Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Полска потврди дека соборила руски беспилотни летала во својот воздушен простор за време на масовен воздушен напад врз Украина во текот на ноќта на 10 септември, што се чини дека е прв случај членка на НАТО да ги ангажира средствата на Москва над својата територија за време на војната, пренесува Кијив Индипендент. Инцидентот се случил додека бранови руски беспилотни летала и ракети беа лансирани низ Украина, првенствено насочени кон ...
За жал, Република Северна Македонија, откако сама го блокираше својот пат кон ЕУ, влезе во наративот на “српскиот свет”, изјави за ЦивилМедиа, Џелал Хоџиќ, претседателот на СДА Македонија. Наративот на “српскиот свет” е составен во голема мерка од пропагандата на големосрпската политика, која уште има за цел промени на границите на државите од Западен Балкан. И Северна Македонија тука не е исклучок, смета Хоџиќ. Според него, пропагандата на ...
Полска собори беспилотни летала што влегоа во нејзиниот воздушен простор за време на широко распространетиот руски напад во западна Украина, при што членката на НАТО го нарече упадот „чин на агресија“ и го означи првиот пат кога членка на алијансата испукала истрели во војната, објави Ројтерс. Воздушниот простор на Полска беше нарушен од огромен број руски беспилотни летала, а оние што претставуваа директна закана беа соборени, изјави ...
23-годишна украинска бегалка беше смртно избодена во Шарлот, Северна Каролина, на 22 август, објави „Шарлот Обзервер“, пренесува Кијив Индипендент. Инцидентот се случил во 21:55 часот додека жртвата, Ирина Заруцка, била во воз на станицата за лесни железнички линии Саут Енд. Заруцка избегала од Кијив во 2022 година барајќи безбедност од целосната инвазија на Русија, а членовите на семејството ја опишале како надеж за нов почеток. „Ова е ...
Вкупно 29 пожари на отворен простор се евидентирани низ држававав утрово до седум часот, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има на депонијата Дрисла во општина Студеничани, кај село Никуштак во општина Липково, село Булачани во општина Гази Баба и кај село Татеши и населбата Еленкамен во општина Струга. Под контрола се пожарите во општините Берово и Струмица. Кај село Русиново, опожарени се дабова, букова шума и папрат. ...
На медиумската платформа Civil.Today денеска е објавена нова анализа од Џабир Дерала на англиски јазик со наслов: „Без куршум, без граници, покорени со наративи: Тивкото освојување на Северна Македонија“ (No Bullets, No Borders, Conquered by Narrative: The Silent Conquest of North Macedonia). Во текстот се истражува како Србија и Русија, преку пропаганда, културна доминација и идеолошка инфилтрација, водат хибридна војна против Северна ...
ТЕМА НА ДЕНОТ На Денот на независноста на Република Северна Македонија, вчера( 8 септември), министерката за труд и социјални прашања на Србија придружена со делегација и во присуство на вицепремиерот Иван Стоилковиќ, ја одбележа годишнината од битката на Кајмакчалан, со српско, црногорско и грчко знаме. Настанот беше одбележан со исклучително провокативен говор во кој меѓу другото, ги прогласи Битола и Охрид за српски градови. Реакција ...
Службата за општи и заеднички работи на Владата отопочна постапка за брендирање, односно означување на сите службени возила во државата. Целта е до 29 септември, односно до почеток на кампањата за локалните избори сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани, односо да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја, изјави директроот на Службата за општи и заеднички ...
Организаторите на култниот фестивал „Егзит“ (EXIT) објавија дека фестивалот не се сели во Скопје или во Египет, но истовремено дека не постои можност следното издание да се одржи во Србија бидејќи е суспендирано државното кофинансирање поради дадената поддршка на српските студенти кои протестираат. Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски, од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил објави дека ...
Српскиот министер за одбрана, Братислав Бата Гашиќ, поранешен директор на БИА (српската УДБА), во ова видео тврди дека Кајмакчалан е српска земја. Ова тој го изјави во присуство на Иван Стоиљковиќ, вицепремиер во владата на Мицкоски. Братислав Бата Гашиќ актуелен министер за одбрана на Република Србија, директор на Безбедносно-информативната агенција (2017–2022) и министер за внатрешни работи на Република Србија (2022–2024). Д. Мишев Tags: ...
Петте највисоки членови на Европската зелена партија денес побараа од лидерите на Европската унија „јавно да ги осудат личните навреди, заканите за кривично гонење, заплашувањето и кампањата за дезинформации“ од страна на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на сметка на европските политички претставници и демократските актери, но и да „ги бранат европските вредности и да покажат поддршка за граѓаните на Србија“, објавија српски ...
Братски, сé да земе. Српскиот министер за одбрана, поранешен директор на БИА (српската УДБА), тврди во 2025 дека Кајмакчалан е српска земја. Заедно со потпретседателот на владата на Мицкоски. Ќе гукне ли некој нешто од „патриотиве“, или сите се лажни?-прашува Марјан Забрчанец објавувајќи видео со скандалозниот говор на српскиот министер. Братислав Гашиќ, актуелен министер за одбрана на Република Србија, директор на Безбедносно-информативната ...
Декларацијата за фер, слободни и демократски избори што ја предлага претседателот на Собранието, а која ќе се најде на дневен ред на пленарната седница закажана за 12 овој месец, не е потпишана само од пратеничката група на „Левица“. Претседателот на Собранието Африм Гаши е задоволен и се надева дека декларацијата ќе допре до секој пратеник за да има фер и демократски локални избори. Досега, како што вели, нема забелешки на ...
Градската дива депонија „Вардариште“ во Аеродром останува една од најгорливите еколошки теми во Скопје. Иако во јавноста со години се ветува негова санација и пренамена, реалноста е дека просторот и натаму претставува потенцијална еколошка бомба. Иако во изминатите години се споменуваа различни проекти – од изградба на спортски терени и паркови, до целосна еколошка санација со меѓународна поддршка – ниту еден од нив не беше реализиран до ...
„Империјалистичкиот план“ на Русија не би завршил со освојување на Украина, туку би бил само почеток“, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц на 8 септември, пренесува Кијив Индипендент. „Секојдневно и со зголемен интензитет доживуваме хибридни руски напади, вклучително и врз нашата инфраструктура“, рече Мерц, додавајќи дека Москва постојано изведувала провокации во Балтичкото и Северното Море. На 29 август, Мерц ги осуди руските напади врз ...
ЕРОЛ РИЗАОВ Ги слушам топовските салви како одекнуваат од скопското Кале спроти 34-годишнината од независноста на Македонија. Сѐ е исто како и лани, како и сите овие изминати години. Се слават големите успеси без да се набројат, оти малку што има да се брои. Се поделија наградите за заслуги, повторно по којзнае кој пат гледавме здодевни свечени академии, жестоки и огнени говори добро накитени со партиска предизборна пропаганда за хероите, ...
Иницијативата „Сите за Палестина“ денеска во 18 часот ќе организира протест пред Министерството за надворешни работи и надворешна трговија како солидарност со палестинскиот народ пред почетокот на 80-то Генерално собрание на ОН, каде ќе учествува и македонска делегација. Од иницијативата апелираат дека треба да запре молкот пред геноцидот во Газа и повикаа граѓаните да се потпишат на петиција каде ќе се бара владата и меѓународните ...
Премиерот Христијан Мицкоски вчера вечер на својот Инстаграм-профил објави дека отпатувал во Будимпешта со своите синови Јован и Антониј. Таму ќе останат два дена, а денеска ќе го следат фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Португалија и Унгарија во рамки на квалификациите за Светското првенство 2026. ,,Ретко сме заедно, уште поретко имам прилика да ја исполнам нивната желба. Овој пат ден поминат со Јован и Антониј. Заедно тројцата ...
Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Детали се очекуваат на денешната прес-конференција што ја најави Службата за општи и заеднички работи на Владата. Најавено е присуство на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик-претседателот на Владата ...
Американските пратеници објавија копија од „роденденската книга“ дадена на починатиот финансиер, осуден педофил Џефри Епштајн во 2003 година, која вклучува белешка наводно потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Би-би-си. Книгата беше објавена со мноштво документи што го вклучуваат тестаментот на Епштајн и неговиот личен адресар – со контакти меѓу кои се членови на кралското семејство, познати личности, модели и ...
САД повеќе нема да соработуваат со Европа во борбата против дезинформациите од непријателски држави, вклучувајќи ги Кина, Иран и Русија, објави Financial Times на 8 септември, цитирајќи три неименувани европски претставници. „Информатичката војна е реалност на нашето време, а вештачката интелигенција само ќе ги зголеми ризиците од тоа“, рече Џејмс Рубин, поранешен раководител на Центарот за глобално ангажирање (GEC). Белата куќа се обиде да ...
Министерката за труд и социјална политика на Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, официјално најавувајќи го спроведувањето на проектот за вклучување на нашата земја во таканаречениот „српски свет“, објави денес Алијанса за Албанците преку соопштение до јавноста како и на својот Фејсбук профил, каде сподели две, како што велат, скандалозни видеа. Како што велат од АА, окупацијата на Македонија од страна на Србија ...
Амбасадата на САД преку објави на социјалнитемреќи упати честитки по повод 8 Септември – Денот на независноста на државава, споделувајќи ја притоа и честитката од државниот секретар, Марко Рубио . U.S. Embassy staff joined members of the diplomatic corps to honor North Macedonia’s first president Kiro Gligorov, first prime minister Nikola Kljusev, and former president Boris Trajkovski with flowers of remembrance. They also commemorated the ...
Командантот на српската Специјална антитерористичка единица (САЈ), Спасоје Вулевиќ, потврди дека е разрешен од функцијата и дека се пензионира по сопствено барање. Вулевиќ за агенцијата Бета изјави дека во четвртокот е донесена нова систематизација на работни места и дека во петокот бил информиран дека повеќе на него не се смета да биде командант, бидејќи не е под контрола на Александар Вучиќ. „По завршувањето на военото средно училиште и ...
Остануваат уште 7 дена за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи кој е во тек. Крајниот рок за пријавување е 15 септември, 17 часот. Набрзо по селекцијата на набљудувачи, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите кои ќе се одржат на почетокот на октомври. Обуките се задолжителни за сите избрани набљудувачи, без оглед на тоа дали биле набљудувачи на ЦИВИЛ и во некој од претходните изборни ...
Ѓорги Галетановски – Чомбе -Автомобилот е „пепел“. Ми се јави брат ми, вели – ти гори автомобилот, се слушаат експлозии, гумите пукаат. Се симнав долу, веќе беше пристигната противпожарна екипа, а лицето што го направило ова е видено како бега, слаб, висок со дуксер. Позната е траекторијата на движење на лицето. Ниту сум скаран со некого ниту пак некој ми се заканувал. Апелирам до МВР и министерот што побрзо да го фатат сторителот. Не ми е ...
Израелската војска (ИДФ) изјави дека палестинските цивили во сите области на градот Газа мора веднаш да се евакуираат пред голема копнена офанзива против Хамас во областа, објави „Тајмс оф Израел“. Предупредувањето ја означува првата општа наредба за евакуација на целата област на градот Газа; претходните предупредувања издадени од израелската војска во последните денови се однесуваа само на одредени згради и областа околу нив. -ИДФ е решена ...
Романија, Чешка и Унгарија заеднички расформираа белоруска шпионска мрежа што дејствуваше низ цела Европа, објави Чешката безбедносна и информативна служба (БИС) на 8 септември, пренесува Кијив Индипендент. Според БИС, мрежата била организирана од страна на Комитетот за државна безбедност (КГБ) на Белорусија за регрутирање агенти и собирање чувствителни разузнавачки информации. Меѓу разоткриените бил и поранешен заменик на разузнавачката ...
Франција е втурната во нова политичка криза откако пратениците гласаа за разрешување на премиерот Бајру, пренесува Би-би-си. Францускиот претседател Емануел Макрон ќе именува нов премиер „за неколку дена“, вели неговиот кабинет – кој е во трката? Премиерот Франсоа Бајру го нарече изненадувачкото гласање за доверба по огромното противење на неговите буџетски планови Неговиот пораз беше неизбежен – но огромниот куп долгови на Франција ...
Две експлозии во рускиот град Хабаровск на далечниот исток убија и повредија припадници на воена единица обвинета за извршување воени злосторства за време на Битката за Кијив во 2022 година, изјави извор од украинското воено разузнавање (ХУР) за Кијив Индепендент. „Две експлозивни направи експлодираа на паркинг во близина на воената единица“, рече изворот. „Експлозиите се случија околу 9 часот наутро – точно во моментот кога руската армија ...