Долги години, македонското образование се обидува да направи и спроведе некакви реформи, со кои ќе се тргне од некој нов почеток, а притоа ќе се запази она што е традиционално во наставата (материјалот што се изучува, наставните средства, континуиран напредок на дигиталната технологија итн.). До каде сме со реформите? Еве, ќе ја земам обуката спроведена од БРО, одржана на 20 јуни, наменета за сите наставници кои во учебната: 2023-2024 год. ќе го ...

Во ООУ ,,Елпида Караманди” Битола, денес стартуваше изведбата на работите предвидени со договор за реконструкција на покривот и тоалет за лица со посебни потреби преку проектот ,,Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и реконструкција на средни и основни училишта во РС Македонија”. Трипартитниот договор помеѓу Министерството за образование и наука, Општина Битола и ООУ ,,Елпида Караманди” Битола е потпишан во јули 2021 година. Со ...

Уметноста и музиката на новата генерација млади луѓе, но и социјалните промени, беа во фокусот на Битола отворен град кој изминатата недела го трансформираше градот во отворена сцена за бројни музички настани и неколку арт перформанси. „Овој наш настан, кој влезе во третата деценија, беспрекорно умее да се носи со новите генерации и новото време. Да ги спојува уметноста, музиката и општествениот ангажман, обезбедувајќи платформа за младите ...

Врховниот суд смета дека пресудата за „Транспортер“, во која е осуден битолскиот градоначалник Владимир Талески, доби затворска казна и таа е законски изречена. Аболицијата дадена од експретседателот Ѓорге Иванов не ги опфаќа осудените. „Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда КВП-КОК2 бр.6/23, со која барањата на осудените В. Т. и С. Б. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на ...

Четворица јавни обвинители од републичкото обвинителство денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Струга, но и во Вишото во Битола под чие подрачје спаѓа струшкото, за предметите што се поврзани со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко од ДУИ. „Четиричлена комисија од јавни обвинители од Јавното обвинителство на РСМ денеска врши надзор на постапувањето во предметите во ОЈО Струга и ВЈО Битола. По целосните проверки на ...

Приведен крадец во Битола, фатен на дело додека крадел во црква. Денеска (26.06.2023) од страна полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при СВР Битола лишен од слобода бил Н.М.(36) од Р. Србија. Тој бил фатен на дело додека извршувал тешка кражба во црквата „Св. Недела“ во Битола, од каде одзел пари. Најпрво скршил прозорец од храмот и влегол внатре, па со погоден алат го скршил и свештарникот, па одзел ситни монети. Се ...

Во 19.48 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул."Васко Карангелевски" во Битола помеѓу се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус "исузу", кој превезувал вработени за РЕК Битола, управуван од Т.Т.(54) од Битола и патнички возило "шевролет" управуван од Д.Ј.(19) и сопатник Б.А.(19), двајцата од Битола, и двете возила со битолски регистарски ознаки. По незгодата возачот и сопатникот во возилото "шевролет" се пренесени во Клиничка болница ...

Вечерва се случила тешка сообраќајка пред Новиот пазар во Битола каде според очевидци автомобил се судрил со автобус на РЕК Битола. Пожарникари интервенираа да го извлечат возачот на автомобилот, кој со повреди е пренесен во Битолската болница. Сообраќајот е во прекин на ова место, очекуваме подетални информации од СВР Битола. За жал на улицата „Васко Каренгелески“ неретко се вози брзо и со брзина над дозволената иако полициски патроли секогаш ...

Господине Коњановски, Скоро 2 години сте градоначалник, ама никако да го сфатите тоа! Кој треба да преземи институционални мерки за кучињата скитници во Битола, ако не Општината? Вие и Поинаку ветувавте дека ќе го решите проблемот! ДПМНЕ и Поинаку се локална власт во Битола! ДПМНЕ има градоначалник, Поинаку има претседател на Совет! Молите друг да го реши проблемот, а досега потрошивте над 50 милиони евра од буџетот! Не е грев да сфатите ...

Градоначалникот Тони Коњановски со реакција по несреќниот случај во Стара Болница која улични кучиња искасаа дете на 13 години додека си играло со топка пред зграда. Долгогодишното непостапување од страна на институциите, придонесе вознемирувачка вест денес да не потресе сите битолчани. Веднаш штом ја добив информацијата за каснатото дете од кучe кај Стара болница, ги контактирав службите во Клиничка болница во Битола. Ги контактирав и ...

Детето каснато од кучиња скитници е примено на Ортопедија и е во добар состојба, потврдува директорката на Клиничка болница Битола д-р Елизабета Ивановска. „Дете на 13 години е примено на одделението за Ортопедија со каснатини од куче. Има повреди на десна глутеална регија. Повредите се санирани “, потврди д-р Елизабета Ивановска, директор на Битолската клиничка болница за „Апла.мк“. Денеска од куче скитник бил каснат и странец од Србија и тој е ...

Детето каснато од кучиња скитници е примено на Ортопедија и е во добар состојба, потврдува директорката на Клиничка болница Битола д-р Елизабета Ивановска. „Дете на 13 години е примено на одделението за Ортопедија со каснатини од куче. Има повреди на десна глутеална регија. Повредите се санирани “, потврди д-р Елизабета Ивановска, директор на Битолската клиничка болница за „Апла.мк“. Денеска од куче скитник бил каснат и странец од Србија и тој е ...

Малолетно дете денеска нешто по 11 и 30 часот е искасано од кучиња скитници во населбата Стара Болница во центарот на Битола, додека си играло пред зградата. Очевидци раскажуваат за Апла.мк дека ситуација била драматична кога глитница улични кучиња се нафрлиле врз детето. Иако напомош притрчале повозрасни граѓани сепак детето имало видливи повреди, велат очевидци. Несреќниот настан се случувал позади зградата Пелагонка 2 на паркингот со зградите ...

Со спектакуларниот настан „Вива Верди“, на кој настапи Камерниот оркестар на Битола, со над 130 изведувачи, синоќа во античкиот локалитет Хераклеја, свечено беше отворено 15 издание на битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“. Многубројната публика, имаше можност да ужива во прекрасната изведба на симфониски оркестар, хор и оперски солисти, кои ги изведоа најубавите извадоци од најпопуларните опери на Џузепе Верди, како: Травијата, Аида, Моќ на ...

Во рамки на 22 издание на фестивалот „Битола отворен град“ вчера летната сцена во МКЦ – Битола беше простор за изложба на цртежи, графики и фотографии од младите уметници: ДИМИТАР РИСТЕВСКИ МИЛА ПЕТКОВСКА ТАТЈАНА ЈОВАНОВСКА ДАРКО ГУЛЕВСКИ САНДРА КОРЛЕВСКА МИХАЕЛА ВЕЛЈАНОВСКА АНАБЕЛА МАРКОВСКА Истовремено течеше и проектот „Our NATION is imagiNATION“ – графити работилницата со АНГЕЛА ШАПАРДАНОВА ДАРКО ГУЛЕВСКИ САНДРА КОРЛЕВСКА ГАБРИЕЛА ...

Во моментов во Рудникот Подински јагленови серии во Суводол при РЕК „Битола“ се случува една од најголемите работни операции која ќе овозможи непречен ископ на јаглен, а со тоа и стабилно производство на струја. Во тек е поместување на транспортниот систем , акција која не е извршена околу триесет години. „Ова е една од најголемите операции во рудници каде имаме посместување односно трансформација на јаглерновиот систем по 30 години. Со ова ќе ...

Утрово е искршена информативната табла со бугарското знаме и логото на бугарскиот донатор поставена пред новиот болдер – ѕид за качување со трибина во Градскиот парк во Битола. Кршењето на таблата е наменско и најверојатно со порака од сторителите кои на информативната табла го искршиле стаклото само во делот каде што стоеше бугарското знаме и логото на бугарскиот донатор, додека оставени се знамињата на Македонија и на Европската Унија. Во ...

Интегрално ја пренесуваме прес конференцијата на Ивона Труфунов од СДСМ Битола: „Три дена трае хистеријата на ДПМНЕ Битола за директорот на битолскиот затвор Драган Крајовски, воедно и претседател на ОО СДСМ Битола, ама никако да фатат корен глупостите што од партиската говорница ги чита член на ИК на ДПМНЕ која сеуште се надева на пратенички мандат. Дали во ДПМНЕ Битола ги побркале информациите за условите во прилепскиот со условите во ...

РЕК се подготвува за новата грејна сезона. Производството на струја во првите шест месеци е 102 проценти од планираното, а тоа е за 45 проценти повеќе во споредба со периодот од пред две години. На депонија има над 300.000 тони јаглен. Во тек е ремонт на првиот блок што ќе трае 45 дена , а потоа ќе следува ремонт на вториот блок. -Во тек е ремонтот на првиот блок, започна на 12 овој месец, ќе трае 40 дена, планирано е да се пушти околу 20 јули. ...

Денеска во Битола во 19 часот, ќе се одржи протест пред Основното јавно обвинителство за Јана Христовска која во март почина во Битолската болница. Протестот насловен „Правда за Јана“ се организира по објавувањето на јавнообвинителската одлука во која стои дека за смртта на малото девојче нема кривична одговорност кај здравствените работници. Семејството на малата Јана не е задоволно од одлуката на ОЈО и најави меѓународна експертиза на целиот ...

На музика па Олабај! На театар па Олабај! ...Се креативните пакети кои ги надополнуваат и промовираат програмите на меѓународните фестивали во Битола, обезбедувајќи дополнителна програма што ќе ги анимира и задржи гостите и посетителите во локалната заедница, ќе ги поврзе со истата и ќе ја мотивира да ја конзумира фестивалската уметност. Во оваа слика воспоставуваме двострана нераскинлива врска помеѓу меѓународните фестивали во Битола и жителите ...

Основното јавно обвинителство Битола до семејството на починатата го достави интегрално извештајот од Институтот за судска медицина во кој експлицитно е наведено дека во постапувањето на медицинскиот персонал која го лекувал девојчето на 22.03.2023 година не се содржани елементи на кривичното дело Несовесно лекување болни од член 207 од КЗ или некое друго кривично дело кое се гони по службена должност. Имено, согласно вештиот наод, утврдено е ...

Се поклопува отворањето на едни од двете најголеми културни манифестации во Битола, и тоа 9.издание на „Битола Шекспир фестивалот“ со она на 15 културно лето „Бит-фест“. До лани „Битола Шекспир фестивалот“ кој е во организација на Народен театар Битола беше редовно во рамките на „Бит фест“, а годинава на плакатот само пишува дека е финансиски поддржан од Општина Битола која го подготвува културното лето. Двете манифестации започнуваат на 23 ...

Настанот е во организација на општина Битола и Камерен оркестар на Битола ⋮IWConnect и на истиот ќе се изведуваат дел од најпопуларните опери на Џузепе Верди како Травијата, Аида, Моќ на судбината, Набуко, Риголето и др. Како солисти на концертот ќе се претстават: Горан Начевски, Наде Талевска, Кристијан Антовски, Марија Наумовска, Нико Ѓоргиевски и прекрасниот сопран – Зана Абази Рамадани во придружба на Камерниот оркестар на Битола, хор и ...

Неговота програма започнува од амфитеатрот во Хераклеја и преку Културно-информативниот центар и Центарот за Култура се протега до Саат кулата, другата имагинарна граница на Битолскиот Широк Сокак. Секоја година Бит Фест во одреден период на свој начин ја носи во градот традицијата на македонското и светското творештво доближувајќи ја до современите сфаќања на човекот. Автор на плакатот: Васко Ѓоргиев, ликовен уметник, претседател на ДЛУБ ...

Во целост се неточни наводите искажани од членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕК за состојбата во Затвор Битола. Тоа е класичен обид да ги затскријат неуспешните директори на ЈП во Битола, назначени од ДПМНЕ. Повикувам да се остават на мира вработените во Затвор Битола кои им служат на установата 24/7 и осудените и притворените лица кои генерално се дисциплинирани и почитуваат куќен ред во издржувањето на затворките казни и мерката притвор. Состојбата со ...

Локалниот лидер на СДС во Битола, конечно да одговори за состојбата во Затворот во Битола, побара на прес конференција Виолета Ковачевиќ, член на ИК УЖ ВМРО ДПМНЕ. Пресот го пренесуваме во целост: „Кулминацијата на траумата од долгиот опозиционерски стаж и екстремно лошото, за среќа, кусо практикување локална власт, колку што се поизвесни парламентарните избори станува поекстремна и кулминираше деновиве. И повторно, исклучиво со лаги, ...

Во академската 2013/2014 година имало 488 бруцоши од Битола и 328 од Прилеп, а годинава 296 запишани битолчани, а 181 прилепчанец, објави Факултети.мк. Во Битола, која е универзитетски град речиси четири и пол децении, во последните осум академски години бројот на битолчани што се запишале да студираат на Универзитетот „Св Климент Охридски“ е преполовен. Истото се однесува и на соседната општина Прилеп, која е опфатена со факултети во рамките на ...

БИТОЛА – Извештајот за причините за смртта на малата Јана Христовска (6) од битолското село Кравари први ќе го добијат родителите, па после ќе биде објавен за јавноста, изјавија за „Независен“, од Основното јавно обвинителство во Битола. „Не е донесена уште формална одлука. Пред неколку дена е примено вештачењето, деновиве ќе се донесе и одлуката. Само, прво да го известиме семејството што е одлуката на ОЈО Битола, па ќе пратиме и соопштение за ...

Во соработка со Градежен факултет-Скопје и ЈКП Нискоградба Битола, од страна на професорот Д-р Горан Мијоски беше промовирана иновативна технологија за санација на оштетувањата на коловозните конструкции. Промоцијата беше изведена на Булевар 1-ви мај, кај потегот на Сточен пазар. Оваа постапка ќе придонеси за намалување на потрошувачката на енергија, повторно користење на струганиот матријал од коловозот за санација на ударни дупки, прекопи и ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
23%
1005
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
26%
1003
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
0.0
75%
1005
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
35%
1008
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.71
17%
1005
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
3.09
81%
1005
weather icon

Атина

34ᴼ / 30ᴼ
5.14
46%
1010
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
40%
1011
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
5.14
37%
1009
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 33ᴼ
2.68
27%
1008
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
86%
1006
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
22%
1011
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641