
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола денес го претстави нов шеф на стручниот штаб, Срѓан Захариевски. Захариевски денес потпиша договор со ФК Пелистер и официјално беше претставен пред јавноста. Ова е своевидно враќање на Захариевски во Битола каде работеше во 2017 година. -Захариевски има 51 година и зад него како стручњак стојат забележителни резултати во своите проекти во мак-фудбалот. Со успех ги водеше Металург, Струга и Воска Спорт. Се ...
Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност. Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за хемангиом на црн дроб, за што вели: -Емангион на црниот дроб – hemangioma hepatis е гроздовидно модифициран и дилатиран сплет на крвни садови кои ...
Денес, сабота, 4 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 6 степени. Утре, неделам 5 јануари, во Битола времето ќе биде утрото студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од ...
На 04.01.2025 во 00.20 часот,полициски службеници од СВР Битола на ул. “Илинденска“ во Битола, во врска со чл. 215 од кривичен Закон лишиле од слобода 22 годишник од Битола. При преглед кај истиот била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава. На 03.01.2025 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Битола во паркот кај Стив Наумов во Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 39 и 35 ...
Вечерна на платото пред Офицерски дом во Битола во рамките на 15. ден на “Зимската приказна“ која ја организира Општина Битола за прослава на Новогодишните и Божикните празници настапи битолската група “Оскар“. “Чаршијата е Битола“ беше насловот на вечерашниот концерт на група “Оскар“.Битолчаните, членови на “Оскар“ испеаја популарни македонски песни кои публиката ги прифати и заедно со нов запеа. Претходно свој настап имаше експериментален рок ...
Како пионер и визионер во областа на кардиологијата, д-р Бакрачески носи со себе експертиза, иновативни пристапи и долгогодишно искуство, кои сега ќе бидат достапни за пациентите во болница “Плодност. Искуство и достигнувања: -8 години искуство во кардиологијата со едукација во водечки центри во Европа и Америка. -Основач на регионалниот центар за интервентна кардиологија во Охрид и првата систематски организирана мрежа за лекување на акутен ...
На 02.01.2025 во 22 часот полициски службеници од СВР Битола на ул.„Стив Наумов” во Битола го лишиле од слобода 24 годишник од село Дихово, битолско. При преглед кај лицето била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. На 02.01.2025 во 17.00 часот во СВР Битола С.М. (31) од Битола пријавила дека на ул. „Партизанска” во Битола била касната од куче скитник. На 02.01.2025 во 22.20 часот во СВР Битола У.Т. ...
Денес, петок, 3 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во западните делови врнежи од дожд. Температурата во Битола до 9 степени. Утре, сабота, 4 јануари, во Битола времето ќе биде претпладне променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, и од снег во повисоките ...
Вечерва до полноќ траеше концертот на групата “Боеми“ од Битола, кој се одржа на платото пред Офицерски дом во Битола, во рамките на 14. ден од “Зимската приказна“ која ја организира Општина Битола по повод Новогодишните и Божикните празници.Музиката на “Боеми“ и препознатливиот глас на Столе ги стоплија и ги “натераа“ битолчани да запеат и заиграат на 0 степени. А звуците на гитарата на Стево, клавијатурите на Панскиот, саксафонот на Стевче… ...
По повод Божиќните и новогодишните празници и завршувањето на есенската полу сезона се одржа заедничка новогодишна прослава на заедничките младински екипи на Еурофарм Пелистер. –На сите ви посакувам успешна сезона која ќе ја продолжиме во идната пролетна полу сезона. Ви посакувам поголем успех и со што подобри резултати да ја завршиме оваа сезона. Посебно ме радува што ова го правиме ова заедно рече Фарук Мемиќ тренер во младинските категории ...
На 01.01.2025 во 07.45 часот во СВР Битола Б.П. (19) од Општина Новаци, пријавил дека на ул.„Солунска” во Битола, додека бил заедно со неговите другари бил физички нападнат од лице, кој притоа им упатувал и закани со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 01.01.2025 полициски службеници од СВР Битола на ул. „Довлеџик”во Битола лишиле од слобода 31 годушник од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена ...
Како модерно заболување, поради начинот на живот дегенративни промени кај луѓето, недоволна физичка активност, доаѓа до појава на спондилоза и спондилозна реакција како проблеми со вратот. Спондилоза како заболување не бира години и возраст кај човекот, а се појавува како хронична спондилоза или секвеционална спондилоза. Хроничната спондилоза за жал не може да се излекува, таа е присутна кај луѓе, да речеме народски – цел живот, меѓутоа има ...
Денес, четврток, 2 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 9 степени. Утре, петок, 3 јануари, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта вќе има повремен локален дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до ...
Од денес 1 јанари 2025 година “Зимската приказна“ е само на платото пред Офицерски дом, а нема настапи на други локации низ Битола.На платото пред Офицерски дом во Битола на 13. ден од “приказната“ концерт изведоа членовите на групата “КОД 369“ од Битола со вокалниот солист Ирена Димовска – Митровска, кои изведоа нивни и преработени песни.Вечерва прв ја започна ди-џејот Златко Самарџиев – Кекел, кој како и најавивме “пушташе“ песни кои им ги ...
Туристичката агенција “ЈК Травел“ од Битола денес на родичките кои се породија во текот на новогодишната ноќ им додели вредносни ваучери.Елизабета Кочева – Јосифовска од “ЈК Травел“ која им ги додели ваучерите денес изјави:-Како одговорно општествена компанија се одлучивме на семејството на првото родено бебе во новогодишната ноќ, во Клиничката болница во Битола, да им подариме вредносен ваучер за летување во Грција, а на двете останати ...
На 31.12.2024 во 19 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Девеани” во Битола, пред влез на Казнено поправната установа Затвор Битола, лишиле од слобода 44 годишник од Битола, кај кого при преглед била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава. На 31.12.2024 во 15.30 часот во СВР Битола Г.С. (40) од с.Лопатица, битолско, пријавил дека во училиште во с.Кукуречани неговиот ...
Денес, среда, 1 јануари, првиот ден во 2015 година, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошките работи времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност. Максималната температура во Битола ќе биде до 9 степени. Утре, четврток, 2 јануари, во Битола времето ќе биде наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност ...
На платото пред Офицерски дом во Битола битолчани во голем број, покрај на платото, околу Офицерски и на Широк Сокак, точно на полноќ кога се преклопија сказалките на “саатот“ во Битола, со огномет влегоа во Новата 2025 година, со дочек кој го организираше Општина Битола, насловен “Ноќ на нови почетоци“, во рамките на “Зимска приказна“.“Влегувањето“ во Новата година помина во знак на песните за Битола, на Димитар Андоновски и кларинетот на ...
Битолската приказна носи радост и празнична магија низ целиот град. Возот Мечо омилениот празничен херој, а од оваа година заедно со Битолското чупе, ги носат најмалите на празнично возење исполнето со насмевки и радост. Битолското чупе, симболот на традицијата во млечната индустрија оваа година додава дополнителен сјај со поддршката на Бимилк и заедно со вовчето Мечо ги кани сите дечиња на незаборавно возење. Редовните бесплатни возења ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес посети повеќе институции во општината, со цел да ја согледа подготвеноста и екипираноста пред Дочекот на Новата година и претстојните празници.Од службата за итна медицинска помош, територијалната противпожарна единица – Битола и СВР Битола, го информираа градоначалникот дека, како служби со 24 часовно работно време и во пресрет на празнувањата, остануваат максимално ангажирани и ...
Денес на пладне на платото кај Офицерски дом во Битола во рамките на “Зимската приказна“ која ја организира Општина Битола со своја музичка програма се претставија бендовите од гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола. Учесниците во музичката програма, нивниот ментор Владко Симоновски и Емилија Ристевска Стефановска, градоначалникот Тони Коњановски и сите присутни ги поздрави и им се обрати директорката, Лидија Споа, која рече: – Мило ми е што ...
Денес, вторник, 31 декември, последниот ден во годината, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 10 степени. Утре, среда, 1 јануари, во Битола, времето ќе биде наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и тивко со мала до умерена локална ...
-Битолчани со “Ноќ на нови почетоци“ во Новата 2025 година ќе “влезат“ заедно со Андријана Јаневска, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Димитар Андоновски, Дувачки оркестар, “Блезери“ и група “Фонтана, а сето ова во Битола ќе започне во 22 часот.Вечерашната вечер, 11. по ред пред Офицерски дом во Битола помина во знал на двете музички групи “Љубојна“ и “Калабалак“, како и настапот на група “Баркод“ и Николче Зацески.Вечерашните настапи на групите ...
По реализација на хуманитарната акција на Еурофарм Пелистер од Битола која ја реализира во ресурсниот центар “Кочо Рацин“ во Битола денес продолжи со своите хуманитарни активности. Денеска, членови на двете екипи Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 ја посетија Клиничката болница во Битола и донираа плишани играчки во детското одделение.Плишаните мечињаа беа собрани заедно со публиката на полувремето од големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер ...
Фудбалскиот клуб од Битола и официјално ја потврди информацијата дека се разделува од досегашниот тренер Влатко Костов. Управата на клубот на нивната офоцијална страница објавија дека дека по взаемен договор е раскината соработката со досегашниот предводник Влатко Костов по една и пол сезона. –По долг заеднички и пријателски разговор, клупската управа на ФК Пелистер и шефот на стручниот штаб Влатко Костов постигнаа спогодбен раскин на ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во придружба на Дедо Мраз, денес ги посети дечињата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас и од паралелката за ученици со попреченост во ОУ “Ѓорги Сугарев“, каде најмладите беа израдувани со новогодишни пакетчиња. Во желбата да им се разубават празниците на сите деца, општина Битола обезбедува вкупно 1400 новогодишни пакетчиња, а компанијата „КАМ“, како општествено одговорна ...
Прекрасно декорираните новогодишни пасти се сега достапни и во “Веро 4“ во најразлични димензии. Ги има и во најмали димензии украсени. Најдобар подарок за различен повод. Роденден, слава или друга прослава. Ве покануваат од слаткарница “ГТ“, да ги посетите за празниците, со големиот избор на кафе уживате со сите сетила во слатките и десертите. Слаткарници “ГТ“ во Битола, кај Камен мост и наспроти “Веро“ на Широк Сокак, а сега достапни и во ...
Златко Самарџиев, ди-џеј Кекел со интересен концепт за својот настап во рамки на програмата “Зимска приказна“ во Битола . Од предложената листа песни во диско, фанки, поп од 80-ти и македонски поп/ рок ќе може да изберете и пратете со порака на ФБ профил (ФБ Месинџер) на ДЏ Кекел. Потоа ќе бидат пуштени на сетот на ДЏ Кекел на 01.01.2025. Неговиот настап е 60 минути. За својот настап ДЏ Кекел истакна: -Сте помислиле некогаш, сигурен сум, колку ...
Деновиве на платото кај Офицерски дом во Битола од северната страна, е поставена Бадниковата пештера, а организаторите ги започнаа подготовките за Бадниковата поворка која го најавува Христовото раѓање. Организаторите на овогодинашната Бадниковата поворка, кои впрочем се организатори на сите досегашни Бадникови поворки ни рекоа: -Подготовките за овогодинашната поворка се започнати, а како и сами гледате во Битола пристигна и големата Бадникова ...
Денес, понеделник, 30 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 7 степени. Утре, вторник, 31 декември, во Битола времето ќе биде наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...