Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Во Битола ноќва околу 01.00 часот од страна на полициски службеници при СВР Битола во близина на месноста „Јени Џамија“ биле затекнати лицата З.И., Ѓ.М., Љ.М. и С.Џ, сите од Битола, кои што непристојно се однесувале на јавно места. Истите биле лишени од слобода и ќе следуваат соодветни поднесоци. Исто така, во угостителски објекти на подрачјето на Битола со инструмент фонометар била вршена проверка на јачината на бучавата, при што бил ...
Тешко повредени со нож се тројца млади битолчани. Две групи се пресметувале со ножеви. На Ракометното игралиште во Битола дошло до меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи, главно малолетници, во која бил употребен и остар предмет, а две малолетни лица и еден 19-годишник со повреди се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Според информацијата на МВР, синоќа полициски службеници ги лишиле од слобода С.Б.(19), ...
Кај селото Буринец, Струшко, на планината Караорман загина Никола ТОДОРОВСКИ-Коле Канински, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден на 18 јануари 1914 година во селото Канино, Битолско. По професија правник. Основно и средното образование заврши во Битола. Во октомври 1933 година замина на студии по право во Белград. Тука имаше ...
Увид на работата, направи градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, придружуван од заменик градоначалникот Бојан Бојкоски и претставници на општинската администрација, одговорни за координација на активностите поврзани со проектот. Коњановски потенцираше дека за реализираните зафати, локалната самоуправа инвестираше 6.569.281 денари, од кои 1.522.373 за водоводна мрежа, 1.671.833 за канализациона мрежа и 3.375.075 за коловоз. ...
Денеска со сензационалистичка прес конференција, локалната СДСМ уште еднаш по кој знае кој пат се обиде да привлече внимание во јавноста, но успеа само да биде предмет на потсмев од истата таа јавност. Така, СДСМ се обиде да им објасни на битолчани како во Зоолошката градина се случува крајот на светот, но не чесно и директно туку божем поставувајќи прашања поставени од посетители на ЗОО градината. Но, СДСМ следејќи ги советите на своите ...
Во ЗОО градина во Битола се случува катастрофа. Посетители тврдат дека голем број од кафезите се празни, дека во градината има неподнослива смрдеа и дека ова место е претворено во вистинско мачилиште за животните и извор на зарази и трауми за посетителите! Ја прашуваме директораката Елена Мирчевска: 1. Колку животни во ЗОО градина имаат починато од нејзиното назначување и кои се причините за тоа? 2. Колку нови животни има набавено и дали ...
Од вечерва започна обележувањето на хоризонталната сигнализација со новата машина и опрема набавена од страна на јавното претпријатие за паркирање во соработка со Општина Битола. Секретарот на општината Борче Димитровски и директорот на ЈППЈЛП, Зоран Михајловски, извршија увид на вечерните работни активности кои се реализираат на сообраќајниците во градот, а Димитровски информираше и за проектите на кои во моментот работи општината. „Општина ...
На 20.07.2023 на ул.„Караорман“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д. Џ.(22) од Битола. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години и три месеци за сторени кривични дела по член 238, 242, 236 и 396 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправнат установа Затвор Прилеп за издржување на казната. Инаку, при ...
На седницата на Советот на Општина Битола, на која беше усвоен ребалансот на буџетот, на предлог на советничката група на СДСМ советниците едногласно изгласаа амандман со кој се предвидоа 20 милиони денари за реконструкција на Јужната трибина на стадионот Петар Милошевски. Покрај ова, се бара со развојната програма и во буџетот за 2024 година да се предвидат 20 милиони денари за целосно да се реконструира Јужната трибина. За истата, в ...
Секторот за внатрешни работи Битола е на врвот, еден од подобрите во државата, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при денешната посета на СВР Битола. -Ги анализираме состојбите за првото полугодие и на основа на тоа ги утврдуваме нашите приоритети. Ако имаме статистика дека за 26 проценти се намалува вкупниот криминалитет на подрачјето на Сектор за внатрешни работи во Битола тоа значи дека се зголемува безбедноста, се ...
Еден од амандманите што го предложи советничката група на СДСМ, а советниците едногласно го изгласаа на последната седница е изградба на нов пат од мостот на Драгор кај Довлеџик и кружен тек пред бензиската пумпа на Макпетрол. Со овој амандман предлагаме да се изработи сообраќајно решение кое ќе биде безбедно и соодветно на новата инстрасфтруктурата што се гради тука. Со новиот пат и кружниот тек кај Довлеџик ќе се заокружи реконструкцијата ...
Засега Министерството за здравство нема да предложи хронично болните лица да бидат ослободени од работните обврски, поради топлотниот бран што ја зафати Европа, но и светот. Од Министерството за здравство за Мета.мк велат дека на последната владина седница, завчера, биле усвоени сетот препораки за заштита на граѓаните од енормно високите температури и портокаловата фаза во која се наоѓа земјава, но меѓу нив нема препораки за хронично болните ...
По денешната прес конференција на СДСМ за ребалансот на буџетот, со реакција се огласи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. „На популистичката политика која ја водат советниците од СДСМ, предводени од Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, упорно укажував уште пред седницата за ребаланс на буџетот на Општина Битола. Мојата загриженост за блокадата на општината која ја најавија дел од советниците, беше токму заради напредокот на ...
Интегрален текст од прес конференцијата на Мирјана, советник од СДСМ Градоначалникот Тони Коњановски сака да го закочи редовното и тековно работење на општината, а за својата неспособност да ги обвини советниците во Советот на Општина Битола! Една недела откако Советот го изгласа ребалансот на буџетот, општинската администрација со која раководи Коњановски и која работи по налог на Коњановски, нема мрднато со прст за соодветно да ги ...
Делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, за временски период од 17.07.2023 година, во терминот од 06.00 до 20.00 часот. Делумната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, ...
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С) 14 Лазарополе, Берово, 16 Маврови Анови, 17 Битола, Крива Паланка, 18 Попова Шапка, Охрид, 19 Тетово, Претор, Дебар, Прилеп, Скопје-Петровец, Струмица, 20 Куманово, Демир Капија, Велес, 21 Кавадарци, Крушево, Штип, Гевгелија, 22 Виница, Скопје-Зајчев Рид, Дојран. Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, ќе биде во следните три дена. Според тридневната прогноза од УХМР денес ќе дува умерен, а ...
На површина од 800 метри квадратни, во населбата Довлеџик, партерно се уредува патеката во близина на Црквата „Свети Архангел Гаврил“. За подобрување на условите во овој дел на градот, општината, вложува 1.750.000 денари. Изминатите неколку месеци, завршено е партерното уредување и на улиците „Вера Циривири Трена“, „Булевар 1 Мај“ (во близина на Сточен пазар), како и на патека на улицата „Железничка“. На овие три улици, уредена е површина ...
Мртво било породено вчера бебе во Битолската клиничка болница, на 21 годишна родилка која пред два месеци се вратила од азил од Германија. Според официјална изјава на директорката на Битолската клиничка болница д-р Елизабета Ивановска, бебето било породено со царски рез, немалтретирано, но за жал не давало значи на живот. „Породувањето е направено со царски рез, заради вишок на плодова вода, во 36 недела од бременоста. Бебето не давало знаци ...
Од денеска до 25 јули продолжува портокаловата фаза во цела држава. Поради тоа Министерството за труд и социјална работа и Владата информираат дека продолжуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури. Како што информира владината прес-служба, се препорачува ослободување од физичко присуство на работното место на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години, со ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе изнесува 10. Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 38 степени. Како што соопшти УХМР, подрачјето ...
32 санкционирани возачи под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола Во текот на изминатата вечер (15/16.07.2023)во периодот од 00.00-05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 32 возачи од кои(22 ви Битола,5 во Прилеп,4 во Ресен ,1 Македонски Брод)За време на контролата биле санкционирани и 12 ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 10. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 38 степени.– Подрачјето на нашата земја и во ...
Во текот на денешниот ден(15.07) на подрачје на Битола во времето од 11.00-15.00 часот беше спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 16 возачи. Од нив, 12 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 3 возеле без возачка дозвола, 1 моторцикл бил нерегистриран како и останати прекршоци . Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. ...
На 15.07.2023 година во времето од 00:00 до 04:00 час, од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола постапено е по план за „Безбедно Лето 2023“ при што извршена е акциска контрола за присуство на малолетници во 7 угостителски објекти за точење алкохол на малолетни лица при што легитимирани биле 50 лица и констатирано било присуство на 6 малолетници и 2 точења на алкохол на малолетни лица. Во Ресен ,полициски службеници од ОВР ...
При акциска контрола на СВР Битола во Битола , Ресен и Прилеп затекнати малолетници во угостителски објекти после 24 часот и конзумирање алкохол На 15.07.2023 година во времето од 00:00 до 04:00 час, од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола постапено е по план за „Безбедно Лето 2023“ при што извршена е акциска контрола за присуство на малолетници во 7 угостителски објекти за точење алкохол на малолетни лица при што легитимирани ...
Тројцата битолчани Влатко Деловски, Владимир Ѓоргиевски и Саша Грбиќ се првите алпинисти од нашата држава кои се искачија на насоката „Cassin“ на Piz Badile (3,308 m). Тројцата се членови на СКК.Вертикал-Битола. „Од почетокот на алпинизмот и качувањето во Битола (20 ти век) до денес, ова е прва успешна акција и качување на оваа насока од битолски клуб, што експедицијата ја сместува меѓу најуспешните алпинистички остварувања во градот воопшто. ...
Од страна на вработените во Националниот парк „Пелистер“, Коњановски беше информиран дека, работите на Авантуристичкиот парк за кој Општина Битола, обезбеди поддршка од 2.400 000 денари, се одвиваат со предвидената динамика и се во завршна фаза. Со цел, развивање на туристичките можности на Пелистер, општина Битола, овозможи поддршка на активностите на ПСК Пелистер, кои средствата ги наменаа за реконструкција на планинарскиот дом „Копанки“, ...
Ближи 17. издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“ 2023. Ќе започне на 18.07 на платото на Офицерски дом со промоција на новиот албум на групата „Баклава“ во 20.30 ч. во Офицерски дом-КИЦ Битола, а вечерта продолжува со Loxandra Ensemble - Λωξάντρα од Грција во 21.30 ч асот. Оваа година за прв пат има Локум фест-ОФФ Програма , првата вечер во Вино бар Буре на Магнолија со Баклава и гостите од Грција. „Нашата ...
Полицијата до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против А.В.(20) од Кичево, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик. Според СВР Битола, на 11.07.2023 година во периодот од 19.00 до 19.20 часот, во Казнено-поправната установа Затвор Битола, пријавениот предизвикал пожар во ќелијата каде издржувал казна притвор, при што ...
Просторот кој има потенцијал за одржување на културни и уметнички настани да го зачуваме чист и да ја подигнеме свеста за рециклирањето Волонтерската акција „И тумбе и кафе и сцена за градот“, се одржа на 27 јуни 2023, на Летната сцена на „Тумбе кафе“ ‒ Битола. Акцијата вклучуваше симулирана потрага по отпад којшто волонтерите на Локалниот волонтерски сервис ‒ Битола го искористија за уметнички да се изразат и да ја рециклираат пластиката ...