
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Во ФИКТ Битола вчера и денес се оджува првиот “Климатонот“, каде што амбициозните тимови работеа на своите иновативни еко решенија за почиста и поодржлива иднина, со инспиративни воведни сесии и поддршка од ментори, се со цел да дадат идеи кои можат да направат вистинска промена во заедницата. По 24 часа интензивна работа, прво место на “Климатонот“ освои тимот од Техничкото училиште од Битола под менторство на професорката Александра Колевска. ...
Младите фудбалери на Пелистер од Битола родени 2013 година се пласираа во финалето на младинскиот “Вихрен куп“ во Бугарија, кој игра во градот Сандански. Младите на Пелистер, по одлично сработени подготовки во Битола заслужени се пласираа во финалето со одлична статистика, пет победи, четиринаесет постигнати голови и без примен гол. -Турнирот е екстра квалитетен, а ние покрај добрите игри кои ни беа и главна цел, имаме одлични резултати. Во ...
-Гости на годинашниот избор на спортист на Битола ќе бидат поранешниот тренер на РК Пелистер -Анте Костелиќ, неговиот син Ивица Костелиќ и спортскиот новинар и коментатор со Зоран Михајлов, кој има потекло од Битола. Денес во бар “Манаки“ прес конференција одржа Сојуз на спортови на Битола, по повод големиот јубиле, 60 години традиција на Битола во прогласување на најдобрите спортисти и екипи на Битола. По тој повод претседателот на Сојузот на ...
На 14.02.2025 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Битола во паркот во близина на ОУ „Стив Наумов” во Битола лишиле од слобода двајца малолетници бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава. На 14.02.2025 во 10.37 часот во СВР Битола, Ј.С. пријавил дека настанал пожар во куќа во село Бистрица, сопственост на К.М. (73) и М.М. (85) од с.Бистрица. Пожарот бил изгаснат од страна на ...
Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност. Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за примена на ехото во дијагностицирање на хиперспленизам и спленомегалија, за што вели: -Слезинката е лимфоретикуларен инкапсулиран орган расположен над ...
Совладувањето на англискиот јазик е клучот за беспрекорна комуникација, и е од суштинско значење како за секојдневниот живот така и за професионалниот успех – запишете се на нашата обука Англиски јазик за конверзација и отворете ги вратите за нови можности. -Проширен вокабулар, -Течни разговори, -Подобрени комуникациски вештини… Времетраење: 4 месеци. Часовите се одржуваат 2 пати неделно. Цена: 3.000 денари месечно, за целосна уплата за 4 ...
Пелистер не успеа да стигне до место во големото финале од Купот на Македонија откако нашиот вечерва во првата полуфинална пресметка беше поразен од МЗТ Скопје со убедливи 86:103. Слабата одбрана беше главна причина за убедливиот пораз на тимот од Битол во кој уште по првото полувреме имавме 20 поени негатива (40:60), период во кој целосно беше решен победникот во ова полуфинале. Пелистер одлично го отвори натпреварот, со шест поени во низа на ...
На два дена пред почетокот на пролетниот дел од Првата фудбалска лига, Пелистер од Битола преку соопшрение се обрати до љубителите на фудбалот од Битола кое се однесува на влезниците и “кучниот ред“ за публиката. Во соопштението стои: -Почитувани, Ве известуваме дека карти за натпреварот за во недела (Пелистер-Брера), се достапни за продажба на сите локации на Димпо Тобако. Карти ќе се продаваат и на билетарница на денот на натпреварот. -Цена ...
Кошаркарите на Пелистер од Битола, вчера во Гевгелија, успешно го минаа првиот тест на завршниот турнир од Купот на Македонија, славејќи на дуелот против Чаир и обезбедувајќи пласман во полуфиналето од ова натпреварување. „Зелено-белите“ има контрола над резултатот во текот на сите 40 минути и на крајот заслужено славеа со поените на Лука Стојановски, кој втрча во рекетот во клучните моменти, по офанзивен скок ставајќи печат на триумфот. ...
Во рамките на посетата на Битола министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ги посети Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и ЈП “Стрежево“ во Битола. Со директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот за земјоделство – Битола, Пеце Стојковски се договорија од понеделник да се започне со информирање и запознавање на земјоделците со новата Програма за финансиска поддршка, бидејќи како најави ...
Предмет на Јавниот повик е прибирање понуди за финансиска поддршка на проекти на здруженија на граѓани и фондации кои работат во областа на еднаквите можности. Проектите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2025 година, согласно Програмата за еднакви можности на Општина Битола за 2025 год. во следните области: 1. Родовата еднаквост преку образование 2. Родовата еднаквост преку медиуми 3. Родовата еднаквост преку ...
Денес, петок, 14 февруари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хисрометеоролошки работи, времето ќе биде значително облачно. Од пладневните часови можност за повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 8 степени. Утре, сабота, 15 февруари, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Спортинг – Еурофарм Пелистер 30:24 (14:13) Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола претрпеа пораз на гостувањето во Португалија кај тимот на Спортинг со резултат 30:24, полувреме 14:13 во рамки на 11. коло на Лигата на шампионите. Отворањето во натпреварот во првиот меѓународен натпревар во оваа 2025 година беше во знак на промашувањата на “пелистерци“, а домаќинот дојде до предност од 3:0, а -3 беше и на 6:3. Еурофарм Пелистер намали на ...
Пелистер – Чаир 76:72 Пелистер од Битола е вториот полуфиналист во Купот на Македонија, што се игра во Гевгелија, откако битолчани славеа на денешниот дуел со Чаир со резултат 76:72, во натпревар во кој 40 минути има водство, највисокот од +12, а чаирчани само на два пати израмнија. Новото засилување Гамбрел беше клучен играч, а последните поени за победа ги постигна Лука Стојановски, први за него во четвртфиналето, но постигнати на десет ...
Во работна посета на општина Битола, денес престојуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, кој заедно со градоначалникот на општина Битола, остварија средба со земјоделците и сточарите од Пелагонискиот регион.На средбата се разговараше за актуелните состојби во сите земјоделски и сточарски гранки, за субвенционирањето, како и за актуелните политики за регионот.Градоначалникот Тони Коњановски, пред ...
Кошаркарите на Пелистер од Битола денес ги започнуваат натпреварите од годинашниот Куп на Македонија “Благоја Ѓоргиевски Буштур“ кој се игра во Гевгелија. “Пелистерци“ денес со почеток во 15,30 часот во четвртфиналето ќе играат против екипата на Чаир. Стартот на турнирот е денес со четвртфиналните пресметки, најпрво од 13 часот со дуелот меѓу ТФТ Скопје и Гостивар, а потоа следат Пелистер и Чаир, па домаќинот Куманово со Кожув. Во вечерниот ...
По два месеци пауза продолжува Лигата на шампионите во ракомет. Следуваат последните четири кола во групната фаза, а во рамките на група “А“ македонскиот првак Еурофарм Пелистер од Битола пред елиминационата фаза. Пред заминувањето во Португалија за медиумите тренерот Раул Алонсо рече: -Спортинг е одличен тим, тие веќе две-три години работат проект и сите видоа што можат да направат. Први се во лигата, а во Лигата на шампионите котираат исто ...
Општина Битола како центар на Пелагонискиот плански регион, по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе организира одлагање на кабастиот отпад и градежниот шут, во периодот од 15-ти до 20-ти, во месеците февруари, март и април. Во наведените термини, граѓаните ќе можат да го доставуваат отпадот во терминот од 7-15 часот и тоа: Кабастиот отпад ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на ЈКП “Комуналец“ на ул. ...
Струмица Жени – Пелистер Волеј 2:3 (23:25; 25:22; 25:27; 25:17; 12:15) Екипата на Пелистер Волеј од Битола во епска битка од 2 часа и 47 минути до доцна во ноќта во 1/8 финалето ја елиминираа силната екипа на Струмица Жени и се пласираа во 1/4 финалето од купот на Македонија. Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, за оваа значајна победа после натпреварот рече: -Натпревар кој изобилуваше со многу борба од двете страни, се играше ...
Со рачна терапија “taftherapy“ може да се подобри здраствената состојба кај пациентите кои имаа ишијас. Ишијас како заболување се смета како симптом, кои е предизвикан од дегенеративни промени на телото, и сама структура на формата кај човекот. Постојат интерна и акутна ишијалгија. Исијадикус е најдолгиот нерв во нашето тело, кои по својата функција е доста еластичен и фибриден. Најчести симптоми кај ишијас, е болка во лумбалниот дел на ...
Денес, четврток, 13 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 5 степени. Утре, петок, 14 февруари, во Битола времето ќе биде умерено до значително облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. ...
Еурофарм Пелистер од Битола по зимската меѓународна пауза во Лигата на шамоионите утре им се враќа на обврските во Лигата на шампионите. “Пелистерци“ во пролетниот од сезоната во елитата ќе пробаат да испишат историја и за првпат да се пласираат во елиминационата фаза, за која имаат реални шанси. Прв пролетен противник на пелистерци е тимот на Спортинг во натпревар кој што се игра во Португалија. Еден од најискусните во таборот на македонскиот ...
Младиот Ален Рустемов, кој со своите 20 години бележи големи боксерски успеси, со високи резултати ја заврши и изминатата 2024 година, гордо веејќи го македонското знаме. Имајќи ја предвид неговата исклучителна талентираност, спортска подготвеност и издржливост, наградена со многу медали и признанија, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, одржа состанок со Рустемов на кој беше направена кратка ретроспектива на досегашните ...
Во BLISS Mall & Retail Park, љубовта не е тука само за 14 февруари – таа ќе се слави цел месец! Под мотото “I Just Call to Say I BLISS You”, овој февруари посетителите имаат можност да уживаат во магична атмосфера исполнета со љубов и незаборавни моменти. Во срцето на BLISS, поставени се големи срца и винтиџ телефони, создадени за да ве потсетат на убавината на љубовта во сите нејзини форми – пријателска, семејна, романтична, но и љубовта ...
Ненад Трајковиќ дојде во Битола на чело на Пелистер во текот на минатиот месец, резултатите на почетокот под водство на српскиот стратег не се на посакуваното ниво, но искусниот стручњак јасно става до знаење дека е оптимист за иднината на Пелистер, верувајќи дека тимот наскоро ќе почне да покажува партии какви што се очекуваат од трикратниот вицешампион на Македонија, и какви што очекува публиката во Битола . -Овде сум веќе половина месец и се ...
Американскиот кошаркар Џеремаја Гамбрел е најново засилување на КК Пелистер од Битола откако „зелено-белите“ постигнаа договор за ангажман на овој квалитетен плејмејкер. Станува збор за кошаркар кој настапува на бековската позиција, важи за исклучителен поентер, подготвен да преземе одговорност во клучните моменти кога се решава победникот. Овој 24-годишен Американец е роден во Хјустон, ланската сезона ја мина во тимот на Алкорн стејт брејвс, ...
Денес, само на еден ден до завршување на преодниот рок за фудбалерите од Првата лига Пелистер во Битола претстави уште едно ново име, кое е добро познато на битолската фудбалска јавност. Во таборот на битолчани се враќа Филип Бошковски. Станува збор за 24-годишен играч кој е примарно десен бек, а може да одговори и на спротивната страна и кој првите фудбалски чекори ги направи во Пелистер. Бошковски во јули 2022 година заигра за Работнички, а ...
-Преку правилна проценка на ризиците може да се преземат соодветни мерки преку кои подготвено би дочекале ситуација во која непосакуваните околности предизвикуваат финансиски штети, вели д-р Јасмина Димитровска – Босилкова од СН Осигурителен Брокер АД Битола. Таа посочува дека осигурувањето е ефикасна алатка за заштита од непредвидени финансиски издатоци. Како да се избегнат ризиците или како да се справите со нив? Ова е главното прашање кое ...
Денес, вторник, 11 февруари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 4 степени. Утре, среда, 12 февруари, во Битола времето ќе биде утрото студено, преку денот умерено до значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола ...
Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови или здруженија, од областа на шахот чиешто регистрирано седиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола. Основни услови за доделување на финансиска поддршка на шаховските спортски клубови во Општина Битола се: -да го поттикнуваат и унапредуваат шахот како спорт; -да го популаризираат шахот и опфатот на што повеќе млади во своите клубови/здруженија; -да ја реализираат програмата за ...