Италијанското Министерство за здравство издаде највисоко ниво на предупредување за жештини за четири големи градови, додека бран од топло време ја зафаќа земјата, со температури кои на многу места надминуваат 30 Целзиусови степени. Највисокиот степен на предупредување е прогласен за четврток за Рим, Фиренца, Болоња и Торино, што значи дека дури и здравите луѓе би можеле да се соочат со негативни физички последици од невообичаено раната ...

Иранската државна телевизија соопшти дека Техеран добил нацрт на првична, неофицијална рамка за меморандум за разбирање со САД за прекин на конфликтот меѓу двете земји. Согласно рамката, Иран во рок од еден месец ќе ја обнови комерцијалната пловидба низ Ормуската Теснина до нивото од пред војната, додека САД ќе ги повлечат своите воени сили од регионот околу Иран и ќе ја укинат поморската блокада. Државната телевизија јави дека рамката, која ...

Парламентот на Република Српска, една од двете ентитетски единици во Босна и Херцеговина, усвои декларација со која се бара итно укинување на функцијата на високиот претставник на меѓународната заедница во земјата. Со Декларацијата предложена од претседателот на Парламентот Ненад Стевандиќ, Народното собрание на Република Српска упатува официјално барање до Советот за безбедност на ОН за донесување резолуција за прекин на мандатот на високиот ...

Само еден од двајца анкетирани планираат да одат на одмор годинава, осум од десет одбираат поекономични типови одмор (викендички, изнајмени соби), додека пак мнозинството ја одбираат континентална Грција, за да ги избегнат трошоците за траекти, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина. Од анкетираните, 50 ...

Војната во Иран продолжува да ја тестира отпорноста на банките и претпријатијата во ЕУ, при што растот на цените на енергијата ја зголемува инфлацијата и го нарушува економскиот раст, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). – Сегашниот шок во снабдувањето со енергија носи нагорни ризици за инфлацијата и надолни ризици за економскиот раст – изјави потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гиндос, цитиран во соопштение за медиумите во врска ...

Во април годинава во однос на април лани реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 11.3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во трговијата на мало во април 2026 година, во споредба со април 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 17.3 проценти, а реално за 11.3 проценти, ...

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои ...

Уште само 4 дена остануваат до 1 јуни – рокот на Христијан Мицкоски за исполнување на сите 10 точки од Реформската агенда. 4 дена до уште едно неисполнето ветување. 4 дена до нов доказ дека организираната криминална група ВМРО намерно ја блокира европската иднина на Македонија. Од 10 клучни точки, за две години реализирани се само две, делумно. Сега, за еден месец требаше да се завршат осум. Тоа не се реформи, тоа се лаги. Мицкоски не ги ...

Банда е најсоодветен опис на оваа група на власт, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Слободен печат“. „Банда. Дали тој збор не одговара на една група на луѓе, на пример, во којашто влегува човек којшто има висока функција во владејачката партија, а компанијата на татко му добила 161 тендер? 161 тендер од државни институции, десетици милиони евра. Дали тој збор не одговара на една група на луѓе којашто дава народни пари ...

На повеќе места утре ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Во петок и во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури. Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ...

Вицепремиерот Иван Стоилковиќ, најблискиот соработник на Мицкоски и втор човек во владата, отворено повикува на стратешка соработка со Кина. По години застапување на српски и руски интереси, сега Стоилковиќ стратешки удри и на стратешкиот партнер на Македонија – Соединетите Американски Држави! Сè што прават – од организирање митинг за поддршка на Вучиќ во Куманово заедно со Мицкоски, преку состаноци со Милош Вучевиќ во Скопје, до патувањето ...

Младите бараат систем, само со членство во ЕУ можеме да го направиме, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Слободен печат“, потенцирајќи дека суштината на политиките на СДСМ е воспоставување на функционален систем во државата, заснован на мерит принципи, и дека токму тоа е она што граѓаните, особено младите, го очекуваат. „Една од најбитните работи, ќе поставиме систем. Мерит системот ќе биде на прво место, затоа што ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара граѓаните на референдум да одлучат дали сакаат да ја плаќаат цената за криминалните политики на Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ, кои ја држат државата надвор од ЕУ. „Вчера го слушнавме Христијан Мицкоски, рече: ‘Нема повеќе отстапки за влез во Европската Унија, подготвени сме да ја платиме цената’. Се поставуваат две прашања: кои се тие отстапки и кои се тие што ќе ја платат цената? За отстапките ...

Природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен и изнесува – 1.962, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците на ДЗС, природниот прираст е негативен во 66 општини. Во првиот квартал годинава во споредба со истиот период лани бројот на живородени деца изнесува 3.380 и е намален за 4.1 проценти. Бројот на умрените ...

На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, минатата година дипломирале 7 612 студенти, што претставува зголемување за 8.4 проценти во споредба со 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Од вкупно дипломираните студенти на прв циклус студии минатата година, 27.3 проценти дипломирале во областите бизнис, администрација и право. Од вкупниот број дипломирани студенти, 5 677, односно 74.6 проценти се ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара распишување референдум за ЕУ, нагласувајќи дека граѓаните мора сами да одлучат за иднината на земјата, за својата судбина и судбината на идните македонски генерации. „Едноставно, доста е. Мора граѓаните да одлучат за тоа. Затоа што граѓаните, нивните семејства, нивните деца, ќе ја плаќаат цената на овие погрешни политики на Мицковски. Затоа граѓаните се единствени коишто можат да одлучат за својата ...

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни ...

Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 cm³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците од ...

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје го објави конкурсот за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година. Министерството за одбрана упатува повик до сите млади лица кои сакаат своето образование и работна кариера да ја продолжат како ...

Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четиричасовна претходно помината теоретска обука, информираат од Министерството за внатрешни работи. ОД МВР појаснуваат дека е донесен нов Правилник со кој се уредува задолжителната четиричасовна теоретска обука за управување со мотоцикл до 125 cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW). -Напоменуваме дека не смее да се управува со мотоцикл ...

На напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, му е дијагностициран мускулен замор во левата нога по медицинските тестови. – Неговото враќање на физичка активност ќе зависи од неговиот клинички и функционален напредок, се вели во соопштението на прес-службата на клубот. Меси ги вознемири аргентинските навивачи пред Светското првенство. Тој побара замена поради повреда на натпревар од МЛС. Триесет и осумгодишниот Аргентинец беше заменет во ...

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, би можел да го промени клубот во летниот преоден рок, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Аргентинскиот напаѓач не е во суштински разговори со мадридскиот клуб за продолжување на договорот. Неговиот тековен договор важи до 2030 година. ПСЖ, Барселона и неколку клубови од Премиер лигата покажуваат интерес за Алварез. Романо забележува дека раководството на Атлетико ќе има тешкотии да го задржи ...

Голманот на Арсенал, Дејвид Раја, верува дека победата во англиската Премиер лига 2025/26 му даде самодоверба на тимот пред финалето на Лигата на шампионите против ПСЖ. – Беше неопходно, тоа беше целта откако пристигнав тука, па дури и пред тоа. Овој клуб постои за да се натпреварува и да се бори за највисоките почести, а Премиер лигата беше една од нив. Го постигнавме тоа, а сега ќе ни даде огромен поттик пред финалето на Лигата на ...

Жозе Мурињо нема да ја преземе функцијата тренер на Реал Мадрид доколку Флорентино Перез ги изгуби претседателските избори. Според „As“, Мурињо, кој моментално е тренер на Бенфика, се согласил на двегодишен договор со мадридскиот клуб, со опција за продолжување за уште една сезона доколку ја освојат Ла Лига. Сепак, потпишувањето на договорот е одложено до завршувањето на претседателски избори. Доколку Перез не биде реизбран, Мурињо ќе ја ...

Слаткото од јагоди е еден од најомилените домашни деликатеси, кој го носи вкусот на пролетта затворен во тегла. Со својот богат сируп и сочни, цели плодови, ова слатко е неизоставен дел од традиционалното послужување – кога на гостите им се нуди лажичка слатко и чаша ладна вода, како знак на гостопримство. Состојки: 1 кг јагоди 1 кг шеќер вода (колку да ги покрие јагодите) 1 лимон Подготовка: Јагодите измијте ги темелно и исчистете ги од ...

Иако Фил Колинс одби настап на церемонијата за прием во Рокенрол куќата на славните, откри дека размислува за нова турнеја, по охрабрувачките вести поврзани со неговата здравствена состојба. По повредата на ’рбетот во 2007 година, поранешниот тапанар на групата Џенезис со години се соочува со сериозни здравствени проблеми, напиша списанието „ФарАут магазин“. На последните концерти на групата Џенезис во 2022 година, Колинс настапуваше седејќи ...

Четворица државјани на Турција се приведени и против нив е поднесена кривична пријава поради физички напад врз доставувач во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил на 24 мај околу 19:55 часот на подрачјето на Центар, кога, според пријавата, по претходна расправија околу сообраќајот, осомничените со патничко возило „ауди“ удриле во мотоциклот на 20-годишниот Ф.М. од Скопје, кој во моментот извршувал ...

Возило во кое се превезувале возач и сопатник попладнево излетало од улицата „Панче Караѓозов“ во Штип, по што заврши превртено во двор од една од куќите. Според очевидци возачот на автомобилот се обидел да избегне и да не удри во жена која сакала да ја премине улицата, по што нагло свртел и изгубил контрола над возилото. Автомобилот излетал од коловозот и завршил превртен на кров во дворот од куќата. Возачот и совозачот по несреќата биле ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека Ормуската Теснина „мора да остане отворена на еден или друг начин“, по новите американски напади врз ирански цели во јужниот дел на земјата. Тој истакна дека слободното поминување низ стратешкиот морски проток е клучно за глобалната безбедност. Рубио од Џајпур посочи дека разговорите со Иран напредуваат, но дека усогласувањето на текстот на евентуален договор може да потрае уште неколку ...

Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша указ со кој им се отпишуваат долговите на новите регрути за војната во Украина и на членовите на нивните семејства, соопшти Кремљ. Мерката е дел од напорите на Русија за зголемување на бројот на војници во конфликтот што трае повеќе од четири години. Според указот, лицата кои потпишале договор со руското Министерство за одбрана по 1 мај, како и нивните сопружници, можат да бидат ослободени од ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.1
52%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.43
70%
1017
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.15
81%
1019
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.1
78%
1019
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.79
71%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.4
91%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
1.34
55%
1012
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.64
47%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.67
41%
1017
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
72%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
1.34
53%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.42
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89

Паладиум

38355.84

Калај

50.54

Бакар

12.22

Иридиум

233896.68

Родиум

249168.29

Сребро

1862.96

Платина

50476.67

Злато

129060.56

Алуминиум

3.11