Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против три лица, татко и неговите два сина, кои се товарат дека заедно сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“. За сите тројца е доставен и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, информира денеска Јавното обвинителство. Лицата на 9 август 2024 ...
Домашните компании со интерес го чекаат финалниот концепт на критериуми и услови со кои ќе може да аплицираат за кредитната линија од 250 милиони евра најaвени како поддршка за македонската економија, а најавени под истите услови со кои владата ќе зема заем од Унгарија – 3,25% камата, три години грејс период и 12 години рок на отплата или вкупно 15 години. Досега низ изјави на владини претставници пред медиумите беа презентирани одредени ...
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СТРУЧЕН СОСТАНОК Поради потврденото присуство на болеста чума кај малите преживари во регионот на централна Грција,со цел навремено информирање и подигање на нивото на будност Агенцијата за храна и ветеринарство, Ветеринарната комора и Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, организираат стручен состанок со ветеринарните друштва кои извршуваат активности од јавен интерес. Состанокот има за цел запознавање со ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во „Дејли Клик“ на ТВ21 рече дека оваа влада ќе работи на зголемување на конкурентноста на македонските земјоделски производи со субвенционирање на трошоците за производство и намалување на производната цена. На тој начин на земјоделците ќе им се исплати производството, ќе имаат поголема заработка и можност да инвестираат во нова сезона. Една од важните мерки ја спомна и ...
Ситуацијата со пожарот на Галичица е под контрола и будно се следи. Во текот на вчерашниот ден биле ангажирани 120 пожарникари на линија од 10 километри, како и пет возухоплови – три ертарактори и да полициски хеликоптера, информира денеска раководителот за противпожарна заштита во НП Галичица Ѓуро Јовчески. На источниот фронт пожарот е ставен под контрола. Денеска на терен се 100 пожарникари. Пожарот е на два километра на територијата на ...
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов синоќа го испратил тимот од Словенија на хеликоптерот „кагуар“, пилотите и придружниот воздухопловен персонал, кои помогнаа во гасењето на пожарите во државава. Како што соопшти ЦУК, словенечкиот тим помогна „до максимум според можностите и на персоналот и според техничките можности на воздухопловите во справувањето со пожарите од поголеми размери во Македонија“. -Ангелов ...
Хрватска и Грција се најголемите корисници на средства од фондовите за спроведување на кохезијата и заедничката земјоделска политика на Европската Унија, покажува истражувањето на германскиот Институт за економија (IW). Хрватска била најголемиот нето-примател на пари од кохезиониот фонд со 2,45% од нејзиниот бруто национален приход. По неа следува Словачка со 2,06%, Унгарија со 1,77%, Летонија со 1,76% и Бугарија со 1,39% од својот БНД. Целта ...
Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, во „Дејли Клик“ на ТВ21 рече дека оваа влада ќе работи на враќање на системите за наводнување кои сега се уништени, и на модернизација на земјоделството. „Системите за наводнување се уништени, планираме да ги вратиме во 2025 година. Вториот сегмент е да помогне преку националните фондови да го модернизираме, со нова механизација, амортизацијата е помала, и во тој дел да ...
Министерот за европски работи, Орхан Муртезани, денеска се сретна со амбасадорот на Бугарија во Северна Македонија, Ангел Ангелов, по повод завршувањето на неговиот мандат во земјата. Во тој контекст, акцентот на состанокот беше ставен на билатералните односи и модалитетите за идни соработки. Министерот Муртезани ја нагласи важноста на одржување на добрососедски односи со Бугарија, особено преку Програмата за прекугранична соработка на ИНТЕРРЕГ ...
Поради преголеми горештини,вчера во Комарно, Хрватска за прв пат се береше грозје во вечерните часови. Најголемата група берачи беа Непалци и иако никогаш порано не виделе грозје или винова лоза, тие направија одлична работа. Бербата се одвиваше под будното око на Дамир Штимац, сопственикот на лозјето и винаријата. „Навечер е полесно. Утре ќе спиеме и ќе се одмориме, и онака е топло, ништо не можеме да направиме“ – велат работниците. ...
Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, ќе се реализира и утре во раните утрински часови. На веб-страницата на Град Скопје беше соопштено дека дезинсекцијата ќе се врши денеска и утре. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, пишува на веб-страницата. Од Град Скопје ги ...
Вкупно 53 пожари на отворен простор низ државава се евидентирани во текот на вчерашниот ден. Од нив во моментов, 12 сѐ уште се активни, шест се под контрола, а 35 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според соопштеното, три од активните пожари се на територија на општина Македонски Брод. По два се водат како активни во општините Кичево и Чашка. Огнените јазици се активни и во регионот на општините Дебар, Долнени, ...
На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти АМСМ. Зголемен интензитет на сообраќај има и на патните правци надвор од градските средини. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...
Борбата со пожарите на отворен простор продолжува. Пожарникарите веќе 38 ден се без одмор и според информациите на Центарот за управување со кризи, последен ден без ниту еден активен пожар на територијата на државата е 8 јули. Само во август биле изгаснати 370 пожари на отворен простор низ целата држава. Вчера во попладневните часови започнаа четири нови шумски пожари. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов соопшти дека пожари избувнале во Ресен и ...
Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „ВизЕр“ објави промоција наречена „Ол ју кен флај“, а тоа е годишен билет кој на клиентите им овозможува неограничени летови во текот на една година. На социјалните мрежи, пак, многумина предупредуваат за деталите Цената на овој билет за неограничени летови е 499 евра, со тоа што се работи за промоција. Стандардната цена за сите клиенти по 16 август ќе изнесува 599 евра, објави Кликс.ба. Како што посочува ...
Според најавите на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев до крајот на годината ќе се интензивира исплатата на земјоделските субвенции. -Во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во тек е анализа на сите досегашни мерки при што е поставена цел да се докаже оправданоста на подршката за секоја мерка поединечно како и досегашниот ефект од вложените ...
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој е институција која има голема важноста за земјоделските производители и со особено внимание се следи нејзината работа, исплатата на субвенциите, повиците за ИПАРД и другите мерки од програмата за Рурален развој. Од неодамна прв човек на АФПЗРР е Илија Стоилев од кого побаравме одговор на неколку прашања кои се од интерес на земјоделците околу исплатата на субвенциите и кои ...
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во општина Свети Николе додели 84 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 250 ха. Со овој настан се означија успешно завршени 4 (четири) Јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo 3 хектари. По овие повици склучени се вкупно 967 договори за закуп на земјоделско ...
Продолжува интервенцијата од воздух и од земја во гаснењето на големиот пожар во Националниот парк „Преспа” во општина Пустец. – Романскиот авион кој пристигна вчера благодарение на соработката со Европскиот механизам за цивилна заштита досега има извршено повеќе прелети. Интервенцијата од воздух и од земја со 120 ангажирани сили продолжува, со верување дека благодарение на оваа сложена операција ќе успееме целосно да ги локализираме сите ...
Фирмата изведувач која е задолжена за затворање на депониите од проектот Регионален систем за управување со отпад во Источниот плански регион, од 19 август ќе ги почне активностите за затворање на комуналната депонија во Кочани. Постапката за затворање е договорена на работната средба што градоначалникот Љупчо Папазов ја имаше со заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска, со претставниците задолжени за реализација на проектот од ...
Со осум нови лекови ќе биде проширена Позитивната листа, најави премиерот Христијан Мицкоски, кој рече и дека очекува во иднина уште повеќе да се проширува. – За Позитивната листа на лекови што Фондот за здравствено осигурување ја објавува, можам да кажам со задоволство дека бев информиран од страна на директорот, таа ќе биде проширена со осум нови лекови, што досега не беа на пазарот и со што ќе им се заштеди на осигурениците до два милиона ...
Велешките пожарникари од ТППЕ вчера попладне изгаснале пожар на сува трева во развиена фаза под село Грнчиште и покрај силниот ветар спречиле пламенот да ја зафати блиската борова шума,информираат денеска за МИА од ТППЕ Велес. Од мештаните има сомнение дека пожарот е подметнат бидејќи од местото на настанот забележале возило како се оддалечува. Од ТППЕ Велес интервенирале со едно противпожарно возило и четворица пожарникари спасители. Во ...
Јане Димески од Граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“ денеска нагласи дека штом власта во лето не презема ништо околу аерозагадувањето, не очекува зима со смог. -Ние како граѓански иницијативи уште на изборите и во текот на кампањите баравме од партиите да се произнесат со конкретни мерки кои би се преземале веднаш по воспоставувањето на власта. Во оваа власт има амбициозно ветување дека ќе го замени начинот на греење на над 600 јавни објекти ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска од Свети Николе му порача на Љупчо Николовски реално да гледа на бројките во ребалансот на буџетот. „Ние со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за исплата на заостанати субвенции, оние субвенции кои што тие како тогашна власт требаше да ги исплатат на земјоделците“, истакна министерот. Трипуновски додаде дека да работеше претходната власт како што ...
Од јануари до јули годинава издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 179,72 мегавати, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, пониски сметки за електрична енергија е клучната причина зошто интересот за инвестиции во обновливи избори не запира. – ...
По објавите дека Собранието на седницата одржана на 13 август 2024 година ги усвои посебните закони со кои три природни локалитетети во земјава: Охридското Езеро, Kањонот Матка и Студенчишко Блато добиваат посебен заштитен статус, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска информира дека Предлог законот за прогласување на Охридското Езеро за Споменик на природата, Предлог законот за прогласување на Кањонот Матка за ...
Денеска, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон, на која беше реафирмирано цврстото партнерство меѓу двете земји, со фокус на тековната и идна соработка во клучните развојни области. Министерот Муртезани изрази благодарност за конзистентната политичка, економска и развојна поддршка од страна на Обединетото Кралство низ годините. Тој ...
Земјотрес со јачина 2,4 степени по Рихтер, е регистриран утрово во 03 часот и 24 минути, чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Грција и припаѓа на епицентралното подрачје Гевгелија-Гуменџа, 140 километри југоисточно од Скопје, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. -Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во Богданци и ...
Две лица починале од вирусот Западен Нил во Грција, а регистриран е 21 нов случај во текот на минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне вкупниот број на заразени е 76 лица, а регистрирани се вкупно десет смртни случаи на возраст меѓу 61 и 92 години. Потврдени случаи на вирусот Западен Нил има во ...
Десеттина дена гори сртот на планината Галичица, на две локации, на потегот над селата Лескоец и Стење во атарот на Општина Ресен, како и месноста Војтино на охридската страна од планината. Гори нискостеблеста вегетација, а пламенот брзо се шири потпомогнат од воздушните струења и екстремно високите температури. Навечер може да се види и пламен на врвовите на планината во близина на границата кон Албанија, додека во текот на денот погледот кон ...