Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше во рамките на работилницата на проектот поддржан од ФАО. Министерот се заблагодари на сите присутни што се дел од овој настан кој го означува почетокот на иницијатива што е од големо значење за земјоделскиот развој во Пелагонија, кој е еден од најважните земјоделски региони во Македонија. „Денеска заедно со претставниците од ФАО сме во општина ...

За време на мандатот од 2019 до 2024 година, Европската Унија ја прослави 60 годишнината од започнувањето на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП). Европското земјоделство во изминатите 5 години бележи значителен раст и на инвестициите и на остварените приходи од производството на храна, а за сето тоа сведочи и фактот што приходите што ги осваруваат земјоделците се доближија до просечните плати во европската економија. Како што објавија во ...

Со доаѓањето на зимата и затворањето на домот заради задржување топлина, лесно се заборава на важноста на проветрувањето и спречувањето мувла. Неколку едноставни чекори може да помогнат да се спречи појава на мувла во куќата. Застоен воздух води до влага и појава на мувла. За да се спречи ова, Питер Фолдбјерг – одговорен за дневна светлина, енергија и клима во затворен простор во данската компанија „Велукс“ (VELUX), открива неколку практични ...

Вложувањата на граѓаните во патничко осигурување за патување во странство во јуни, јули и август достигнале 2 милиони евра, што е за 6% повеќе од истиот период лани. Истовремено износот на исплати за штети покриени со патничко осигурување, за овој период, е зголемен за 89% и достигнал 560.000 евра Над 220.000 граѓани купиле патничко осигурување во летните месеци (јуни, јули и август), а најголем дел од нив го користеле за годишен одмор во ...

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и денеска апелираат до граѓаните за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив. Во последното деноноќие, како што соопшти ЦУК, немало регистрирани пожари на отворено на територијата на државата. На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие имало вкупно 1 419 повици . Од нив „реални“ повици биле 54,69 отсто, а 45,31 проценти биле ...

Во текот на летото, односно од почетокот на сезоната во јули заклучно со вчера во Грција се потврдени вкупно 180 случаи на вирусот Западен Нил, а починаа 27 лица, на возраст меѓу 61 и 93 години, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатата седмица биле регистрирани 18 нови случаи и починале две лица. Како што соопштија од ЕОДИ, во анализите не се опфатени ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

На идната владина седница се очекува да биде донесен предлогот за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со која ќе бидат опфатени стотина основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало, леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук,… Предлогот е изготвен во консултација со трговците и производителите како кракторочна мерка која се предвидува да ...

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев денеска им додели благодарници на сите кои учествуваа во организацијата на „Тиквешки гроздобер 2024″. – Сево ова немаше да биде можно без сите оние кои се вклучија во организацијата и на кои им благодарам. Тука, прво се мисли на сите служби на Општина Кавадарци и сите институции вклучени во текот на сите три дена. Потоа на сите помагатели, поддржувачи и донатори од бизнис секторот. Винариите и ...

На следната владина седница треба да се најде предлогот за есенската потрошувачка кошница, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во изјава за медиумите Мицкоски рече дека е постигнат договор и дека предлогот на Министерството за економија и труд вчера бил доставен до Владата. – Имаше вчера предлог од страна на министерот за економија, кој е резултат на средбата што ја имаа надлежните со производителите и со трговците. Рековме дека ...

Во Кочани денеска ќе се одржи промотивна средба на која ќе ви бидат претставени активностите на Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) овозможени преку проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги (Enforce Consumer Rights in Financial Services)“, финансиран од страна на Европската унија, преку Европската организација за заштита на потрошувачите – BEUC. -Нашите активности во рамките на проектот се со цел ...

Ја зајакнува природната одбрана на телото: Богато со имуноглобулини, го поддржува имунолошкиот систем и помага во борбата против вируси и инфекции. Идеално за борба против сезонски вируси: Витамини и антиоксиданти што го штитат телото од настинки и грип. Витаминска бомба за енергија и виталност: Полно со витамини и минерали кои му даваат на телото сè што му е потребно за целосно здравје. Природен антибактериски и противвоспалителен ефект: ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против А.М.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Како што соопшти денеска МВР, на 8 септември годинава пријавениот на земјен пат во село Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац во кој имало барака, сопственост на М.К.. МИА agrotim4 ...

На денешната седница на Владата, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, беше назначен за главен преговарач со Европската Унија за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, а за заменик на главниот преговарач е назначена заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков. На оваа седница, исто така, беше задолжено Министерството за европски прашања да подготви нова Одлука за воспоставување на структура ...

Се бара решение за есенската потрошувачка кошница со кое ќе им се помогне на граѓаните, но нема да бидат оштетени ниту производителите, ниту трговците. Од Министерството за економија велат дека министерот веќе имал средби и дека ќе бидат слушнати предлозите од сите страни. Предлозите од Министерството за економија ќе бидат доставени до Владата и разгледани на некоја од наредните седници. Вчера и премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не ...

Отпорноста на антибиотици може да предизвика смрт на повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година. Ова е заклучокот од студијата објавена во научната публикација „Лансет“, пренесоа светските агенции. За прв пат, ваква студија го проценува влијанието на отпорноста на антибиотици низ годините и се обидува да го предвиди нејзиниот развој. Од 1990 до 2021 година, повеќе од еден милион луѓе годишно во светот умирале поради отпорност на антибиотици. ...

Од полноќ поевтинуваат горивата од половина до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според новата одлука на РКЕ, Еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, Еуросупер БС-98 за еден денар, а Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар ипол. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 73,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 75,5 денари за литар, а дизелот по цена од 67 денари за литар. ...

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Од УХМР најавуваат дека од среда врнежите наместа ќе бидат пообилни, повремено поројни. Денеска времето е променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 ...

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. МВР и денеска ги повика сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. – Сите капацитети на ...

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 10 септември до 13 септември годинава, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. За анализа биле ...

Од денеска во аптеките во земјата ќе се издаваат и деветте нови лекови на позитивната листа. На листата се додадени лекови за крвен притисок, за срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција. На товар на Фондот за здравство ќе бидат антикоангулансите Prasugrel и Ticagrelor, Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate, лекови против висок притисок и високи масти, како и Escitalopram, Memantine, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степена. ...

Министерството за економија денеска треба да добие Предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница со според најавите 100 прехранбени земјоделски производи со ограничени трговски маржи или замрзнати цени. Според најавите, со есенската кошница треба да бидат опфатени зеленчук, овошје, пекарски, млечни производи,… Предлогот треба да биде усвоен утре на редовната седница на Владата. Работната група е составена од претставници на ...

Диви свињи прават пустош во атарот на село Нов Истевник. Меѓу најзагрозените се земјоделските култури во истевнички Пасјак, каде на повеќе места е забележлива штета како на пченката, така и на компирот и на насадите со лешник. Во изминатиот период, како што тврдат мештани, имуни на нападите не останаа ни житариците во овој крај. -Појавата константно се случува во изминатите 5-6 години најверојатно поради сушата, поради што дивечот се спушта ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со откупувачите и земјоделците во Ресен. На средбата се говореше за откупот на конзумно и индустриско јаболко. Од страна на откупувачите и земјоделците беа предложени и идеи како да се подобри ситуацијата со откупот на конзумно и индустриско јаболко пред неговото официјално започнување. Министерот Трипуновски им вети на земјоделците дека со ...

Една од целите на популарната Мерка 7 од ИПАРД III програмата е да се обезбеди поддршка за инвестиции во руралните средини насочени кон формирање и развој на алтернативни економски дејности, како и промовирање на претприемништвото и деловен развој. На претстојниот повик за оваа мерка може да се аплицира за неповратен грант до 60% од вкупните трошоци за инвестиции во производство на непрехранбени производи од 110 различни дејности (клик на ...

На двата гранични премина „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ на македонско – албанската граница кај Дебар, во изминатите осум месеци од годинава забележана е рекордна фреквенција на патници. Според статистиката на македонското Министерство за внатрешни работи, за влез и излез се регистрирани вкупно 586.884 патници, што е за над 20 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. -Гледано одделено, на граничниот премин „Блато“ влез ...

Снег падна синоќа на Бјелашница и Јахорина, олимписките планини околу Сараево, како и на планината Влашиќ, во општина Травник, пренесува Бета. Снег има и на планинскиот превој Романија. Во цела Босна и Херцеговина е значително постудено во однос на претходните денови, бидејќи температурата падна за 20 степени Целзиусови. Според прогнозата на Федералниот хидрометеоролошки завод, денеска и во наредните денови се очекува постепено разведрување ...

Една од целите на популарната Мерка 7 од ИПАРД III програмата е да се обезбеди поддршка за инвестиции во руралните средини насочени кон формирање и развој на алтернативни економски дејности, како и промовирање на претприемништвото и деловен развој. Поддршката во започнувањето нов бизнис и развој на микро и малите претпријатија е клучна во унапредувањето на конкуретноста и создавање работни места во руралните средини. На претстојниот повик за ...

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе пет кривични пријави против четири лица и едно правно лице за пожари предизвикани во периодот од 15 јуни до 10 септември годинава. Според Министерството за внатрешни работи, пријавите се за „предизвикување општа опасност“. Првата кривична пријава е поднесена против Ѓ.Д. (70) од Битола, кој на 29 јули запалил оган во своја нива во село Братиндол, со цел да уништи инсекти, по што ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
31%
1004
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
37%
1004
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
46%
1001
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
20%
1005
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.02
44%
1006
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
94%
1002
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
5.14
42%
1004
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
56%
1006
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
38%
1006
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
38%
1006
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
6.69
31%
1003
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
5.66
55%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Кобалт

45.39

Паладиум

47550.95

Алуминиум

3.64

Рутениум

51376.89

Калај

55.99

Цинк

0.00

Платина

68577.54

Родиум

320703.70

Иридиум

253540.09

Злато

151413.64

Сребро

2812.48

Бакар

13.22