заштитен при возење надвор од патот. Исто така, има и нова задна кука, што дополнително ја нагласува практичната употребливост во теренска средина. Суспензијата е ...
„OpenAI“ потврди дека имало безбедносен инцидент кај нивниот надворешен партнер „Mixpanel“, аналитички сервис што компанијата го користеше за следење на корисничките податоци. Според информациите, биле откриени ограничени податоци на дел од „API“ корисниците, но од „OpenAI“ уверуваат дека нивните сопствени системи не биле компромитирани и дека чувствителните информации, како содржина на разговори, лозинки и „API“ клучеви, останале целосно ...
„HP Inc“ соопшти дека планира да отпушти помеѓу 4.000 и 6.000 работни места глобално до фискалната 2028-ма година, како дел од планот за поедноставување на операциите и распоредување на вештачка интелигенција за забрзување на развојот на производи, подобрување на задоволството на клиентите и зголемување на продуктивноста. „Тимовите на „HP“ фокусирани на развој на производи, внатрешни операции и услуга на клиентите ќе бидат погодени од ...
До 3 милиони нискоквалификувани работни места би можеле да исчезнат во Велика Британија до 2035 година поради автоматизацијата и вештачката интелигенција (AI), предупредува новиот извештај од Националната фондација за образовни истражувања (NFER). Работните места во занаетите, машинското работење и административните улоги се најмногу изложени на ризик. Од друга страна, прогнозите покажуваат дека висококвалификуваните професионалци ќе бидат во ...
Се чини дека градежните занаети тивко, но сигурно станаа едни од најплатените професии во земјава. Податоците покажуваат дека самовработените мајстори кои работат без фирма, но со полн ангажман на терен, денес заработуваат од 1.000 до 2.000 евра месечно. Но дел од занаетите одамна ја пробија и таа граница. Водоинсталатерите, на пример, достигнуваат месечни приходи што сериозно се доближуваат до 2.500 евра, што се должи на часовна цена која во ...
Доаѓа момент во животот на секој возрасен кога сфаќа дека возбудата повеќе не е предизвикана од нова чанта, часовник или парфем – туку од фрижидер што се одмрзнува сам, рерна што знае кога пилешкото е совршено зготвено или машина што не бара повторно пуштање на центрифугата. Ако кај вас тој момент веќе е пристигнат – честитки, Black Friday пристигна во Gorenje. Ноември е месецот кога купувањето се претвора во мини адреналински спорт, а ...
Европската централна банка (ЕЦБ) развива план за промовирање на употребата на еврото низ целиот свет, надевајќи се дека ќе ја претвори намалената доверба во политичкото и финансиското водство на Соединетите Американски Држави во предност за Стариот континент. Линичните линии, краткорочни договори за кредитирање со други централни банки, долго време се стандарден дел од комплетот алатки за управување со кризи. Но, ЕЦБ размислува да ги користи ...
Вчеравечер, во ресторанот SushiCo, Дебар Маало, се одржа ексклузивната винска вечер „Peyrassol Wine Tasting and Food Pairing“, организирана од Alchemist, официјалниот увозник на француската винарија Château Peyrassol. На настанот присуствуваа љубители на премиум вина и пријатели на брендот. Вечерта започна во 19:30 часот со welcome drink, подготвен специјално да ја најави атмосферата на францускиот стил и гастрономија. Гостите имаа ...
Дискусијата за пензионерите во регионот повторно се разгоре откако директорот на српскиот ПИО фонд, Реља Огњеновиќ, најави дека жените во Србија од јануари ќе одат во пензија на 64 години, со постепено покачување од два месеци годишно сè до изедначување со мажите во 2032 година. Веста веднаш ја отвори и старата македонска дилема: што би значело ако истото правило се воведе и кај нас, каде што жените засега заминуваат во пензија на 62 години? ...
Повеќе од 100 уметнички дела од отпад од пакување, изработени од ученици на возраст од 11 до 18 години од цела Македонија како и од Србија и Црна Гора, пристигнаа на повикот за учество на меѓународната изложба на дела „Творење и креирање на дела од отпад од пакување – 2025“, која оваа година се одржа под насловот „Заедно за почиста животна средина“. Конкурсот беше отворен од Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ...
Банкарскиот сектор доживува длабока трансформација под влијание на дигитализацијата, автоматизацијата и воведувањето на вештачката интелигенција (AI). Од брзи плаќања и дигитални паричници, до самостојни AI агенти кои ја оптимизираат куповната моќ на клиентите, технологијата брзо ја менува традиционалната улога на банките. За време на вчерашната конференцијата на НЛБ Банка во соработка со Mastercard „NLBNext – Иднината на банкарството“, токму ...
ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-декември 2026 доби само една понуда и тоа од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 65 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Оваа цена е повисока за 4,84 % од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот ...
Во Државна лотарија велат дека секоја недела во нивните благајни се запознаваат со по неколку добитници на премии и големи добивки од инстант лотаријата. Благодарение на богатата понуда на различни видови стокови и парични премии и многубројните големи добивки што ги носат инстант лозовите, речиси секојдневно се потврдува дека среќата е насекаде. Во богатата понуда има станови автомобили, електрични мотори и парични добивки до 10.000.000 ...
Многу луѓе посегнуваат по капсули од рибино масло и Омега-3 суплементи со надеж дека ќе го подобрат здравјето на срцето и ќе го намалат воспалението. Иако омега-3 масните киселини (EPA и DHA) се неопходни, новите научни истражувања ја доведуваат во прашање поентата на земање нерегулирани додатоци што се продаваат во аптеките. Кокренова студија: Капсулите не го намалуваат ризикот од срцев удар Најголемата прегледна студија, Кокренова анализа ...
На 20 декември 2025, со почеток од 19:30 часот во Филхармонија, скопскиот културен и музички живот ќе биде збогатен со едно ориентално, фолклорно, и емотивно патување изведено од моќниот вокал на македонската вокалистка Зарина Првасевда. Со концертот „Кадифено“, посетителите ќе бидат дел од длабоко мелодиско доживување исполнето со тивка магија и уникатни вокали што само редок талент може да ги изведе. Вистинско ориентално освежување на ...
По најавите на министерот за здравство дека повеќе нема да се вработува кадар во здравствените установи – како што вели ако нема потреба, со своја реакција се огласи дел од лекарската фела. Нивниот став е дека партизацијата тотално го деградираше квалитетот на јавното здравство и затоа итно се потребни системски промени за коишто мора посилно да притискаат на сите засегнати страни. Лекарите кои се незадоволни од состојбата во јавното ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа „Truth Social“ за денешното пукање во Белата куќа. Двајца припадници на Националната гарда се повредени и се во критична состојба во болница. „Животното што ги застрела двајцата припадници на Националната гарда, кои се во критична состојба во две одделни болници, исто така беше повредено, но и покрај тоа, ќе плати огромна цена. Бог да ја благослови нашата голема ...
Компанијата Лукоил Македонија ги информираше клиентите дека по краткотрајниот прекин, Visa картичките повторно се во функција на сите бензински станици. Во текот на ноември годинава, бензинските станици на Лукоил Македонија беа погодени од новиот бран американски санкции насочени кон руските компании Лукоил и Роснефт. Како дел од овие мерки, беше воведена забрана за вршење трансакции со Visa картичките, што предизвика моментални потешкотии ...
Се крои новата цена на струјата, а заедно со неа и уште една доза јавна нервоза која секогаш се појавува кога ќе се спомене можноста за поскапување. Домаќинствата веќе пресметуваат колку би „издржале“ ако бројките се помрднат нагоре, но засега, барем според оние што ја држат регулативата во раце, нема простор за драматика. Новата цена треба да важи од 1 јануари 2026 година, а најголемото парче од таа равенка ќе зависи од тоа по колку ...
Онлајн купувањето носи разни придобивки, но и сè повеќе предизвици, како што се лажни онлајн продавници и сè почести онлајн измами, особено во пресрет на Black Friday, за време на Black Week (од 24 до 28 ноември) и пред Cyber Monday на 1 декември. Во текот на оваа недела, физичките и онлајн продавниците нудат специјални понуди и производи по значително пониски цени. Од почетокот на месецот гледаме реклами со привлечни попусти насекаде, а ...
Цвета трговијата преку Инстаграм, како некоја нова уличка што никој не ја планирал, а сите одеднаш ја најдоа и почнаа да шетаат низ неа. Можеби е до навиката брзо да се прелистуваат фотографии, можеби до чувството дека таму, меѓу неколку сториња и кратки видеа, човек може „од око“ да си најде нешто што му треба. А можеби и до тоа што многумина веќе се уморни од големите продавници и нивните правила, па Инстаграм им личи на некој жив базар, ...
„Porsche“ отворено го пофали „Hyundai Ioniq 5 N“, тврдејќи дека овој електричен „жежок хечбек“ поставил нови стандарди меѓу спортските електрични модели. Франк Мозер, потпретседател задолжен за моделите „Porsche 718“ и „911“, за австралискиот „Drive“ изјави дека возењето на „Ioniq 5 N“ е откровение и дека Корејците направиле автомобил кој е навистина, навистина добар. Особено му се допаднал вештачкиот звук на моторот и симулациите на менување ...
Во 2024 година, НЛБ Банка креира над 675 милиони евра додадена вредност директно преку своите активности, како и преку кредитите и синџирот на добавувачи, што претставува значителни 4,3% од БДП на земјата. Активата на Банката изнесува 2 милијарди евра, односно 14% од БДП на земјата, што претставува 1/7 од националната економија. Со 1,4 милијарди евра вкупно кредитно портфолио и 18% учество во вкупните бруто кредити во земјата, над 471.000 ...
Интересот на инвеститорите за хотелската индустрија се зголемува, а секторот во Европа е во пораст во последните две години. Инвестициите се враќаат силно по тешкиот период на Ковид. Овој сегмент се оформува како еден од најатрактивните за капитал поради флуктуациите во по традиционалните сектори како што се канцеларискиот простор и малопродажните објекти. Уделот на инвестициите во секторот, кој падна на само 5% во 2020-та година, сега е 13% ...
Чувството на постојан глад понекогаш се јавува дури и откако неодамна сте јаделе, а причините што стојат зад тоа честопати не се поврзани со храната. Експертите објаснуваат дека сигналите за глад можат да бидат под влијание на хормони, стрес, сон, лекови и физичка активност. Затоа нутриционистите и диететичарите издвојуваат неколку од најчестите предизвикувачи кои лесно се занемаруваат. Иако многу од нив изгледаат безопасни, тие можат да ...
„Huawei“ штотуку ја претстави серијата „Mate 80“ во Кина, а најмоќниот модел, „Mate 80 Pro Max“, веднаш привлече внимание благодарение на своите 8.000 нити максимална осветленост. Новите телефони се придружени од преклопливиот „Mate X7“, кој носи IP59 заштита од прашина. „Huawei“ претстави четири модели на „Mate 80“, но „Pro Max“ е секако најинтересен. Неговиот 6,9-инчен двоен OLED екран е деклариран на неверојатни 8.000 нити – повеќе од ...