LinkSense.mk Хирургот кој двапати го оперираше папата Франциско е под истрага, соопштија од римската болница „Џемели“, по извештајот во медиумите дека против него е покрената постапка поради фалсификување документи. Серџо Алфиери, кој го оперираше папата во јуни оваа година, како и во 2021 година, повеќе пати се потпишал во регистарот на присустни во салата за операции кога не бил таму, а понекогаш наведувал дека работел во две различни ...

LinkSense.mk Пратениците во Европскиот парламент во Стразбур денеска беа предупредени да не пијат вода од шишињата што се делат, откако на повеќемина им се влошила здравствената состојба. Со оглед на симптомите што се појавиле кај пратениците постои сомневање за труење. „Не пијте вода од шишињата во просториите на ЕП во Стразбур“, се вели во итната СМС порака испратена до илјадници политичари и вработени. „Известени се националните власти. Во ...

LinkSense.mk Инвеститорите од „Волстрит“ се соочуваат со две пречки кои би можеле да го прекинат силниот раст од месец и половина: со последната овогодишна седница на Банката на федерални резерви (ФЕД) во годината и со објавата за инфлацијата во ноември. Во меѓувреме, економските податоци укажуваат на меко приземјување на економијата, што не е добра вест за акционерите. Минатиот месец во САД беа отворени нето 199.000 нови работни места, а ...

LinkSense.mk Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека не гледа задна намера во сите пораки кои ги слушнавме изминатите денови од амбасадорката Анџела Агелер и од претставниците на САД, туку напротив, како што посочува, смета дека тие само одат во поддршка на сето она што ние како држава и како општество се обидуваме да го направиме. Прашана за тоа како најавата на амбасадорката Анџела Агелер за нови имиња на „црната листа“ влијаат ...

LinkSense.mk Францускиот град Бурж ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година, објави Росела Тарантино, претседател на жирито. Избраниот француски град ќе ја понесе таа титула, што носи значителни економски и туристички придобивки. Други француски градови во конкуренција беа Руан (северозападно), Монпеље (југ) и Клермон-Феран (централен дел). За 2028 година беа номинирани и Скопје и Чешке Будејовице во Чешка. Жирито со 12 члена од ...

LinkSense.mk Членовите на Европскиот парламент (ЕП) го повикаа Европскиот совет на состанокот од 14 до 15 декември да донесе одлука за отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија. Под услов да се преземат одредени реформски чекори, се наведува во објавата на веб-страницата на ЕП, треба да се отворат пристапни преговори со Босна и Херцеговина, а на Грузија треба да добие кандидатски статус. Европратениците го поздравија новиот план ...

LinkSense.mk Две лица загинаа во пожарот што избувна вчера вечерта во домот за стари лица во Мали Мокри Луг, предграието на Белград. Повредените се пренесени во ВМА. Евакуирани се 73 корисници на домот и осум вработени, јави дописникот на МИА од Белград. Припадници на Одделението за вонредни состојби на МВР го локализирале пожарот кој избувнал на улицата Партизанска бр.34 од зградата на Дом за стари лица во Мали Мокри Луг. Пребарувајќи на ...

LinkSense.mk Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе се обрати на отворањето на регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“, која денеска и утре се одржува во Скопје. Регионалната конференција е во организација на Центарот на истражување и креирање политики и конзорциумот СМАРТ Балкан. Како што најавуваат организаторите, на конференцијата ќе се обратат и Кристин Мелсом, амбасадорка на Кралството Норвешка за Србија, ...

LinkSense.mk Сондата „Војаџер 1“ доживеа дефект што предизвика прекин на комуникацијата со Земјата, додека таа беше оддалечена околу 24 милијарди километри.Инженерите на НАСА се обидуваат да ја откријат причината за проблемот. Станува збор за најоддалеченото вселенско летало од Земјата и е надвор од хелиосферата, во Сончевиот меур од магнетни полиња и честички што се протега далеку од орбитата на Плутон. Надвор од хелиосферата е и „Војаџер 2“, ...

LinkSense.mk Потрошувачите во Европската унија ќе бидат подобро заштитени од силно флуктуирачките цени на електричната енергија бидејќи преговарачите постигнаа договор за реформата на пазарот на електрична енергија во ЕУ. Договорот беше постигнат утрово меѓу претставниците на земјите од Европската унија и Европскиот парламент во Стразбур. Покрај стабилизирањето на цените, реформата има за цел да го промовира проширувањето на производството на ...

LinkSense.mk Според извештаите на американските медиуми, израелските вооружени сили тестираат поплавување на тунели што ги користи исламистичката група Хамас под Појасот Газа. Морската вода се вбризгува во некои од тунелите за да се утврди дали методот е погоден за големо уништување на подземниот систем, објави во вчера американската телевизиска станица Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски функционер добро информиран за тоа. И американскиот ...

LinkSense.mk Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се преземаат опсежни активности за пронаоѓање на 14-годишна Вања Ѓорчевска, која исчезна во понеделникот на пат кон училиште. Во изјава за медиумите дадена по посетата на СВР Скопје, министерот Спасовски рече дека се сослушани десетици лица и дека се вештачат електронските уреди од семејството и од девојчето. „Се пребарува и речното корито на Вардар, се пребаруваат ...

LinkSense.mk Се очекува во текот на денот да биде подготвено барањето за екстрадиција од Министерството за правда за Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој вчера беше уапсен во Турција. За МИА од Министерството за правда информираа дека во моментот се прибираат информации и документацијата од институциите за спроведување на постапката за екстрадиција. Кога ќе биде се подготвено, најверојатно ...

LinkSense.mk Папата Франциск, кој веќе поедностави многу раскошни церемонии во Ватикан, одлучи да го стори истото со папскиот погребен обред и да биде првиот по повеќе од сто години што ќе биде погребан надвор од Ватикан. Папата, кој в недела ќе наполни 87 години, ги откри плановите за неговиот погреб во интервју за мексиканската телевизија N+. Франциск соопшти дека работи со церемонијалниот господар на Ватикан за да ги поедностави долгите ...

LinkSense.mk Министерството за внатрешни работи разгледува, анализира и обезбедува докази и информации за нови аспекти кои произлегуваат од истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски за кој осомничени се пет лица, меѓу кои првоосомничен е Љупчо Палевски – Палчо, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Спасовски во гостување денеска во емисијата „Слободен печат“ на Слободна ТВ, рече дека ...

LinkSense.mk Борбата против корупцијата и владеење на правото се во сржта на напредувањето на Северна Македонија на патот кон Унијата, подвлече евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир во обраќање на Шестата пленарна сесија на НКЕУ-МК на тема „Национална конвенција за Европска Унија: Темелните општествени вредности за европската иднина“. -Над се, тие се клучни за граѓаните. Патувајќи низ државата и среќавајќи се со граѓани гледам колку грижа има ...

LinkSense.mk Холандската влада апелираше до граѓаните да ги спречат децата и домашните миленици да голтаат пена на морскиот брег, откако студијата покажа дека во неа се концентрирани т.н.„вечни хемикалии“. Имено, истражувањето на пената на белгиското приморје покажало концентрација на перфлуорирани и полифлуорирани алкилирани супстанции кои сочинуваат повеќе од 4.700 хемикалии (ПФАС), кои се широко користени заради нивните водоотпорни својства, ...

LinkSense.mk Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот ден испратил порака до кабинетот на турскиот колега Реџап Таип Ердоган, во врска со екстрадицијата на осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски. Од кабинетот на Пендаровски не соопштуваат повеќе детали за содржината на пораката. Претседателот Пендаровски во интервју за „360 степени“ во понеделникот кажа дека размислува во следните денови да испрати порака до турскиот ...

LinkSense.mk Лидерите на државите членки на Европската унија ќе се соберат во четврток и петок во Брисел на самит кој сигурно е еден од најнеизвесните во последните неколку години. На дневен ред е проширување и ревизија на седумгодишниот буџет, две теми за кои барем засега се уште не се надзира консензус. Во средиштето на вниманието сигурно ќе биде унгарскиот премиер, Виктор Орбан, кој се заканува со вето на клучните одлуки. Лидерите треба да ...

LinkSense.mk Обединетите нации вчера побараа итен хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас. Повеќе од три четвртини од 193-членото Генерално собрание го поддржаа потегот, на кој Соединетите Американски Држави минатата недела ставија вето во Советот за безбедност. Но, Вашингтон нема право на вето во Генералното собрание. И овој пат тие гласаа против нацрт-резолуцијата, заедно со Израел и осум други земји. Текстот доби 153 гласа ...

LinkSense.mk Хамас соопшти дека борбите биле најжестоки во центарот на Газа, а сведоци пријавиле смртоносни израелски напади на југот на територијата. Агенцијата Франс прес објави дека нападите вчера биле насочени кон јужниот главен град на Газа, Кан Јунис, кој сега е во центарот на борбите, како и на Рафа, град на границата со Египет, каде што десетици илјади луѓе бараат засолниште. Некои од најжестоките борби во повеќе од два месеци судир се ...

LinkSense.mk На неполни 20-ина дена до почетокот на 2024 година, кога европските метрополи блескаат накитени и осветлени, и дел од градовите низ државата, Скопје тоне во сивило. Новогодишната атмосфера воопшто нема. Од Град Скопје велат дека деновиве ќе се кителе булеварите, градскиот плоштад и централното градско подрачје. Градоначалничката Данела Арсовска, по многуте коментари на социјалните мрежи дека во градот нема ништо што потсетува на ...

LinkSense.mk Членството во ЕУ ќе донесе практични и опипливи придобивки во сите области – енергетската отпорност, заштитата на животната средина, подобрувањето на квалитетот на воздухот, економската благосостојба и подобрувањето на животниот стандард, потенцира вечерва евроамбасадорот Дејвид Гир преку видео обраќање на осмиот завршен настан од кампањата „Ние сме Европа“ во Куманово. Според Гир, енергијата е исто така клучна во борбата против ...

LinkSense.mk Бугарија ќе се откаже од контроверзната такса за транзит на руски гас низ нејзината територија од 20 лева за мегават/час што е на сила од средината на октомври. Одлуката се носи со цел државата да ги подобри односите со членките на Европската Унија и да се приклучи кон Шенген-зоната, објави „Блумберг“. Потегот на бугарската влада да наметне давачка за намалување на профитот на руската компанија „Газпром“, предизвика загриженост за ...

LinkSense.mk Мјанмар во 2023 година стана најголемиот светски производител на опиум, претекнувајќи го Авганистан, кој, со враќањето на Талибанците на власт, тргна во сузбивање на трговијата со дрога, се вели во извештајот на Обединетите нации објавен денес. Оваа година, според проценките, Мјанмар произведе 1.080 метрички тони опиум, неопходен за производство на хероин, се наведува во документите на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал ...

LinkSense.mk Две лица загинаа, а едно е рането во оружен инцидент што се случи вчера во швајцарскиот град Сион, јавува Би-би-си. Жена (34) била убиена околу 7.00 часот на паркинг, а набрзо потоа бил убиен и 41-годишен маж. Полицијата во 7.15 часот била известена дека 49-годишна жена е ранета на паркингот на улицата „Оскар-Бајдер“. Убиените и ранетата жена живееле во кантонот Валаис. Полицијата го лоцирала и уапсила напаѓачот во 15 часот и 43 ...

LinkSense.mk Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија соопшти дека во периодот од 1 јануари до 30 септември во Англија имало 149 лабораториски потврдени случаи на сипаници, додека во целата претходна година имало само 54, пренесува Би-би-си. Здравствените челници ги советуваат луѓето да се вакцинираат. „Малите сипаници се повеќе од обичен осип. Многу се заразни и гледаме заболуваат се повеќе луѓе. Иако не постои третман или лек ...

LinkSense.mk Европската комисија има намера да собере околу 15 милијарди евра до 2027 година за поддршка на Украина од замрзнатите руски средства, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на неименувани извори. Цел на тој предлог на ЕК ќе бидат само приходите од средствата на руската централна банка, што треба да генерираат до три милијарди евра годишно. Тој нацрт ќе биде усвоен доколку биде одобрен на состанокот на бордот на Европската комисија ...

LinkSense.mk Доналд Трамп ја задржува својата доминантна позиција во трката за републиканска претседателска номинација за изборите во 2024 година, привлекувајќи поддршка од повеќе од половина од гласачите на партијата, според анкетата на Ројтерс/Ипсос спроведена вчера, пренесе БТА. Истражувањето покажа дека 61 отсто од републиканците изјавиле дека ќе гласаат за поранешниот американски претседател на прелиминарните избори на Републиканската ...

LinkSense.mk Американската полиција уапси повеќе од 50 луѓе во Вашингтон кои се собраа да го повикаат раководството на САД да се залага за траен мир на Блискиот Исток. Активистите на американската кампања за палестинските права, потоа на еврејскиот глас за мир, како и други собрани на овој протест, носеа маици со слоганот „Инвестирајте во животот“ и побараа Конгресот да го отфрли предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за нова ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
4.63
21%
1010
weather icon

Белград

36ᴼ / 34ᴼ
2.57
29%
1012
weather icon

Загреб

35ᴼ / 32ᴼ
1.54
30%
1013
weather icon

Софија

32ᴼ / 29ᴼ
6.17
29%
1013
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.41
22%
1012
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 32ᴼ
4.12
36%
1014
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
8.23
43%
1009
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
5.14
22%
1011
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
4.12
16%
1011
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
2.57
32%
1014
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 35ᴼ
2.68
27%
1011
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
12.35
100%
1011
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048