Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и екипите на јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, постојано се на терен, по силниот ветер кој денес ја зафати Битола и сеуште предизвикува штети на повеќе локации.Екипите дејствуваат координирано на повеќе места, а ќе останат на терен се до расчистување на сите локации. На социјалните мрежи се појавија фотографии од оштетени покриви покриени со лим, ...

Во време кога дигиталниот свет ги потиснува традициите, а заборавот станува наша секојдневна реалност, македонскиот јазик добива нова форма на изразување преку уникатната колекција накит на Сташа Божиновска – ДУМА.Оваа колекција, создадена како дел од проектот „Азбучен споменар“, ги оживува архаизмите – подзаборавените македонски зборови – претворајќи ги во современа уметност.-“ДУМА“ е посвета на македонскиот збор – неговата сила, убавина и ...

Бидете еден чекор пред кардиоваскуларните ризици, со нашата стручна грижа и персонализирана медицинска поддршка. -Навремено дијагностицирање на срцеви заболувања -Земање на анамнеза -Мерење на крвен притисок -12 канален ЕКГ запис (електрокардиограм) -Ехокардиографија на срце и аорта -Доплер на каротидни артерии и периферни крвни садови на нозе -Ехо визуелизација на абдоминални органи, бубрези и тироидна жлезда Превенцијата е клучна! Закажете го ...

Синоќа во галерија, музеј и ателје “Ранко Струмениковски“ во Битола беше отворена традиционалната изложба по повод денот на раѓањето на реномираниот академски сликар и графичар – Ранко Струмениковски (1936-2000).Оваа година кога се одбележуваат 88 години од роденденот на Струмениковски и на пригоден начин беше отворена изложба на графики на светски познатиот графичар од Арегентина – Леонардо Готлиб, актуелниот добитник на Гран При на ...

Денес, петок, 22 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен. Температурата во Битола до 13 степени. Утре, сабота, 23 ноември, во Битола времето ќе биде претпладне променливо облачно, со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од ...

Продолжува реализацијата на инфраструктурни проекти во Општина Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, денес изврши увид на работните активности за асфалтирање на третата делница од улицата „Стив Наумов“, а активностите до целосно завршување на реконструкцијата продолжуваат на последниот дел од оваа улица, која се очекува да биде завршена до крајот на годината. Улицата „Стив Наумов“ се реконструира во должина од 2 километри, а проектот ...

Квалитетот на боксерите од боксерскиот клуб Пелистерски јунак се потврдува на секој турнир во домашното првенство, и на секое меѓународно натреварување, а последната потврда на тоа дојде од Србија, на Балканското првенство во бокс во Лозница. Тројцата боксери од познатата боксерска фамилијата Рустемовски од Битола обезбеди три финалиња за Македонија на Балканското првенство во бокс во Србија. По пласманот во финалето во младинска конкуренција, ...

Синоќа во Битола , во рамките на 8. коло од Лигата на шампионите, екипата на Еурофарм Пелистер, одигра нерешено со екипата на Фредериција од Данска, а новиот тренер Раул Алонсо може да жали, бидејќи можеше да старува со победа, откако не беа реализирани двата напади во последната минута. На официјалната пред конференција во шпанскиот стратег Алонсо рече: -Ова беше посебен натпревар за мене. Фактот дека имавме краток период да се подготвиме ...

Секоја убавина започнува со здрава коса, кожа и нокти. А не со шминка и прекривање на недостатоците моментално. Закажете консултација кај д-р Дијана Ѓоргиевска нашиот дерматолог со повеќегодишно практично искуство која ќе ви ги предложи последните медицински протоколи за: бемки, кожен рак, сува кожа, егзем -акни/розацеа/скалп, осипи, болести на ноктите, вени и други кожни заболувања. Можете да закажете консултации и термини за БОТОКС или PRP ...

Денес, четрток, 21 октомври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 13 степени. Утре, шеток, 22 октомври, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Преку денот ќе дува засилен ветер од јужен ...

Навивачите на Еурофарм Пелистер со голема желба го очекуваа натпреаварот во Битола од Лигата на шампионите, и се надеваат на прва победа на домашен терен, а посебно по победата го гости во Данска, токму против Фредериција, која гостуваше во Битола.Еурофарм Пелистер одиграа нерешени 29:29 во драматичен натпревар до самиот крај, а домашните ракометери и домашната публика, која ги наполни трибините во спортската сала “Боро Чурлевски“ имаат за што ...

Еурофарм Пелистер – Фредериција 29:29 По првата победа во претходното коло, Еурофарм Пелистер вечерва го освои четвртиот бод во Лигата на шампионите одигрувајќи реми 29:29 во Битола против данска Фредериција. Ракометарите на Еурофарм Пелистер прикажаа голема борба, се играше на победа до завршните секунди, а во таа драма во завршницата двете екипи имаа прилика за победа. Но битолчани можат повеќе да жалат бидејќи не искористија два напади за ...

Денес завршија активностите за асфалтирање на „Памп трак“ полигонот за велосипедисти во Градскиот парк. Проектот кој е реализиран на површина од 900 м², во период од две недели, ги исполнува сите услови за заштита на животната средина и јавното зеленило, а дополнително околниот дел ќе биде и хортикултурно уреден, согласно временските услови. Оваа адреналинската патека возачите на велосипеди, скејтборди, ролери и друго, ќе можат да ја користат ...

Со одлука на Владата за прв човек на националниот парк “Пелистер“ Битола именуван е Иванчо Тошевски, кој ќе ја извршува функција в.д. директор. Тошевски е поранешен претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола , а беше и координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и советник од ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Битола од 2017 до 2021 година, а сега е секретар на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола. Тошевски во јавноста е познат како голем вљубеник во планината, ...

Тројца битолски боксери членови на боксерскиот клуб Пелистерски јунак од Битола се дел од македонската боксреска репрезентација, кои боксоваат на Балканското боксерско првенство, кое се одржува во Лозница, Србија. Во младинска конкуренција, до 54 килограми, Ардијан Рустемовски на поени 4:1 го победи Стивен Џиџи од Албанија во полуфиналето. Ардијан Рустемовски во финалето за противник ќе го има Максим Зименко од Украина, а финалето е закажано за ...

Во Центарот за култура во Битола пред присутната публика, беше промовиран вториот роман на Јасмина Атанасова, “Напластување“. Настанот го организираше издавачот – Центарот за култура од Битола како дел од неговата годишна програма поддржана од Министерството за култура.Програмата започна со театарски перформанс во изведба на актерките Илијана Питошка, Елеонора Блажевска и Теона Петровска од Интимен театар, под режисерско водство на Софија ...

Новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, само пред шест дена пристигна во Битола, а вечерва ќе го има европското деби во Лигата на шампиони, против тимот на Фредериција. Шпанецот на официјалната прес-конференција се обрати пред натпреварот со Фредериција, повика на претпазливост и нагласи дека немал премногу време за подготовка на средбата. -Секој натпревар е различен посебно кога играте во Лигата на шампионите. Играчите во ова ...

Денес, среда, 20 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува засилен до силен јужен ветер. Температурата во Битола до 17 степени. Утре, четврток, 21 ноември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд во западните делови, особено претпладне. Ќе дува засилен до силен ветер од северозападен ...

Во центарот на Битола денови започна со работа “CALM Street CAFFE“, кој се наоѓа на улица “Томаки Димитровски“ во Битола, кај грчкиот конзулт. Локалот нуди еден посебен и уникатен амбиент, нетипичен за нашите простори.-Дали ќе одберете “Morning Cafe with smooth Jazz“ за убав почеток на денот, или “Nighttime BLUES“ за фин завршеток, изборот е Ваш. Во било кој случај, амбиентот е прекрасен, а услугата врвна, порачуваат од “CALM Street ...

Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Битола распишува јавен повик за членство во Локалното собрание на млади. Локалното собрание на млади претставува тело кое е составено од по еден делегат и еден заменик делегат кои ќе бидат предложени од страна на младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување. Локалното собрание на ...

Утре во Битола ќе се одигра реванш натпреварот против екипата на Фредериција во рамките на групната фаза на Лигата на шампионите, а Еурофарм Пелистер по гостинската победа е фаворит. Но, сите во тимот знаат дека нема да биде лесно да се дојде со втора по ред победа против екипата на Фредериција, вице премиер на Данска. Победа и нови бодови би биле минување на групната фаза и пласман во осминафиналето. Токму тоа го нагласи Домен Тајник, свесен ...

Денес, вторник, 19 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде утрото студено и магливо. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре, среда, 20 ноеври, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен до силен јужен ветер. Температурата ...

Вечерва во Офицерски дом во Битола отворена бешеиИзложбата “Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска Бакревска од Битола, која отвоисилна и емоционална приказна за еден од најзначајните еколошки проблеми во Македонија – исчезнувањето на Преспанското Езеро.Изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови, алтернативна фотографска техника, што ги изработува самата авторка, која е една од ретките што ја користи оваа техника ...

Шпанскиот стручњак Раул Алонсо денес во Битола и официјално беше претставен пред јавноста и медиумите како нов тренер на Еурофарм Пелистер. 45-годишниот Алонсо, кој доаѓа во Битола од Мадрид потпиша договор на една и пол година и веќе го одработи првиот тренинг. Него го дочека спортскиот директор Звонко Шундовски, кој го запозна со клубот, градот и проектот. Раул позираше со клупски обележја и ќе биде првиот шпански тренер во нашиот клуб. ...

На 17.11.2024 во 09.30 часот во СВР Битола, М.Х.(31) од село Жабени, битолско, пријавил дека ул. „Партизанска” во Битола физички бил нападнат од четири лица кои употребиле и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 17.11.2024 во 18.30 часот во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека при влез во затвореното одделение била пронајдена бела прашкаста материја, која му припаѓала на ...

Со решение на градоначалникот на Општина Битола,а по претходно распишан оглас за директор, Горан Талевски од денес е новиот директор на средното медицинско училиште во Битола, со четиригодишен мандат. Талевски е магистер по историски науки. Вработен е во училиштето од 2010 година како професор по историја и има 16 години работно искуство во образовниот сектор. Во текот на својот професионален работен ангажман се усовршувал и учествувал на голем ...

Во просториите на СК РЕК Битола од Битола се одржа (10 метри воздушна пушка). На натпреварот учество зедоа нај истакнатите ученици од општинските натпревари и беа постигнати одлични резултати.Натпреварот беше организиран и реализиран од страна на наставниците и професорите од основните и средните училишта со помош на тренерите на СК РЕК, а на истиот беа присутни и претставници на Федерацијата на училишен спорт, претставници на Општина Битола ...

Луѓето секогаш реагираат на состојбите на луѓето околу нив, биле за тоа свесни или не. Лошите чувства, директно се пренесуваат од личност на личност, посебно ако тие се блиски. Границата меѓу „ЈАС“ и „ТИ“ во суштина е само илузија. Оној најдлабок дел на човекот, колку и да бил прикриен со социјални деформации и истиснат од свеста, реагира со емпатија и идентифијкација со сите живи суштества. Психолошки факт е дека се што човек му прави на ...

Денес, понеделник, 18 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде со магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утре, вторник, 19 ноември, во Битола времето ќе биде наутро студено со појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. ...

Пелистер – Шкупи 86:90 Кошаркарите на Пелистер во рамките на домашното првенство за првпат сезонава се поразени на домашен терен, и тоа од новиот прволигаш Шкупи со резултат 86:90. Иако “пелистерци“ беа, како и самите кажаа пред натпреварот фаворити, тоа не го оправдаа на паркетот во “Боро Чурлевски“. Во натреварот публиката виде лоша игра во одбрана кај Пелистер, а голем мотив кај гостите, кои ја заслужија победата. Натпреварот започна со ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
38%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.63
54%
1013
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
69%
1011
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
55%
1015
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.58
64%
1015
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1012
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.12
54%
1014
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
48%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
8.75
66%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
6.17
85%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 14ᴼ
1.54
100%
1015
Currency

61.535

Currency

54.0881

Currency

71.7806

Currency

34.5717

Currency

39.1002

Currency

65.8687

Currency

7.42141

Currency

0.65923

Currency

0.37999

Currency

0.52523

Currency

1.42309

Currency

0.63428

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52