Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Владејачката унгарска партија Тиса доцна синоќа во парламентот поднесе предлог за уставен амандман со кој премиерскиот мандат би се ограничил на најмногу осум години, што законски би го оневозможило враќањето на поранешниот претседател на владата, Виктор Орбан, на таа функција. Актуелниот премиер Петер Маѓар, кој на изборите во април го собори од власт Орбан по 16 години владеење, изјави дека ќе го искористи двотретинското мнозинство во ...
Три лица починаа, а повеќе од десетина припадници на службите за итна медицинска помош се хоспитализирани по контакт со непозната наркотична супстанција во американската сојузна држава Њу Мексико, соопштија синоќа властите во САД, пренесува ДПА. Првите екипи кои пристигнале на местото на настанот ги откриле телата на починатите во приватна куќа во малото гратче Маунтиниер. Набрзо по интервенцијата, според изјавата на градоначалникот, ...
Неидентификувано беспилотно летало денеска повторно навлезе во воздушниот простор на Летонија, поради што в во неколку региони беше прогласена воздушна тревога, а полетаа и воени авиони на НАТО. Тоа е трет таков инцидент за три дена во Летонија. Националните вооружени сили на Летонија потврдија дека е регистрирано најмалку едно беспилотно летало во воздушниот простор на земјата. Како одговор на заканата, активирани се борбени авиони на НАТО ...
Земјите од Европската Унија денеска напладне дадоа зелено светло за одобрување на извештајот на Привремениот извештај за проценка на референтните вредности на Албанија (ИБАР) , со што се означува многу важен чекор во процесот на преговори за пристапување. – Според внатрешните процедури на ЕУ, по одобрувањето на ИБАР, досието ќе биде доставено до КОРЕПЕР II, Комитетот на постојани претставници на земјите-членки, каде што и формално ќе се ...
Белгиското обвинителство потврди дека започнало истрага за наводно учество на белгиски државјани во т.н. „човечки сафари“ за време на војната во Босна во 90-тите години од минатиот век. Според италијанско новинарско истражување, во текот на опсадата на Сараево таканаречени „воени туристи“ од повеќе земји им плаќале на босанските Срби за да пукаат врз цивили. Поранешниот италијански магистрат, Гвидо Салвини, кој учествувал во истражувањето, ...
Австриското правосудство покрена кривична истрага против еден австриски државјанин и уште едно засега непознато лице под сомнение дека како „снајпер-туристи“ плаќале за да пукаат во цивили за време на опсадата на Сараево, пренесува германската новинска агенција ДПА. Како што јавува магазинот „Шпигел“, официјалната истражна постапка се води од 25 април, а Министерството за правда на Австрија ги потврди овие наводи во одговор на парламентарно ...
Владата на Република Српска на денешната седница треба да го разгледа Нацртот на законот за измени и дополнувања на Законот за промет на експлозивни материи, запаливи течности и гасови, како и Нацртот на законот за измени на Законот за транспорт на опасни материи, заедно со предлогот за давање согласност за издавање гаранција за кредитно задолжување на компанијата „Електропривреда Република Српска“. Пред министрите треба да се најде и ...
Црна Гора денеска го одбележува Денот на независноста и 20 години од обновата на државната самостојност на референдумот од 21 мај 2006 година, со бројни свечености, концерти и пораки од официјалните лица дека европскиот пат, граѓанското единство и зајакнувањето на институциите остануваат клучни приоритети на државата. На референдумот во 2006 година, граѓаните се изјаснуваа за тоа дали државата треба да ја обнови независноста и да излезе од ...
Потребна е реформа на начинот на кој функционира Народното собрание (НС), изјави пред новинарите во Пазарџик бугарската претседателка Илијана Јотова, одговарајќи на прашање во врска со подготовката на новиот собраниски деловник. – Кога ќе се тргне кон таква реформа, секогаш има доста сили кои се против и на некој начин сакаат работите да останат по старо – забележа таа – додавајќи дека лично е приврзаник на похрабри акции во тој поглед. ...
Од денеска почнува гласањето по пошта за косовските граѓани во странство, кои претходно се регистрираа за предвремените парламентарни избори закажани за 7 јуни. Овој процес на гласање ќе трае до 6 јуни. Истиот ден – еден ден пред одржувањето на изборите во Косово – граѓаните од дијаспората, кои не се пријавиле за гласање по пошта, ќе може да го остварат своето право на глас и во дипломатско-конзуларните претставништва на земјата. Според ...
По повод Спасовден што е слава на Белград, во главниот град на Србија од синоќа од Света Гора од манастирот Ватопед пристигна една од најголемите реликвии – Појасот на Пресвета Богородица. Појасот е стар 2.000 години и е како што се верува, единствена драгоценост сочувана од Богородичниот земски живот. Според предание, таа сама го исплела од камилски влакна и се смета за симбол на плодноста, исцелението и духовната заштита. Богородица го ...
По значителното забавување лани, економскиот раст на Србија ќе достигне 2,8 проценти оваа година и 3,9 проценти следната година, бидејќи домашната побарувачка ќе има корист од големите јавни инвестиции поврзани со специјализираната изложба EXPO27 и од зголемувањето на платите и пензиите, прогнозира Европската комисија. Во пролетните економски прогнози на Европската комисија објавени денеска, се предвидува и дека фискалниот дефицит на Србија ...
Комората на друштва за геодетски работи, во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија ќе отпочне општествено-економска кампања со цел подигнување на јавната свест од важноста и значењето на уредувањето на сопственичките права на сопствениците на недвижен имот. Кампањата, насловена „Провери. Потврди. Поседувај. Твојот имот, твоја сигурност“, ќе биде исклучиво насочена кон постојните и идни сопственици на недвижен имот (граѓани и ...
Во април е регистриран годишен раст од 9,3 отсто на вкупните депозити и од 13,3 проценти на вкупната кредитна поддршка -Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“, се наведува во соопштението од Народна Банка. На годишна основа, вкупните кредити, пак, забележале раст од 13,3 отсто, како резултат на зголеменото ...
Елиминирањето на трговските бариери меѓу земјите од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора – сè повеќе се смета за клучен фактор за економскиот развој на регионот, јавува Косовската радио-телевизија. Повикувајќи се на истражувањето објавено во рамките на „Балкански барометар“ на веб-страницата на Советот за регионална соработка (РСС), медиумот нотира дека мнозинството од фирмите силно го ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе ...
Именден празнуваат: Спасе, Спасија, Спаска… Празникот на Христовото вознесение – Спасовден спаѓа во големите христијански празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето Исус им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето сè уште се поздравуваат со христијанскиот поздрав „Христос воскресе“ (Христос воскресна) и си отпоздравуваат со ...
Регионална конференција „Граѓанска енергија: политики, практики и регионална размена“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација Еко-свест во соработка со партнери од Србија. Според организаторите, настанот доаѓа во клучен момент, кога двете земји се соочуваат со предизвици поврзани со пристапот до субвенции, административните процедури за приклучување на мрежа, правната сигурност и потребата од поголема инклузивност, особено за ранливите ...
Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме. ЕУ ослободи само 65,7 милиони евра за Македонија а вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 е 134 милиони евра. Молчи Владата за клучното прашање колку пари загуби Македонија поради тоа што нема продолжување на европскиот пат? Остануваат уште само 10 дена до рокот што самиот Христијан ...
„ЕК ослободи само 65,7 милиони евра за спроведените реформи во Македонија. Вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 изнесува 134,87 милиони евра. Плус уште 65 милиони евра неповлечени средства поради нереализирани реформи за претходниот период. Над 200 милиони евра изгубени поради „реформите“ на Мицкоски кои се само на збор. Уште 10 дена до 1. јуни, рокот што самиот го постави Мицкоски. Граѓаните ...
Секојдневно гледаме како владата на Христијан Мицкоски ја турка земјата во должничко ропство. Последниот предлог е да се земат 300 милиони евра од банки, но банките на Владата не ѝ ги дозволија, што укажува на веќе постоечки сомнежи во нашиот кредитен рејтинг. Имено, конзорциум на банки дозволи кредит од само 260 милиони евра, со ужасно голема каматна стапка од близу 4,5%. Првото прашање што се поставува е: каде одат овие пари? Нема редовна ...
Ало Савески, обвинителот кој е на телефонска линија со Мицкоски, уште еднаш докажа зошто е поставен. Да ги следи само нарачките на ВМРО-ОКГ, да одработува и да ги спасува од одговорност. За само 2 недели, експрено донел решение за отфрлање на Кривичната пријава што ја поднесе СДСМ против Христијан Мицкоски. „Бидејќи пријавените кривични дела не се дела кои се гонат по службена должност“ пишува во решението за отфрлање на пријавата. Не го ...
Сметам дека се наоѓаме во едно многу критично време и многу важен момент во кој треба да се донесат многу сериозни одлуки. Зошто сметам дека моментот е многу важен? Кај нас, за неколку дена, односно за нешто помалку од две недели, во посета доаѓа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Антонио Кошта пред точно една година, кога беше тука, кажа дека за членство во Европската Унија има само план А и нема план Б. Оттогаш работите не се ...
Процесот на проширување повторно е високо на приоритетната листа на Европската Унија, доколку не се качиме на овој воз, можно е вратите со децении натаму да бидат затворени за Македонија, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната панел-дискусија во Собранието, на тема: „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации за Западен Балкан“. Филипче повика на заедничко и одговорно дејствување за продолжување на ...
Менаџерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, му честиташе на Арсенал за освојувањето на титулата по синоќешното реми 1:1 со Борнмут во 37. коло од англиската Премиер лига. – Беше тежок натпревар, го знаевме тоа. Ни недостасуваше малку енергија, и тоа е нормално. Тие имаа 12 дена за подготовка, а ние имавме три. Постигнавме гол, но беше предоцна. Моите фудбалери дадоа максимум цела сезона, борејќи се во тешки услови до самиот крај. Бевме ...
Астон Вила ќе игра против Фрајбург во финалето на Лигата Европа во Истанбул. Натпреварот ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот на „Водафон Парк“ во Истанбул. Тренерот на Астон вила четири пати ја освои Лигата на Европа – три пати со Севилја (2013/14, 2014/15 и 2015/16) и еднаш со Виљареал (2020/21). Емери беше финалист во второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување во Европа со Арсенал во 2018/19 година. – Не сум крал на ова ...
Силекс од Кратово и Шкендија од Тетово ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија. Натпреварот ќе се игра вечер со почеток во 20 часот на Национална арена „Тодор Проески“. Тренерот на кратовци Александар Васоски очекува тежок и неизвесен дуел против искусниот состав на Шкендија. – За нас ова е натпревар на сезоната, бидејќи носи излез во Европа. Шкендија е квалитетен и искусен противник, можеби и во мала предност поради европските ...
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) е во контакт со Фудбалската федерација на ДР Конго (ФЕКОФА) и го информира тимот за безбедносните препораки поради епидемијата на ебола, објави Ројтерс, повикувајќи се на соопштение од федерацијата. – ФИФА е свесна за ситуацијата околу епидемијата на ебола и ја следи внимателно со ФЕКОФА за да се осигури дека тимот е информиран за сите безбедносни препораки. ФИФА продолжува да соработува со сите три ...
Челзи е заинтересиран да го ангажира фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, објави „Ел Насионал“. Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, кој ја презеде функцијата менаџер на Челзи на 17 мај, сака да го привлече Французинот во тимот од Лондон. Раководството на Челзи наводно веќе контактирало со мајката и агент на Мбапе, Фајза Ламари. Договорот на 27-годишниот Французин со Реал Мадрид е до летото 2029 година. „Трансфермаркт“ ја ...
Направете домашни лепчиња по ваш избор и послужете го овој вкусен намаз со нив.. Состојки: 2 големи модри патлиџани 500 грама зелени пиперки 2 домати 1 лажица рен 4-5 чешниња лук 1/2 чаша(за црно кафе) маслиново масло 1/2 чаша (за црно кафе) вински оцет сол по вкус малку пченкарно масло за пржење сок од лимон Подготовка: Испечете ги модрите патлиџани и пиперките во тавче и излупете ги.Модрите патлиџани исецкајте ги и веднаш наросете ги со сок ...