
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Денес, среда, 13 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола до 9 степени. Утре, четврт0к, 14 ноември, во Битола времето ќе биде претежно облачно, уште од ноќта, а потоа и преку денот со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. Ќе ...
Еурофарм Пелистер го претстави Раул Алонсо новиот тренер кој доаѓа од Шпанија кој потпиша договор до крајот на оваа и наредната сезона, заклучно со јуни 2026 година. 45-годишниот Раул Алонсо голем дел од својата ракометна кариера како тренер ја мина во Германија. Тој работеше во Обернбург, Рајн Мен Бинен, а од 2010 до 2015 година беше дел од стручниот штаб на големиот Кил. Со „зебрите“ стана двоен европски првак како асистент на Алфред ...
Џокер – Пелистер 93:84 Екипата на Пелистер вечерва во Сомбор го претрпе третиот пораз во четвртото коло од АБА2 лигата од Џокер со резултат 93:84, во натпревар во кој во три четвртини беа подобар противник, освен на стартот на второто полувреме, па затоа тренерот Петровиќ и неговите избраници имаат за што да жалат. Третата четвртина која убедливо ја загуби со 27:9, го реши натпреварот. Пелистер одлично, Антоан за седум минути стигна до осум ...
На 11.11.2024 во 18.45 часот во с.Маково, општина Новаци, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода три лица на возраст од 35, 32, и 39 години, сите од Битола. При преглед на патничко возило „рено” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на едното лице, биле пронајдени и одземени две пушки, околу 50 куршуми со различен калибар, како и делови за оружје и други метални предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од ...
На раководна функција на Основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин“ Битола како ВД директор е назначена Драгана Кирковска, дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор и стручно лице од редот на вработените во институцијата. Кирковска сСвоето четиригодишно средно образование го стекнува во општинското средно медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“ во Битола, а своето високо образование го завршува во 2011 година на Универзитетот ,, ...
Кошаркарите на Пелистер оптимистички расположени го очекуваат денешниот дуел во Сомбор против екипата на Џокер, во рамките од четвртото коло од АБА2 лигата. Пелистер има скор една победа и два порази, а српскиот тим пак има три победи, но тоа е само мотив повеќе за тренерот Александар Петровиќ и неговите избраници со добра игра вечерва во Сомбор да му го нанесат првиот пораз во АБА2 на клубот зад кој стои најдобриот светски кошаркар, Никола ...
Денес, вторник, 12 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Темпертурата во Битола до 8 степени. Утре, среда, 13 ноември во Битола времето ќе биде претежно облачно, со повремени локални врнежи од дожд. По котлините ќе има услови за појава ...
Кошаркарите на Пелистер од Битола попладнево го одработија првиот од планирание два тренинзи во градската сала “Мостонга“ во Сомбор, Србија, на екипата на Џокер, клубот на Никола Јокиќ.“Пелистерци“ натпреварот против екипата на Џокер ќе го играат во рамките на 4. коло од АБА2 лигата. Во тимот на Александар Петровиќ го нема Боич кој веќе извесно време е повреден, а во Сомбор не патуваше и Бошалевски.Петровиќ го искористи правото за првиот ...
Топ Гол – Речица 6:0 (3:0) Во рамките на 12. коло од ПФЛ-Жени екипата на Топ гол во Битола ја декласира екипата на Речица со конечен резултат 6:0, на полувреме 3:0. Ве натпреварот кој се одигра на фудбалското игралиште “Павел Шатев“ пред околу 100 гледачи, битолчанки со головите на Талевска, Стефановска, Каралиоска, Илиевска и два погодоци на Бумбароска прокнижија нови три бодово на нивно салдо и се искачија на 6место на табела. -Честитки за ...
Воспитувани сме, особено оние со авторитарни родители во традиционално родителство родени во 70, 80 и 90 години од минтиот век кога требаше да бидеме „послушни“ и така сме “добри”. Тоа значи да ги слушаме другите, да не кажуваме што навистина мислиме, единствено да се насмевнеме и да ја прифатиме ситуацијата таква каква што е. Во однос и на работата, исто така треба да почекаме, да ја прифатиме онаква каква што е, да бидеме послушни, културни… ...
Денес, понеделник, 11 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Упрвата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и постудено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 12 степени. Утре, вторник, 12 ноември, во Битола времето ќе биде променливо облачно, студено и со сончеви периоди. Ќе има услови за повремен слаб дожд, а на повисоките планини и особено од ...
-Пред 10 години во Битола, на Денот на ослободувањето на градот на 4 ноември се одржа на мирен протестен марш што го организираше Здружението “За нас се работи“, кој започна од пред платото пред споменикот на Стив Наумов, а заврши до Народниот театар Битола, каде што се одржуваше свечената академија и доделување на 4-то ноемвриските награди, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското ...
Денес, недела, 10 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и постудено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола до 12 степени. Утре, понеделик, 11 ноември, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има услови за повремен слаб дожд, а на повисоките планини и особено од вечерните часови со ...
Јанта Волеј – Пелистер Волеј 0:3 Пелистер Волеј од Битола, од почетокот на сезоната 5 кола по ред не знае за пораз, како на домашен терен во Битола така и на гостувањата. Тие и од Скопје се вратија со уште една фуриозна победа од гостувањето кај екипата на Јанта Волеј Бутел, со максимални 3:0 по сетови, 25:09, 25:09, 25:18. -Апсолутна доминација од самиот почеток на натпреварот во кој битолскиот тим повторно покажа дека има сериозни амбиции за ...
-Наградата “Борисав Траиковски“ за делото “Распетие“ на Дејан Макаријовски од Битола, а “Ноемвриската“ награда му се додели на Ване Костуранов од Струмица. Вечерва во Офицерски дом во Битола свечено беше отворена јубилејната изложба на ДЛУБ, по повод 50 години од основањето на Друштвото на ликовни уметници Битола.На изложбата се претставени над шеесетина дела од околу четириесет автори, активни членови како и дела на основоположниците на самото ...
Силекс – Пелистер 1:0 (1:0) Пелистер од Битола е поразен на гостувањето во Кратово од екипата на Силекс со 1:0, со што кратовчани ум се реваншираа на “пелистерци“ за поразот во Битола со идентичен резултат. Пелистер настапи без капитенот Мирко Ивановски кој “поцрвене“ на дербито со Вардар. Резултатот беше отворен уште на почетокот на натпреварот, во 5. минута, кога Ѓорѓиевски после соло му додаде до Дарко Додев, а овој, фудбалски, од прва, од ...
На 09.11.2024 во 02.20 часот на регионален пат А3 во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 31 годишник од Битола, затоа што при преглед кај него пронашле грутчеста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. На 09.11.2024 во 00.30 часот на ул. “Карпош” во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 42 годишник од Битола, затоа што при преглед кај него била пронајдена прашкаста ...
Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор против 23-годишник осомничен за две кривични дела – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Против него е поведена постапка, бидејќи во два одвоени настани, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира. Жртвите и во двата случаи успеале самите да го оттурнат ...
Во рамки на активностите за одбележување на Светскиот ден на науката за мир и развој, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на 15 и 16 ноември 2024 г. ја одржува Годишната меѓународна научна конференција „Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“. Пред одржување на Конференцијата, проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ ја потврдува посветеноста на раководството на УКЛО и на Универзитетот кон парадигмата дека – науката ...
Низ разговори со д-р Васил Чипуровски информираме и даваме стручни совети за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне за перикард и перикардитис, за што вели: -Перикардот е обвивка на срцето која се состои од два листа висцерален и париетален помеѓу кои има до 50 мл течност ултрафилтрат на плазма и клетки кој спречува триење. ...
Денес, сабота, 9 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 17 степени. Утре, недела, 10 ноември, во Битола, времето ќе биде променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 12 степени. ...
Пелистер – Феникс 110:93 Кошаркарите на Пелистер пред празни трибини во Битола ја продолжија победничката серија во домашниот шампионат и го запишаа четвртиот триумф. Во салата „Боро Чурлевски“, која беше празна поради суспензијата од КФСМ “пелистерци“ демонстрираа моќ против Феникс 2010 и постигнаа 110 поени, триумфирајќи со 110:93.Гостите од Скопје одлично се бореа, прикажаа и повеќе од достоен отпор, но квалитетот и искуството на битолчани ...
Општина Битола и ЈП “Комуналец“ Битола започнуваат со активности за подобро постапување со отпадот во градот, што ќе вклучува поставување соодветни садови за собирање, селекција на отпад од пластика, нови контејнери за селекција на отпад и воведување селекција на отпад од хартија. -Повеќе од 1.200 садови за отпад за индивидуални домаќинства и 59 садови за отпад во колективни згради во наредниот период ќе бидат поставени на повеќе локации во ...
Денес, петок, 8 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 15 степени. Утре, сабота, 9 ноември, во Битола времето ќе биде наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ...
На 8 ноември во 13:00 часот, BLISS Mall официјално ги отвора вратите и ние сме воодушевени што ќе бидеме дел од овој возбудлив нов простор! Придружете ни се додека го откриваме нашиот One stop shop, каде што можете да го истражите нашиот целосен спектар на услуги од финансии, осигурувања, патувања, програма за лојалност – сето тоа на една погодна локација. Не пропуштајте ја шансата да се дружите со нашето Минт Зајаче кое ќе биде тука за да ја ...
Во рамките на 4 коло од втората државна лига, Пелистер Волеј ја декласира екипата на Македонија Макс од Струмица со максимални 3:0, по сетови 25:02; 25:03; 25:13; Дозволувајќи му само 18 поени во трите сета на противникот и со тоа покажаа дека немаат милост на патот кон првата лига, па оваа година газат сѐ пред себе, а до сега имаат 4 од 4 и без загубен сет се наоѓаат на самиот врв на табелата. На сите досегашни натпревари сите одбојкарки ...
Денес се асфалтира новата улица помеѓу новиот трговски центар “Близз“ и “Лидл“ во Битола која е проектирана и направена да започува од “Илинденска“ кај Еврејските гробишта и се вклучува во големиот кружен тек кај “Дулието“. Претходно поради новата улица се направени измени и во самиот кружен тек, а се работи и на тротоарите околу кружниот тек. За утре е закажано и свечено отворање на новиот трговски центар “Близз“, односно вториот кат, а ...
Екипата на Пелистер мечот против Феникс од 6. коло од Првата лига ќе го одигра без публика во Битола, а причина за тоа е суспензијата добиена од комесарот Александар Милојевиќ поради хаосот на трибините пред крајот на неодамнешната средба на битолчани во домашната пресметка со Кожув. Битолчани изглеа со соопштение по повод целата ситуација. Соопштението ви го пренесуваме во целост. Почитувани, -Сакаме да Ве информираме дека натпреварот од 6. ...
Имаме чест да споделиме одлични вести од АК Олимп од Битола – макотрпната работа, посветеноста и најуспешната сезона на нашата атлетичарка Дарија Крстевска резултираа со нејзиниот прв повик во дресот на македонската репрезентација! Дарија ќе ги брани боите на Македонија на претстојното Балканско првенство во Крос Кантри, кое ќе се одржи на 9 ноември во Камплунг, Романија. Во категоријата У20 години, таа ќе се натпреварува во дисциплината трчање ...
Ексклузивно на едукативното предавање во организација на НУУБ “Св. Климент Охридски”- Битола проф. д-р Зоран Крстевски ќе зборува за воспоставувањето нова позитивна програма на размислување и дејствување низ практикување на методите: Афирмација; визулизација; фреквенција, енергија и многу други техники за хармонизирање на личноста. Сите 12 книги на проф. Крстевски ќе им бидат достапни на посетителите, а најновата негова книга “Астролошки ...