Во Офицерскиот дом во Битола, НУ Камерен Оркестар од Битола ја заокружи првата половина од својата концертна сезона со настан кој ќе се памети, „Концерт за двајца солисти“. Под диригентската палка на Владимир Димовски, публиката беше сведок на вечер во која гласот и виолината разговараа, во која емоциите беа во исто време доживеани и изведени.Програмата беше внимателно избрана, рафиниран дијалог помеѓу класичната опера и оркестарската поетика, ...

Денес рано наутро младинците на Еурофарм Пелистер отпатуваа за Германија, каде во градот Клен, ќе играат на завршницата на Ф4 откако претходно во Букурешт, Романија, со две победи го обезбедија пласманот во завршницата со најдобрите младински екипи од Европа. Капитенот на Maкедонија и Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, беше гостин на поседниот тренинг во Битола на младинците на битолскиот суперлигаш пред заминувањето на завршниот турнир на ...

Ако Ви е потребна финансиска поддршка за важен трошок, инвестиција или личен проект, сега е вистинскиот момент да искористите една од најповолните финансиски понуди на пазарот. Mint Credit Ви ја нуди нашата нова промотивна понуда – најповолен потрошувачки кредит до 1.000.000 денари, со фиксна годишна каматна стапка, и флексибилна отплата. Гордо ја претставуваме оваа нова промо понуда како најдобра можност досега за сите наши корисници кои ...

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес им посака успешна работа на 44 студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“, избрани на јавниот повик за универзитетска летна пракса, објавен од Општина Битола во соработка со Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО. Овој проект, која се реализира по трет пат, годинава привлече најголем интерес досега, со рекорден број на избрани практиканти. Летната пракса ќе се ...

На 11.06.2025 во 13.40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода 26 годишна жена од Битола. Според пријавеното, околу 13.00 часот во семејниот дом, таа со остар предмет им нанела убодни рани на својата баба на возраст од 70 години и својот дедо на возраст од 78 години. Тие биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување помош, а внуката била задржана во полициска станица, по што била спроиведена во ...

На 11.06.2025 во 23.20 часот во СВР Битола, Н.И. (84) од Битола пријавил дека пред зграда на ул. „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола му било одземено неговото патничко моторно возило „форд” со битолски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за расчистување на случајот. На 11.06.2025 во 19.00 часот во СВР Битола, 34-годишна жена од Кавадарци пријавила дека во битолско била физички нападната од нејзиниот сопруг и ...

Со рачна терапија “taftherapy“ може да се подобри здраствената состојба кај пациентите кои имаа хронични болки во грбот. Од направените истражувања на светска здраствена организација (СЗО) околу 78% од население се соочува со здраствени проблеми, кај некој од луѓе тоа е физички проблем, настанат поради дегенеративни промени на самото тело, кај останатите е внатрешно небалансирано работоње како на организмот така и на органите. Дел од ...

По овластување на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, екипи на МВР извршија увид на лице место во куќа на улицата “Солунска”, каде според првичните сознанија, внука при вршење семејно насилство се обидела да ги лиши од живот сопствените баба и дедо, нанесувајќи им повеќе убоди со нож. Јавниот обвинител издаде повеќе наредби и насоки за целосно расчистување на настанот. Осомничената е лишена од слобода и се постапува за ...

-На завршната церемонија зборуваше претседателот на Еурофарм Пелистер – Зоран Стерјев, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, тренерот- Раул Алонсо, капитенот Филип Кузмановски, како и директорите на двата клуба Ѕвонко Шундовски и Горан Петровски. Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола традиционално во ресторанот “Голд Фелиција“ ја одржа завршна церемонија за акционерите, спонзорите и пријателите на клубот, која ја “водеше“ во негов ...

Нашата одлична сезона во сите категории обврзува да продолжиме со развојот и со екипирањето. Посебен акцент ставаме на младите категории и генерацијата која стигна до самите европски врвови. Младото лево крило Стефан Лазаревски се обврза на четиригодишен договор со нашиот клуб и следната сезона ќе биде дел од новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2. Лазаревски е дел од тимот на Фарук Мемиќ и Кире Митревски, кој е кадетски шампион, младински ...

Минт Менувачница со гордост го најавува отворањето на својата најнова филијала, лоцирана во трговски центар Bliss Mall во Битола. Новата менувачница, сместена на првиот кат, е дизајнирана да понуди практично и безбедно искуство за размена на валути – и за локалните жители и за посетителите на градот. Со отворањето на оваа локација, Минт го продолжува своето ветување за финансиска достапност, транспарентност и ефикасност. Купувачите ќе имаат ...

Денес, среда, 11 јуни, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала облачност. Попладне можност за нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата во Битола до 31 степен. Утре, четврток, 12 јуни, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

На 55 километри од Битола, по патот за Охрид во подножјето на село Куратица, во Рајската долина, се наоѓа “JOVANOSKI” bar & restaurant“.Недопрената природа и самата локација на ресторанот веднаш над Голема река, ќе Ви ги опуштат сите сетила и ќе го направи Вашето присуство вистинско уживање.Од целокупниот асортиман на храна кој го нуди овој ресторан, ја издвојуваме Охридската пастрмка која самите сопственици ја одгледуваат и секогаш се ...

Со концерт на македонската музичката група „Леб и сол“, на 26 ти јуни, во античкиот локалитет „Хераклеја“ во Битола ќе започне 17 издание на Битолското културно лето.На денешната прес конференција, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека „БИТ ФЕСТ“ оваа година ќе трае до 31 август и ќе содржи културни содржини кои ќе бидат вистинска атракција за битолчани, но и добра можност за поттикнување на културниот туризам во ...

КС Групација со гордост ја најавува својата 15-та по ред крводарителска акција, под мотото „Заедно даруваме живот!“, која ќе се одржи на 11 јуни 2025 година (среда), во просториите на нашата компанија во Битола. Настанот е од отворен тип и е наменет за сите вработени, како и за хуманите граѓани од пошироката јавност кои сакаат да дадат свој придонес во оваа животно значајна мисија. Би Ви биле благодарни доколку го споделите повикот на вашите ...

Во Центарот за култура – Битола се одржа премиерата на едукативна театарска претстава, создадена од млади луѓе од нашата заедница.Преку теми како што се: игрите на среќа, пушењето и електронските цигари, алкохолизмот, употребата на дрога младите (на возраст од 13 до 18 години) од ромската и не-ромската заедница пренесоа моќни пораки за превенција, поддршка и избор на здрав начин на живот.Претставата предизвика силни емоции и поттикна важен ...

Превенцијата е најдобриот сојузник на здравјето, па затоа останете посветени на раната дијагностика! Компјутерската томографија (KT) претставува современа метода за тридимензионална визуелизација на внатрешноста на телото, нудејќи детални слики со висока прецизност на органите, коските и ткивата. Процедурата е брза, безболна и неинвазивна, овозможувајќи комфорно и безбедно искуство за пациентите. Дознајте повеќе од нашиот тим: +389 70 408 075; ...

Денес, вторник, 10 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне можност за нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 29 степени. Утре, среда, 11 јуни, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна ...

ДЕН ПОСЛЕ ИЛИНДЕН, КАКО НАЈСПЕКТАКУЛАРЕН МУЗИЧКИ НАСТАН ОВА ЛЕТО ВО НАШАТА ЗЕМЈА! Ова лето, на 3 август, Битола ќе биде домаќин на еден од најголемите музички настани во историјата на градот. На Градскиот стадион „Петар Милошевски“ ќе настапи светската музичка ѕвезда и еден од највлијателните DJ артисти на сите времиња – Армин ван Бурен. Настанот, во организација на Авалон продукција, претставува културен и музички настан од меѓународно ...

Само 2 дена до after-work на кој парите, финтекот и вистинските одговори ќе се сретнат на исто место. “Во што да вложиш кога животот ти е инфлација?“ Qworkingo – Coworking Space Bitola 11 јуни, 17:00 часот Парите не остануваат долго ако не се вложат паметно. Прашањето не е дали ќе заминат – туку каде прво одат. А, која е технологијата зад тоа вложување? Што е финтек и како P2P го трасира патот за финтек-индустријата во Македонија? Ако барем ...

На градскиот плоштад во Куманово се одржа 5. по ред Меѓународен бокс турнир „Мирослав Петровиќ“ На турнирот ќе учествуваа над 120 боксери од Македонија, Србија, Словенија, Азербејџан, Палестина, Романија, Молдавија, Турција и Полска. Ружди Рустемовски од Пелистерски јунак е прогласен за најдобар боксер на Меѓународниот турнир “Мирослав Петровиќ“ што се одржа на отворено, на плоштадот во Куманово. За најдобар младинец е прогласен Јоаким ...

Екипата на Алкалоид денес ги промовира седум засилувања кои во новата сезона, а како и се очекуваше тројца ракометари од Еурофарм Пелистер од Битола се дел од тимот од Автокоманда. Десното крило Ненад Костески, репрезентативец на Македонија, левиот бек Емилијан Ѓорговски, ракометар што важи за еден од најголемите потенцијали во македонскиот ракомет и српскиот интернационалец и репрезентативец, ракометар со проверени спосoбности на позицијата ...

ФК Пелистер од Битола ја започна реорганизацијата по најавената промена во структурите на клубот. Клубот го именува Марјан Секуловски за нов координатор на школата на клубот и тој ќе го заземе местото на Златко Цветановски. Се работи за поранешен фудбалер и тренер на нашиот клуб, познат по работната етика и професионалност. Секуловски низ кариерата водел клубови од Првата лига и странство и бележел забележителни резултати. Нему му е доверена ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска оствари работна посета на дел од институциите од областа на културата во Битола. На средбите со директорите на Центарот за култура, на Народниот театар и на Заводот и музеј – Битола се разговараше за текот на реализацијата на проектите и тековните предизвици со кои се соочуваат овие установи.Љутков информираше дека во Заводот и музеј – Битола е реализиран проектот за реставрација на ...

Себични, непристојни, неблагодарни или едноставно, нималку пријатни – ова се негативните особини кои се поврзуваат со оние кои на работното место често велат НЕ. Сепак, на овие колеги треба и да им се позавиди за нешто, зашто точно знаат што можат,а што не можат да направат и не се грижат што ќе помислат другите. Сепак, на повеќето луѓе им е тешко да го достигнат тоа ниво на самодоверба. Превземањето иницијатива на работното место е клучен ...

Денес, понеделник, 9 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло. Попладне можност за нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Температурата во Битола до 31 степен. Утре, вторник, 10 јуни, во Битола, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со ...

Битола вечерва ја продолжи прославата на третата по ред титула, а како беше најавено тоа се случи на платото пред Офицерски ви Битола. Голем број битолчани заедно со ракометарите и раководството на Еурофарм Пелистер ја одбележаа прославата на деветтата титула во Суперлигата.Ден по натпреварот против Вардар и освоениот пехар среде Скопје, градот на ракометот, Битола, беше во знак на зелено-белата боја, а голем број на напу сограѓани, посебно се ...

Петровски – Вардар 66:33 -Кошаркарката на КК Петровски е избрана за најкорисна на собирот на најдобрите во М14 лигата во Битола. Во финалниот натпревар, кој се одигра во Битола битолчанки беа многу подобар противник од скопски Вардар (66:33), и апсолутно заслужено го освоија победничкиот пехар, наменет за најдобрата екипа во М14 лигата во женска конкуренција.Младите кошаркарки на Петровски, предводени од тренерите Никола Петровски и Нора ...

Над 130 театарски плакати исто толку каталози и програмчиња за театарски претставидело на авторите Христо Бојаџиев и Владо Ѓорески од Битола се изложени во Прилеп, по повод 59. театарски фестивал “Војдан Чернодрински“ што се одржува од 6 до 13 јуни годинава во Домот на културата “Марко Цепенко.“Импозантниот број театарски плакати создадавани во изминатите 35 години од авторскиот тандем Бојаџиев – Ѓорески, говорат за една плодна авторска ...

Пред 10 години, Сојузот на синдикатите на Македонија, деновиве, во Охрид на 19-тиот конгрес го избра новото раководство, со реизбор на претседателот Живко Митревски, од Битола кој лидерската функција ја извршува од октомври 2010 година, а него гласаа сите присутни 98 делегати од 17 гранкови синдикати, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Во презентирањето на новата програма пред ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
100%
1022
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
50%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
71%
1012
weather icon

Софија

10ᴼ / 9ᴼ
0.3
41%
1023
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.68
64%
1019
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
1.34
84%
1012
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
3.13
70%
1021
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
62%
1020
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
76%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1019
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
4.02
74%
1010
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
77%
1021
Currency

61.6117

Currency

52.938

Currency

69.9543

Currency

34.9481

Currency

38.006

Currency

66.3931

Currency

7.45725

Currency

0.66132

Currency

0.34783

Currency

0.5252

Currency

1.26148

Currency

0.59829