Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон нема да дозволи Иран да располага со високо збогатен ураниум, нагласувајќи дека САД се подготвени да преземат мерки за контрола врз тие резерви. Во обраќање пред медиумите во Белата куќа, Трамп посочи дека американската администрација нема намера да му дозволи на Техеран да го задржи нуклеарниот материјал, додавајќи дека тој би можел да биде уништен по евентуално преземање. Тој ...

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа ресорски состанок на којшто беа разгледани тековните активности во енергетскиот сектор. На состанокот, на којшто присуствуваа претставници од релевантните институции на полето на енергетиката, се разговараше на повеќе теми, во насока на навремена реализација на енергетските проекти, како и преземање мерки за справување со предизвиците во секторот. Претставниците на ЕСМ, ...

Владата на Албанија донесе одлука за изградба на три нови фотоволтаични електрани со вкупен капацитет од 178 мегавати, како дел од стратегијата за зголемување на производството на енергија од обновливи извори. Новите соларни капацитети ќе бидат изградени во близина на Лушња, Саранда и Поличан, а проектите се очекува да придонесат за поголема енергетска стабилност и намалување на зависноста од традиционалните извори на енергија. Според ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Баграт Тунјан, претставник на СИГМА – заедничката иницијатива на OECD и Европската Унија, посветена на тековните активности и реформски процеси во областа на јавната администрација. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на системот за Проценка на влијанието на регулативата (ПВР), подобрувањето на квалитетот на креирањето политики, јавните консултации и ...

Врз основа на обемна анализа од Европската комисија, Нови Сад се претстави како еден од најуспешните примери за долгорочен развој на Европска престолнина на културата, соопшти денеска Фондацијата Нови Сад 2022. Истражување, прво од таков вид спроведено од ЕК откако проектот EPK постои од 1985 година, го издвои Нови Сад меѓу 22 градови, поранешни носители на титулата и според резултатите од анализата градот беше истакнат во речиси сите клучни ...

Европската комисија прогнозира дека економијата на Србија годинава ќе порасне за 2,8 проценти, а следната година растот дополнително ќе забрза и ќе достигне 3,9 проценти, поттикнат од јавните инвестиции, растот на платите и подготовките за меѓународната изложба EXPO 2027 во Белград. Според најновите пролетни економски прогнози на Европската комисија, домашната побарувачка ќе биде главен двигател на растот, особено поради засилените ...

Традиционалните методи за дигитална видливост веќе не се доволни за опстанок на пазарот во ерата на вештачката интелигенција (AI). Ова е главниот заклучок од денешниот ексклузивен бизнис настан „Will AI Find Your Brand?“, кој се одржа во просториите на АНК Северна Македонија, во организација на АНК и Represent Communications Скопје. Настанот ги собра водечките комуникациски експерти од регионот и претставници на бизнис заедницата, со цел да ...

Работната група за реформи во Изборното законодавство денеска на седница разгледала повеќе клучни прашања поврзани со усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и како што соопшти Министерството за правда најголем дел од препораките се прифатливи и наскоро ќе има законско решение. На седницата биле усвоени повеќе предлози за измени на одредби од Изборниот законик, додека за дел од прашањата била отворена дополнителна ...

Денеска во Стокхолм, Кралството Шведска, се одржа бизнис форум во организација на Шведско-македонска стопанска комора и Македонија 2025, со поддршка на владите на двете држави, посветен на унапредување на економската соработка, трговската размена и инвестициските можности меѓу Република Северна Македонија и Кралство Шведска. На Форумот поздравно обраќање имаше заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, ...

Образовниот и научно-истражувачкиот систем во Македонија продолжуваат интензивно да се трансформираат во насока на прифаќање европски стандарди, подобар квалитет и посилна институционална поставеност. Приоритет се реформите кои произлегуваат од Реформската агенда 2024-2027, Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан и стратешките приоритети на Владата во областа на човечкиот капитал. Ова го нагласи министерката за образование и ...

Ново интегрирано дигитално решение за следливост на свежо овошје и зеленчук од парцела до финален купувач беше презентирано денеска од страна на ИНОФЕИТ – ЕДИХ и Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ. Директорот на ИНОФЕИТ – ЕДИХ, професор д-р Димитар Ташковски објасни дека дигиталното управување со земјоделското производство овозможува ефикасно следење и организација на клучните активности поврзани со бербата, ...

Вкупно 1.822 вработени во јавните здравствени установи во државата поднеле тужби против своите работодавачи. Вкупниот износ на тужбените барања достигнува 134,6 милиони денари – околу 2,18 милиони евра. Тужби се поднесени во 62 од вкупно 108 јавни здравствени установи, повеќе од половина од сите во земјата, беше соопштено на денешниот брифинг во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Директорот на ФЗО, Сашо Клековски појасни дека главниот ...

Новата Стратегија за минерални суровини на МАНУ посочува дека рудните проекти во Иловица и Плавица можат да имаат значајно влијание врз економијата и локалниот развој. Според документот, потенцијалните инвестиции би можеле да донесат околу 770 милиони евра, а дел од средствата би биле насочени кон инфраструктура, отворање нови работни места и активности за заштита на животната средина. Експертите нагласуваат дека реализацијата треба да биде ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на фактот што Македонија доби највеќе средства од ЕУ за реформската агенда и ставот на опозицијата, изјави: „Па видете, мислам дека тоа што го говори опозицијата и не заслужува коментар. Така што тој дел ќе го прескокнам. Но, сакам само да ги предупредам македонските граѓани дека, претпоставувам атмосферата во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Охрид порача дека германската компанија Костал претставува една од најуспешните странски инвестиции во Македонија и значаен двигател на домашната економија. На одбележувањето на 10-годишниот јубилеј на компанијата во Охрид, Мицкоски истакна дека една деценија е доволен период за да се согледаат резултатите од соработката меѓу државата и инвеститорите, оценувајќи дека постигнатите бројки се „импресивни ...

Елиминирањето на трговските бариери меѓу земјите од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора – сè повеќе се смета за клучен фактор за економскиот развој на регионот, јавува Косовската радио-телевизија. Повикувајќи се на истражувањето објавено во рамките на „Балкански барометар“ на веб-страницата на Советот за регионална соработка (РСС), медиумот нотира дека мнозинството од фирмите силно ...

Во април е регистриран годишен раст од 9,3 отсто на вкупните депозити и од 13,3 проценти на вкупната кредитна поддршка -Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“, се наведува во соопштението од Народна Банка. На годишна основа, вкупните кредити, пак, забележале раст од 13,3 отсто, како резултат на зголеменото ...

Комисијата за финансирање и буџет во законодавниот дом денеска на продолжението на 64. седница го разгледува Предлог-законот за задолжување на земјава со заем од меѓународни финансиски институции во износ до 260 милиони евра, наменет за буџетски потреби, капитални расходи и рефинансирање на обврски. Како што информираше претседавачот на седницата, Бојан Стојановски, продолжението е свикано согласно Деловникот и дека Комисијата има кворум за ...

Американската компанија „Спејс-Икс“ (SpaceX) официјално ги потврди плановите за својата прва понуда за тргување со акции. Плановите беа објавени во поднесокот за хартии од вредност, што е неопходен за секоја компанија која планира да излезе на берза. Првичната јавна понуда, според познавачите, би го направила извршниот директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск, уште побогат и воедно прв трилионер во светот, што според аналитичарите е пресвртница ...

Владата на Република Српска на денешната седница треба да го разгледа Нацртот на законот за измени и дополнувања на Законот за промет на експлозивни материи, запаливи течности и гасови, како и Нацртот на законот за измени на Законот за транспорт на опасни материи, заедно со предлогот за давање согласност за издавање гаранција за кредитно задолжување на компанијата „Електропривреда Република Српска“. Пред министрите треба да се најде и ...

Делегација предводена од Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), во чии состав се Ане Лашкоска, заменик-министерка за животна средина, директори на дел од Јавните комунални претпријатија, Инспекторатот за животна средина и на Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ престојуваат во работна посета на Народна Република Кина. Како што информираат ...

Иако не беше постигнат договор со нискобуџетската авиокомпанија „Рајанер“, Владата продолжува со отворање нови авиолинии и проширување на мрежата на летови од македонските аеродроми – потенцира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој најави 5 нови дестинации ова лето. Николоски истакна дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати условувања, кои би биле на штета на другите ...

Халкбанк АД Скопје ја зацврстува својата позиција на еден од клучните столбови на македонскиот финансиски систем со нова докапитализација во износ од 40 милиони евра, обезбедени директно од матичната банка, гигантот Халкбанкаси АШ Туркије. Со оваа стратешка инвестиција, вкупната актива на Халкбанк АД Скопје достигнува 2,15 милијарди евра. Она што дополнително влева сигурност кај депонентите и инвеститорите е нивото на вкупен капитал на ...

„Тиквеш“ продолжува да ја испишува македонската винска приказна на светската сцена. Компанијата освои златен медал за своето врвно вино „Babuna Red 2023“, но и низа други високи признанија, на годинешното издание на International Wine Challenge (IWC) 2026 во Лондон, еден од највлијателните и најценети вински натпревари во светот. Со импресивни 95 IWC поени, „Babuna Red 2023“ се издвои меѓу највисоко оценетите вина во својата категорија, ...

Денеска, 21 мај 2026 година, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески ќе се обрати на отворањето на меѓународната конференцијата „Општество и технологија – 2026“, 30 -та јубилејна манифестација на која СКСМ е еден од ко-организаторите на заедно со: Стопанската комора на Хрватска, Коморите на Индустрија и Трговија, и на занаетчиство и мали бизнис на Словенија, Регионалните комори на Приморска, Словенија и Штаерска од Австрија, како и ...

Технолошкиот гигант Мета започнува голема внатрешна трансформација со која се укинуваат околу 8.000 работни позиции, додека истовремено нема да се пополнат уште приближно 6.000 отворени места. Промените се дел од стратегија со која компанијата целосно го засилува фокусот на развој на вештачка интелигенција. Според интерна комуникација до вработените, извршниот директор Марк Цукерберг нагласил дека компанијата влегува во нова фаза на ...

Ефикасен систем за управување со отпад согласно стандардите и регулативата на Европската унија која е пресликана и во националното законодавство е возможно само преку воспоставување на одржлив регионален систем за управување со отпад. Овој систем ќе овозможи решавање на проблемите со отпадот, ќе овозможи негов соодветен третман, селекција, рециклирање и одлагање, со што ќе се отворат можности за развој базирани на кружна економија. Во ЕУ ...

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска во земјава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер, со брзина која на места ќе надминува 50 километри на час. Температурите ќе се движат од 6 до 14 степени минимална, додека максималната дневна температура ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви ...

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предложи Украина да добие статус на „придружена членка“ на Европска Унија како преоден чекор кон полноправно членство, што според него би можело да помогне во постигнување договор за завршување на војната. Според предлогот, украинските претставници би можеле да учествуваат на самитите и министерските состаноци на Европска Унија, но без право на глас. Фридрих Мерц смета дека таквиот модел би можел да ги ...

Регионална конференција „Граѓанска енергија: политики, практики и регионална размена“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација Еко-свест во соработка со партнери од Србија. Според организаторите, настанот доаѓа во клучен момент, кога двете земји се соочуваат со предизвици поврзани со пристапот до субвенции, административните процедури за приклучување на мрежа, правната сигурност и потребата од поголема инклузивност, особено за ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32