На граничниот премин Табановце е спречен обид за нелегален пренос на кеш пари во износ од половина милион евра, соопшти денеска директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Како што информира Николовски, парите се пронајдени во специјално конструиран бункер во минибус, спакувани во ќеси. Според директорот, чии се еврата ќе треба да утврдат другите надлежни институции, но извесно е дека ќе се влеат во државниот буџет и ќе се искористат ...

Пет години и шест месеци е изречената затворска казна за П.С од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници. За само еден месец на граѓаните успеал да им земе 56.000 евра. Портпаролот на Основниот суд-Штип, воедно и претседател на Кривичниот совет, судијата Сашко Георгиев ...

МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против двајца полициски службеници, зашто употребиле прекумерна физичка сила врз приведено лице. Станува збор за Д.С. и М.С. од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. – Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.С. и М.С. поради ...

Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“, рече кинескиот претседател Сји Џјинпинг за време на средбата сорускиот претседател Владимир Путин во Пекинг. „Кинеско-руските односи достигнаа толку високо ниво затоа што постојано ја продлабочувавме меѓусебната политичка доверба и стратешката координација со непоколеблива истрајност“, изјави Џјинпинг на почетокот на разговорите во Домот на народните собранија. Владимир Путин, пак, оцени дека ...

Американскиот Сенат синоќа одобри резолуција за воените овластувања на претседателот на САД, со која практично би бил ставен крај на војната со Иран освен ако претседателот Доналд Трамп не добие одобрение од Конгресот на САД. Резолуцијата беше усвоена со 50 гласа „за“ и 47 „против“, при што четворица републиканци гласаа заедно со демократите во поддршка на мерката. Резултатот претставува победа за законодавците кои сметаат дека Конгресот, а ...

Претставници на земјите-членки на Европската Унија и на Европскиот Парламент постигнаа договор за спроведување на контроверзниот царински договор со САД. Кипарското претседателство со Советот на ЕУ соопшти дека преговарачите постигнале привремен договор за две регулативи со кои се спроведуваат намалувањата на царините договорени во заедничката изјава меѓу ЕУ и САД. Под притисок од неодамнешните закани на американскиот претседател Доналд ...

Силни врнежи дожд со поплави неделава ја погодија Кина, при што животот го загубиле најмалку 12 лица, а десетици илјади се принудени на евакуација, јавуват кинеските државни медиуми. Телевизијата „Си-Си-Ти-Ви“ објави дека пет лица загинале, а 11 се водат како исчезнати во округот Шимен во провинцијата Хунан, каде врнежите не престануваат, а спасувачките служби интензивно работат на терен во отежнати временски услови. До синоќа во реонот биле ...

Владите на Европската унија расправаат дали поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги или поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел би можеле да ја претставуваат Унијата во потенцијални преговори со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Лондонскиот весник во денешниот извештај посочува дека министрите за надворешни работи на ЕУ за можните кандидати ќе разговараат на состанокот ...

Русија и Кина во голема мера постигнаа согласност за основните параметри на проектот за гасоводот „Силата на Сибир 2“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС. – Претседателот денеска за време на преговорите соопшти дека генерално постои согласност за главните параметри на „Силата на Сибир 2“. Ова се однесува како за маршрутата, така и за начинот на кој ќе се гради, изјави Песков пред новинарите. Тој истакна дека останува ...

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг денеска во големата сала на народот во Пекинг се сретна со својот руски колега Владимир Путин, кој престојува во официјална посета на земјата, при што двете страни се договорија за идно продолжување на договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Кина и Русија – јави агенцијата „Синхуа“. Шји истакна дека со оваа средба се одбележуваат 30-годишнината од воспоставувањето на стратешкото ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин посетата на Кина ја завршува со свечена вечера со кинескиот колега Шји Џинпинг. Средбата Шји – Путин резултираше со потпишување на повеќе од 20 договори во областа на трговијата и технологијата и со заедничка декларација за „мултиполарен светски поредок“. Шји наведе дека Кина и Русија треба да се насочат кон промовирање на „поправеден поразумен состав на глобално управување“. Според Путин, билатералните ...

Полскиот и унгарскиот премиер Доналд Туск и Петер Маѓар денеска во Варшава се согласија дека земјите-членки на Европска Унија се суверени држави и можат суверено да одлучуваат од кого да купуваат енергија, но оти најважно за Централна и Источна Европа е да обезбеди диверзификација на снабдувањето и да стави крај на зависноста од една земја. – Суверена одлука е на новата унгарска влада од каде ќе увезува и каде ќе извезува енергија. Мојата ...

Австралија се бори со најлошото жариште на дифтерија во изминатите децении, пренесе ДПА. Повеќе од 220 луѓе веќе се заразени, а северниот дел на земјата е особено тешко погоден. Главната причина за ширењето е наглиот пад на стапката на вакцинација, јави денеска радиодифузерот „Еј-Би-Си“, цитирајќи ја владата во Канбера. Новите податоци покажуваат дека стапката на рутинска имунизација кај децата, која вклучува и основна вакцинација против ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека одлуката на САД за повлекување на околу 5.000 војници од Германија нема да влијае врз способноста на Алијансата да се брани. – НАТО е и секогаш ќе биде трансатлантска алијанса. Она што се случува сега е преземање одговорност, оддалечување од нездраво прекумерно потпирање на еден сојузник што води кон пофер распределба на одговорноста за нашата колективна безбедност, наведе Руте. Тој ...

Германската полиција приведе брачна двојка во Минхен под сомнение дека шпионирале во корист на Кина. Приведените се германски државјани, а се товарат дека одржувале контакти со научници од германските универзитети и истражните институти со цел да добијат научни информации за високотехнолошки компоненти со потенцијални воени примени, соопшти Канцеларијата на федералниот обвинител во Карлсруе. Според истражителите, осомничените биле ...

Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ денеска, по повод апсењето петмина Срби во Грачаница, директори на српските здравствени и образовни институции, изјави дека Белград внимателно ја следи ситуацијата и оние што ги кршат човековите права во Косово можат да очекуваат реакција од обвинителството, судовите и полициските власти на Србија. Ѓуриќ рече дека владата на Албин Курти, со притворањето на Срби вработени во српските ...

Административната реформа во Бугарија има две јасни цели – зголемување на ефикасноста и кратење на трошоците, но притоа нема да има масовни отпуштања кои би довеле до губење на административниот капацитет и правни ризици, изјави премиерот Румен Радев на почетокот на денешната владина седница. Како што пренесува БТА, Радев потенцираше дека нема да има кратења и преструктурирање пред да се изврши прелиминарен преглед на структурите и функциите. ...

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за естонскиот медиум „Postimees“, меѓу другото ја критикува стратегијата на Европската Унија во надворешните работи и безбедноста на глобалните интереси. Тој нагласува дека било грешка што Европа им дозволила на САД да ги водат преговорите со Русија. – Не беше само обична грешка. Според мене, ова е став што не е соодветен за голема сила како Европа, бидејќи историјата на Европа е секако историја на ...

На Генералното собрание на Асоцијацијата на издавачки тела (AIB), Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје стана полноправна членка на Асоцијацијата. Со тоа, заедно со активностите кои ги преземаат Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Секретаријатот на Енергетската заедница за взаемно признавање на Гаранциите на потекло на електрична енергија (Guarantees of Origin – GOs), помеѓу земјите ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и споредена со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари е намалена за 54 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за мај изнесува 84.117 денари. За храна и пијалаци во мај биле потребни 25.475 денари, за образование 7.192, за облека и обувки 6.334 денари, за ...

Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Намалување од 0,33 кубни метри има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода, која во 2025 година изнесувала 12,59 ...

Европската комисија ја одобри новата транша во износ од 65,7 милиони евра за Република Северна Македонија во рамките на Планот за раст за Западен Балкан и Механизмот за реформи и раст. Како што соопшти Министерството за европски прашања, оваа поддршка претставува силна потврда дека државата успешно ги спроведува реформите и ги реализира клучните приоритети во областа на дигитализацијата, образованието и институционалниот развој, во согласност ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува ...

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 14. седница со почеток во 9:30 часот, на која ќе разгледува повеќе иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на законски и подзаконски акти од различни области, вклучувајќи ги урбанизмот, животната средина, здравството и локалната самоуправа. Како што информира Судот, предвидено е разгледување на седум иницијативи кои опфаќаат одредби од Законот за градење, Законот за дивеч и ловство, Законот за ...

Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група ВМРО – дека Владата на Мицкоски е полна со луѓе кои имаат бугарски пасоши. ВМРО-ОКГ и Мицкоски одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства. Зошто го одбија? Затоа што пола Влада веднаш ќе требаше да си замине. Може во Влада на Мицкоски со ...

Од општина која некогаш беше пример за спортот и здравиот развој на младите, Аеродром денес е пример за негрижа и целосно запоставување на условите за спортување во општината. Негрижата на градоначалниците од ВМРО-ОКГ во Аеродром, која трае веќе со години, придонесе сликата денес за спортските игралишта да биде очајна. Кошеви без обрачи, голови без стативи, руинирани и неосветлени терени се само дел од катастрофалната состојба на спортските ...

ОЈО ГОКК денеска потврди дека отворило истрага заради сомнежи за шпиунажа во Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова -ОЈО ГОКК, по добиено известување на 18.12.2025 година од Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал, кое се однесува на настан од 24.11.2025 година и постоење индиции за преземени недозволени активности од висок државен интерес, истиот ден отвори предистражна постапка и ...

Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи судењето за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На судењето обвинителите приложија докази – видео снимки и фотографии поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел. – Ќе може да видите дека постојат околности што се однесуваат на безбедносно ...

Денеска нема да зборуваме за нова епизода од лошо изрежираната ПР серија на градската власт туку за реалноста што ја гледат скопјани секој ден штом излезам од дома. Зад целата таа ароганција, зад навредите и театарот што го гледаме на седниците на Советот, се крие една многу потемна, но и многу појасна слика – слика на неспособност, матни тендери и целосно запоставено Скопје. Да одиме по ред со реалноста надвор од скапите ПР кампањи на ...

Наместо да застане на страна на младите и студентите и да им помогне, криминалната ВМРО ја напаѓа младината и опозицијата, како да не ги разбираме измените на Законот. Ова не е ништо ново за ВМРО – ОКГ на која приоритет и се криминалните тендери, а не студентите кои се двигатели на иднината на државата. Откако студентите кренаа глас против политиките на ВМРО, власта панично се обидува да го минимизира проблемот. Со бирократски фрази и празни ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.44
44%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
1.55
67%
1017
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.16
75%
1019
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.06
50%
1019
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
0.52
64%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.3
90%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
4.47
48%
1012
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
0.92
44%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.28
41%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
64%
1016
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 25ᴼ
1.79
52%
1018
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
4.21
68%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Паладиум

38355.84

Бакар

12.22

Злато

129060.56

Родиум

249168.29

Сребро

1862.96

Иридиум

233896.68

Калај

50.54

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Алуминиум

3.11

Платина

50476.67

Рутениум

49029.89