Проф. д-р Ден Шехтман од Израел, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година за откривањето на квазикристалите, е новиот Почесен професор на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола. Свечената промоција, на која на д-р Шехтман ќе му бидат врачени инсигниите на Универзитетот – Дипломата и Oдората за Почесен професор, ќе се одржи утре, 26.05.2023 г., во 10 часот во Офицерскиот дом во Битола. Промовирањето на д-р Шехтман за Почесен ...

Повеќе од половината од 360 анкетирани средношколци од Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола би останале да студираат во Македонија, поточно 56 отсто, а 29 проценти би заминале на факултетите во Словенија, покажа анкетата „Каде после Горната“ чии резултати учениците ги објавија во средношколскиот весник „Нова Веда“. Тоа е весникот што го објавуваат средношколци од училиштето по повод патрониот празник, со поддршка на Гимназијата, а под ...

Од печат илезе новиот број на средношколскиот весник „Нова Веда“ по повод патрониот празник на Гимназијата „Јосип броз Тито“ во Битола. Весниот е возобновен минатата година, а велечи корени од поранешни генерации кои ги подготвиле и испечатиле првите броеви. Првиот борој на „Нова Веда“ лани излезе многу спонатно, подготвен од група ученици на Гимназијата од прва и втора година под менторство на професорот по македонаки јазик Никола Трајковски. ...

Во просториите на МЗ „Вељко Влаховиќ“, започна со работа Младинскиот Центар Битола, чија основна задача е поддржување на личниот и социјален развој на младите преку обезбедување организирана и структурирана поддршка насочена кон зајакнување на нивните лични и социјални способности, нивната самодоверба, како и потенцирање на важноста на заедничкото живеење и делување на сите млади во градот. „Една од целите на општина Битола, во програмата за ...

Битола живеела и живее за ракометот, а синоним за успех на ракометна Битола и Македонија е нашиот Звонко Шундовски, или како што битолчани често кажуваат, успехот е таму каде што е Шундовски. Звонко Шундовски го предводеше Пелистер и во 2005 и во 2023, шампионски години за битолскиот ракомет. Шундовски го прифати предизвикот и веруваше во она што сите го сакавме - ТИТУЛА! Спортска Битола е гладна за успех и последната титула беше прославена со ...

Јавната здравствена установа Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација која се наоѓа на брегот на преспанското езеро во Отешево, почна да се реконструира. Градежните активности ќе се одвиваат околу четири месеци и во овој период работата на болницата ќе биде реорганизирана, информираат од тамошната јавна здравствена установа.-Работниот процес во болницата продолѓува и ќе се одвива во другиот болнички објект каде е сместен ...

На 24.05.2023 во 07.15 часот било пријавено дека на патот за с.Долно Оризари во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко „мерцедес“, управувано од Г.Н.(34) од с.Долно Оризари и патничко возило „шкода“, управувано од М.Т.(66) од истото село, двете со битолски регистарски ознаки, информира МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Т., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР ...

На 24.05.2023 во 18.30 часот во Битола на ул.„Димитар Илиевски Мурато" од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола бил лишен од слобода И.Г.(29) од Битола. Тој, управувајќи патничко возило „пасат“ со битолски регистарски ознаки, кај место викано „Грозд“, преку отворен прозорец со воздушна пушка испукал во кучиња скитници. Од него биле одземени воздушна пушка „гамо“ калибар 4,5 мм. и пакување со дијаболи. По ...

Не попусто љубителите на природата и планинарењето се качуваат по два до три часа по срмна патека за да стигнат до манастирот „Свети Спас“ над село Маловиште на Пелистер на нарморска височина од 1910 метри, па и на погорниот врв Вртешка на 2010 метри од каде се протега спектакуларен поглед на југозападниот дел од Македонија. Со еден панорамски поглед лево се гледаат Пелагонија со Битола, напред пелистерските врвови, а десно Преспанските Езера. ...

Битола живеела и живее за ракометот, а синоним за успех на ракометна Битола и Македонија е нашиот Звонко Шундовски, или како што битолчани често кажуваат, успехот е таму каде што е Шундовски. Звонко Шундовски го предводеше Пелистер и во 2005 и во 2023, шампионски години за битолскиот ракомет. Шундовски го прифати предизвикот и веруваше во она што сите го сакавме - ТИТУЛА! Спортска Битола е гладна за успех и последната титула беше прославена со ...

Во присуство на детски ликовни амбасадори од целиот свет и со доделување на награди, вчера вечер на платото во старата битолска чаршија беше отворено 42. издание на Детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ и 41. Светска детска ликовна изложба „Битола 2023“. Манифесатцијата за отворена ја прогласи градоначалникот на Битола Тони Коњановски. „Битола, со своите специфики, култура, историја и традиција, од вечерва во следните 7 дена, ...

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник, вчера во спортската сала на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ се одржа првиот од низата настани за годинешното чествување на патронатот. „Спортот, тоа сме ние“ ги спои учениците и професорите во спортските активности - аеробик, танц, кошарка, ракомет и одбојка, а најброен беше аеробикот и танцот што ги предводеше Христина Ристовска, наставник по спорт и спортски активности. Спортската активност, ...

БИТОЛА – Габриела Илиевска, претседателка на Советот на Општина Битола, не испочитувала ниту еден од условите за прекин на 26. седница на Советот на Битола. Вака проценил Државниот инспекторат за локална самоуправа при извршениот вонреден инспекциски надзор во Општина Битола за одржувањето, прекинот и продолжувањето на седницата од 20 април годинава, објави nezavisen.mk/ По оваа седница следуваше политичката криза во Битола која сѐ уште не е ...

Вчера (22.05.2023) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 103 возачи. Од нив, 63 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 40 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и ...

По повод Меѓународниот ден на биолошката разновидност во просториите на НУУБ “СВ. Климент Охридски“ Битола се реализира работилница „Природа убавина”, каде гости беа учениците од четврто одделение од О.У. „Гоце Делчев“ - Битола со своите наставнички. На настанот присуствуваа и Петар Ставрев – новинар и Сашо Ставрев – фотограф и двајцата љубители на природата. Тие успеаја на еден начин да им ги доловат наједноставните и најважните делови за ...

Во рамки на одбележување на 22 мај Ссветскиот ден на биолошката разновидност, директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработка со директорката Елена Мирчевска од Зоолошка градина - Битола. Целта на меморандумот е заемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието, културата и билошката разновидност, учество, соработка и реализација на заеднички проекти, ...

Во Битолската библиотека се одржа настан за претстваување на книжевниот портрет на Јордан Плевнеш, поет, драматург и романсиер, амбасадор на нашата држава во Франција, Португалија и Шпанија. Беседа одржи проф. д-р Кристина Николовска која истакна дека е чест да се беседи за великанот Плевнеш. „Свеченост е да се слави грандиозникот на големиот македонски духовен и твроречки подвиг. Оној кој земјата и традицијата, речта и јазикот ни ги воскрена на ...

Под мотото „Мојот јазик-моја мелодија“, во Центарот за култура, училиштето „Коле Канински го одбележа патрониот празник и преку низа активности порача да си го чуваме и негуваме јазикот. На патронатот присутен беше и синот на Коле Канински, Стефан Канински со неговата сопруга, како и советници, претставници од локалната самоуправа и директори на училишта. - Препознатливи сме како училиште кое учествува во безброј проекти, како домашни, така и ...

Проектот на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за изградба на велосипедски патеки на две од најголемите сообраќајници во Битола не доби зелено светло на Совет. Сите други советници гласаа воздржано сметајќи дека проектот не е комплетно изработен. Не беше изгласана измена на програмата за економски развој и од буџетот не се обезбедија над половина милион евра за реконструкција на тротоарите на улиците „Васко Карангевски“ и ...

Во текот на изминатата вечер (18/19.05.2023), во периодот од 23.00 до 05.00 часот, на територија на град Битола спроведена е локална акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 17 алкохолизирани возачи, кои се веднаш исклучени од сообраќај. За време на контролата биле санкционирани и 8 други видови прекршоци. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. ...

Претседателот и секретарот на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, кој беше затворен, ќе добијат бугарско државјанство. На Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов бугарските пасоши ќе им ги врачи бугарскиот претседателот Румен Радев, а потпретседателката Илијана Јотова ги потпишаа уредбите за стекнување бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло. Во март македонската Влада одлучи дека центарот не може да го носи ...

„Ви благодарам што ме поканивте да видам како напреднавте. На некој начин мило ми е дека почнувате од ново отколку да трошите многу пари реновирајќи ја старата зграда, мислам дека ќе биде одлично, она што го видов во плановите е многу, многу издржано, ќе биде современ објект, а посебно ми се допаѓа каде што се наоѓаат кучињата, бидејќи е под сенка, денес не е топло, но кога ќе биде топло ќе има многу сенка што е добро за кучињата“, рече ...

По повод 18 Мај Меѓународниот ден на музеите, денес, во Музејот на Стерјо Спасе во с. Глобочани, Албанија, беше поставена изложбата „Градски костими“, чиј автор е Наде Геневска Брачиќ, етнолог советник.. Проектот SMART4YOU2 се имплементира во рамките на ИПА програмата з апрекугранична сорбаотка помеќу Северна Макеоднија и албанија, и е ко-финансиран од страна на Европската унија и Министерството за локална самоуправа. На отварањето на изложбата ...

За кардиохирургијата во Македонија, за младите специјализанти, за можностите во Македонија за развој на кардиохирургијата и професионален напредок но пред сѐ за односот кон пациентите но и односот кон младите лекари, во ова интервју зборува еден од најмладите специјализанти по кардиохирургија во Македонија Горазд Коњановски, битолчанец кој сега е дел од тимот на Клиничката болница Жан Митрев. Ви пренесуваме дел од интервјуто објавено на интернет ...

Интергрален текст од обраќањето на градоначалникот Тони Коњановски на денешната вонредна седница на Советот на Општина Битола Итноста произлегува од изминувањето на крајните рокови, што би значело и неможност за реализација на одредени проекти или неможност за обезбедување на потребните средства. Третата точка се однесува на усвојување на Извештајот на општинската Комисија за проценување на штети од елементарни непогоди во општина Битола ...

Секторот за внатрешни работи Битола за првите четири месеци од 2023 според извештаите и во евиденциите на СВР Битола бележи намалување во делот на извршените тешки кражби, тешки кражби во обид, кражби, кражби во обид, разбојништва во обид и разбојништвата. Намалување на кривичните дела се однесува и за подрачјето на Битола, каде споредбено со минатата 2022 година се бележи драстичен пад во делот на извршените кражби, тешки кражби и разбојништва. ...

Седницата на Советот на Општина Битола беше неправилно прекината, рече министерот за локална самоуправата Ристо Пенов денес во Битола одговарајќи на новинарско прашање што утврди Државниот инспекторат по надзорот извршен во Советот. Седницата на 20 април беше прекината од страна на претседатлката на Советот, Габрила Илиевска од граѓанската иницијатива Поинаку со образложение дека постапила по член 65 од деловникот за работа и дека по напуштањето ...

Коњановски да ги повлече неисправните решенија за данок на имот и да не ја замајува јавноста со цитирање на закони, изјави Жаклина Наумовска , советничка од СДСМ. Тоа што е уште потрагично, за својата неспособност Коњановски ги обвинува граѓаните на Битола кои, наводно, не пријавиле измени навреме, а притоа не гледа дека членовите за пријава кои ги цитира од законот се однесуваат на сосема друго. Повеќе од јасна е политиката на Коњановски - за ...

Советникот од Левица Горан Велевски ја коментира состојбата во битолскиот Совет наведувајќи дека договорите кои ги правеа изминатиов период позади затворени врати, локалната самоуправа и Поинаку, им покажаа на граѓаните лош пример. Тој се пожали дека од самиот почеток кога беше избрана Илиевска за претседател на локален Совет, до денес, не им се прифатливи инцијативите и проектите кои ги пласира Левица. -Нека знаат граѓаните, не се поентите во ...

БИТОЛА – Претседателката на битолскиот Совет, Габриела Илиевска, сепак свика вонредна седница на Советот на Општина Битола што треба да се одржи утре во 12 часот. Тензиите меѓу Илиевска од една страна и градоначалникот Тони Коњановски и општинската администрација од друга страна, траат еден месец, а сега најверојатно се во фаза на „примирје“. Последната ситуација е ваква најверојатно додека не се изјасни вишиот државен инспектор за локална ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
5.14
28%
1006
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.06
29%
1002
weather icon

Загреб

24ᴼ / 23ᴼ
2.06
74%
1004
weather icon

Софија

34ᴼ / 30ᴼ
4.63
32%
1009
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
4.92
18%
1005
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
1.54
78%
1004
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
4.12
53%
1011
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
48%
1010
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
5.66
45%
1009
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
2.68
29%
1008
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.09
88%
1005
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
5.66
28%
1011
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641