Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Со приближувањето на локалните избори, етничкиот национализам повторно се користи како најевтин, но и најопасен политички инструмент. Во само неколку дена, во Битола, Тетово и Велес се случија серија етнички инциденти – физички напади, навреди и графити со говор на омраза. Заеднички именител: младите – како извршители или жртви, се наведува во анализата „Национализмот повторно на сцена: Младите како „топовско месо“ во предизборната кампања“, ...
Израелските сили уништија висока кула во густо населен дел од градот Газа и предупредија на понатамошни напади врз повеќекатните згради, додека ја интензивираат својата кампања за преземање на контролата врз главниот град,објави Ал Џазира. Во петокот, израелската војска им нареди на луѓето во кулата Муштаха, 12-катна зграда лоцирана на западната страна од градот Газа и опкружена со стотици импровизирани шатори, да се евакуираат, а подоцна ја ...
Само од почетокот на септември рф употреби против Украина повеќе од 1300 ударни дронови, речиси 900 наведувани авионски бомби и 50 ракети од различни типови. рф продолжува да ја одолговлекува оваа војна, напиша на ИКС украинската амбасадорка, Лариса Дир, на 1291 ден од руската инвазија во Украина. Украина се бори. #StandWithUkraine Ден 1291. Само од почетокот на септември рф употреби против Украина повеќе од 1300 ударни дронови, речиси 900 ...
Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи. Крајниот рок за пријавување е 15 септември, 17 часот. Набрзо по селекцијата на набљудувачи, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите кои ќе се одржат на почетокот на октомври. Обуките се задолжителни за сите избрани набљудувачи, без оглед на тоа дали биле набљудувачи на ЦИВИЛ и во некој од претходните изборни циклуси. На обуките ќе бидат потпишан договор за ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ и Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи, во интервју за Фронтлајн вели дека блокадата на патот кон ЕУ е најголемата услуга за „српскиот свет“ и дека Владата ја претвора Северна Македонија во ембрион на српско-руското влијание. За Општина Чаир Османи истакнува дека е најзагадената општина во Скопје, најнетранспарентната и најхаотичната општина во Скопје. „Затоа јас сакам да направам ...
Финска се приклучува кон декларацијата за мирно решавање на палестинското прашање и спроведување на решение за две држави, се вели во соопштението на нордиската земја, јавува Ројтерс. Декларацијата е резултат на меѓународната конференција во ОН во јули, организирана од Саудиска Арабија и Франција, посветена на деценискиот конфликт. САД и Израел го бојкотираа настанот. „Процесот предводен од Франција и Саудиска Арабија е најзначајниот ...
Суданските паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) извршија повеќекратни злосторства против човештвото за време на опсадата на Ал-Фашир – главниот град на федералната држава Северен Дарфур, објави денеска мисијата формирана од Обединети нации. Во извештајот се наведува дека и во другите делови на Судан се извршени бројни други злосторства, и од страна на бунтовниците и од страна на суданската армија за време на граѓанската војна, што трае ...
Во текот на изминатиот ден, руските окупатори извршија 476 напади врз 15 населени места во областа Запорижја, објави Иван Федоров, шеф на регионалната воена управа на Запорижја, на Телеграм, пренесе Укринформ. Руските трупи извршија пет воздушни напади врз Успенивка, Новоандриевка, Червона Криница и Малинивка. 334 UAV со различни модификации (главно FPV) ги нападнаа Червоноднипровка, Запасне, Степнохирск, Плавни, Хулиаиполе, Шчербаки, ...
Со приближувањето на локалните избори, национализмот повторно се користи како најевтино, но и најопасно политичко оружје. Во само неколку дена, во Битола, Тетово и Велес се случија серија етнички инциденти – физички напади, навреди и графити со говор на омраза. Заедничко за сите е што младите се во првите редови – како извршители или како жртви. Навивачките групи се претвораат во паравоени структури кои шират страв и омраза, додека ...
Лидерот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија Максим Димитриевски и официјално е кандидат за нов градоначалнички мандат во Куманово, а за Центар партијата го предложи Мирослав Лабудовиќ, заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини. На вечерашната седница на Извршниот и Централниот одбор е одлучено ЗНАМ да настапи самостојно на претстојните локални избори со свои советнички листи во повеќе од 50 општини. – Движењето ЗНАМ – За ...
Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши вечерва соопштија дека седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, која првично беше закажана за денеска во 17:00 часот, по договор на пратеничките групи преку координативен состанок ќе се одржи на 10 септември. Од собраниската прес-служба информираат и дека за истиот ден е предвидена и надзорна посета ...
По вчерашното закажување на сединца на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, денеска пристигна вест за нејзино одложување без наведено образложение од Собранието. Сединицата требаше да ја води пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска. Како што соопшти на прес конференција седницата се одложила, неофицијално, поради утната процедура или погрешна примена на Деловникот, и поради тие ...
Британската вицепремиерката и министерка за домување, Анџела Рејнор денеска поднесе оставка откако призна дека платила помалку данок за нејзиниот нов дом. – Длабоко жалам за мојата одлука да не барам понатамошни даночни совети. Преземам целосна одговорност за оваа грешка, напиша Рајнор во писмото упатено до премиерот Кир Стармер. Рејнор основала фонд за еден од нејзините синови, кој е хендикепиран, а потоа го продала својот удел во семејната ...
Европската комисија го казни Гугл со 2,95 милијарди евра поради кршење на антимонополските правила со спречување на конкуренцијата на пазарот на рекламни технологии, и покрај заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе дополнителни тарифи на ЕУ „доколку дискриминира американски компании“. Американскиот технолошки гигант ги фаворизира своите услуги на штета на конкуренцијата на пазарот на огласувачи и онлајн издавачи, објави ...
ДРАГАН МИШЕВ Додека Владимир Путин маршираше на чело на парадата за Денот на победата во Пекинг заедно со Си Џинпинг, Ким Џонг Ун и Лукашенко, таму беа и тројца претставници на ЕУ: Роберт Фицо, премиер на Словачка, Петер Сијарто, министер за надворешни работи на Унгарија и Атанас Зафиров, вицепремиер на Бугарија. Нивното присуство не беше само симболично – туку беше срамнo. Стоејќи покрај автократи, воени злосторници и брутални диктатори, тие ...
Разумно е на Северна Македонија да и се гарантира дека нема да бараме да прави ништо повеќе подоцна, откако ќе го стори она што сега го очекуваме и сакаме од неа, изјави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта по средбата со бугарскиот премиер Росен Жељазков во Софија. – Северна Македонија долго време работи на овој процес. Го разбирам нивното негодување. Тие го сменија Уставот, го сменија знамето, го сменија и името на земјата и ...
Заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, ќе ја посети Бугарија на 7 и 8 септември, се вели во соопштението за медиумите на НАТО. Таа ќе одржи неколку билатерални средби. За време на посетата, Шекеринска ќе ги посети војниците од Мултинационалната борбена група на НАТО „Бугарија“ во базата во Ново Село и ќе ја набљудува вежбата на НАТО за итен одговор „Бугарија 2025“ во Центарот за обука на професионални први одговорници во ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во објава на Фејсбук сподели дека претседателот на САД Доналд Трамп и упатил честитка по повод 34-годишнината од Денот на независноста на Македонија – 8 Септември. Сиљановска Давкова изразува благодарност за честитките за кои што оценува дека не се само потврда на цврстото американско-македонско пријателство и стратешко партнерство, туку и причина за нивно унапредување. – Искрена благодарност до ...
Случајот со апсењето на две лица во Хрватска под сомнение за шпионажа за Србија, објавен кон крајот на август, продолжува да биде полн со непознати, како и активноста за која се обвинети дека ја извршиле на Косово, пишуваат косовските медиуми. Премиерот на Албанија, Еди Рама, во интервју за ТВ Клан изјави дека самитот на НАТО што ќе се одржи во 2027 година во Тирана ќе биде заштитен со дронови од албанско производство, објавија албанските ...
САД воведоа санкции против три палестински групи за човекови права кои побараа од Меѓународниот кривичен суд (МКС) да го истражи Израел поради наводите за геноцид во Газа, според известување објавено на веб-страницата на Министерството за финансии на САД, пишува Гардијан. Трите групи – Палестинскиот центар за човекови права со седиште во Газа и Центарот за човекови права Ал Мезан, како и Ал-Хак со седиште во Рамала – беа наведени под она што ...
Обвинителството поднесе нов обвинителен акт против уште едно лице во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што животот го загубија 62 лица, а над 220 беа повредени. Новообвинетиот, реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити Солушн“, се товари за тешки дела против општата сигурност, поради сериозни пропусти во организацијата и спроведувањето на мерките за заштита во објектот. Обвинението е поднесено до ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија се соочува со недостиг на гас, објави „Москва тајмс“ на 4 септември, пренесува Кијив Индипендент. Изјавата доаѓа по неколкумесечната украинска кампања насочена кон енергетската инфраструктура на Русија, во обид да се изврши економски притисок врз Русија и да се поткопа нејзината способност да ја финансира својата војна против Украина. Зборувајќи на Источниот економски форум во Владивосток ...
Филмот од Газа „Гласот на Хинд Раџаб“ доби 23-минутни стоечки овации по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција, што се смета за рекорд, објави Би-би-си. Реконструкцијата на режисерот Каутер Бен Ханија ја раскажува приказната за шестгодишната Хинд Раџаб, која беше убиена заедно со нејзините братучеди, тетка, чичко и двајца болничари кои им дојдоа на помош откако нивниот автомобил беше отворен од израелските сили во градот Газа во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес конференција изјави дека „илјадници“ западни војници би можеле да бидат распоредени како дел од безбедносните гаранции во мировниот договор за завршување на војната со Русија, пренесе Гардијан. „Дефинитивно нема да биде едноцифрен број, туку илјадници. И тоа е факт, но сè уште е малку рано да се зборува за тоа“, рече тој. Зеленски рече дека темпото на работа за безбедносните гаранции за ...
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, се сретна со Милорад Додик во Будимпешта на 4 септември, обраќајќи му се со „г-дине претседателе“, иако неговиот мандат беше официјално одземен. Унгарскиот шеф на дипломатијата изјави дека Унгарија ја почитува волјата на народот кој „ги избра своите лидери демократски на изборите“. Додик повеќе не е претседател на ентитетот Република Српска (РС) во Босна и Херцеговина, по пресудата ...
Хуманитарната помош од 1.200 тони, што пред нешто помалку од 20 дена тргна по морски пат, со брод, од кипарското пристаниште во Лимасол, пристигна во Газа, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни работи на Кипар преку Икс информираа дека хуманитарната помош пристигна во координација со КОГАТ, односно израелската служба при Министерството за одбрана, надлежна за цивилната координација во палестинските територии, а ...
Во пресрет на локалните избори 2025, денеска официјално започнува набљудувањето од страна на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, откако Државната изборна комисија (ДИК) вчера едногласно ги усвои барањата за акредитација на 14 меѓународни набљудувачи. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на вчерашната седница информираше дека денеска ќе се одржи првата официјална средба со претставниците на Набљудувачката мисија, со што и формално ќе започне нивната ...
Предлог-декларацијата за одржување на фер, слободни и демократски избори за членови на советите и за градоначалници на општините и на градот Скопје поднесена од претседателот на Собранието Африм Гаши е на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Предлог-декладарацијата е на дневен ред и на собраниската Законодавно правната комисија. Во Предлог-декларацијата, објавена на собраниската веб-страница, се ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши за денеска во 11 часот ја закажа седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежи за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Како што информираа вчера од собраниската прес-служба, со седницата ќе претседава пратеничката на ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази загриженост дека Европа не ја игра улогата на светската сцена што ја сака и треба да ја преземе за правилно да ги заштити своите интереси. „Она што ме загрижува, и морам да признаам дека ме оптоварува, е тоа што ние Европејците во моментов не ја преземаме улогата во светот што ја сакаме, a треба да ја играме за правилно да ги заштитиме нашите интереси“, рече Мерц според интервјуто за CDU.TV, ...