Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Европската комисија го поздрави усвојувањето на измените на четири закони во српскиот Парламент што се однесуваат на изборниот процес и побара да се продолжи со препораките на ОДИХР и законите да почнат да се спроведуваат. „Четирите закони усвоени од Народното собрание претставуваат добредојден чекор напред кон спроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР за подобрување на изборната рамка на Србија, со цел да се поддржи одржувањето на слободни ...
Албанскиот премиер Еди Рама, во реакција на Фејсбук, 26 мај кога во Брисел, се очекува Меѓувладината конференција Албанија-ЕУ, оценува дека со тоа ќе се означи успешното завршување на воведната фаза и отворање на последната фаза од преговорите за пристапување. „На 26 мај во Брисел, Меѓувладината конференција Албанија – ЕУ успешно ја запечатува воведната фаза и ја отвора последната фаза од преговорите за пристапување. Бидејќи за разлика од она ...
Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) на денешната седница го потврди избирачкиот список за предвремените парламентарни избори, што ќе се одржат на 7 јуни. Според избирачкиот список право на глас имаат 2.092.174 граѓани, што е за 15.884 повеќе во однос на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 28 декември минатата година. Во Косово право на глас имаат 1.959.962 граѓани, додека 132.212 граѓани се регистрирани за гласање во ...
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ денеска во Прага изјави дека не ја разбира стратегијата на Европската Унија, тактиките и погледот кон Западен Балкан. Таа нагласи дека се постојано се менува и дека имало голем број празни и неисполнети ветувања, и верува дека многу отворени прашања во регионот би можеле да се решат многу полесно доколку тој беше дел од ЕУ, пренесоа белградските медиуми. „Моето мислење е дека ова е прилично ...
Управата за јавни приходи ги известува компаниите што во моментот тестираат и оние што се вклучуваат во тестирање на системот „Е-фактура“ да се информираат и раководат исклучиво од она што е објавено на веб-страницата на проектот за е-фактура https://efakturawiki.ujp.gov.mk/mk-mk/eFaktura-WebAPP, своите прашања и сугестии да ги поставуваат на адресата Kontakt.eFaktura@ujp.gov.mk или до даночните агенти со кои воспоставиле контакт. – ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2026 година, изнесуваше 48 433 денари и во однос на март 2025 година, е повисока за 8.2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15.6 проценти, Дејности во врска со недвижен имот за 12.2 проценти и Информации и ...
Под влијание на циклонска активност, викендов во се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град. Во деновите петок, сабота и недела, ќе биде под влијание на циклонска активност која ќе донесе значителна дестабилизација на атмосферата и услови за невреме во повеќе делови од земјата. Според прогнозите, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но на повеќе места се очекуваат поројни ...
На платото на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод одбележувањето на 77-годишнината од основањето на Универзитетот и патрониот празник – 24 Мај. Активностите ќе почнат со положување цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј, по што во свечената аула на ректоратот ќе се обрати ректорката на Универзитетот, проф. д-р Биљана Ангелова. Ќе бидат доделени награди на најдобро ...
На 21.05.2026 во 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) ...
„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја? Ние не преговараме за фотелји и позиции. Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.“ СДСМ Центар за комуникации со јавноста „Каква широка влада? Кој зборувал за ...
Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам се меѓу загинатите во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница. Според неофицијалните информации, Ристе го управувал возилото. Адам пак е втора на ФИНКИ. Со нив биле уште две лица, од кои едното лице е 20-годишниот П.М. Идентитетот на второто лице се утврдува. Според неофицијалните информации на „Скопје1“, истражните органи веќе утврдиле дека камионот удира ...
Македонија се наоѓа пред многу важен момент за нејзината иднина. Во период кога Европската Унија повторно го отвори процесот на проширување како врвен геостратешки приоритет, Македонија не смее да остане настрана. Доколку ја пропуштиме оваа шанса за полноправно членство во ЕУ, ризикуваме да станеме слепо црево на Балканот. Замјите од регионот напредуваат. Формирана е комисија за пристапниот договор на Црна Года, сериозен напредок има и ...
После толку жртви, убиства, насилства и целосен распад на безбедносниот систем отвора едно прашање: што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална одговорност и да поднесе оставка? Дека нема морал, дека нема систем – граѓаните веќе одамна знаат. Но жртвите стануваат премногу. Премногу човечки животи згаснаа, премногу семејства се уништени, премногу трагедии се потврда дека МВР не функционира, ниту како превенција ниту како ...
Со Мицкоски на власт се случува економска катстрофа и финансиски крах. Буџетот е во криза, снемува пари – власта неконтролирано се задолжува и трупа нови долгови за своите криминални тендери. Последното барање на Владата за ново задолжување од 260 милиони евра, е уште еден доказ за дилетантскиот однос на Мицкоски. Побараа 300 милиони евра од банки, но банките одобрија само 260 милиони евра со висока камата од 4,5%. Ова значи само едно – и ...
Денеска, почина Бошко Стаменковски – Боле, човекот кој со својата ведрина, истрајност и љубов кон бодибилдингот, спортот и родниот град го издигна името на Македонска Каменица низ целиот свет. Роднините, пријателите и сограѓаните се простуваат од својот другар, роднина и пријател кој што остави неизбришлива трага во урбаното живеење на градот. „Замина шампионот, но засекогаш ќе остане гордост за своето семејство, за Македонска Каменица, ...
Педесет и еден годишниот првенец на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, неговиот 20 годишен син и уште две 20-годишни момчиња, загинаа во сообраќајната несреќа, која се случи синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. МВР попладнево соопшти дека е потврден идентитетот и на четвртата жртва во катастрофалната несреќа и оти исто така станува збор за 20-годишно момче. -Од здобиените повреди на ...
Донесувањето закони преку ноќ, без вклучување на оние чија егзистенција е директно засегната, ги извади работниците од игрите на среќа на улица. Револтирани од новиот предлог-закон кој ќе значи клуч на врата за нивните работни места, вработените преку Здружението „Сакам да работам“ денеска го одржаа својот прв предупредувачки протест. Нивната порака до власта е јасна: одлуките што се носат во удобните фотелји имаат катастрофални последици на ...
Оклахома Сити ноќеска го победи Сан Антонио во вториот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА-лигата со 122:113. Натпреварот се одигра во „Паком Центарот“ во Оклахома. Плејмејкерот на домашниот тим Шеј Гилџус-Александар, постигна 30 поени, двоцифрени беа и Карусо (17), Холмгрен (13), Мекејн (12), Волас (12). Кај гостите се истакнаа Касл (25 поени) Васел (22), Вембањама (21 + 16 скока) и Харпер (12). Резултатот во серијата прв ...
Сан Антонио и Њу Орлеанс ќе играат натпревари од регуларната сезона на НБА-лигата сезона 2026/27 во Париз и во Манчестер. Натпреварите ќе се одржат на 14 и 17 јануари 2027 година, објави „ESPN“. Ова ќе бидат првите натпревари од регуларната сезона на Њу Орлеанс во странство. Тимот претходно играше претсезонски натпревари во Кина во 2016 година и во Европа во 2008 година. Овие натпревари ќе вклучуваат младински кошаркарски школи, семинари за ...
Познати се и двојките за баражите за место во Втората македонска фудбалска лига, каде осум екипи ќе водат битки за четирите позиции. Жрепката се одржа денес во просториите на ФФМ. За четирите места во оваа конкуренција ќе се борат осум екипи од кои три се екипи кои се пласираа од деветтото до 11. место во Втората лига и петте шампиони во регионалните лиги. Двојки: Тетекс Тетово – Влазними Струга Каменица Саса – Еуромилк ГЛ Кожув Гевгелија – ...
Менаџерот на Астон Вила Унаи Емери соборува рекорди и синоќа со својата екипа го освои пехарот во Лига Европа. Ова е за него петти триумф во ова натпреварување откако претходно во три наврати победуваше со Севиља и еднаш со Виљареал. Благодарен сум на сопствениците, тие постојано не поддржуваа. Секако и на навивачите и играчите. Секогаш кога бев успешен во ова натпреварување ми беа потребни добри играчи. Ова е навистина фантастично. Сите ...
Со силни безбедносни мерки, како во центарот на градот така и во околината на салата, со фан-зона за навивачите и љубителите на кошарката, Атина се подготвува за завршниот турнир на Евролигата што ќе се одржи од утре до недела, а учество обезбедија Валенсија, Реал Мадрид, Олимпијакос и Фенербахче – јави дописничката на МИА од Атина. Атина, по пауза од 19 години, е домаќин на фајналфорот, натпреварите ќе се одржат во реновираната олимписка ...
Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија, по разгледување на службените извештаи и официјалните информации поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, ги донесе следните одлуки: – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на клубот. – ...
Ако сте во потрага по десерт кој е истовремено сладок, освежителен и полн со хранливи состојки, оваа сирова протеинска торта е совршениот избор за вас. Се подготвува брзо, не бара печење, а комбинацијата од суво овошје, јаткасти плодови и кремасто сирење ќе ги задоволи сите ваши сетила. Одличен избор за здрава ужина или десерт по тренинг. Состојки за подлогата: 40 грама суви смокви 50 грама суви брусници 50 мл сок од портокал 50 грама моркови ...
Кајли Миног проговори за долгорочните ефекти од нејзината борба со ракот на дојка, велејќи дека искуството низ коешто минала во 2005 година и денес сè уште влијае на нејзиниот живот. Дијагнозата ја добила на 36 години, што довело и до откажување на многу концерти. Подоцна се откри дека болеста првично била погрешно дијагностицирана. Инаку, австралиската пејачка со години зборува за нејзиното закрепнување и емоционалните последици. Во ново ...
Американската компанија „Спејс икс“ (SpaceX) официјално ги потврди плановите за својата прва понуда за тргување со акции. Плановите беа објавени во поднесокот за хартии од вредност, што е неопходен за секоја компанија што планира да излезе на берза. Првичната јавна понуда, според познавачите, би го направила извршниот директор на „Спејс икс“, Илон Маск, уште побогат и воедно прв трилионер во светот, што според аналитичарите е пресвртница што ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против лицето И.Ш. во својство на градоначалник на Општина Врапчиште поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од чл.353 ст.3 в.в со ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Како што стои во соопштението, пријавениот И.Ш., во текот на 2025 година, ги ...
Пронајдено е тело на жена со прострелна рана во главата, во Скопско, покрај неа пронајден е и пиштолот на нејзиниот сопруг, информираа денеска од Јавното обвинителство. – Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршија увид на самото место во село Копаница, Скопско, каде беше пронајдено тело на почината 37-годишна жена со прострелна рана во главата. По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е ...
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предложи Украина да добие статус на „придружена членка“ на Европска Унија како преоден чекор кон полноправно членство, што според него би можело да помогне во постигнување договор за завршување на војната. Според предлогот, украинските претставници би можеле да учествуваат на самитите и министерските состаноци на Европска Унија, но без право на глас. Фридрих Мерц смета дека таквиот модел би можел да ги ...
Европска Унија и Обединето Кралство го осудија однесувањето на израелските власти кон приведените активисти од флотилата со хуманитарна помош за Појасот Газа. Според извештаите, израелски полицајци ги натерале активистите да клекнат на земја со рацете врзани зад грб, во присуство на крајнодесничарскиот министер за внатрешна безбедност, Итамар Бен-Гвир. Објавувањето на видео-снимката од страна на Итамар Бен-Гвир предизвика критики и од ...