Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше меѓу Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа, каде го откри споменикот во чест на македонските херои од овој крај, чиј ктитор беше тој. Мицкоски пред големиот број нашинци од сите делови на Мала Преспа и пошироко истакна дека на Македонија денес и е повеќе од сè потребно обединување околу националните интереси и иднината на нашите деца. Манифестацијата беше организирана под мотото „Чест за ...
Во рамки на кампањата за унапредување на сообраќајната култура, денеска на подрачје на Полициската станциа од општа надлежност Кисела Вода, на локалниот пат Батинци – Езеро Козјак, беше реализирана сообраќајно – превентивна активност наменета за возачите согласно кампањите „Носи кацига“, „Не користи мобилен телефон додека возиш”, „Стави појас” и „Не консумирај алкохол додека возиш”. Превентивната активност беше организирана од Одделението за ...
Лицата со атипичен развој да имаат заедничко секојдневие со лицата со типичен развој, а надлежните институции да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат овие лица од нивните семејства, да се обезбедат пристапни рампи, обележена заштита кај пешачките премини, доволно образовни асистенти. Тоа беа дел од пораките упатени на настанот „Другарството е богатство“ што се одржа денеска во Градскиот парк во Скопје, во организација на Здружението ...
По вандализмот во најголемото Општинско основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“-Штип, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска најави дека во сите училишта освен што има видео надзор ќе бидат поставени и алармни системи, со цел да дополнително да се превенира против ваквите девијатни појави. Во ова училиште беа уништени смрт табли, компјутери, надгледни средства, а имало обид и да се поплави еден од катовите. -Видео надзор имаме на ...
Денеска Филипче пак излезе на прес-конференција да објаснува како уставните измени се во интерес на Македонија, и пак се обиде да го релативизира македонскиот идентитет и националните интереси. Филипче јасно кажа дека за него националниот идентитет е застарен концепт, па сега секојдневно го повторува ставот и се врти околу својата замислена оска и си фантазира за премиерска фотелја, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Откако распродадоа, ...
Бизнис секторот се подготвува во целост да ги имплементира европските стандарди со цел да ја задржи конкурентноста на пазарот во Европската Унија и по 2030 година. Еден по еден, условите и стандардите за квалитет се исполнуваат. Но, допрва претстојат најпредизвикувачките, пред сè во делот на т.н. зелена транзиција и стандардите за одржливост. Македонските стопанственици велат дека во моментов критериумите за квалитет се исполнуваат, а тоа го ...
Обединувањето на ВРЕДИ во еден политички субјект е само чекор поблиску до исполнување на реформската агенда и членството на Македонија во Европската Унија. За упатените, ваквото окрупнување на коалицијата е позитивно за државата и ќе придонесе за забрзан економски развој и владеење на правото. Според Љуљзим Фаризи, правната држава, економскиот развој и забрзаната интеграција во ЕУ ќе бидат трите клучни столба врз кои ВРЕДИ ќе продолжи да ...
На Македонија денес ѝ е потребно обединување, повеќе од кога било претходно. Премиерот Христијан Мицкоски на средба со Македонците во Албанија испрати силни пораки и поддршка за нашинците. На средбата со жителите од Преспа, Мала Преспа и Туминец, Мицкоски порача дека тие се нераскинлив дел од националното ткиво и им изрази поддршка за сè она што досега го направиле за Македонија. „На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување. Да ...
Медицинските сестри и акушерки се јадрото на здравствениот систем. Без нив е невозможно да се замисли ниту еден процес од превенција, преку дијагноза, па сè до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства, изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешното одбележување во Скопје на Неделата на сестринството, што е од 5 до 12 мај. Петти мај се одбележува како Ден на акушерките, а 12 -ти како Меѓународниот ден на медицинските ...
Доблесен и логичен потег е повикот на премиерот Христијан Мицкоски за обединување во заштита на македонските национални интереси и идентитет. Но, според познавачите и повеќе од очекувано е што лидерот на СДСМ Венко Филипче, одбива поставување на црвени линии и продолжува да уценува со уставни измени, по желба на Бугарија и тоа веднаш. Новинарот Бранко Героски, за Алфа вели дека позициите на социјалдемократите се познати од поодамна, а Филипче ...
До крајот на летото би требало да заврши постапката за избор на компанија што ќе ја гради регионалната депонија кај светиниколското село Мечкуевци. Во тек е разгледување на понудите од фирмите што се пријавиле на тендерот кој, на 15 декември минатата година, го распиша Министерството за финансии. Ова е втор обид за избор на изведувач, откако претходната постапка не успеа. „Во моментот се работи на евалуација на понудите на распишаниот тендер ...
Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција истакна дека претседаелот на СДСМ Венко Филипче чекори по стапките на Заев и е подготвен е да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија. -Венко Филипче повторно докажа дека е спремен да ја продолжи политиката на Зоран Заев, а тоа е политика на попуштање пред Бугарија и прифаќање на барања кои директно задираат во македонските национални и државни ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на отворањето на првиот технолошки парк во Македонија — N99 Deep Tech Park, простор кој има за цел да ги поврзе технологијата, иновациите, науката, стартап-заедницата и институциите во заеднички екосистем за развој, се вели во денешното соопштение од Министерството за дигитална трансформација, што. N99 Deep Tech Park е замислен како современ центар за поттикнување на нова ...
На 9 мај, датум со посебна симболика за европската иднина, албанската политичка сцена во Македонија одбележа значаен момент. Идејата што некогаш беше доведена во прашање, патот што беше оспоруван и обединувањето што беше попречувано од многумина, доби целосна форма и стана политичка реалност, се вели во соопштението од Вреди. ВЛЕН, од соработка меѓу пет субјекти, се трансформираше во едно единствено политичко тело. Ова не беше само ...
Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, информираше дека во изминатите два дена делегација од општината реализирала студиска посета на неколку градови во Република Хрватска, при што биле разгледани успешни примери на локален и одржлив развој. Како што посочи Стаменкова, во Крижевци биле презентирани моделите за граѓанска енергија и енергетска транзиција, со посебен акцент на „one stop shop“ (OSS) пристапот, кој преку ...
Синоптичарите за денеска најавија променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне се очекува повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до ...
Настанот „Другарството е богатство“ во организација на Здружението „Аутизам ААМК“ ќе се реализира денеска во Скопје. Од Здружението истакнуваат дека различнoстите сплотуваат и појаснуваат оти кај „Школка“ од 11 часот ќе се одржи настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството. – Тоа ќе биде седми по ред од 2018 година, а како и претходните, така и овој, ќе биде ...
Меѓународна атлетска трка во Скопје и денеска ќе ги обедини домашните и странските натпреварувачи, рекреативците и љубителите на активниот начин на живот, соопштија од организацијата на настанот. Трката насловена „ХалкЕко Скопје трча 10 км“ (HalkEco Skopje Run 10К) предвидено е да почне во девет часот. – Стартот и целта на трката ќе бидат поставени на булеварот „Илинден“, во близина на фонтаната „Лотус“, а трасата ќе се движи по булевар ...
Во Паркот на Франкофонијата, во Општина Центар со почеток во 12 часот ќе се одржи еднодневен културно – едукативен настан на отворено во рамки на проектот „Фолклорот како живо наследство“. Настанот, како што соопштија организаторите, ќе понуди богата концертна програма со настапи на сите возрасни групи на АНИП „Орце Николов“, како и настапи на гости – детски фолклорни групи од Детскиот културен центар – Карпош. Целта е да се поттикне ...
Наместо остатоците од храна, посебно лушпите и непотребните делови од зеленчукот и овошјето кое се користи за подготовка на оброци, да завршат на депонија, каде создаваат штетни гасови, може да се употребат за природно ѓуриво во домашната градина. На ова апелираат еколошките здруженија кои се залагаат концептот за компостирање да биде повеќе присутен во домаќинствата, посебно потенцирајќи ги придобивките за животната средина додека трае ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини. -Во периодот од 05.55 до 16.30 часот, дел од корисниците од Бул.Борис Трајковски (Пинтија – Индустриска зона) (општина Кисела Вода ) и во периодот од 05.55 до 16.55 часот, дел од корисниците од с. Цветово, с Драчевица, с.Долно Количани, с.Горно Количани, Мала река, с. Алдинци, с. ...
Со традиционалното палење на фестивалскиот оган, кој годинава го запали сопранистката со меѓународна кариера Ана Дурловски, синоќа беше отворено 54-то издание на манифестацијата „Мајски оперски вечери“. Фестивалот беше отворен со премиери на две оперски претстави од Џакомо Пучини – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, што е првпат две претстави да бидат изведени на почетокот на фестивалот. -Овој фестивал повеќе од пет децении е симбол на врвната ...
Современиот Коте од Руља, Венко Филипче, трча во прегратките на Румен Радев кој ја формираше владата на Бугарија пред неколку дена. Филипче не може да почека ни една недела, за да се огласи дека спремен е на нова серија на национални предавства и дека ќе го продолжи аманетот што му го остави Заев, па јавно вели дека сопствената држава создавала вештачки конфликти со соседите, а и изигрува кодош, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Румен ...
Планинарска акција „Родители и деца“ која ја организира здружението „Планинарски спортски клуб – Кожуф“ од Гевгелија, ќе се одржи денеска во близина на минералните бањи во Негорци. Од здружението информираат дека оваа активност има за цел во планинарењето да ги вклучи заедно родителите и децата и да им овозможи дружење во природа низ интерактивни игри. Првата акција „Родители и деца“ за оваа година ќе биде со хуманитарен предзнак, односно ...
Во организација на Планинарски спортски клуб „Голак“ Делчево денеска се одржува планинарски марш долг околу 18 километри, посветен на големиот јубилеј од Разловечкото востание. Со силни пораки за зачувување на историската меморија, љубовта кон природата и почитта кон македонските револуционери, денеска започна планинарскиот марш во чест на 150-годишнината од Разловечкото востание. Маршот, кој се организира од ПСК „Голак“ Делчево, обедини ...
Македонија го доби првиот иновативен технолошки парк за развој на современи иновации преку вештачка интелигенција и дигиталната трансформација. Паркот N99 e наменет за едукативни и истражувачки содржини за студенти, компании и институции. „Треба да подготвиме ученици, студенти, експерти и професионалци кои ќе можат да се вклучат во компаниите што работат во областа на дигитализацијата, вештачката интелигенција и иновациите. Доколку тие се ...
Коалицијата ВРЕДИ вечерва на Конгрес во Скопје во присуство на 850 делегати се обедини во еден политички субјект. Ко-претседателот на ВРЕДИ и градоначалник на Чаир Изет Меџити во изјава за медиуми истакна дека во албанскиот кампус имало монопол подолг период, гласачите барале промени и така се родила коалицијата ВРЕДИ. -Гласачите бараа промени уште пред десетина години, но проблемот беше кај опозицијата. Ние тоа го прочитавме добро и се ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, наведе дека македонскиот народ застана на вистинската страна – антифашистичката и како природни и докажани Европјани, должни сме да го осудиме и да му се спротивставиме на било кој облик на фашизам или слични идеологии. -9 Мај за нас е двоен празник: Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Македонскиот народ застана на правата страна – ...
Денот на единствената македонска автохтона сорта грозје „станушина“, по петти пат беше одбележан во Кавадарци. Настанот реализиран во Винскиот музеј, беше во организација на здружението „Македонски семејни винарии“.Експерти од областа на автохтони сорти, биодиверзитет, развој на винскиот туризам и агротуризмот, одржаа предавања пред присутни лозари, винари и други гости. – Станушината е нашето природно богатство, културно наследство – рече ...
Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 42. Марш на ангелите и денеска чекореа низ улиците во Кочани, почнувајќи од Паркот на Револуцијата и завршувајќи кај зградата на Основното јавно обвинителство во Кочани. На одговорните во институциите им се обратија во три наврати, застанувајќи пред зградата на Полицијата, барајќи одговорност за полициските службеници, кои таа ноќ не интервенирале кога се запалила ...