Во текот на изминатата ноќ во период од шест часа само на територијата на СВР Битола биле фатени 51 пијан возач, соопшти МВР. Акцијата била спроведена во периодот од 22 до 4 часот, а најголем дел од возачите под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола биле откриени во Прилеп – 26. Во Битола биле фатени 10, во Македонски Брод пет, во Ресен четири и во Крушево и Демир Хисар по тројца. „За време на контролата биле санкционирани и 49 ...

Почина македонскиот композитор, инструменталист и диригент, маестро Кире Костов. Тажната вест на социјалните мрежи ја споделиja неговите семејни пријатели, Мирјана и Драган Даниловски. Костов е роден 1949 година во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно-забавното живеење на Битола. Натамошното школување го продолжил на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за ...

На големата сцена на Античкиот театар во Охрид вчеравечер во рамките на 63. „Охридско лето“ настапи славниот американски актер Џон Малкович во театарската претстава „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“. Брилијантната и долгоочекувана изведба на славниот Малкович предизвика бурни овации и ракоплескање кај публиката и сигурно ќе остане редок настан за паметење кој понуди магичен амбиент и уникатност, збогатувајќи ја реномираната ...

Маја Андоновска- Илијевски, директорката на Центaрот за култура во Битола, кој ги организира „Илиндевски денови“ на вчерашното свечено отворање на манифестацијата на платото пред Офицерскиот дом се појави облечена во македонска носија. Рецитирајќи стихови од песната „Печал“ на Коста Рацин таа пред гостите рече дека е облечена во уникатноста на македонската народна носија зашто така ја влечат смилевските корени на прадедовците и прабабите, ...

Вчера (26.07.2023) во периодот од 09.00 до 15.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 89 возачи. Од нив, 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 32 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат ...

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на активностите со кои се финализира проектот за изградба на коловоз на улицата СРУ 5 во АРМ. Улицата се асфалтира во должина од 180 метри и вкупна вредност на инвестицијата од општинскиот буџет во вредност од 6.133.710,03 денари. Претходно, на оваа улица локалната самоуправа инвестираше во поставување на водоводна мрежа. Изјава на градоначалникот Тони Коњановски во врска ...

Битола започна да живее во ритамот на фолклорот од целиот свет. Со традиционалното дефиле „Со песни и игри низ битолските улици”, кое години наназад ја привлекува битолската публика да ги следи учесниците по Широк сокак, како и со изведбата на неизбежното оро „Комитско“ од страна на членовите на КУД „Илинден“ од Битола,започна 53 издание на Интернационалниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. Градоначалникот на општина ...

Шефот на делегацијата на Европската унија, амбасадорот Дејвид Гир, и директорката на канцеларијата на УНОПС за Македонија, Микела Телатин, преку церемонија на потпишување на договорот за спроведување на проектот, денес го означија почетокот на програмата „ЕУ за чист воздух“. Потпишувањето се реализираше во присуство на Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, Тони Коњановски, градоначалник на Битола, Билал Касами, ...

Со традиционалното Дефиле низ Широк Сокак започна официјалниот дел на 53.„Илинденски денови“. Вистинска атракција беше фолклорно-балетскиот ансамбл од Чиле со своите сензационални костими, но исто така голем интерес предизвика и сите останати земји учеснички преку своите фолклорни групи Хрватска,. Срабија, Бугарија, Ирска, Мексико, Италија и Грузија. Имаше изобилство на македонски фолклорни друштва, некои го предводеа дефилето, а од ударите ...

Почитувани граѓани, иако сите институции, надлежниот инспекторат за локална самоуправа утврди и потврди дека ја зборувавме вистината, кога стануваше збор за незаконско разрешување на членовите на управните и надзорните одбори на 27 седница на Советот на општина Битола, циркузите не стивнуваат и никако да преовлада разумот и рационалното однесување за доброто на Битола и битолчани. По извршениот вонреден инспекциски надзор на Инспекторатот за ...

Во рамките на 63. издание на фестивалот „Охридско лето“, вечерва на сцената на Античкиот театар ќе биде изведена претставата „Пеколна комедија – исповедта на еден сериски убиец“, која, за првпат на реномираниот фестивал и во нашата држава, го носи светски познатиот холивудски актер, режисер и продуцент Џон Малкович. Гостувањето на претставата, која е во режија на Михаел Штруминген, е дел од европската турнеја. Настапуваат и солистите Чен Реис ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 јули пред куќа на улицата „Сотир Брбевски“ во Битола, без особен повод или причина, со нож прободел и расекол едно лице во абдоменот, нанесувајќи му повреди на мускулатурата на предниот абдоминален ѕид и на тенкото црево, со што го довел во ...

Шефот на делегацијата на Европската унија, амбасадорот Дејвид Гир, и директорката на канцеларијата на УНОПС за Македонија, Микела Телатин, преку церемонија на потпишување на договорот за спроведување на проектот, денес го означија почетокот на програмата „ЕУ за чист воздух“. Потпишувањето се реализираше во присуство на Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, Тони Коњановски, градоначалник на Битола, Билал Касами, ...

ОО на СДСМ со реакција на пишувањето на градоначалникот Тони Коњановски, советниците од СДСМ да му се извинат по решението со кое Државниот инспекторат за локална самоуправа доставува опомена до претседателката на Советот, Габриела Илиевска, за незаконско постапување при донесувањето на одлуките за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори. -Државниот инспекторат за локална самоуправа ја опоменува претседателката на Советот, а ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 јули пред куќа на улицата „Сотир Брбевски“ во Битола, без особен повод или причина, со нож прободел и расекол едно лице во абдоменот, нанесувајќи му повреди на мускулатурата на предниот абдоминален ѕид и на тенкото црево, со што го довел во ...

Нискоградба Битола набави машина за чистење и одзатнување на канализациони приклучоци во колективни и индивидулни станбени згради и чистење на приклучоци на сливници, нова платформа за електронска наплатата на сметките за канализација и трето новина за одлагање на градежниот шут. Ова го најави директорот на ЈКП Нискоградба Битола Зоран Талевски. Како прво, би изразил благодарност до советниците кои гласаа за одобрување на донација во износ ...

Пилингот на грбот може да има неколку придобивки за кожата, еве некои од главните придобивки: Отстранување на мртвите клетки од кожата: Пилингот ќе го отстрани слојот од мртви клетки од кожата, со што ќе ја подобри текстурата на кожата и ќе ја направи помека и помазна. Чистење на порите: Пилингот може да помогне во длабоко чистење на порите на задната кожа, отстранувајќи го вишокот на себум, нечистотии кои можат да предизвикаат акни и ...

Градоначалникот Тони Коњановски на својот Фб профил порача дека очекува извинување од советниците на СДСМ за поднесената привична пријава, откако Државниот инспекторат за локална самоуправа доставува опомена до претседателката на Советот, Габриела Илиевска, за незаконско постапување при донесувањето на одлуките за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори. „Во општина Битола стигна решението со кое Државниот инспекторат за ...

Согласно одлуката, почетокот на учебната година е 1 септември, првото полугодие треба да заврши на 29 декември 2023 година, а од 30 декември 2023 година учениците ќе користат зимски одмор, при што почетокот на второто полугодие е предвиден за 22 јануари 2024 година. Во периодот од 29 април 2024 година, до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17-ти јуни 2024 година, а летниот одмор почнува на ...

Според информациите во решението, опомената на Претседателот на Советот се изрекува за неправилности при донесените решенија за разрешување на членовите во Управните и надзорните одбори на ЈКП „Водовод“ Битола, „Комуналец“ Битола, „Изградба и одржување на јавен простор“, „Пазари“ Битола, „Жабени“ Битола, „КИЦ“ Битола. Неправилностите се однесуваат на непочитување на одредбите од член 17 ѓ и 26 а од Законот за јавни претпријатија. ...

За неколку месевци од денес ќе има нова влада и реалност и согласно нашата политика ќе има реалокација на средства од централниот буџет назад кон општините, и тоа ќе биде коалициски договор и доколку некој не се согласи со тоа ќе ја нема можноста да биде со нас во коалиција, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Битола. Средствата ќе се користат за големи инвестициски проекти, меѓу кои повторно во игра е покриен базен, кој досега ...

На барање на Обвинителството од Битола, судијата во претходна постапка на двајца од осомничените што нападнаа со нож малолетници кај Ракометното игралиште, им е одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Осомничените се товарат за кривично дело од Кривичниот законик по член 131 став 3 за нанесување тешка телесна повреда. Напаќачите се во притвор во Скопје. На 22 овој месец полсе полноќ кога на Ракометното игралиште во Битола имало концерт на ...

Утре во текот на денот ќе дува засилен југозападен ветер (на повеќе места над 60 км/час) и во поголем дел од земјава ќе се задржи многу топло време. Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен северен ветер и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. Во четврток ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени, ќе дува засилен ...

На 24.07.2023 околу 15.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Сотир Брбевски“ во Битола, поради претходни недоразбирања и по кратка расправија, Л.С.(38) од Битола со остар предмет го нападнал С.С.(53) од Битола и му нанел повреди. С.С. бил пренесен во Клиничка болница Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот. За напаќачот е ...

Политички маргиналци и ситни луѓе, ги нарече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски советниците од Левица, граѓанскоот движење Поинаку и СДСМ кои го срушија локалното мнозинство во битолскиот општински Совет што беше предводено од ВМРО- ДПМНЕ. Во изминатите неколку месеци, тие изгласаа одлука за разрешување на управните и надзорните одбори во шест јавни претпријатија каде директори се кадри на ВМРО-ДПМНЕ, иницијатива за разрешување на ...

Интегрален текст од прес конференцијата на Борче Корлевски, советник од СДСМ На седницата на Совет на Општина Битола, на која беше усвоен ребаланс на буџетот, на предлог на советничката група на СДСМ, советниците изгласаа амандман со кој се предвидуваат 10 милиони денари за изградба на пристапната улица од улицата „Крушевска Република“ која поминува зад стадионот, до службениот влез на северната трибина. Градоначалникот, Тони Коњановски не го ...

Обично, пред крајот на учебната година, одделенците, како и предметните наставници по македонски јазик и литература, на учениците им ги кажуваме лектирите кои ќе се обработуваат и треба да се прочитаат за следната учебна година. Тоа го правиме со цел, кога ќе треба да се обработува лектирата, учениците да ја имаат подготвено и само да се потсетат на нејзината содржина. Исто така, тоа го правиме, затоа што сакаме навиката за читање, ...

Директорката на Зоолошката градина, Елена Мирчевска да одговори конкретно и концизно на нашите прашања, а не да раскажува приказни во писанија кои ги нарекува демант! Како вршител на јавна функција, Мирчевска е платена со пари на граѓаните и нема потреба нервозно да реагира кога јавноста од неа бара отчет. Бидејќи во петокот не добивме одговори, денес повторно ја прашуваме Мирчевска: - Колку животни во Зоолошката градина угинаа откако е ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Прилеп-Ресен. Според првичните наоди при увидот, до несреќата дошло при директен судар на автомобил Опел корса со битолски регистарски ознаки и товарно возило со штипски регистарски ознаки. Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач на патничкиот автомобил. Се постапува за испитување на ...

Автомобил и камион се судриле на патот Прилеп-Ресен, утрово околу пет часот. Во несреќата, се запалил автомобилот, а возачот изгорел. Од МВР ја потврдуваат несреќата и велат дека е извршен увид од нивна екипа. „Во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп–Ресен, од крстосница за с.Кукуречани до место викано „Билбил Камен“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „сканиа“ со прилколка со штипски регистарски ознаки, ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.72
45%
1019
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
3.13
45%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.79
41%
1020
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
0.87
41%
1019
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.06
52%
1019
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
1.79
54%
1019
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
5.36
41%
1016
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.94
55%
1017
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.09
51%
1017
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.92
57%
1017
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
2.68
33%
1019
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 27ᴼ
4.07
43%
1017
Currency

61.6317

Currency

53.4817

Currency

71.3492

Currency

37.7153

Currency

38.3863

Currency

67.1515

Currency

7.90489

Currency

0.72592

Currency

0.33652

Currency

0.52505

Currency

1.16107

Currency

0.56326

Паладиум

38805.95

Иридиум

253540.09

Бакар

12.61

Калај

54.25

Рутениум

49769.36

Алуминиум

3.60

Цинк

0.00

Платина

57067.58

Сребро

2181.05

Злато

139164.58

Родиум

258813.51

Кобалт

45.39