Ново деноноќие со повеќе случаи на семејно насилство низ државата. Полицијата приведе три лица, а регистрирани се вкупно пет пријави за физички напади и закани во семејства во Скопје, Неготино и Виница. Во еден од случаите, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг по расправија во семејниот дом. Полициски службеници од СВР Скопје го привеле и 50-годишниот И.И. од скопско, откако неговата ...

Новата седмица ни носи летни температури во Македонија кои на повеќе места ќе се искачуваат помеѓу 25 и 30 степени, додека во централните и во југоисточните предели, како и во Скопската котлина температурите ќе надминуваат 30 степени. Очекувам постабилна атмосфера во текот на новата седмица, но повремено и локално повторно секако може да рачунаме на развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Сепак, за разлика од ...

Го разбирам незадоволството и негодувањето кај луѓето кои сè повеќе губат трпение од испораката на правдата, кажа на денешната свечена академија за одбележувањето на денот на Св. Кирил и Методиј премиерот Христијан Мицкоски осврнувајќи се на борбата против корупцијата. -Морам да кажам дека и јас не сум до крај задоволен и сметам дека може многу, многу подобро и со многу побрзи резултати. Немојте да мисли кој било од вас дека не ги слушам оние ...

Две лица биле застрелина во инцидент со американската тајна служба во близина на Белата куќа, пренесува „СиЕнЕн“. Според изјава на претставник од безбедносните служби, припадници на униформираната единица на тајната служба реагирале по пријава за лице кое пукало со оружје. Новинарски екипи во близина на Белата куќа слушнале десетици истрели, а потоа бил воведен безбедносен карантин и започнала брза интервенција на федералните служби. ...

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните на голем протестен митинг во Белград под мотото „Ти и јас, Славија“, како дел од кампањата „Студентите победуваат“. Собирањето е најавено на четири локации во Белград, а централниот протест на Славија треба да се одржи од 18 до 20 часот. Главното барање на студентите е распишување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата. Студентското движење произлезе од антивладините ...

Експлозија на гас во рудник за јаглен во северна Кина одзеде 82 животи, според државните медиуми, пренесе Си-Ен-Ен. „Спасувачките напори се уште се во тек. Бројот на жртвите сè уште се пресметува“, објави CCTV, додавајќи дека девет лица сè уште се водат како исчезнати. Не е јасно колку луѓе останале заробени во рудникот во покраината Шанкси. Претходно, државната новинска агенција Ксинхуа објави дека нивоата на јаглерод моноксид „ги надминале ...

Иран соопшти дека нуклеарното прашање не е дел од почетната рамка што ја подготвува за ставање крај на војната со САД. – Во оваа фаза нема да разговараме за деталите од нуклеарното прашање … одлучивме да му дадеме приоритет на едно итно прашање за сите нас: прекин на војната на сите фронтови, вклучително и во Либан – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаи, за државната телевизија. Тој додаде дека нуклеарното ...

Министерството за финансии соопшти дека му ја одзело дозвола за работа на, како што наведува, „едно од поголемите финансиски друштва на пазарот“, откако граѓанин пријавил, а вонреден надзор открил сериозни неправилности и непочитување на законот. Министерството не го открива името на фирмата за брзи кредити која останала без лиценца. Надзорот утврди грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 76-годишен државјанин на Косово, осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по стравичната несреќа на скопската обиколница кај клучката Мирковци, во која загинаа четири лица. Според обвинителството, осомничениот управувал товарно возило „МАН“ со полуприколка со косовски регистарски таблички по северната обиколница на ...

Гимназијата Никола Карев каде учеле тројцата 20-годишни момчиња кои загинаа со сообраќајната несреќа на скопската обиколница се прости од своите поранешни ученици. – Со огромна тага и неверување ја примивме веста за сообраќајната несреќа во којаме ги загубив нашите поранешни ученици, Марко, Петар и Адам, матуранти во генерацијата 2020-2024 година, момчиња познати по насмевките, шармот и другарувањата со сите. Срцето на Карев денес плаче. ...

Земјотресот што попладнево го почувствуваа граѓаните на Скопје потекнува од скопското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека јачината на земјотресот е 3,5 степени според Рихтер, а интензитетот е четири степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот е регистриран во 17:41 часот. МИА Земјотресот што попладнево го почувствуваа граѓаните на Скопје потекнува од скопското ...

Екипата на Ал Наср предводена од Португалецот Кристијан Роналдо ја освои титулата во Саудиската Про лига. Во натпреварот од последното коло на домашен терен Ал Наср го надигра Дамак и со победата од 4:1 го освои првото место пред Ал Хилал со два бода повеќе. На крајот по 34 кола Ал Наср освои 86 бодови, а Ал Хилал – 84. На дуелот со Дамак, новиот шампион поведе со голот на Садио Мане, а Кингсли Коман на почетокот на вториот дел зголеми на ...

До почетокот на Ролан Гарос остануваат уште два дена (24.мај – 7.јуни), а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во недела на првиот ден ќе игра против Џовани Перикар. Пред почетокот на турнирот тој во разговор со новинарите порача дека не е дел од тенисерите и тенисерките, кои ќе ги бојкотираат медиумите. – Не сум дел од тоа. Не можам да коментирам, навистина. Можам да бидам за правата на играчите, како и до сега, а не само з анајдобрите играчи, ...

Брзо и лесно за подготовка, а многу вкусно. Може да се сервира како лесен оброк. Состојки: 250 грама канелони 1 кг исчистен спанаќ 800 грама излупени домати, исечени на коцки 200 грама кравјо сирење 500 грама крем сирење 80 грама рендан пармезан 2 мали главици црвен кромид прстофат шеќер 2 листа жалфија маслиново масло по потреба сол и бибер по вкус Подготовка: Излупете ги двете главици кромид, исецкајте ги и испржете ги половината во 4 ...

Компанијата „Спејс Икс“ синоќа го прекина тест-лансирањето на својата најнова и најголема ракета „Старшип“ на само триесетина секунди пред планираното полетување, поради серија технички проблеми во завршната фаза од одбројувањето. Ракетата, висока 124 метри, требаше да полета од лансирниот комплекс „Старбејс“ во Тексас и да изведе суборбитален лет на траекторија која се протега околу половина од Земјината топка. Сепак, непосредно пред ...

„Држава со 21.000 жители распоредени на 500 острови ја забрани кремата за сончање и на секој турист му наплаќа 100 американски долари. Архипелагот со нешто повеќе од 500 острови во западниот дел на Тихи Океан, во регионот Микронезија, има усвоено низа политики за заштита на морската средина какви што ретко која држава во светот ги спроведува во толкава мера. Државата во 2009 година стана првата земја во светот која воспостави национално ...

Сообраќајна несреќа синоќа предизвика пренасочување на сообраќајот на обиколницата во Скопје. Дел од медиумите објавија дека доцна синоќа сообраќајна несреќа се случила на обиколницата, по која избувнал пожар, а на лице место биле пристигнати и противпожарна екипа и итна медицинска помош. ЈП Македонија пат синоќа соопшти дека од 23:30 часот се врши пренасочување на сообраќајот на патниот правец Велес –Тетово од клучка Мирковци до клучка ...

Соединетите Американски Држави ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа најава на Трамп доаѓа само два дена откако потпретседателот Џеј Ди Венс пред новинарите изјави дека распоредувањето на американските сили во Полска се одложува. САД во моментов го преиспитуваат своето воено присуство во Европа, при што се очекуваше намалување на трупите по инсистирањето на Трамп дека НАТО мора ...

Во Демократска Република Конго повторно расте загриженоста поради ширењето на смртоносниот вирус ебола, додека ситуацијата на терен дополнително се влошува по протестите и насилствата во дел од погодените региони. Според локалните информации, разгневени демонстранти запалиле центар за лекување на пациенти заразени со ебола, изразувајќи незадоволство и недоверба кон здравствените власти и меѓународните организации. Инцидентот предизвикал ...

Летното сметање на времето би можело да остане во сила во текот на целата година во САД, според новиот предлог-закон во Претставничкиот дом кој вчера ја оживеа идејата за укинување на полугодишното поместување на стрелките на часовникот. Комисијата за енергетика и трговија при Претставничкиот дом гласаше со 48 гласа „за“ и само еден „против“ за таканаречениот „Закон за заштита на сонцето“, со кој оваа промена најверојатно би се имплементирала ...

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар одби да ја потпише документацијата за исплата на со закон предвидените отпремнини за министрите од поранешната влада на Виктор Орбан, предизвикувајќи политички спор кој кулминираше со неочекувани хуманитарни гестови од двете страни, јави Хина. Маѓар објави дека вкупниот фонд за отпремнини од речиси милијарда форинти (околу 2,6 милиони евра) наместо на поранешните функционери, ќе биде пренасочен во ...

Демонстранти во источниот дел на Демократска Република Конго запалија два болнички шатори за лекување ебола по спор со властите околу предавањето на телото на млад човек кој починал од оваа болест, соопштија локалните власти. Локалниот политичар Лук Мамбеле, потпретседател на конгоанската партија А2РЦ, изјави дека роднините на починатиот се обиделе со сила да го земат телото од болницата Руампара. Кога здравствените власти го одбиле тоа, ...

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека ја поздравува најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање 5.000 војници во Полска, но додаде дека стратешкиот тренд и понатаму е насочен кон посилна Европа која помалку ќе зависи од САД за својата одбрана. Пред почетокот на состанокот на НАТО во шведскиот град Хелсингборг, Руте нагласи дека сегашната траекторија води кон зајакнување на Европа и на Алијансата со цел ...

Републиканските лидери во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес неочекувано го откажаа гласањето за резолуцијата со која се бараше прекин на војната со Иран, освен доколку претседателот Доналд Трамп не добие официјално одобрение од Конгресот. Оваа одлука уследи два дена откако Сенатот на САД веќе усвои слична мерка. Гласањето беше предвидено да се одржи вчера доцна попладне, непосредно пред заминувањето на конгресмените од Вашингтон на ...

Европската комисија го потпиша договорот во рамките на безбедносниот инструмент SAFE со Романија, со што земјата добива пристап до 16,68 милијарди евра наменети за одбранбена и стратешка инфраструктура, соопшти романското Министерство за финансии. Ова е втор по големина одобрен кредит во Европската Унија преку овој инструмент, веднаш по оној на Полска. „Преку SAFE, Романија не само што инвестира во одбраната и безбедноста, туку ја создава и ...

Бројот на американските војници во Полска ќе се задржи „главно на досегашното ниво“, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, изразувајќи му благодарност на претседателот на САД, Доналд Трамп, за најавата за испраќање дополнителни 5.000 војници во земјата. – Сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп за изјавата дека ротацијата и присуството на американските сили во Полска ќе бидат задржани главно на ...

Советот на Европска Унија одобри воведување санкции против Иран поради затворањето на Ормуска Теснина. Одлуката предвидува проширување на опсегот на санкциите првично предвидени за иранската помош на Русија во војната против Украина и за вооружените групи на Блискиот Исток и регионот на Црвено Море. Дополнителните санкции ќе бидат воведени врз поединци и субјекти вклучени во дејствијата и политиките на Иран против слободата на пловидба на ...

Телевизијата Ал Арабија објави дека нацрт-договорот за прекин на војната помеѓу САД и Иран, постигнат со посредство на Пакистан, ќе биде објавен во следните неколку часа. Според телевизијата, со нацрт-договорот се предвидува итен, сеопфатен и безусловен прекин на огнот на сите фронтови – копнен, морски и воздушен. Договорот, исто така, вклучува заедничка обврска да не се таргетира воена, цивилна или економска инфраструктура, да се ...

Студентите во блокада во Србија за утре најавија протест во Белград под мотото „Ти и јас, Славија“, на местото каде што пред нешто повеќе од една година се одржа еден од најголемите собири во изминатите неколку децении во Србија. Тие меѓу другото, ќе го повторат своето клучно барање до властите – распишување вонредни парламентарни избори, и ќе најават некои понатамошни чекори. Протестот на плоштадот Славија во Белград на 23 мај ќе трае од 18 ...

Турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифчи објави дека над четири петтини од животните-скитници во Турција се веќе згрижени. Веста дојде по презентацијата на мобилната апликација за контактирање на бројот за итни случаи, објави Турската државна телевизија „ТРТ хабер“. – Вкупно 81 отсто од животните-скитници се згрижени во сите 81 округ на Турција. Од нив, 19 отсто остануваат вон прифатилиштата. Нивното згрижување е важно и за ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.1
52%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.43
70%
1017
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.15
81%
1019
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.1
78%
1019
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.79
71%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.4
91%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
1.34
55%
1012
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.64
47%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.67
41%
1017
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
72%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
1.34
53%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.42
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Родиум

249168.29

Злато

129060.56

Цинк

0.00

Иридиум

233896.68

Паладиум

38355.84

Алуминиум

3.11

Калај

50.54

Платина

50476.67

Сребро

1862.96

Кобалт

56.29

Бакар

12.22

Рутениум

49029.89