
Скопје
37ᴼ /
37ᴼ



Студентите на УКЛО ќе ја збогатат рекреацијата и забавата. УСС УКЛО им овозможува танц сесии во соработка со танцовиот спортски клуб ТСК СТЕП АП. Танцувачките вештини студентите од УКЛО ќе ги практицираат со лиценцирани тренери, почнувајќи од март, па се до мај 2023 г. за кои пријавувањата се во тек. Од УСС УКЛО оценуваат дека активноста е креирана да им помогне на студентите да го намалат стресот пред испити, да ја ослободат енергијата и да ...
65 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола, меѓу нив и професионален возач со измерени 2,12 промили алкохол Денеска (31.01.2023) во периодот од 14.00 до 19.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 65 возачи. Меѓу санкционираните е и професионален возач, кај кого при контрола се измерени 2,12 ...
Учениците од подрачното училиште “Тодор Ангелевски“ - Битола и нивната наставничката Оливера Клочовска, ја посетија библиотеката "Св. Климент Охридски"-Битола, во рамките на проектот „Читај ми бајки“ кој ќе се реализира во наредниот период со првачињата. -Ја прочитавме „Принцезата на едно зрно грашок“ сказна на Ханс Кристијан Андерсен од 1835 година и „Палешка“.Од суштинско значење е на децата да им се чита уште од најмала возраст. На тој начин ...
Голем број христијански верници ја посетија црквата „Свети Атанасиј“ во Дихово која денес го слави својот патрон празник. Тие запалија свеќа за здравје. Црквата се наоаѓа во подножјето на Пелистер, во западен правец на 3 километри оддалечена од селото. До неа води земјен пат кој често пати го искчауваат некои од планинарите рекреативно. Свети Атанасиј годинава донесе и снег, па ја побели шумата околу манастирот. Овој празник покажа дека уште сме ...
Во чест на христијанскиот празник Свети Атанасиј битолчни денеска и на снег се искачуваат до месноста викана Смолево за да запалат свеќа во црквичата Св Атанасиј. Смолево прерасна во едно од најпосетените места за рекреација во Битолско. Тоа е дестинација каде редовно застануваат да одморат планинарите што се искачуваат на врвот Неолица на Баба Планина виок 1440 метри. До црквата извира вода, која посетителите ја пијат верувајќи дека помага при ...
Ангеловска го сподели ова искуство на својот фб профил и напиша: - Музика и култура - приказна пренесена од еден на друг со топли чувства кои го потврдуваат твоето присуство овде и сега. Ethno New Zealand 2023 ми даде простор за споделување, учење, растење, слушање и размислување. Го прифаќа културниот диверзитет и ги поддржува разговорите за идентитетот, историјата, опресијата, колонизацијата и политиката преку споделување музика и рефлективно ...
Над 50-тина млади од сите 9 општини во Пелагонискиот регион со голем ентузијазам го означија почетокот на нивното двегодишно дружење со очекување дека на крајот од проектот ќе можат многу поуспешно да влијаат врз општините и институциите на регионално ниво и да ги наметнат своите идеи за развој на местата каде што живеат. Проектот „Зајакнување на младите во Пелагонија 2“ на младите ќе им пренесе знаење преку иновативни работилници на отворено, ...
Домот (поточно дневната соба) е место, од каде што се стекнуваат и тргнуваат сите навики во животот на човекот. Тие се вредности, кои низ животот се носат и соодветно се практикуваат. Не се учат во континуитет, ами еднаш и траат за целиот живот. Многу е важно: КАКО и на ШТО се навикнуваме. Од навиките, произлегува и домашното воспитание и домашната култура. Не, на улица, не, на театар и на кино, не, на училиште, ами прва станица од која се ...
АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден преку капацитетите со кои располага произведе 21.229 MWh електрична енергија, што претставува највисоко дневно производство во последните 10 години. Во моментот прозведуваат сите електрани, односно вклучени на мрежа се трите блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино со два котли, гасната електрана Енергетика-КОГЕЛ, ветерниот парк Богданци, додека хидроелектраните се користат само за системски и балансни ...
Министерството за култура, во соработка со Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, денеска распиша „Конкурс за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст“. Целта на конкурсот е афирмација на современата македонска драма и збогатување на фондот на драмски текстови од македонски автори. Право на учество на конкурсот имаат сите автори, државјани на Република Северна Македонија, кои може да конкурираат со ...
Блок 1 на РЕК Битола од вчера попладне повторно е ставен во функција, постројката беше синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем во 17:43 часот и испорачува електрична енергија, информира АД ЕСМ. -Блокот беше плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста на постројката. Минатата година, за разлика од претходно, не се извршија класични ремонти на блоковите во летниот период ...
На втората седница на Централниот Одбор на ЛДП што се одржа денес, Валентин Груевски, едногласно е избран за потпретседател на Либерално демократската партија. Груевски доаѓа од битолската општинската организација на ЛДП. Валентин Груевски е роден во Битола, каде заврши основно и средно образование, а дипломирал и магистрирал на Економскиот факултет во Прилеп. 20 годони работеше во ЈП Пазари , а работел и како професор во средното медицинско ...
СВР Битола на подрачјето на Битола започна со реализација на нова превентивна кампања насловена како – “Безбеден град, безбедна заедница“. Во рамки на оваа кампања полициски службеници од криминалистичката полиција од Полициската станица од општа надлежност Битола, од сообраќајната полиција и полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Битола на средби со граѓаните во урбаните и месни заедници на подрачјето на Битола, во непосредна ...
Денеска (27.01.2023), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршиле службен разговор со Б.В.(23) од Битола. Тој се сомничи дека извршил пет тешки кражби, при што од куќи, објект и возило, на подрачјето на Битола, одзел повеќе предмети. Во разговорот во полициска станица Б.В. ги признал делата, а дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена ...
Синдикатот на РЕК Битола донираше и опреми училница во ОУ Кирил и Методиј со училишни клупи и столчиња. Училницата во која се сместени првачиња доби нов лик на иницијатива на директорката на училиштето, Жанета Тошеска и одделенскиот наставник Лидија Поповска, како и благодарение на општествената одговорност што РЕК Битола ја практикува. Синдикатот на РЕК Битола, комбинатот и АД ЕСМ како компанија, преку различни форми поддржуваат институции, ...
Се откажува бугарската комедија „Вражалец“ чие гостување беше помогнато од бугарската фондација на Милен Врабевски. Претставата требаше да се одигра на сцената на битолскиот театар на 1 февруари. -Би сакале да ве известиме дека претставата "ВРАЖАЛЕЦ" која беше закажана на 1ви февруари - гостувањето од Р.Бугарија на театарот Мелпомена се откажува, соопштија од БНТ. Вчера Апла.мк објави дека -на неколку места во градот има плакати преку кои се ...
Генералниот директор на РЕК Битола, Пеце Матевски учествуваше на седницата на Регионалната стопанска комора на Битола каде се разговарање за актуелните состојби во стопанството и очекувањата во оваа година. Главен акцент во излагањето на Матевски беше ставен на енергетската криза и заложбите на ЕСМ и РЕК Битола да обезбедат доволно количини на електрична енергија за домаќинствата и малите бизниси како и за определени стопански гранки што ...
Панде Петровски роден е 1939 година под Пелистер, во село Брусник, Битолско. Во 1963 година завршува Педагошка академија (ликовна насока) - Скопје, со студиски престој во Италија. Сликарство учеше од: Павле Павловски, Мамер Сулејманов, Иван Мелников, Менде Ивановски, Пепи Пашанко, Тоде Ивановски, Борислав Траиковски и Вангел Коџоман. Член е на ДЛУБ (Друштво на ликовните уметницина Битола), ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија) и МНД ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници - ЈППЈЛП Битола, каде имаше средба со вработените во претпријатието и работен состанок со новиот в.д директор Зоран Михајловски. Михајловски, нагласи дека претпријатието, продолжува да работи согласно донесената Програма од Советот на општина ...
БИТОЛА – Фондацијата на Милен Врабевски која е финансиер на бугарските клубови во Македонија, се реши во ваков чувствителен момент за двете држави пред битолчани да донесе театарска комедија. На неколку места во градот има плакати преку кои се информираат и повикуваат граѓаните да ја проследат театарската комедија „Вражалец“ на 1 февруари годинава, на сцената на Битолскиот народен театар, за што влезот е бесплатен. Комедијата е на драмскиот ...
На јавниот повик кој беше достапен за сите домашни и странски компании пристигнаа две понуди. Фирмата Актаел понуди цена од 99,83 eвра/MWh, а фирмата Балкан Јутилитис понуди цена на природниот гас од 98,71 евра/MWh. Понудените цени на гасот од страна на двете фирми ги опфаќаат сите трошоци за набавка на енергенсот, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа. Овој факт го потенцираме со цел да се избегнат евентуални шпекулации ...
Врз основа на известувањето добиено од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, општина Битола, ја известува јавноста за пуштање во сообраќај на воз за превоз на патници на пругата Битола – Жабени. Во известувањето од претпријатието се наведува следното: „ЈП за железничка инфраструктура Железници Инфраструктура доби барање за доделување траса за патнички воз на пругата Битола – Жабени од страна на железничкиот превозник ЖРСМ Транспорт ...
Во последниов период во Секторот за внатрешни работи Битола забележани се пријави од граѓани, сопственици или вработени лица во златарници на подрачјето на Битола, за сторени измами од лица кои нудат злато за откуп. -Имено, при проверка на откупеното злато било утврдено дека од надворешната страна е златна легура, но при пресек се утврдувало дека не станува збор за накит или предмет од злато. Во насока на спречување на понатамошни вакви измами и ...
По информацијата за покаченото ниво на реката Вардар, во координација со ЦУК, од страна на АД ЕСМ е пристапено кон промена на режимот на работа на хидроелектраните во склоп на хидросистемот Треска. Намалено е производството на електрична енергија од хидроелектраната Козјак, каде е оставен во функција само еден агрегат, додека хидроелектраната Св. Петка е надвор од употреба. Не работи и хидроелектраната Матка која е во сопственост на ЕВН. ...
Во текот на вчерашниот ден (24.01.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 30 возачи. Од нив 23 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 7 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме ...
На последната одржана седница на Наставно- научниот совет на Правниот факултет при Битолскиот универзитет беше комплетирано раководството на оваа високо-образовна установа, односно се избрани тројца продекани од редовите на еминентните професори кои последиве години се истакнаа со својата настава работа и изработка на проекти од општество и научно значење. За продекан за настава е избрана доц. д-р Ивона Шушак Лозановска, за продекан за наука и ...
Задолжен е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.01.2023 година, при што се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30.01.2023 година. Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат ...
Работни екипи на вработени и механизација од КЈП ,,НИСКОГРДБА" Битола денес работат на расчистување на наноси од песок и кал на дел од улицата 21-ва кај ,,Хотел Битола", зграда бр.85 и згради лоцирани на улица ,,Димитар Илиевски Мурато". Друга екипа на вработени со потребна механизација на претпријатието се ангажирани и работат на санирање на каналот кој беше пробиен од синоќешните обилни врнежи од дожд на потегот од ООУ ,,Климент Охридски" до ...
Од 20 јули почнува 51 Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во организација на Центарот за култура кој 10 фестивалски денови на едно место ќе збере фолклорни ансамбли од целиот свет. Предпрограмата ќе трае до 26 јули, кога ќе се одржи традиционалното Дефиле со песни и игри низ Широк Сокак, а со изведба на орото „Комитско“ , истиот ден, со почеток од 20,30 часот на Хераклеја ќе се одржи и свеченото отворање со настап на ...
Оваа неолитска населба е датирана во 64-от век пред новата ера, таа е основана дури 300 години пред останатите во овој регион, што воедно претставува и еден од најраните неолитски локалитети во Европа. Освен неговото екслузивно датирање, локалитетот Влахо е специфичен и по присуството на десетина ровови и објекти, што беше регистрирано со геофизичкото скенирање на неговиот простор. Археолошкото истражување на локалитетот го потврди постоењето ...