Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп им забранила на клучни американски здравствени службеници задолжени за заразни болести директна комуникација со претставници на Светската задравствена организација (СЗО). Како што објави „Си-Ен-Ен“, со тоа практично им е оневозможено учество во дел од глобалните дискусии за епидемии. Според директивата на која се повикува американската телевизија, на вработени во Националниот институт за алергии ...
Портпаролката на француската влада, Мод Брежон, денеска соопшти за седум смртни случаи, меѓу кои пет предизвикани од давење, кои се поврзани со топлотниот бран што ја зафати Франција во последните неколку дена. – Она што можам да ви го кажам денеска е дека се случија седум смртни случаи кои се директно или индиректно поврзани со топлото време – изјави Брежон за каналот ТФ1 (TF1), додавајќи дека ситуацијата дополнително ќе се прецизира по ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека збогатениот ураниум на Иран или ќе биде испратен во САД за да биде уништен или ќе биде уништен на друго место додека продолжуваат преговорите за рамковен договор за ставање крај на војната со Иран. Збогатениот ураниум или веднаш ќе им биде предаден на САД и таму ќе биде уништен, или ќе биде уништен на самото место, или на друга прифатлива локација во координација со Техеран, напиша ...
За Америка нема место во регионот, а крајот на ционистичкиот режим е близу, истакна денеска врховниот ирански водач, ајатолахот Сејед Моџтаба Хосеини Хамнеи, во пораката по повод почетокот на сезоната на аврамскиот хаџ. – Покрај тоа што веќе немаат сигурно прибежиште за зло и за воспоставување воени бази во регионот, Америка од ден на ден се оддалечува од својот претходен статус – изјави Моџтаба Хамнеи, пренесува Тасним. Тој истакна дека ...
Иран денеска соопшти дека неговата воздушна одбрана одговорила на американските воени активности, откако Вашингтон најави напади врз цели во внатрешноста на земјата, и покрај тековниот прекин на огнот и преговорите за ставање крај на војната. Исламската револуционерна гарда на Иран (ИРГЦ) предупреди на какво било кршење на прекинот на огнот од страна на Соединетите Држави и инсистираше на правото на Иран на одмазда, пренесе ДПА. ИРГЦ соопшти ...
Оваа недела ќе го почувствуваме првиот топлински бран годинава со повеќедневни температури над 30 степени, а на места и до 35 Целзиусови степени. До неодамна температурите на воздухот беа прилично ниски за средината на мај. Утринските температури во внатрешноста беа дури блиску до нулата, а многумина деновиве барем накратко го вклучија греењето во своите домови. Сега утринските, односно најниските дневни температури, ќе бидат толкави колку ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ја критикуваше Европската Унија поради претераната бирократија и недоволната одлучност на глобалната сцена. – Огромна, главна слабост што директно нè погодува е моменталната структура на Европската Унија, бирократски механизам кој премногу често ги жртвуваше конкурентноста и стратешкиот раст на олтарот на идеолошките и технократските пристапи – изјави Мелони на годишното собрание на индустриското ...
Организацијата за поморска трговија (УКМТО) на Велика Британија денеска соопшти дека еден танкер пријавил надворешна експлозија во близина на брегот на Оман. Експлозијата се случи на 60 наутички милји (111 километри) од главниот град на Оман, Мускат. Експлозијата се случила на крмата, во задниот дел од бродот, поради што протече гориво во морето. И покрај инцидентот, танкерот и екипажот се безбедни. МИА Организацијата за поморска трговија ...
Албанија и Европската Унија денеска во Брисел ќе ја одржат 8-та Меѓувладина конференција за процесот на преговори за пристапување. – Тоа се смета за важен момент во тековната фаза на преговорите, бидејќи се фокусира на заклучување на привремените услови што го одредуваат понатамошното темпо на процесот на европска интеграција на Албанија, објавија албанските медиуми. Според агендата објавена од ЕУ, Конференција ќе се одржи на маргините на ...
Во полициска акција што е во тек од рано утрово за измами поврзани со европските земјоделски субвенции, во областите на Солун, Килкис, Сер и Атина, уапсени се 17 лица, кои нелегално се стекнале со над 4,5 милиони евра, информираа од грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина. За 24 часа ова е втора ваква акција на полицијата за разбивање на криминални организации чии членови се вмешани во измама на штета на финансиските интереси на ...
Количеството превезена стока во товарниот патен превоз во првиот квартал годинава е намалено за 19,4 проценти во однос на истиот квартал од претходната година – објави Државниот завод за статистика. Наспроти товарниот патен превоз, во првите три месеци од годината, во споредба со истиот период лани, статистиката евидентира зглемување на количеството превезена стока во железничкиот превоз за 14,2 проценти, а во воздухопловниот за 34,1 ...
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција во Собранието, побара од премиерот Мицкоски и од министерската за финансии Кочоска, да одговорат дали подготвуваат ново задолжување од околу 350 милиони евра, што ќе значи нова должничка епизода. „Сакам да поставам и дополнително прашање до Владата и министерката Кочоска: дали со објавата на Фејсбук веќе ја најави и следната должничка епизода од околу 350 милиони евра за ...
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар – соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ не се менува. За 0,330 денари поскапува „мазутот М-1 НС“ и еден килограм ќе чини 51,144 денар. МИА Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и ...
Вкупната бруто-произведена електрична енергија во март 2026 година изнесува 531.062 МWh, што претставува 79,6 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Во март годинава се потрошени 667.016 МWh електрична енергија, 16.222 мил. нм3 природен гас, 289 340 тони јаглен и 75.475 тони нафтени продукти. Потрошувачката на природен гас е намалена за 68,1 % како резултат на намалената активност на когенеративните постројки, а за 14,7 % е ...
Во рамки на посетата на хрватскиот премиер во Македонија, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на Андреј Пленковиќ, претседател на Владата на Хрватска и на Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија им врачи Награда на Стопанската комора на Северна Македонија за личности кои најмногу допринеле за регионална бизнис интеграција. Наградата е признание за нивиот особен придонес кон поддржувањето на регионалната ...
Според синоптичарите, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 32 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Се очекува ...
Собранието денеска треба да ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште три точки. Пред пратениците денеска е предлог-законот за задолжување за општи буџетски потреби, во износ од 260 милиони евра, кој се носи по скратена постапка. Според Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya ...
Остануваат уште само 5 дена до 1 јуни, до кога Христијан Мицкоски вети дека ќе ја исполни Реформската агенда и обврските за продолжување на европскиот пат. 5 дена до уште едно неисполнето ветување и уште една голема лага. Не може „промакедонска“ партија, како што вели Мицкоски, со бугарски пасоши да биде македонска. Како што лажеа за враќање на името, за поништување на Преспанскиот договор, така и денес лаже за Реформската агенда дека ќе ја ...
Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во текот на својата богата професионална кариера остави значаен белег во новинарството, државните институции, дипломатијата и врските со македонското иселеништво. Треневски дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата англиски јазик и литература. ...
Граѓаните паметат како Христијан Мицкоски пред изборите клечеше и молеше за власт, ветувајќи враќање на името, укинување на Преспанскиот договор и промена на преговарачката рамка. Ги излажа граѓаните. Денес во ВМРО признаваат дека Преспанскиот договор го заштитил македонскиот идентитет, јазик и култура, дека членството во НАТО е одлична работа. Лажниот патриотизам на Мицкоски целосно пропадна. Половина Влада му е со бугарски пасоши. ВМРО ...
Изолирана појава на нестабилност утре и нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер в четврток на повеќе места прогнозира Управата за хистрометеоролошки работи. -Локално утре и во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Според прогнозата на Управата, преодно стабилизирање на времето ќе има ...
Деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Јосиф Јосифовски, изјави дека вчерашниот инцидент во општина Центар, каде што при ископ на градежна јама настанало свлечиште на земјата, е сериозен сигнал за потребата од нови прописи и стандарди во градежништвото. – Ние сме техничка професија, која е регулирана, што значи дека постојат јасни правила и стандарди за тоа како треба да се однесуваме, како да градиме и како да проектираме. Меѓутоа, и ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики. Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните ценовни шокови. Лукаревска потенцираше дека ...
Копретседателот на „Вреди“ и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска во изјава за медиумите истакна дека со премиерот Христијан Мицкоски уште не разговарале за деталите и за ресорите што ќе бидат опфатени со најавената реконструкција, која се очекува да биде во јуни. – Со премиерот, со владиниот партнер, само начелно разговаравме и договоривме дека ќе има реконструкција. Но, треба да седнеме да разговараме за принципите, за ...
По повод утрешниот празник Курбан бајрам, честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ, реис-ул-улема Шаќир Фетаи. – Со желби возвишениот Алах да ги прими нашите жртви, курбани и молитви, наградувајќи нè со Неговата милост и безгранични благодати, денес, со срце и душа, го очекуваме големиот празник Курбан бајрам, празник што го означува извршувањето на обврската хаџ, обврската на принесување курбан, како и деновите ...
Со 65 гласови „за“, 14 против и ниту еден воздржан Собранието денеска го донесе законот за задолжување за општи буџетски потреби во износ од 260 милиони евра. Како што рече заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, заемот ќе се користи за општи буџетски потреби, за финснсирање на капиталните инфраструктурни проекти и за враќање на старите долгови, меѓу кои и еврообврзницата од 700 милиони евра, земена во 2020 година. Каматата ќе ...
Државната изборна комисија на денешната седница едногласно го усвои Годишниот план за работење и напредување за 2026 година. Претседателот на ДИК Бојан Маричиќ истакна дека планот е подготвен во целосна согласност со законските одредби од Законот за вработените во јавниот сектор и Изборниот законик. -Основната цел на овој план е да обезбедиме, што е еден тренд во последните две години и добро е да продолжи, соодветен стручен и професионален ...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата почнувајќи од 15 јуни на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корсници со електронски тагови. Со таа измена, соопшти денеска ЈПДП, вршењето на наплата со MCard на тие ленти се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат ...
На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство вчера е донесена малолетничка со породилни болки. По пријава од Клиниката приведена е нејзината мајка, а со таткото е извршен службен разговор и известен е јавен обвинител. – На 24.05.2026 во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по ...
Новак Ѓоковиќ постави нов рекорд на Ролан Гарос со 82 настапи на Грен слем турнирите, надминувајќи го Роџер Федерер. Српскиот тенисер по пресврт се пласираше во второто коло. Новак Ѓоковиќ успешно го започна настапот на Ролан Гарос и притоа испиша нова страница во тениската историја. Српскиот тенисер, кој моментално е четврти на АТП-листата, по голем пресврт го совлада францускиот тенисер Џовани Мпетши Перикар со 3:1 во сетови и обезбеди ...