Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека денес се очекуваат нови цени од Регулаторната комисија за енергетика на горивата и каков ефект се очекува од намалување на акцизата на горивото, изјави: „Па ние со вчерашната одлука на Влада, практично овозможивме да Регулаторната комисија денеска ги намали акцизите за дизелот од 4 денари по литар, а за ...
Во организација на Алијансата за родова еднаквост на работното место (GEA), на 19 мај во хотелот DoubleTree by Hilton, конференцијата ќе ги обедини лидерите од бизнис заедницата околу темата „Money. Mind. Influence.“ и клучните предизвици поврзани со финансиското одлучување, менталната издржливост и влијанието во современото работење. Алијансата за родова еднаквост на работното место (GEA) ја најавува петтата, јубилејна конференција ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос тоа дека денес се отвораат нови хируршки сали во склоп на здравствениот систем и за тоа каков е планот за најавените вложувања во образовна инфраструктура, изјави: „Па би сакал да кажам дека, исто така кога станува збор за здравството, имаме синергија и со образованието. Во тек е процесот, односно нашето барање како ...
Иран нема повторно да ја отвори Ормуската Теснина во замена за „привремен прекин на огнот“, изјави денеска за Ројтерс висок ирански функционер, додавајќи дека Техеран верува дека Вашингтон не е подготвен за траен прекин на огнот. Функционерот потврди дека Иран добил предлози за итно примирје и ги разгледува, но додаде дека Техеран не прифаќа да биде притиснат да не се согласи со роковите и да донесе одлука. Пакистан изготви рамка за прекин ...
Како одговор на актуелната меѓународна флуктуација на цените, компанијата ОКТА го пролонгира времетраењето на намалувањето на цените за дизел гориво и бензини, наменето за веледрогериите и дистрибутерите, сè до 30 април 2026 година. Попустот за набавка на дизел изнесува 3 денари за литар. Паралелно, намалувањето на цената за бензин со 95 и 98 октани останува 2 денари по литар, според информациите добиени од компанијата. Од компанијата ...
GoDigital, со поддршка од Visa и во соработка со HalkBank, објавува отворен повик за компании за доделување бесплатни дигитални алатки и решенија, со цел да се зајакнат дигиталните капацитети на македонските компании и да се поттикне користењето на современи дигитални финансиски услуги. Повикот е наменет за компании кои имаат до 100 вработени, се во домашна сопственост, имаат позитивен финансиски резултат во последните две години и бележат ...
Дваесетина млади лица добија дводневна интензивна обука за бизнис вештини базирана на светски признатата ЦЕФЕ (CEFE) методологија што во организација на Ротаракт клубот „Кочани-Виница“ се одржа во Феникс центарот во Кочани. Станува збор за интересен и интерактивен пристап кој се базира на искуствено учење. Младите не учат теорија за бизнис, туку како да се размислува претприемачки. Учесниците влегуваа во симулации, во различни реални бизнис ...
Венко Филипче денес зборува дека земјоделието е во лоша состојба, но токму во периодот кога тој беше дел од владата на СДС земјоделците излегуваа на протести поради катастрофалните политики на власта. Каква забеганост. Човекот тоне во сопствената немоќ, партијата му се распаѓа, рејтингот му е еднаков на статистичка грешка, а тој упорно зборува за тема за која повеќе од очигледно не ја разбира, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, од ...
Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола викендов во реонот на Нижо Поле, Цапари, Вртушка и Брајчино постави 40 камери за мониторинг на истоимениот национален парк. Од ЈУНП „Пелистер“-Битола информираат дека активностите се во функција на системите за заштита и следење на природата, преку примена на современи методи за мониторинг и научно истражување. -Во рамки на овие активности, воспоставен е систем за следење на дивиот свет со ...
ОПЕК+ донесе одлука за умерено, речиси симболично зголемување на производството на нафта, испраќајќи сигнал за стабилност на пазарите, но без значително да ја промени глобалната понуда. Иако формално се најавува раст на производството, аналитичарите оценуваат дека реалниот ефект ќе биде ограничен, особено во услови на продолжени геополитички тензии и воени конфликти кои го нарушуваат снабдувањето. Клучен фактор останува влијанието на војните ...
Денес во Скопје се одржува протест на студенти, кои излегоа на улица поради незадоволство од одлуката на Министерство за правда на Северна Македонија да не им овозможи полагање на правосудниот испит на албански јазик. Студентите бараат еднаков пристап и почитување на јазичните права, нагласувајќи дека ваквата одлука ги става во нерамноправна положба. Тие истакнуваат дека правосудниот испит е клучен чекор за нивната професионална иднина и ...
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) изминатиот период спроведе низа активности за подигнување на атрактивноста на сметководствената професија и нејзина промоција меѓу студентите и средношколците. ИСОС го поддржа студентскиот проект кој беше инициран по Втората регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, за отпочнување на видео подкаст „Повеќе од само бројки – Сè што сте сакале да знаете за ...
Бидејќи е јасно дека нашата земја неможе да влијае врз глобалните процеси, а тие станаа редовна појава со влијание на целокупната светска економија (економска криза 2008 г., здравствена криза 2020 г., енергетска криза 2021 г., нафтена криза сега, 2026 г. ), мислам дека е погоден момент барем на домашен план да ги потсредиме работите. На тоа ни кажуваат и резултатите и бројките за првите два месеци од оваа година. Никогаш не сум се срамел да ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 10 април 2026 почнува целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјаните што патуваат за краткорочен престој, а се од држави што не се членки на ЕУ. Со воведувањето на ЕЕС влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, ...
Иран одговори на ултиматумот од американскиот претседател Доналд Трамп со објавување нови закани за Ормуската Теснина, што е витална артерија за глобалните испораки на нафта и гас, јави ДПА. „Ормуската Теснина ќе се отвори повторно само кога, според нов правен режим, штетите од наметнатата војна ќе бидат целосно компензирани од дел од приходите од бродарина за транзит низ преминот“, изјави синоќа на Икс, Мехди Табатабаеи, службеник за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа се чини дека го одложи својот ултиматум до Иран за уште 24 часа, сега поставувајќи го „вторник во 20 часот“ по источно време, што е 2:00 часот наутро во среда по средноевропско време, за нов краен рок. „Вторник, 20 часот по источно време“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social. Претходно вчера Трамп изрази верување дека САД имаат добри шанси денеска, понеделник, да постигнат договор со ...
Без електрична енергија во одредени периоди од денот поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска ќе бидат корисниците од неколку улици во општините Илинден, Чучер Сандево, Бутел и Карпош. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа во периодот од 08:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Кадино Село“ во Илинден. Во периодот од 08:30 до 13:30 часот без струја ...
Јубилејните 75 години од своето постоење, кои ги чествува со мотото „Столб на македонското битие“, Државниот архив на Република Македонија денеска ќе ги одбележи со три настани. Во Археолошкиот музеј на Македонија ќе биде промовирана поштенска марка, во Порта Македонија ќе биде организирана средба со претставници на 14 архиви и архивски асоцијации од регионот и од Европа, а вечер во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечена академија ...
Цените на нафтата на светските берзи пораснаа на почетокот на неделава откако американскиот претседател Доналд Трамп упати нови закани за можна воена акција против Иран што ги зголеми стравувањата од нарушување на глобалното снабдување. Цената на нафтата „Брент“ за испорака во јуни надмина 111 долари за барел, што е за речиси 40 долари повеќе во споредба со периодот пред ескалацијата на конфликтот. Пораст на цената бележи и американската ...
Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата, со цел да се ублажи ценовниот притисок врз граѓаните и стопанството. Акцизата на дизел горивото се намалува за четири денари по литар, додека кај бензините намалувањето изнесува два денари по литар. Оваа мерка треба директно да влијае врз крајната цена на горивата на бензинските пумпи. Со ваквиот потег се очекува барем делумно олеснување на трошоците за транспорт, како и намалување ...
Четири италијански воздушни пристаништа – Болоња, Милано Линате, Тревизо и Венеција – се изложени на ризик од можни рестрикции во снабдувањето со авијациско гориво, поради проблеми кај клучниот снабдувач Ер БП Италија. Во известување на една авиокомпанија, објавено вчера, се наведува дека „услугите за полнење гориво за превозниците со склучени договори со Ер БП Италија би можеле да бидат лимитирани“ поради намалена достапност на гориво, ...
„Вторник, 20:00 часот по Источно време!“ – напиша Трамп на социјалните мрежи, без да открие детали за темата на најавата. Објавата веднаш го привлече вниманието на медиумите и јавноста, а според некои од медиумите станува збор за рокот што му се поставува на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец, истакнувајќи дека истиот истекува во вторник во 20 часот по источноамериканско време, што е во 2 часот по полноќ по американско време. ...
Американската компанија ПепсиКо се повлече како спонзор на познатиот музички фестивал Wireless Festival, откако беше најавено дека главна ѕвезда ќе биде раперот Канје Вест. Одлуката доаѓа по силни реакции во јавноста и критики од политичари и организации, поради контроверзните изјави на музичарот во изминатите години. Канје Вест, познат и како Је, беше критикуван за антисемитски ставови, што предизвика загриженост кај дел од јавноста и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави снимка на својата платформа Truth Social, за која нагласува дека прикажува „сеопфатен напад во Техеран“. Тој истакна дека при овој напад загинале „голем број ирански воени заповедници, кои биле лошо и неодговорно управувани“. Овие тврдења на Трамп се појавуваат во период на засилени напади врз ирански воени и политички цели, во кои веќе се елиминирани високи државни службеници, меѓу кои и ...
Пет земји-членки на Европска унија побараа воведување на нов данок на „неочекувани профити“ (windfall tax) за енергетските компании како одговор на растечките цени на горивата и притисокот врз потрошувачите. Овие земји се: Германија, Италија, Шпанија, Португалија и Австрија. Во заедничко писмо испратено до Европската комисија, министрите за финансии од овие земји истакнаа дека компаниите што оствариле значително зголемени добивки поради ...
Мартовската инфлација се движи меѓу 4 и 5 отсто, покажуваат првичните економски показатели, што повторно го отвора прашањето за зголемените трошоци за живот. Поскапувањата најмногу се чувствуваат кај основните производи, енергенсите и транспортот, што дополнително го оптоварува домашниот буџет на граѓаните. Во обид да се ублажи притисокот врз граѓаните и стопанството, Владата за денес најави мерки кои ќе се однесуваат на намалување на ...
Зголемената дневна фреквенција на албански граѓани на граничниот премин „Ќафасан“ повторно ја потврдува разликата во цените меѓу Албанија и Македонија, што ги мотивира луѓето од пограничните области да патуваат за набавка на основни производи. Најчесто, посетителите доаѓаат во Македонија за да купат гориво, храна и други основни намирници, кои според нив се поевтини во споредба со нивната земја. Ова особено важи за нафтените деривати и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упати нова цврста порака кон Иран, предупредувајќи на сериозни реперкусии доколку Техеран не постигне договор. Трамп, преку својата објава на платформата Truth Social, потсети на претходниот рок што им го даде на иранските власти во однос на отворањето на Ормушката Теснина. “- Се сеќавате дека му дадов на Иран десет дена да склучи договор или да ја отвори Ормушката Теснина. Времето истекува – уште 48 ...
Албанија се соочува со сериозна криза во однос на работната сила, бидејќи околу 40% од нејзиниот потенцијал за работа одлучил да го изгради својот живот во странство. Годишниот извештај на Народната банка на Албанија за 2025 година предупредува на загрижувачките статистики за иселувањето, класифицирајќи го овој феномен не само како социјален проблем, туку и како ризик што влијае на економскиот развој и ја нарушува стабилноста на многу ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, наводно, размислува за дополнителни промени во својот кабинет, откако оваа недела беше сменета државната обвинителка Пем Бонди, а минатиот месец и секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем. Оваа информација беше објавена од страна на американските медиуми. „Вашингтон пост“ денеска, цитирајќи претставници на Белата куќа, информира дека Трамп разгледува можности за дополнителни кадровски промени ...