Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, ја освои Златната копачка во Премиер лигата по трет пат во својата кариера. Норвежанецот ја заврши сезоната 2025/26 со 27 гола во натпреварите од англиската Премиер лига, пет повеќе од Тијаго од Брентфорд, кој заврши втор. Дваесет и петгодишниот Халанд, исто така, заврши како најдобар стрелец во лигата во сезоната 2022/23 (36 гола) и сезоната 2023/24 (27 гола). Неговиот соиграч од Сити, Антоан ...
Во текот на целата ноќ, се до раните утрински часови во атинското предградие Пиреас, но и во другите грчки градови се славеше четвртата европска титула на Олимпијакос, јави дописничката на МИА од Атина. Навивачите на Олимпијакос, традиционално се собраа пред општинскиот театар во Пиреас, каде што беше поставена и сцена, ги пречекаа и поздравија играчите и заедно ја славеа победата над Реал Мадрид во Евролигата, прослава што заврши по 5 часот ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно пет пријави за семејно насилство, додека четири лица се лишени од слобода. Во тетовско село, вчера во 12:40 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А. (36) од истото село. Претходно, во 12:00 часот во просториите на Одделението за криминалистичка полиција Тетово, неговата 57- годишна мајка, пријави дека во нивниот семеен дом, ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД или ќе постигнат добар договор со Иран или ќе дејствуваат против Исламската Република „на друг начин“. – Вашингтон ќе ѝ даде целосна шанса на дипломатијата за таа да успее пред да се разгледуваат „алтернативни“ опции, изјави шефот на американската дипломатија во Делхи. – На маса има многу сериозен предлог во врска со нивните можности да ja отворат Ормуска Теснина и да започнат ...
САД ќе ја задржат поморската блокада на иранските бродови во Ормуска Теснина сè додека договорот не биде потпишан, порача американскиот претседател Доналд Трамп, додека високи претставници на неговата администрација тврдат дека преговарачите би имале рок од 60 дена за постигнување конечен договор. Американската блокада на иранските бродови во Ормуска Теснина „ќе остане целосно vo сила сè додека договорот не биде постигнат, заверен и ...
Властите во Демократска Република Конго соопштија дека бројот на случаи на сомнителна зараза со ебола во земјата надминал 900, пренесува ДПА. Од почетокот на епидемијата во ДР Конго се регистрирани 904 сомнителни случаи на зараза, од кои 101 се потврдени, соопшти Министерството за комуникации во објава на Икс. Властите го ревидираа бројот на сомнителни смртни случаи на 119, што е помалку од претходно објавените 204, додека бројот на ...
Рамковниот договор меѓу САД и Иран предвидува рок од 60 дена за постигнување конечен договор, според кој Иран не би поседувал нуклеарно оружје и би се откажал од резервите на збогатен ураниум, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски претставник. Телевизијата, повикувајќи се на неименуван висок претставник на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, наведува дека рамковниот договор меѓу САД и Иран предвидува 60-дневен ...
Сигналот на авион на британските Кралски воздухопловни сили, во кој патувал министерот за одбрана Џон Хили, бил заглушен додека летал во близина на руската граница,објави весникот „Тајмс“. Хили бил во посета на британските војници во Естонија и се враќал во Обединетото Кралство кога се случил инцидентот, за кој прв објави „Тајмс“. Се претпоставува дека зад инцидентот, што се случил во четвртокот, стои Русија. Паметните телефони и лаптопите во ...
Годишниот аџилак – хаџот, еден од петте столба на исламот, официјално започна денеска во услови на нестабилно примирје во иранската војна и зголемени регионални тензии и неизвесност. Повеќе од 1,5 милиони аџии пристигнаа во Саудиска Арабија, соопшти претставникот задолжен за хаџот, Салех бин Саад ал Мураба. Аџилакот е еден од петте столба на исламот и секој муслиман кој има можност треба да го изврши најмалку еднаш во животот. Тој опфаќа низа ...
Ардијан Џини е избран за нов лидер на десничарската Алијанса за иднината на Косово (ААК) на вчерашното изборно собрание на партијата, откако долгогодишниот претседател Рамуш Харадинај поднесе оставка во февруари годинава, пренесува весникот „Коха диторе“. Џини беше единствениот кандидат за функцијата на вчерашното заседание. Харадинај упати кратко последно обраќање како претседател, во кое истакна дека од 2000 година, кога имал 32 години, му ...
Интересот на студенти за запишување на универзитетите во Србија во изминатите години бележи пад, па поради тоа Универзитетот во Белград планира да запише 595 бруцоши помалку од лани во следната студенстка година, додека некои други универзитети исто така бележат пад на интересот за студирање. За следната учебна година од седум факултети на Белградскиот универзитет најавија зголемена сума за школарина – од вкупно 31 факултет, Факултетот за ...
Петнаесет луѓе се повредени денеска, меѓу кои и две деца, откако трамвај излета од шините во белградската населба Дорќол и удри во зграда. Три лица се со тешки повреди, имаат контузии и скршеници. Сите повредени се во здравствени установи во главниот град на Србија Несреќата се случи околу 9.30 часот утрово. Дежурниот јавен обвинител на Првото основно јавно обвинителство во Белград беше на истрагата за сообраќајната несреќа што се случи ...
Во периодот од јануари до март годинава, бројот на туристи во Грција се зголемил за 38,3 отсто, додека пак приходот за земјата од туризам бележи пораст од 64,3 проценти, покажуваат податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во првите три месеци од 2026 година Грција ја посетиле 3,4 милиони туристи, наспроти 2,5 милиони во истиот период лани, а драстично се зголемени, за 84,3 отсто пристигнувањата преку копнените ...
Цените на нафтата забележаа значителен пад, додека прометот на азиските берзи е во пораст по најавите за можно постигнување договор со кој би се ставил крај на американско-израелската војна со Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата навечер дека договорот со Техеран е „во поголем дел договорен“ и дека деталите ќе бидат објавени наскоро, но веќе синоќа го повика својот преговарачки тим да не брза со конечниот договор, ...
Кинеските директни инвестиции во Европа минатата година пораснаа втора година по ред и достигнаа 16,8 милијарди евра, што е највисоко ниво од 2018 година, покажува најновото истражување на аналитичките куќи „Родиум груп“ (Rhodium Group) и „МЕРИКС“ (MERICS). Вкупниот раст од 67 проценти во споредба со 2024 година беше предводен од процесите на спојувања и преземања (M&A), кои на годишно ниво забележаа скок од 89 проценти, достигнувајќи 7,9 ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен северен ветер. ...
Голем пожар избувна во кругот на поранешен „Декортекс“ во Радовиш. Во гаснењето биле вклучени пожарникари од неколку градови и доброволни противпожарни друштва. Голем пожар избувнал во Радовиш, во кругот на поранешната фабрика „Декортекс“, каде што огнот зафатил производствени погони и машини. Според првичните информации, пожарот започнал во доцните попладневни часови, а густ чад и пламен брзо се прошириле низ објектите. На терен ...
Уште само 6 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски си го постави за целосно исполнување на Реформската агенда и клучните обврски за продолжување на европскиот пат. 6 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски. 6 дена до уште една потврда дека ВМРО-ОКГ намерно ја држи државата заглавена, изолирана и далеку од Европа заради сопствени бизниси и криминални тендери. Од 10 клучни точки од Реформската ...
Еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, на социјалната мрежа Фејсбук истакнува се дека започнало уривањето на империјата на брзите кредити. Меџити, меѓу другото, потенцира дека борбата против брзите кредити не била само изборен слоган, туку ветување кое, како што додава тој, се претвора во дело. Целосниот статус на Изет Меџити: „Борбата против брзите кредити и коцкарската индустрија не беше изборен слоган, ниту изјава за медиумски наслови. Тоа ...
Во Франција е прогласен жолт метеоаларм во 18 департмани поради силниот топлотен бран, а истото предупредување од денеска се воведува и за Париз и неговите предградија, додека британската метеоролошка служба предупредува дека топлотниот бран во таа земја денеска би можел да собори три рекорди. „Метео Франс“ соопшти дека оваа година е обележана со рано доаѓање на исклучително топло време, со утрински температури меѓу 14 и 20 степени Целзиусови ...
Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека до крајот на оваа седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 40 km/h). Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ...
Граѓаните добро знаат дека Мицкоски кога клечеше и молеше за власт ветуваше враќање на името, промена на преговарачката и укинување на Преспанскиот договор. Ги излажа граѓаните. Му пропадна лажниот патриотизам, пола влада му е со бугарски пасоши. А што ветуваше Христијан Мицкоски за економијата? Ветуваше дека „ќе биде многу подобро“, ветуваше подобар стандард, повисоки плата, подобар живот. И за тоа излажа. Ништо не е подобро. После две ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја употребила моќната хиперсонична балистичка ракета „Орешник“ за време на масовен напад со дронови и ракети врз Киев, во кој загинале најмалку двајца. Ова е третпат ова оружје да биде употребено во четиригодишната војна, објави „Ен-би-си њуз“. Интензивниот воздушен напад оштети згради низ украинската престолнина, вклучително и објекти во близина на владини институции, ...
Глобалните берзански индекси ја завршија неделата во плус, додека цените на нафтата бележат пад поради зголемен оптимизам кај инвеститорите дека може да дојде до напредок во преговорите меѓу САД и Иран и намалување на геополитичките тензии. На Волстрит, индустрискиот индекс Дау Џонс порасна за 2,1% и достигна рекордно ниво од 50.579 поени. Индексот S&P 500 се зголеми за 0,9% на 7.473 поени, додека Насдак забележа раст од 0,5% и се искачи ...
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, упати јавен повик до економскиот тим на опозициската СДСМ на заедничка средба во Министерството, со цел, како што вели, да се разјаснат економските состојби со реални бројки, наспроти „хистеричните прес-конференции полни со невистини“. Според министерката, опозицијата изнесува погрешни толкувања и паника во јавноста, иако официјалните економски показатели покажуваат стабилност и раст. ...
Во духот на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, делото на Светите браќа Свети Кирил и Свети Методиј останува едно од највеличествените цивилизациски наследства во македонската, словенската и европската историја. Нивната мисија, родена во деветтиот век, не била само духовна и христијанска, туку и длабоко просветителска, културолошка и човечка. Таа претставувала пресвртница што засекогаш го променила духовниот и културниот развој на ...
Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, на својот фејсбук профил објави видео и фотографии од акцијата за чистење на Железничката станица во Скопје и напиша: „По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје. Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град. Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа за жал ја претвори во тотално не-репрезентативен објект ...
Додека јавноста сè уште чека одговори за тоа како директорот на НОМАГАС, Недим Рама, од рент-а-кар бизнис стигна до луксузни апартмани во Маврово, а притоа нема пријавено никаков имот до ДКСК, денеска отвораме уште едно важно прашање – медиумско-бизнис мрежата која стои зад промоцијата и заштитата на овој капитал, стои во соопштението на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Да потсетиме, според јавно достапните документи и имотни листови, ...
Говорејќи во црквата „Света Софија“ во Охрид, на свечената академија по повод Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е подготвен да се разговара за употребата на јазиците при полагањето на правосудниот испит, нагласувајќи дека нема пречка и заедниците да имаат право да напредуваат и да го користат својот јазик, во рамките на Уставот и законите. Мицкоски додаде дека образованието е ...
Портпаролката на СДСМ и членка на Извршниот одбор на партијата, Богданка Кузеска, по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, порача дека македонскиот јазик денес е меѓународно признаен и заштитен, а интеграцијата во Европската Унија претставува „најголем чин на патриотизам“. На прес-конференција, Кузеска истакна дека делото на Светите Кирил и Методиј претставува темел на македонскиот идентитет, јазик и ...