Пелистер – Куманово 92:62 Кошаркарите на Пелистер во Битола во голем стил го одиграа вечерашниот дуел со Куманово, декласирајќи го овој противник со огромни 30 поени разлика (92-62) во можеби најдоброто издание на „зелено-белите“ оваа натпреварувачка сезона.„Пелистерци“ одиграа перфектно, дополнително мотивирани од куп-поразот од истиот ривал, па вечерва покажаа и квалитет и карактер што сигурно ќе ја зголеми самодовербата за клучниот дел од ...
Иако имаа сосема солидно водство во двете одиграни четвртини (44:39), домашните кошаркари на Пелистер притиснаа многу посилно, особено во одбраната, во второто полувреме остварија потполна доминација и дојдоа до триумф изразен со висока разлика (92:62) против МКК Куманово во „МТЕЛ“ Супер лигата. Со минимално водство на гостите од Куманово заврши првиот период од играта на средбата во салата „Боро Чурлевски“ во Битола (24:23). И тоа како да ...
Кошаркарите на Пелистер имаат одлични шест победи и само еден пораз од почетокот на 2026 година во Супер-лигата, па јасно е дека полни со самодоверба ќе влезат во утрешниот дуел со Гостивар (13.30 часот, сала „Боро Чурлевски) во обид да му се реваншираат на овој ривал за поразот во првиот дел од сезоната. „Зелено-белите“ пред само неколку дена одиграа перфектен дуел во победата од 30 поении разлика над Куманово, издание што ќе се обидат да ...

