
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



LinkSense.mk Неколку институции во Берлин пријавија закани за бомби, по слични закани во повеќе училишта и медиумски организации во други делови на Германија претходно и вчера. Полицијата соопшти дека е закана стигнала и до централната железничка станица во Берлин. Железничкиот оператор Дојче Бан добил заканувачки мејл во текот на ноќта, изјави денеска портпаролката на полицијата. Полицијата потоа ги засили силите на главната станица и ја ...
LinkSense.mk Полскиот бискуп, во чија епархија имаше скандал поради оргија во дом на свештеник, поднесе оставка, соопшти Ватикан. Во соопштението не се наведува точната причина за оставката на епископот Гжегож Кажак, туку само дека Папата ја прифатил. Епархијата на Кажак во југозападна Полска ја потресе скандал откако во септември во полските медиуми беа објавени извештаи за оргија во дом на свештеник во градот Даброва Горница. Според полските ...
LinkSense.mk Неколку луѓе во Австрија завршија во болница откако, според првичните претпоставки, користеле фалсификувани верзии на лекот за дијабетес Оземпик од данскиот Ново Нордиск, соопшти вчера австрискиот регулатор за здравствена безбедност во првиот таков извештај, подготвен со цел да се сузбијат фалсификуваните лекови. Пациентите доживеале хипогликемија и напади, кои се сериозни последици што укажуваат на тоа дека производот содржел ...
LinkSense.mk Молдавија денеска го блокираше пристапот до повеќе од 20 руски медиумски веб-страници поради „информативна војна што се води против земјата“. Во уредбата на Службата за разузнавање и безбедност се наведени 22 руски новински куќи кои треба да бидат блокирани, меѓу кои и „Раша тудеј“, НТВ Рен ТВ, државниот медиумски холдинг ВГТРК и други. Во документот се вели дека на давателите на интернет услуги во земјата им е наредено веднаш да ги ...
LinkSense.mk Новите правила за влез во Европската унија нема да важат најмалку уште една и пол година, потврдиле од Европската комисија за Н1. Како што е наведено од ЕК, Агенцијата на ЕУ за оперативно управување со големи ИТ системи во областа на слободата, безбедноста и правдата (ЕУ-ЛИСА), која е одговорна за планираниот систем за информации и овластување за патување (ЕТИАС), усвои нова временска рамка која предвидува нејзино пуштање во ...
LinkSense.mk Ураганот „Отис“ се приближуваше вчера кон популарното летувалиште Акапулко и се очекува да стигне на брегот на Мексико како „исклучително опасна“ бура од петта категорија. Се очекуваше дека „Отис“ ќе дојде на брегот рано утрово, носејќи силен ветер и силен дожд. Веќе беше ураган од четврта категорија вчера доцна попладнето, со максимални постојани ветрови од 145 милји на час, соопшти американскиот Национален центар за урагани. „До ...
LinkSense.mk Њујорк е прв на листата на светски градови најпогодни за бизнис, а седум европски градови се меѓу првите 20 најдобри финансиски центри, според новото рангирање на Индексот на глобалните финансиски центри (GFCI). Во горниот дел од оваа листа доминираат Соединетите Американски Држави, а Лондон и натаму е лидер во Европа и на второ место во генералниот пласман. Зад него се Сингапур, Хонг Конг и Сан Франциско на третото, четвртото и ...
LinkSense.mk Делегација на романската Амбасада во Скопје, предводена од Aмбасадорката Н.Е. Адела Моника Аксинте, оствари работна посета на АЛКАЛОИД АД Скопје. Во своето воведно обраќање од официјалниот дел на средбата, Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов, ги претстави компанијата, нејзината основна дејност, производствените капацитети и програма, постигнатите резултати од работењето, како и континуираните вложувања низ ...
LinkSense.mk Леонардо Алтобели, 91-годишен пензиониран италијански лекар, вели дека сега е конечно задоволен и дека ќе престане да студира откако денеска ќе ја добие својата петнаесетта универзитетска диплома. „Доста е. Сега ќе престанам да студирам“, изјави тој вчера за локалните медиуми, еден ден пред да добие диплома по криминологија на новиот оддел за истражувачки науки на Универзитетот во Фоџа. Алтобели до седумдесетата година од својот ...
LinkSense.mk Сончево и топло време нè очекува денеска во земјава. Ќе има мала до умерена, претежно висока облачност, и ќе дува слаб јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од 6 до 14 Целзиусови степени, а максималните од 18 до 28 степени. Во Скопје и во околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурите во главниот град денеска ќе се движат од минимални 12 до ...
LinkSense.mk Одговор на новинарско прашање , Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ Одговор: Нашиот став е принципиелен и непроменет. Изборите ќе бидат наредната година во редовниот термин прво претседателски а потоа и парламентарни. За точниот датум за одржување на овие избори прво за претседателските а потоа и за парламентарните сме спремни да разговараме на ниво на работни групи. Очекувам за брзо тие да се формираат и да почнат со ...
LinkSense.mk Во текот на викендот во Република Кипар по морски пат пристигнале 264 мигранти, во три одвоени случаи, пишуваат кипарските медиуми, повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи, јави дописничката на МИА од Атина. Медиумите од островот коментираат дека е зголемен бранот бегалци и мигранти, нешто што предизвикува загриженост кај властите, но и дека постојат информации дека голем број луѓе планираат да тргнат кон ...
LinkSense.mk Русија отсекогаш ја истакнувала својата посветеност за обезбедување на сигурност на Израел, на земјата и треба мир, но и на Палестинците им е потребен мир, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. – Во своите меѓународни говори за Блискиот Исток, претседателот Владимир Путин секогаш ја истакнуваше нашата посебна посветеност за обезбедување сигурност на Израел. Ги гледаме геополитичките услови во кои се развива ...
LinkSense.mk Правото на Израел на самоодбрана согласно меѓународното право и потребата да се заштитат цивилите, да се ослободат Израелците кои се држат во заложништво од Хамас и да се избегне хуманитарна криза, ги истакнал грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на средбата со неговиот израелски колега Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, јави дописничката на МИА од Атина. Мицоткис, како што соопштија од неговиот кабинет, ја изразил „згрозеност и болка ...
LinkSense.mk Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека се надева оти Шведска ќе биде примена во Алијансата многу брзо. Тој ја даде оваа изјава откако претходно денеска претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган го потпиша и го достави до Парламентот на ратификација барањето на Шведска за влез во НАТО. – Го поздравувам испраќањето до турскиот Парламент Протоколот за пристапување на Шведска во НАТО, рече Столтенберг. – ...
LinkSense.mk Во Европската Унија Германија се спротивстави на барањата за прекин на огнот од хуманитарни причини во Појасот Газа. – Сега најважна е борбата против тероризмот, изјави вчера во Луксембург министерката за надворешни работи Аналена Бербок, јави германската агенција ДПА. На состанокот со колегите министри од ЕУ, таа изјави дека „очигледно е дека Израел се уште трпи масовни ракетни напади“. „Ќе има мир и безбедност за Израел и ...
LinkSense.mk Блискиот исток е на работ на бездна како резултат на војната меѓу Израел и Хамас, изјави за Би-Би-Си високиот комесар при ОН за бегалци на Блискиот Исток Филип Лазарини. – Светот ја губи својата човечност, оцени Лазарини, предупредувајќи дека насилството може да се прелее во регионот. Лазарини предупреди на страшната ситуација за цивилите во Газа, повторно повикувајќи на коридори за хуманитарна помош. Говорејќи во Ерусалим, Лазарини ...
LinkSense.mk Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас одби да разговара по телефон со американскиот претседател Џозеф Бајден за време на посетата на американскиот претседател на Израел во средата, објави утринава израелската телевизија Кан. Цитирајќи неименуван палестински извор во Рамала, на Западниот Брег, каде што е седиштето на палестинската управа, ТВ Кан наведе дека администрацијата на Бајден се обидела да организира телефонски ...
LinkSense.mk Во два одвоени случаи, во текот на вчерашниот ден, Крајбрежната служба на Грција спасила вкупно 47 бегалци и мигранти во близина на островите Фармакониси и Сими, јави дописничката на МИА од Атина. При редовна патрола, брод на крајбрежната служба открил 24 мигранти во морската областа јужно од Сими и сите, безбедно биле пренесени на пристаништето на островот. Во вториот случај, по добиено известување за чамец во тешка положба во ...
LinkSense.mk Финската компанија Нокија (Nokia) денеска соопшти дека ќе отпушти до 14.000 луѓе како дел од планот за намалување на трошоците по падот на заработката во третиот квартал. Телекомуникацискиот гигант информира дека ќе ја намали својата основа на трошоци и ќе ја зголеми оперативната ефикасност за „да се справи со предизвикувачкото пазарно опкружување“, пренесува Си-Ен-Би-Си. Со новите мерки ќе се намали бројот на вработени од сегашните ...
LinkSense.mk Американскиот претседател Џо Бајден на аеродромот во Израел беше пречекан од израелскиот претседател, Исак Херцог, и премиерот Бенјамин Нетанјаху, како „искрен пријател на Израел и ционистите“ и му посакаа „добредојде дома“. Моментот на пристигнувањето на Бајден во Тел Авив не може да биде почувствителен, особено што при неговото качување во авионот во Америка, ширум светот одекна веста дека во Газа е погодена болница и дека на лице ...
LinkSense.mk Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51 % во однос на одлуката од 16.10.2023 година. Од 20.10.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин „евросупер БС-95“ – 80,00 (денари/литар) моторен бензин „евросупер БС-98“ – 82,50 (денара/литар) дизел-гориво „евродизел БС ...
LinkSense.mk Европската комисија соопшти дека заедно со властите на земјите членки на ЕУ во рамки на Мрежата за заштита на потрошувачите, во следните недели ќе ги следи објавите на т.н. инфлуенсери на социјалните мрежи со цел да утврди дали тие со своите објави ги доведуваат потрошувачите во заблуда, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што посочи ЕК, инфлуенсерите кои се вклучени во редовни комерцијални активности, како рекламирање производи ...
LinkSense.mk СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...
LinkSense.mk Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси одобри отворање на граничниот премин Рафах за 20 камиони со хуманитарна помош за Појасот Газа, потврди американскиот претседател Џо Бајден. Ал Сиси и Бајден постигнаа договор за отворање на граничниот премин поради влошувањето на хуманитарната криза во Појасот Газа и бројните антиизраелски протести низ Блискиот Исток. Бајден не прецизираше кога ќе се отвори границата, но портпаролот на ...
LinkSense.mk Словенечката влада денеска ќе одлучува за воведување гранични контроли со Хрватска и Унгарија, соопштија од словенечкото МВР, јавија словенечките медиуми. Министерот веќе ги известил своите хрватски и унгарски колеги. Претходно Рим ја извести Љубљана дека поради променетата состојба во Европа и Блискиот Исток воведува гранични контроли со Словенија. -Словенечкото МВР подготвува известување до Европската комисија за воведување ...
LinkSense.mk Министрите за внатрешни работи на државите-членки на ЕУ ќе се состанат денеска во Луксембург каде што ќе разговараат за ситуацијата во Шенген зоната, импликациите на ситуацијата на Блискиот Исток за внатрешната безбедност во ЕУ и миграцијата. Се повеќе земји воведуваат контроли на границите внатре во Шенген зоната поради големиот број илегални влегувања на мигранти. Италија најави дека поради променетите околности во Европа и на ...
LinkSense.mk Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 22 Целзиусови степени. И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе ...
LinkSense.mk – Министерството за здравство во Газа соопшти дека од почетокот на војната во Газа загинале 3.478 луѓе, а повеќе од 12.000 се ранети. Најголем дел од нив се жени, деца и стари лица. Повеќе од 1.400 луѓе во Израел загинаа, главно цивили убиени за време на смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври. Израелските сили убија три лица, меѓу кои двајца тинејџери, рано утринава на Западниот Брег, јави официјалната палестинска новинска ...
LinkSense.mk Во Луксембург денеска започнува дводневното заседание на Советот за правда и внатрешни работи на Унијата, на кое една од точките е и подготовката за Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи во Скопје на 26 и 27 октомври. На денешниот прв ден од заседанието, министрите за внатрешни работи на земјите членки Унијата ќе расправаат и за Регулативата за спречување и борба против сексуалната ...