
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ѓ.(48) и М.С.(38)од Битола, поради постоење основано сомнение дека на 08.01.2023 околу 15.30 часот на ул.„Солунска“ во Битола извршиле кривично дело „разбојништво“. Имено, тие кривичното дело го извршиле со физички напад на 67-годишен битолчанец, користејќи дрвен предмет, при што му одзеле пари во вредност од околу 200.000 денари. СВР Битола до ОЈО Битола ...
Како локална самоуправа која за 10 тина дена, ќе одбележи една година од раководењето со општина Битола, во изминатиот период, значително се ангажиравме да реализираме колку што е можно повеќе проекти, да ги завршиме започнатите, но и да подготвиме нови, кои ќе се реализираат во периодот пред нас, рече градоначалникот Тони Коњановски на прес конференцијата со медиумите. „Во делот на инфраструктурата, нашиот голем проект за реконструкција на 23 ...
Потпретседателката на Бугарија Илиана Јотова која вечерва допатува во Битола, не одговори директно на новинарското прашање дали нејзината посета на 4 Ноември-Денот на ослободувањето на градот од фашизмот е провокација. Но, подоцна одговарајќи на други прашања во врска со меѓусоседските односи на двете земји рече: ,,Јас се исклучувам од тоа натаму да минувам по пат на провокации и ние имаме општи интереси и цели". Јотова во изјавите беше ...
Општина Битола утврди годишен план за спречување на корупцијата и судирот на интереси, документ што го усвои Советот на Општината и се однесува на периодот од октомври 2022 година до октомври 2023 година.. -Со реализација на планот ќе се обезбеди подигање на довербата кон општинските органи, јавни служби и установи основани од општината, ефикасно користење на јавните ресурси, како и јакнење на демократијата и општествените вредности, информираат ...
-По најава на ложачот на парни котли дека има проблем во системот за греење, на 2 ноември, Установата се обрати со барање до надлежните во Општина Битола за итно решавање на проблемот со системот за греење во овој објект. Во неколку наврати е испратена екипа од страна на Опшина Битола, но до овој момент ниту е детектиран проблемот, нииту е најдено решение и од вчера 60 деца од подрачното училиште остануваат без греење , а стравуваме дека наскоро ...
Овој четврток, Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола во соработка со здружението Арс Ад Астра од Битола и со поддршка од Гете-институт од Република Северна Македонија, ќе го одбележат 125 годишниот јубилеј од смртта на композиторот Јоханес Брамс. Во концертот насловен како „Омаж за Брамс“, со учество во четирирачни состави ќе настапат пијаниските Татјана Божиновска, Билјана Димовска, Маја Божиновска и Верица ...
Во Музејот во Битола се чувствувам како дома зашто често сум тука. Најголем впечаток ми оставија тактилните слики кои можат да се допрат и да се чујат“, рече 12- годишната Барбара Василевска, која има оштетен вид, а денес ја прогласи за отворена изложбата „Музеј за сите- сликите можат да се допрат и да зборуваат“. На изложбата беа промовирани 16 нови тактилни слики кои покрај Брајовото писмо, се придружени со со аудио приказни и видеа на ...
Криминалистичката полиција при СВР Битола од областа на недозволена трговија со оружје во СВР Битола евидентира 37 кривични дела од недозволената трговија со оружје при што поднесени се 36 кривични пријави, против 42 сторители. Најчесто одземени предмети се: 18 парчиња оружје; муниција 423 парчиња и 22637 парчиња пиротехнички средства. СВР Битола од областа на недозволена трговија со дрога поднесе 79 кривични пријави за сторени 88 кривични дела ...
Зад нас оставаме година полна со предизвици, во која покажавме дека кога се работи чесно и посветено може да се постигнат високи резултати. Битола успеа да излезе од затвореноста и индиферентноста која постоеше изминатите години. Битола повеќе не е заборавен град, вели градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски во своето обраќање во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.. Линк од видеото ...
Советникот од СДСМ Борче Корлевски на денешната седница на Совет побара информација до каде се ревизорските извештаи за јавните претпријатија и училиштата што ги најави Општина Битола. Рече дека ги чекаат со месеци. „Барам информација од Општина Битола за ревизорскиот извештај кој го најави за јавните претпријатија. Да видиме што се случи со тој ревозорски извештај? Беше најавена ревизија јавно и во медиумите за училиштата и барам точка на ...
Во македонскиот јазик, веќе неколку години, активно и зачестено, присутна е секојдневната употреба на англизмите. Ги употребуваме сите, но, најмногу учениците и помладиот свет. На што се должи прекумерната употреба на англизмите? Сметам, дека современата, електронска комуникација, интернетот, си го прави своето, понатаму, нечитањето на домашна белетристика, недоволното познавање на својот мајчин јазик, гледањето филмови и сл. со странски ...
Ученичето, кога се запишува во прво одделение на училиште, тоа пред себе, се соочува со нова средина, а само еден учител, со кој ќе расте и ќе се описменува, односно, со кој ќе ги стекнува првите знаења и умеења, што понатаму ќе треба да се прошируваат. Учителот, за детето, има многу важна улога во неговите први години на описменување и стекнување навики на однесување! Токму тој, ја дава основата на училиште, која што треба да се надградува со ...
Низ историјата, успехот на големодржавните проекти кон Македонија, зависел од одмакедончувањето на Македонците. Од политичко-дипломатската трансформација на македонското национално прашање во македонско прашање. Затоа, ќе најдете низ сите светски архиви, милиони бугарски, српски и грчки докумети, како и документи од нивните западноевропски спонзори, кои зборуваат, анализираат, истражуваат, аргументираат и ламентираат за „македонско прашање“, ...
ДЕМАНТ Почитувани граѓани, денес уште еднаш локалната опозиција прави дефокус од нивното незнаење, корупција, криминал и неспособност, споменувајќи го моето име, моето семејство и градоначалникот Тони Коњановски. За разлика од вас мене удбашките методи не ми се познати и нема преку адвокат да го контактирам "младичот" кој "сосема случајно" лично ме деградира, ја деградира мојата сопруга, Општина Битола и градоначалникот правејќи се недоветен ...
Воената збрка е веќе тука околу нас, со неа треба, сериозно и крајно загрижено, да се смета. Црната маса на професионалци на смртта и воени профитери се има покренато, а тоа, како што слушаме и гледаме, значи колежи и палежи, страдање и смрт. Сето човештво живее во антихумано потрошувачко општество, во траен сплет на лаги, закани, корупција и страв. Сите кои се намерачиле да ја критикуваат таквата стварност и кои се спротиставуваат на ...
Патриотизмот е чувство на длабока приврзаност кон Татковината, кон сопствената Држава и кон сопствениот народ. Тоа е чувство на гордост дека се припаѓа на една земја чија историја е преполна со бесмртни дела од нејзините доблесни ќерки и синови и чувство на спокојна самоувереност дека земјата и нејзините луѓе имаат самоопределувачка и среќна иднина. Љубовта кон Татковината е жива сила која го движи општеството кон секојдневна борба за ...
Видовме и потврдивме дека онлајн наставата не е иста како наставата со физичко присуство. После пандемискиот период, се чувствува животот во училиштата, училниците и училиштните дворови, нели, како што доликува. Секако, соработката на учениците, со наставниците, па и на родителите е многу поблиска и поверодостојна. Исто така, забележуваме, но и насетуваме кај учениците дека на часовите „подзаборавија“ да пишуваат или почесто им се уморува раката ...
Македонската државничка и политичка мисла и пракса го достигнаа својот национален врв за време на Колишевски, односно помеѓу меѓу четириесет и петтата и осумдесет и деветтата година. Дури, и во услови на ограничен државен суверенитет во авнојска Југославија, што, попатно кажано, беше нормално ограничување за една федеративна и повеќенационална држава каква што беше државата раководена од Тито. Но, во тој период личната слобода и безбедност, ...
Да се зборува за една од најблагородните професии во животот, како што е професијата наставник, лично за мене, претставува огромна чест и посебно задоволство. Ќе кажам: наставник, може и треба да биде, оној што ги сака децата и кој во настава, има една и единствена цел, т.е мисија: од ученичето, да направи прав ученик! Тој пат е долг, трпелив и најважно, мора да биде исполнет со радост и љубов. Така, се влегува и се прави првиот чекор во школо и ...
СДСМ и коалицијата бараат градоначалникот Тони Коњановски да даде отчет за потрошените над 11 милиони евра за само девет месеци во оваа година. Во неговиот т.н. отчет наведено е дека се потрошени 283 милиони денари за капитални инвестиции и се изградиле 10 километри патна инфраструктура. По ова изгледа дека е поставен рекорд и еден километар улица чини 28 милиони денари или 455 илјади евра. Уште пострашно е што од 11-те милиони евра што ...
Интегрален текст од прес конференцијата на Горан Исков, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Битола Пак стари вести и стари оправдувања за неспособноста и нестручноста. Цитирам: “Блокот 1 во РЕК Битола во краткотраен планиран прекин, за брзо ќе го вратиме во мрежа. “Завршен цитат. Како ништо да не се случило, како се да е во ред. Почитувани граѓани не е во ред, гледате сами, слушате , чуствувате на сопствениот грб. Вистинската вест би требало можеби ...
На вашите лаги, лицемерие и ситни спинови им нема крај... Сепак, во прилог на вистината, зборуваат видливите факти и бројките кои нив дополнително ги потврдуваат. Ваква реализација на капиталните инвестици во буџетот за изминатите 4 години не била забележана, а истата во тој период се движела од 23% до најмногу 58% во изборната година. Не мора да сте економист или математичар, доволно е да застанете и да ги прочитате кварталните извештаи, пред ...
-Добра е динамиката, држиме добар број и добра заинтересираност во Битола. Оваа недела имавме поголем број на термини, околу 2000 термини во текот на денот, заедно вакцинација и ревакцинација. Ги аплицираме сите вакцини во моментот -Фајзер, Синовак за примовакцинација, Синофарм и Астра Зенека за ревакцинацијаа. Околу 1500 термини дневно имаме за прва вакцинација, а останатите се ревакцинација, изјави . Марија Димовска, регионален координатор на ...
Достоинството на еден поединец или народ не е од оние вредности што можат да се платат. Со него не може да се тргува, на еден или друг начин, како што си мислат неолибералните праматари. Достоинството не може да се компензира со некаква друга вредност. Оти, достоинството не се создава за ден-два, туку за неговата изградба постојано се работи. Или се води борба. Впрочем, познато е дека за националното и државното достоинство се бореле и ...
За учениците нема превоз, ама градоначалникот Тони Коњановски се вози со новиот џип Пежо 2008, набавен пред една година од претходната градоначалничка на Битола. Изминува трет месец од почетокот на учебната година, а учениците кои доаѓаат на настава во Битола од околните населени места уште немаат обезбеден превоз од општината. До каде е градоначалниче Тони Коњановски постапката? Има ли надеж до крајот на полугодието да го обезбедите превозот ...
ОК на ВМРО ДПМНЕ демантира дека градоначалникот Тони Коњановски купил нов автомобил Лажните вести остануваат првата и единствена препознатливост на СДС Почитувани граѓани, Лажните вести остануваат првата и единствена препознатливост на СДС. Лага се нивните ветувања, лага е дека ќе ги подобрат вашите животи, лага е дека воопшто им е грижа што се случува со сите нас, што се случува со Битола, со Македонија. Па така и вчерашната прес конференција ...
По повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, и оваа година битолчани и останатите посетители ќе имаат можност да го видат велелепниот Офицерски дом реконструиран пред повеќе од една година. Културно информативниот центар организира Отворен ден во сабота на 5 ноември во најубавиот објект во нашиот град, кој токму граѓаните го спасија од продажба и повторно и го вратија на Битола. -Време е, да ја задоволиме љубопитноста на битолчани и ...
Никој, а најмалку политичка партија која РЕК Битола го третираше како златна кокошка, не смее да шири лаги и невистини за работата на комбинатот од кој зависи судбината на Македонија. Барам извинување од Стевче Антовски во рок од 24 часа. Во спротивно РЕК Битола ќе поднесе тужба за клевета. Доколку има било какви индиции за незаконско работење, наводите да ги достави до надлежните институции, а не од партиска говорница да шири лаги и манипулации ...
Почитувани, ова се факти, не се обични клеветења и измислици во нивни стил, а за тоа сосема логично е да понесат одговорност. Тоа што понизниот Крајовски е очајно лош лидер на локалните сдсовци, на крајот и нека биде нивни проблем, ама за потрошени европски пари и пари на граѓаните, се одговара. Неспособност, криминал, корупција, неодговорност, незнаење, сите овие зборови се атрибути кои целосно го отсликуваат владеењето на локалниот лидер на ...
Директорот на Водовод, Пеце Mилевски лаже и манипулира за да го избегне вистинскиот одговор и одговорност. За нештата да бидат појасни и да ја дознаеме вистината, овде имаме официјален документ кој пристигна во ОО СДСМ од анонимен граѓанин. Тоа е фактура за извршена работа, уредно заведена во ЈП Водовод со архивски број, дата и печат. Од неа се гледа дека се заменети пластични делови на возилото. Милевски, од друга страна, подметнува обичен ...