
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



LinkSense.mk Една жена загина, а две жени се повредени кога врз нив вчеравечер во белгискиот град Уденарде, на околу 50 килетри западно од Брисел, падна голема елка. Дрвото не го издржало силниот налет на ветерот, јави белгиската новинска агенција „Белга“. Безбедносните камери поставени недалеку од дрвото го снимиле падот на осветлениот 20 метри висок бор на Божиќниот пазар. Портпаролот на покраината Ост-Влаандерен изјави дека при падот на ...
LinkSense.mk Новата полска влада на десниот центар предводена од Доналд Туск одлучи веднаш да ги разбие главните лостови на моќта на крајно десничарската партија Право и правда (ПиС) на Јарослав Качински, која ја води Полска од 2015 година. Една недела по преземањето на власта, парламентот во средата донесе одлука за разрешување на управните одбори на јавните претпријатија, па така и на јавната телевизија ТВП, на Полското радио и на Полската ...
LinkSense.mk На церемонијата за доделување на годишните награди на Македонската берза за 2023 година за котираните компании, за членките на Берзата и за другите субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност, која се одржа на 21.12.2023 година, АЛКАЛОИД АД Скопје е добитник на престижната награда за Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2023 година по избор на медиумите. Признанието што го освојува АЛКАЛОИД по 11-ти пат ...
LinkSense.mk овеќе од 800.000 пациенти се примени во болниците во Велика Британија со симптоми на неухранетост и недостатоци во исхраната во последната година. Како што покажуваат податоците на Националната здравствена организација (НХС) добиени од британските болници, во последната деценија има алармантно зголемување на дијагнозите поврзани со лошата исхрана. Речиси половина милион примени пациенти имале недостиг на железо, стотици илјади ...
LinkSense.mk Тие се еден од најголемите шпиони на интернет и прекршувачи на приватноста, но од 4 јануари „Гугл“ почнува да ги исклучува колачињата од трети страни, наметливите компјутерски датотеки што го следат вашето однесување на интернет. Технолошкиот гигант по случаен избор избира еден процент од корисниците на „Гугл хром“ во светот, приближно 30 милиони луѓе, за први да ја испробаат опцијата наречена Tracking Protection. Со оваа опција ...
LinkSense.mk Поради голем интерес, Министерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка за учениците и студентите и трае до 25 декември. МОН ги потсетуваат студентите кои аплицираат за финансиски надомест за меѓуградски превоз дека пријавата се поднесува електронски преку порталот Е-услуги. Од МОН појаснуваат дека родителите/старателите кои се приматели на гарантирана минимална помош од државата при ...
LinkSense.mk Вчера на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи беа реализирани низа превентивни активности првенствено фокусирани на учениците, со цел да се спречи употребата на пиротехнички средства во пресрет и за време на претстојните празници, извести МВР. „Во рамки на заедничките активности на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје „Петарди НЕ, безбедност пред се“, беше посетено тетовското Средно ...
LinkSense.mk Украина го прекина големиот руски напад со дронови, соопштија воздухопловните сили на земјата, тврдејќи дека собориле 34 од 35 ирански беспилотни летала. Дроновите биле испратени во неколку наврати, а нивна цел биле 12 различни региони во период од седум часа на 20 декември доцна во ноќта. Еден дрон, меѓутоа, поминал низ одбраната на украинското воено воздухопловство. „Киев Индипендент“ јавува дека по нападот со дрон, една станбена ...
LinkSense.mk Од почетокот на 2020 година до денес членките на Европската унија непречено трошеа за да можат нивните економии и граѓани да ги преживеат пандемијата на корона вирусот, војната во Украина и растот на цените на енергенсите. Побогатите земји од северот на Стариот континент неволно пред три години се согласија да дадат допринос во фондот за закрепнување на Унијата, кој тежеше 806 милијарди долари, а кој главно беше потрошен за спас на ...
LinkSense.mk Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ мора да повлече повеќе од 100.000 дизел-возила во Германија, поради наводи за неправилности во управувањето со испуштањето издувни гасови, соопшти Германската транспортна управа (КБА) којашто издаде известување за повлекување. Се очекува тоа да опфати околу 100.000 возила. Повлекувањето се однесува на различни дизел-модели „Еуро 5“ и „Еуро 6-б“ каде што е потребно ажурирање на ...
LinkSense.mk Гуски ги заменуваат кучињата како чувари во затворот во бразилската држава Санта Катарина, објавија британските медиуми. Задачата на гуските е да внимаваат на обидите за бегство од затворот и да сигнализираат дали ќе се случат. Во еден од затворите во бразилската држава, гуски патролираат по зелениот периметар сместен меѓу внатрешната ограда и главниот надворешен ѕид што го дели затворот од надворешниот свет. Претставниците на ...
LinkSense.mk Во Кина денеска се забележани нови рекордно ниски температури во услови на постојан студ во земјата на крајот на годината во која имаше голем број екстремни метеоролошки појави. Националната метеоролошка служба извести дека рано утринава повеќе од 20 станици во повеќе делови од земјата забележале рекордно ниски температури за декември. Во градот Хохот, главен град на провинцијата Внатрешна Монголија во северна Кина), на пример, ...
LinkSense.mk Советот за безбедност на Обединетите нации денеска повторно ќе се обиде да гласа за резолуцијата за Газа, откако овој документ неколку пати беше одложуван поради неможноста да се постигне договор. Советот, широко критикуван за неговата неактивност од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, веќе неколку дена преговара за нов текст на резолуцијата спонзорирана од Обединетите Арапски Емирати. Гласањето првично планирано за ...
LinkSense.mk Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија. -Дозволете да ви го честитам 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик. Една од првите одлуки на асномска Македонија била да се овозможи настава на мајчин јазик за повеќе заедници, вклучително и за турската. На денешен ден, во 1944 ...
LinkSense.mk СДСМ се грижи и за пенизонерите, само со последниот, деветти пакет антикризни мерки, 187.000 пензионери со пониски пензии добиваат значителна финансиска поддршка, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на вчерашната трибина „Повеќе за сите“ во Прилеп. Во наредните 5 месеци, како што посочи лидерот на СДСМ, Ковачевски, пензионерите со пензија до 14.000 денари добиваат по 3.000 денари месечно финансиска поддршка што е ...
LinkSense.mk Исмаил Ханија, шефот на Хамас, пристигна денеска во Каиро, објави палестинската исламистичка организација, а информиран извор потврди за Ројтерс дека во тек се интензивни преговори за размена на заложници за палестински затвореници меѓу Израел и Хамас, со посредство на Катар и Египет. Според медиумите, Израел понудил прекин на огнот во Газа на најмалку една недела како дел од преговорите за пуштање на слобода на дополнителни ...
LinkSense.mk Државата мора да остане на патот на европските интеграции без оглед на тоа која извршна власт ќе раководи по изборите во мај 2024-та и какви ќе бидат раздвижувањата по изборите за Европскиот Парламент и претседателските избори во САД, порача шефот на државата Стево Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците во Собранието. Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски останува на ставот дека тие ќе направат се земјата да ...
LinkSense.mk Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека се издвоени 13 милиони евра од Буџетот на МВР за униформи, техничка опрема и возила – имплементиравме високи европски стандарди на материјално-техничката опременост на македонската полиција. – Така, покрај униформираната полиција со комплет униформи (зимски јакни, високи специјални чизми, летни и зимски панталони, чевли со дебел и тенок ѓон, летни и зимски капи, кошули ...
LinkSense.mk Времето претпладне ќе биде сончево и претежно тивко, а попладне со мала до умерена облачност. По котлините ќе биде магливо и постудено. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот умерено облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 7 степени. Како што соопшти УХМР, в четврток ќе ...
LinkSense.mk Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење на мобилен телефон, две санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните ...
LinkSense.mk Американската агенција за храна и лекови (ФДА) соопшти дека го одобрила првиот тест за проценка дали постои ризик од зависност од употреба на опиоиди кај одредени поединци. Како што пренесуваат странските агенции, тестот наречен АвертД (AvertD) е развиен од фармацевтската компанија СОЛВД и е наменет за употреба пред првата употреба на орални опиоидни лекови, како што се лекови против болки, кај лица кои ги земале помеѓу четири и 30 ...
LinkSense.mk Германската полиција уапси четворица мажи по пукање пред паб во Нојнкирхен, околу 170 километри југозападно од Франкфурт, јави ДПА. Маж (53) синоќа е повреден во ногата со два истрели, соопшти портпаролот на полицијата. По инцидентот осомничените избегале со автомобил од местото на настанот, изјави тој и додаде дека во тек е истрага. Полицијата соопшти дека двајца осомничени потоа се предале во Нојнкирхен, додека други двајца ...
LinkSense.mk Баптистичката болница Ал Ахли, лоцирана во Појасот Газа, престана со работа, соопшти палестинското Министерство за здравство. – Болницата „Ал Ахли“ е вон функција поради бомбардирањето, опсадата и апсењето на неколку припадници на медицински персонал, се вели во соопштението, пренесува Си-Ен-Ен. Ал Ахли беше една од ретките делумно функционални медицински установи во Газа. Во моментов, само 11 од 36 болници делумно функционираат во ...
LinkSense.mk Пет деца во САД загинаа во пожар во двокатна зграда, кој избувнал додека нивниот татко бил на божиќен шопинг, пишува Скај Њуз. Трагедијата во која животот го загубија едно девојче и четири момчиња се случи во саботата во Булхед Сити, во Аризона. Децата на возраст од две, четири, пет и 13 години кои загинаа се браќа и сестри, додека 11-годишното момче е нивен роднина кој дошол на гости. Таткото на четирите деца им рекол на ...
LinkSense.mk Доналд Трамп не ги исполнува условите за претседателски кандидат во Колорадо според уставната клаузула за бунт, одлучи Врховниот суд во Колорадо. Трамп е обвинет за поттикнување немири во зградата на американскиот Капитол во обид да го поништи резултатот по поразот на американските избори во 2020 година. Од кампањата на Трамп соопштија дека пресудата од Колорадо е „погрешна“ и дека ќе поднесат жалба до Врховниот суд на САД. Тоа ...
LinkSense.mk Веднаш по изборите треба да спроведеме прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но, прво, кај нас ‒ политичарите. И за секој, за кого нема логично образложение како со државна плата станал милионер, треба веднаш да следи не само оставка, туку кривична постапка. Ова денеска пред пратениците во Собранието рече претседателот Стево Пендаровски, во дел од годишното обраќање, велејќи дека тоа треба да е и порака и за следниот ...
LinkSense.mk Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Прајс Агелер. Соговорниците разговараа за текот на евроинтегративниот процес на Северна Македонија во контекст на комплетираниот скрининг процес и неодамнешните одлуки на Советот на ЕУ. Во таа насока се согласија дека е потребно да продолжи посветеноста кон европските интеграции, имајќи предвид дека преку процесот на ...
LinkSense.mk Поранешната премиерка на Велика Британија, Лиз Трус, беше во Вашингтон за да ги убеди скептичните републикански пратеници да продолжат да ја поддржуваат Украина, пишува „Политико“. Од двете страни на Атлантикот, се надеваат дека Трус може да помогне да се префрли дебатата на американската десница од изолационизам кон активна меѓународна улога за која се залагаат и британскиот премиер, Риши Сунак, и американскиот претседател, Џо ...
LinkSense.mk Најмалку 116 лица загинаа во силниот земјотрес во северозападна Кина, јави државната новинска агенција Ксинхуа, повикувајќи се на властите. Земјотресот со јачина од 6,2 степени е регистриран вчера една минута пред полноќ по локално време. Се случил на длабочина од 10 километри, со епицентар во провинцијата Гансу. Досега е потврдена смртта на 105 лица во овој регион. Најмалку 11 лица загинале во соседната провинција Кингхаи. Оштетени ...
LinkSense.mk Вулкан во југозападен Исланд, на полуостровот Рејкјанес, еруптираше вчера во 22.17 часот по локално време по неколкунеделни интензивни земјотреси, соопшти државниот метеоролошки институт. Длабочината на пукнатината во вулканот е околу 3,5 километри, а лавата тече со брзина од околу 100 до 200 кубни метри во секунда. Тоа е неколку пати повеќе отколку во претходните ерупции на Рејкјанес во последните години. Ерупцијата може да се види ...