LinkSense.mk Сондата „Војаџер 1“ доживеа дефект што предизвика прекин на комуникацијата со Земјата, додека таа беше оддалечена околу 24 милијарди километри.Инженерите на НАСА се обидуваат да ја откријат причината за проблемот. Станува збор за најоддалеченото вселенско летало од Земјата и е надвор од хелиосферата, во Сончевиот меур од магнетни полиња и честички што се протега далеку од орбитата на Плутон. Надвор од хелиосферата е и „Војаџер 2“, ...

LinkSense.mk Потрошувачите во Европската унија ќе бидат подобро заштитени од силно флуктуирачките цени на електричната енергија бидејќи преговарачите постигнаа договор за реформата на пазарот на електрична енергија во ЕУ. Договорот беше постигнат утрово меѓу претставниците на земјите од Европската унија и Европскиот парламент во Стразбур. Покрај стабилизирањето на цените, реформата има за цел да го промовира проширувањето на производството на ...

LinkSense.mk Според извештаите на американските медиуми, израелските вооружени сили тестираат поплавување на тунели што ги користи исламистичката група Хамас под Појасот Газа. Морската вода се вбризгува во некои од тунелите за да се утврди дали методот е погоден за големо уништување на подземниот систем, објави во вчера американската телевизиска станица Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски функционер добро информиран за тоа. И американскиот ...

LinkSense.mk Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се преземаат опсежни активности за пронаоѓање на 14-годишна Вања Ѓорчевска, која исчезна во понеделникот на пат кон училиште. Во изјава за медиумите дадена по посетата на СВР Скопје, министерот Спасовски рече дека се сослушани десетици лица и дека се вештачат електронските уреди од семејството и од девојчето. „Се пребарува и речното корито на Вардар, се пребаруваат ...

LinkSense.mk Се очекува во текот на денот да биде подготвено барањето за екстрадиција од Министерството за правда за Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој вчера беше уапсен во Турција. За МИА од Министерството за правда информираа дека во моментот се прибираат информации и документацијата од институциите за спроведување на постапката за екстрадиција. Кога ќе биде се подготвено, најверојатно ...

LinkSense.mk Папата Франциск, кој веќе поедностави многу раскошни церемонии во Ватикан, одлучи да го стори истото со папскиот погребен обред и да биде првиот по повеќе од сто години што ќе биде погребан надвор од Ватикан. Папата, кој в недела ќе наполни 87 години, ги откри плановите за неговиот погреб во интервју за мексиканската телевизија N+. Франциск соопшти дека работи со церемонијалниот господар на Ватикан за да ги поедностави долгите ...

LinkSense.mk Министерството за внатрешни работи разгледува, анализира и обезбедува докази и информации за нови аспекти кои произлегуваат од истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски за кој осомничени се пет лица, меѓу кои првоосомничен е Љупчо Палевски – Палчо, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Спасовски во гостување денеска во емисијата „Слободен печат“ на Слободна ТВ, рече дека ...

LinkSense.mk Борбата против корупцијата и владеење на правото се во сржта на напредувањето на Северна Македонија на патот кон Унијата, подвлече евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир во обраќање на Шестата пленарна сесија на НКЕУ-МК на тема „Национална конвенција за Европска Унија: Темелните општествени вредности за европската иднина“. -Над се, тие се клучни за граѓаните. Патувајќи низ државата и среќавајќи се со граѓани гледам колку грижа има ...

LinkSense.mk Холандската влада апелираше до граѓаните да ги спречат децата и домашните миленици да голтаат пена на морскиот брег, откако студијата покажа дека во неа се концентрирани т.н.„вечни хемикалии“. Имено, истражувањето на пената на белгиското приморје покажало концентрација на перфлуорирани и полифлуорирани алкилирани супстанции кои сочинуваат повеќе од 4.700 хемикалии (ПФАС), кои се широко користени заради нивните водоотпорни својства, ...

LinkSense.mk Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот ден испратил порака до кабинетот на турскиот колега Реџап Таип Ердоган, во врска со екстрадицијата на осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски. Од кабинетот на Пендаровски не соопштуваат повеќе детали за содржината на пораката. Претседателот Пендаровски во интервју за „360 степени“ во понеделникот кажа дека размислува во следните денови да испрати порака до турскиот ...

LinkSense.mk Лидерите на државите членки на Европската унија ќе се соберат во четврток и петок во Брисел на самит кој сигурно е еден од најнеизвесните во последните неколку години. На дневен ред е проширување и ревизија на седумгодишниот буџет, две теми за кои барем засега се уште не се надзира консензус. Во средиштето на вниманието сигурно ќе биде унгарскиот премиер, Виктор Орбан, кој се заканува со вето на клучните одлуки. Лидерите треба да ...

LinkSense.mk Обединетите нации вчера побараа итен хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас. Повеќе од три четвртини од 193-членото Генерално собрание го поддржаа потегот, на кој Соединетите Американски Држави минатата недела ставија вето во Советот за безбедност. Но, Вашингтон нема право на вето во Генералното собрание. И овој пат тие гласаа против нацрт-резолуцијата, заедно со Израел и осум други земји. Текстот доби 153 гласа ...

LinkSense.mk Хамас соопшти дека борбите биле најжестоки во центарот на Газа, а сведоци пријавиле смртоносни израелски напади на југот на територијата. Агенцијата Франс прес објави дека нападите вчера биле насочени кон јужниот главен град на Газа, Кан Јунис, кој сега е во центарот на борбите, како и на Рафа, град на границата со Египет, каде што десетици илјади луѓе бараат засолниште. Некои од најжестоките борби во повеќе од два месеци судир се ...

LinkSense.mk На неполни 20-ина дена до почетокот на 2024 година, кога европските метрополи блескаат накитени и осветлени, и дел од градовите низ државата, Скопје тоне во сивило. Новогодишната атмосфера воопшто нема. Од Град Скопје велат дека деновиве ќе се кителе булеварите, градскиот плоштад и централното градско подрачје. Градоначалничката Данела Арсовска, по многуте коментари на социјалните мрежи дека во градот нема ништо што потсетува на ...

LinkSense.mk Членството во ЕУ ќе донесе практични и опипливи придобивки во сите области – енергетската отпорност, заштитата на животната средина, подобрувањето на квалитетот на воздухот, економската благосостојба и подобрувањето на животниот стандард, потенцира вечерва евроамбасадорот Дејвид Гир преку видео обраќање на осмиот завршен настан од кампањата „Ние сме Европа“ во Куманово. Според Гир, енергијата е исто така клучна во борбата против ...

LinkSense.mk Бугарија ќе се откаже од контроверзната такса за транзит на руски гас низ нејзината територија од 20 лева за мегават/час што е на сила од средината на октомври. Одлуката се носи со цел државата да ги подобри односите со членките на Европската Унија и да се приклучи кон Шенген-зоната, објави „Блумберг“. Потегот на бугарската влада да наметне давачка за намалување на профитот на руската компанија „Газпром“, предизвика загриженост за ...

LinkSense.mk Мјанмар во 2023 година стана најголемиот светски производител на опиум, претекнувајќи го Авганистан, кој, со враќањето на Талибанците на власт, тргна во сузбивање на трговијата со дрога, се вели во извештајот на Обединетите нации објавен денес. Оваа година, според проценките, Мјанмар произведе 1.080 метрички тони опиум, неопходен за производство на хероин, се наведува во документите на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал ...

LinkSense.mk Две лица загинаа, а едно е рането во оружен инцидент што се случи вчера во швајцарскиот град Сион, јавува Би-би-си. Жена (34) била убиена околу 7.00 часот на паркинг, а набрзо потоа бил убиен и 41-годишен маж. Полицијата во 7.15 часот била известена дека 49-годишна жена е ранета на паркингот на улицата „Оскар-Бајдер“. Убиените и ранетата жена живееле во кантонот Валаис. Полицијата го лоцирала и уапсила напаѓачот во 15 часот и 43 ...

LinkSense.mk Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија соопшти дека во периодот од 1 јануари до 30 септември во Англија имало 149 лабораториски потврдени случаи на сипаници, додека во целата претходна година имало само 54, пренесува Би-би-си. Здравствените челници ги советуваат луѓето да се вакцинираат. „Малите сипаници се повеќе од обичен осип. Многу се заразни и гледаме заболуваат се повеќе луѓе. Иако не постои третман или лек ...

LinkSense.mk Европската комисија има намера да собере околу 15 милијарди евра до 2027 година за поддршка на Украина од замрзнатите руски средства, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на неименувани извори. Цел на тој предлог на ЕК ќе бидат само приходите од средствата на руската централна банка, што треба да генерираат до три милијарди евра годишно. Тој нацрт ќе биде усвоен доколку биде одобрен на состанокот на бордот на Европската комисија ...

LinkSense.mk Доналд Трамп ја задржува својата доминантна позиција во трката за републиканска претседателска номинација за изборите во 2024 година, привлекувајќи поддршка од повеќе од половина од гласачите на партијата, според анкетата на Ројтерс/Ипсос спроведена вчера, пренесе БТА. Истражувањето покажа дека 61 отсто од републиканците изјавиле дека ќе гласаат за поранешниот американски претседател на прелиминарните избори на Републиканската ...

LinkSense.mk Американската полиција уапси повеќе од 50 луѓе во Вашингтон кои се собраа да го повикаат раководството на САД да се залага за траен мир на Блискиот Исток. Активистите на американската кампања за палестинските права, потоа на еврејскиот глас за мир, како и други собрани на овој протест, носеа маици со слоганот „Инвестирајте во животот“ и побараа Конгресот да го отфрли предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за нова ...

LinkSense.mk Француското Народно собрание вчера го отфрли владиниот предлог-закон за миграција, што е удар за настојувањата на претседателот Емануел Макрон. Пратениците од екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен, како и многу конзервативци, ги здружија силите за да го отфрлат законот. Отфрлањето на предлогот не значи дека владата мора да отстапи, ниту пак сигнализира крај на законот за имиграција. Владата сега може да одлучи да го врати ...

LinkSense.mk „Блумберг“ ја објави годинешнава листа на 25 најбогати семејства во светот, врз основа на податоците за нето вредноста собрани на крајот на ноември. Во нивната анализа на династиите кои останале успешни и покрај војните, кризите или даноците, исклучени се семејните богатства на првата генерација и парите кои ги контролира еден наследник. Во споредба со минатогодишната листа, семејството Ал Нахјан за прв пат се најде на пописот на ...

LinkSense.mk Археолози од Британскиот музеј во Лондон откриле два храма, едниот изграден врз другиот, во антички град во Ирак. Поновиот храм, се чини, датира од четвртиот век п.н.е. и има можна поврзаност со култот кон древниот бог Херакле и со Александар Македонски, иако неговото име не е спомнато. Постариот храм е пронајден при ископувања кај древниот сумерски град Гирсу, близу денешната населба Тело во југоисточен Ирак. Ископувањата се дел од ...

LinkSense.mk Денеска во МАНУ беше презентирана нова апаратура за генетско испитување, а беа промовирани и резултатите добиени од проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика протеомика при ИЦГИБ – МАНУ во областа на персонализираната медицина“. На настанот присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Ковачевски рече дека ...

LinkSense.mk Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 4 декември 2023 до 7 декември 2023 година, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. За ...

LinkSense.mk Од средината на декември, корисниците нема да можат да започнуваат нови разговори помеѓу Инстаграм и Фејсбук, а постоечките ќе бидат ограничени само на читање Компанијата Мета, која стои зад двете популарни социјални мрежи – Инстаграм и Фејсбук, најави значителни промени во можноста за комуникација меѓу овие две платформи. Од средината на декември корисниците повеќе нема да можат да започнуваат нови разговори помеѓу Instagram и ...

LinkSense.mk Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.12.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, малопродажната цена на ...

LinkSense.mk Шеснаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2023/2024 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата, по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
5.14
27%
1011
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
6.69
33%
1011
weather icon

Загреб

34ᴼ / 32ᴼ
3.09
34%
1014
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
35%
1012
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
0.53
26%
1009
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 32ᴼ
3.6
37%
1015
weather icon

Атина

32ᴼ / 31ᴼ
5.14
36%
1010
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
5.66
37%
1013
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
5.14
29%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
1.54
34%
1010
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
7.72
19%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
3.09
50%
1012
Currency

61.535

Currency

52.4284

Currency

71.8905

Currency

34.3076

Currency

38.3727

Currency

65.7914

Currency

7.31617

Currency

0.66869

Currency

0.36412

Currency

0.52517

Currency

1.31935

Currency

0.61274

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15026.50

Рутениум

21637.45

Калај

34.16

Сребро

1156.75

Злато

105595.08

Бакар

10.15

Паладиум

35623.03

Платина

42792.69

Родиум

176025.34

Цинк

2.75