
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



LinkSense.mk Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека „Унгарија е гласот на народот на Европа и единствената земја која изразува мислење во име на Унгарците и западноевропејците, а од друга страна Западот мора да научи дека не може да живее во лаги“. – Дојде време за промени во Европа и Европејците да ги вратат европските институции, рече Орбан на конференцијата за суверенитет во Институтот за политички студии Сазадвег, основан пред 30 ...
LinkSense.mk Во земјава во септември годинава се евидентирани 124 800 туристи, од кои 34 769 (27.9 %) се домашни, а 90 031 (72.1 %) се странски, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во септември 2023 година изнесува 256 831, од кои 34.3 % се од домашните, а 65.7 % од странските туристи. Во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 21.8 %. ...
LinkSense.mk Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 80 ...
LinkSense.mk Премиерот, Димитар Ковачевски, во рамки на учеството на Виенскиот економски форум, денеска оствари билатерална средба со косовскиот премиер, Албин Курти. На средбата со Курти беа реафирмирани заложбите на Северна Македонија и Косово за продлабочување на меѓусебната соработка со цел натамошно продлабочување и зацврстување на добрососедските односи, со фокус на економската соработка. Ковачевски и Курти разговараа и за соработката во ...
LinkSense.mk „Сакав набрзина да го добијам првиот меч и да го осигурам ‘број 1’ на крајот од годината… Сам на себе си го ставив тој притисок, но успеав да се ‘растеретам’ за продолжението на турнирот“, изјави најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, по победата против Данецот Холгер Руне (2:1) на стартот од завршниот Мастерс во Торино. Ѓоковиќ по рекорден осми пат во кариерата го обезбеди првото место на крајот на годината, но ја „проби“ и ...
LinkSense.mk Новак Ѓоковиќ после голема борба го совлада Холгер Руне на стартот на завршниот Мастерс кој се одржува во Торино, а конечниот резултат од 7:6, 6:7 и 6:3 не само што го поттурна Ноле во полуфиналето туку и го сврсти меѓу тениските бесмртници. Србинот е таму долго време кога се работи за бројните рекорди, но оваа победа уште сега му овозможи, без разлика што ќе направат тој и Карлос Алкараз во продолжетокот на турнирот, прво место на ...
LinkSense.mk На светските берзи цените на нафтата паднаа и минатата недела, трета пат по ред, затоа што трговците ги загрижи слабата побарувачката во најголемите светски економии. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 4,1 отсто, на 81,43 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 4,2 отсто, на 77,17 долари. Падот на цените е последица на знаците на слабеење на побарувачката во САД и Кина, ...
LinkSense.mk Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до граѓаните по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. „Денеска кога го одбележуваме 13 Ноември-Денот на ослободувањето на Скопје, се сеќаваме и го празнуваме херојството на борците кои пред 79 години извојуваа победа и испишаа нова историја на ослободеното Скопје. Вечна слава и длабока почит на нашите храбри борци кои ...
LinkSense.mk Компанијата на Роберт де Ниро ќе треба да ѝ плати повеќе од 1,2 милиони долари на неговата поранешна лична асистентка како отштета, откако Судот утврди дека неговата продукциска компанија допуштила полова дискриминација. Инаку, двојниот оскаровец мина три дена од двонеделното судење, вклучително и два на говорницата за сведоци. Иако поротата утврди дека Де Ниро не е лично одговорен за тоа што се случило, на неговата продукциска ...
LinkSense.mk Грција ја постави првата блокада на патот на Албанија кон ЕУ, јавија албанските повикувајќи се на грчките медиуми. – Грција не се согласи со писмото на 27 земји членки на ЕУ за отворање на првите поглавја со Албанија. Можна причина за ова е апсењето на градоначалникот на Химара, Фреди Белери, кој е етнички Грк по што Атина обвини дека неговите права се кршат, додаваат медиумите. Според Катимерини, ваквиот развој на настаните ...
LinkSense.mk Шпанската полиција уапси 121 лице, меѓу кои 118 мажи и три жени, во една од најголемите операции спроведени во таа земја против детска порнографија. Како што јави агенцијата ЕФЕ, во рамки на акцијата извршени се 125 претреси и одземени се 946 уреди со 500 терабајти порнографска содржина со малолетници. При претрес на домовите и работните места на уапсените, одземени се 368 хард дискови, 427 ЦД-а и ДВД-а, 114 УСБ флеш драјвови, 37 ...
LinkSense.mk Астронаутките на НАСА, Јасмин Могбели и Лорал О’Хара изгубиле торба со алат додека ја поправале Меѓународната вселенска станица (ISS) во вселената на 1 ноември, пренесе „Гардијан“. Торбата може да се види во вселената дури и со двоглед. „За време на поправката е изгубена една торба со алат. Торбата е забележана со помош на надворешни камери, но бидејќи е оценето дека не претставува ризик за станицата, најверојатно ќе остане „плута“ ...
LinkSense.mk Австриското Министерство за внатрешни работи соопшти дека за шест месеци ја продолжува контролата долж границата на Австрија со Словенија и Унгарија. Во моментов австриските власти ја контролираат и границата со Чешка и Словачка. На границата со другите соседни земји на Австрија се врши „интензивна контрола во пограничните области“, се вели во соопштението. „Контролата на границите е важен инструмент на полицијата за доследна борба ...
LinkSense.mk Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го поддржа барањето на американските медиуми да се емитуваат во живо рочиштата во федералниот случај против него, под обвинение дека заговарал поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година. Трамп поднесе судски документ во кој ја изразува својата поддршка за барањето на медиумите. Тој рече дека обвинителите во случајот сакаат да се гледа „во мрак“ како дел од ...
LinkSense.mk Папата Франциск повика на итно згрижување на повредените во Газа и заштита на цивилите, заедно со поголема хуманитарна помош и ослободување на заложниците кои ги држи Хамас. – Доста, доста браќа, доста, рече папата Франциск во неделното обраќање на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Тој додаде дека оружјето никогаш нема да донесе мир и дека конфликтот не смее да се прошири. „Близок сум со сите кои страдаат, Палестинци и Израелци“, ...
LinkSense.mk Во познатиот подкаст „Џој Роган Експирианс“, Илон Маск го нападна либералниот милијардер и филантроп Џорџ Сорос, тврдејќи дека дотичниот „од дното на душата го мрази човештвото“, а откри и дека минатата година го купил Твитер бидејќи „само така можел да го спаси од екстремната левица“. Во речиси тричасовниот разговор, Маск се „нафрли“ на поддршката на Сорос за прогресивните организации и, како што рече, „левичарските политички ...
LinkSense.mk Лидерот на палестинската организација Хамас, специјализиран за киднапирања и прекугранична инфилтрација, кој беше прогласен за мртов во 2014 година, е жив и ги организирал нападите врз Израел на 7 октомври, сметаат израелски шпиони, објави британски „Телеграф“. Извори блиски до израелската разузнавачка служба велат дека Мохамед Синвар, помладиот брат на Јахја Синвар, лидерот на Хамас во Газа и најбараниот терорист во Израел, со ...
LinkSense.mk Израел и Хамас преговараат за условите за ослободување на киднапираните заложници, тврдат добро упатени извори за „Њујорк Тајмс“. Преговорите, наводно, се одржуваат под покровителство на американски и катарски официјални лица, а во Доха од пред неколку денови се Вилијам Барнс, директорот на ЦИА и Дејвид Барнеа, шефот на израелскиот Мосад, за да ја решат таа задача. Се преговара за два предлози – првиот се однесува на ослободување на ...
LinkSense.mk Во Србија се зголемува бројот на деца кои боледуваат од голема кашлица, таканаречена „болест од 100 дена“.Според официјалните податоци, најпогодена е возраста до 12 месеци, но заболуваат и се повеќе школски деца на возраст од 10 до 14 години.Педијатарот д-р Саша Милиќевиќ вели дека болеста главно ги напаѓа децата од малата возраст и бебињата, поради недоволно развиениот имунитет. „Инаку, оваа болест се карактеризира со постојана и ...
LinkSense.mk Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Жаклин ен Фризел, новоименуваната амбасадорка на Нов Зеланд за Република Северна Македонија, со седиште во Рим, Република Италија. Во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски истакна дека меѓу двете земји постојат пријателски односи и заедничка желба за нивно поинтензивно развивање, како и за унапредување на ...
LinkSense.mk Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Париз, се сретна со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан. Ова е прва средба на Премиерот со новоименуваниот Помошник државен секретар, кој стапи на должност минатиот месец. На средбата, Ковачевски и О’Брајан го реафирмираа значењето на цврстото стратешко партнерство помеѓу Северна ...
LinkSense.mk Извршниот директор на „Ферари“, Бенедето Виња, зборувајќи со новинарите по објавувањето на резултатите од третиот квартал, рече дека нивните книги со порачки се „полни до максимум“. Виња истакна дека побарувачката е толку голема што италијанскиот бренд новите нарачки нема да може да ги исполни до 2026 година. 2023 година беше одлична година за „Ферари“, со оглед на тоа дека испораките до септември беа 10.418 автомобили, што ...
LinkSense.mk Министерката за одбрана Славјанка Петровска во рамките на официјалната посета на Романија во касарната Отопени ги посети војниците од македонскиот контингент кои се дел од Мултинационалните сили на НАТО сместени во оваа сојузничка земја. „Ги слушнав оценките на вашите претпоставени дека вашиот ангажман и посветеноста се на навистина највисоко ниво. Заедно со останатите нации, секој ден работите и учествувате во сите вежби и сите ...
LinkSense.mk Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, не гледа проблем за Алијансата во отворената поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за исламистичкото движење Хамас, кое моментално е во војна со Израел, јавува ДПА. -Никогаш не е лесно кога имаме различни ставови во Алијансата, рече Столтенберг во интервју за ДПА. Шефот на НАТО, меѓутоа, додаде дека тоа „на никој начин не влијае на тоа што го правиме или не го правиме, ...
LinkSense.mk Транссексуалците можат да бидат кумови на крштевки и свадби и смеат да бидат и самите крстени, објави во средата Ватикан, одговарајќи на прашања од бискупите. Дикастеријата за наука на верата јасно не одговори на прашањето дали истополовите парови можат да крстат посвоено дете или дете родено од сурогат мајка. Бискупот Хозе Негри од Санто Амаро, во Бразил, во јули годинава испрати шест прашања до ватиканското тело за ЛГБТ лицата и ...
LinkSense.mk Европската комисија испрати официјално барање до ТикТок и Јутјуб да и достават информации за мерките што ги презеле за усогласување со нивните обврски поврзани со заштитата на малолетниците согласно Законот за дигитални услуги на ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Еврокомисијата бара ТикТок и Јутјуб да и достават податоци за исполнување на обврските поврзани со проценката на ризикот и мерките за онлајн заштита на ...
LinkSense.mk Инспекторите во Црна Гора во септември уништиле околу 20 тони банани кои содржеле пестициди во поголема количина од дозволената, јавува Радио и телевизија на Црна Гора (РТЦГ), повикувајќи се на извештајот на Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи. Како што е наведено во документот, уништени се 19.591 килограм банани бидејќи во нив бил пронајден нелегалниот пестицид хлорпирифос – кој во Црна Гора е ...
LinkSense.mk Вкупно 31 милион компании работеле во ЕУ во 2021 година. Тие вработувале 156 милиони луѓе, соопшти денеска Евростат. Микропретпријатијата и малите фирми со до 49 вработени имале 98 отсто учество во овој број фирми. Овие компании вработувале вкупно 75,8 милиони луѓе или 49 отсто од сите вработени, а произвеле стоки или услуги за 3,3 милијарди евра, што претставува 35 отсто од вкупното производство на компаниите. Средните компании, ...
LinkSense.mk Народната банка ги ревидираше проекциите за тоа како ќе ја завршиме годината. Се предвидува дека растот ќе биде на ниво од 1,9 % , а инфлацијата од 9,5 %. Банката претходно предвидуваше економски раст од 2,1 % , а просечна годишна инфлација меѓу 8 и 9 отсто. Македонската економија, според проекциите, бавно заздравува поради кризите. Пооптимистички сценарија Народна Банка има за идната година каде се проектира раст од три проценти и ...
LinkSense.mk Извештајот е искрен, но правичен – е коментарот на европските дипломати за годишниот рапорт за земјава кој донесе низа критики пред се за отсуството на напредок во судството и во справувањето со корупцијата. Евроамбасадорот во Скопје, Дејвид Гир, кој вчера, зад затворени врати, пред државно-владиниот врв го презентираше извештајот, денеска, јавно, ги анализираше наодите во документот, фокусирајќи се на слабите точки во делот на ...