Во наредниот период ќе се реобјави огласот за откуп на пченицата за стокови резерви, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски. -Она што беше задолжение на Влада до Агенцијата за Стокови резерви да се објави постапка за набавка на 15 000 тони пченица, за жал беше прекината бидејќи претходниот менаџерски тим кој што требаше да ја спроведе постапката повторно ги имаше ставено критериумите без заштита на ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се намалува од 0,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,79 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 68,5, а на Екстра лесното ...

Во јули годинава се издадени 374 одобренија за градење, што е за 33.6 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот зваод за статистика. Најмногу оодбренија за градење се издадени во пелагонискиот регион, 89, по што следуваат Скопскиот и Југоисточниот со по 57, Полошкиот, 55, …. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 119 331 000 денари, што е за 71.7 ...

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска, во однос на цените и Законот за нефер трговски практики, најави дека наскоро ќе има конкретен план како ќе се постапува, а примарна цел е, напомена, да се заштитат и земјоделците и граѓаните. Трипуновски на прес-конференција информира дека е во постојана комуникација со Министерството за економија. – Ние сме во постојана комуникација сонадлежното Министерство ...

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 2 до 6 септември годинава, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. За анализа биле земени 210 ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...

Познатото земјоделско семејство Исмаиловски од село Будаково ја започнаа жетвата на сончогледот. Тие се големи производители на повеќе земјоделски култури меѓу кои и сончогледотот. Нивното производство кое е повеќе од 100 хектари секоја година, придонесува во проектот за враќање на сончогледот на македонските ниви – проект кој пред 7 години започна на иницијатива на првиот човек на фабриката откупувач – „Кристал 1923“ од Велес. -Годинава ...

СВР Охрид до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против девет лица по член 235 став 3 од Кривичниот законик поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба”, а против две од овие лица е поднесена и кривична пријава по чл.382 „спречување службено лице во вршење на службено дејствие”. Сите девет лица се лишени од слобода и со кривичната пријава се предадени во ОЈО Кичево за понатамошна постапка. Имено, вчера (08.09.2024), во ...

Русија ќе ги искористи намалениот приноси на пченица од годинешната реколта во ЕУ за да се пробие на пазарите кои се традиционални увозници на житни култури од Унијата, што дополнително ќе придонесе за „русификација на глобалниот земјоделски пазар“, оценуваат експертите. Во прилог на оваа оценка се посочува случајот со Египет, кој минатиот месец најави досега рекорден увоз на пченица 3,8 милиони тони, за што веќе преговара со руските ...

Кога ќе се спомене Босна и Херцеговина, многумина чуле за Сараево, Мостар или за Меѓумурје, но малкумина знаат или ја посетиле средна Босна. Тоа се пределите околу градовите Травник, Крешево, Кисељак, Фојница, Витез и Нови Травник. Преубави, шумовити предели, богати со руда, со традиција и историја. Според претседателката на Федерацијата БиХ, Лидија Брадара, ова е столбот на БиХ. – Мислам дека ние веќе 30 години по војната, сме генерација ...

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои активни се 3, под контрола се 4 и изгаснати се 31 пожар. Според информациите на ЦУК, активни се пожарите во Општина Петровец, кај селата Градманци, Брезница и Катланово каде што гори нискостеблeста шума, во Општина Кичево во селото Арангел каде што гори деградирана шума и во Општина Демир Хисар во селото Сопотница. Под ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

Семејството Стојановиќ, Суза и Јовица од Росоман се новите вредни земјоделци со кои сакаме да ве запознаеме. Тие имаат три деца и живеат од земјоделие, поточно од градинарски култури под фолии, лозје, а наскоро планираат да подигнат насад и со праски. -Ние го имаме најубавото грозје во Росоман и пошироко, се пофали Јовица, а според она што го видовме и навистина е така. Стојановиќ користат и систем капка по капка, сами работат се и целата ...

Од полноќ се намалува цената на Еуросупер БС-95 за два денара, а цените на Еуросупер БС-98, дизелот, Екстра лесното масло за домаќинство и мазутот остануваат исти. Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 74,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 78,50, дизелот 69,50 денари за литар, а Екстра лесно масло за домаќинство 68,50 денари за литар. Цената на Мазутот ...

Шести ден, пожарот во Мариово не покажува знаци на смирување, а огнената линија од преку 30 километри, нема намалување. Преку 200 професионалци се насочени огнената стихија да не влезе во населените места и објектите. Од прилепскиот кризен штаб уверуваат дека вчерашните кризни моменти околу селото Крушевица и кај манастирот „Свети Никола“ во Прилепец се надминати, но, има одбрана и околу „Свети Димитрија“ во Селце и во Дрен – Смолани. Ирена ...

Министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година. Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Крајниот рок за доставување на барањата за учество во постапката е 7 октомври до 10:00 часот, во архивата на Министерството. – Јавниот повик ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 4 567.7 милиони евра и бележи пад од 7.7 % во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 489.9 милиони евра, што е за 0.8 % повеќе во споредба со истиот период лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2024 ...

Министерството за внатрешни работи информира дека за случајот со пожарот во Расадник поднесена е кривична пријава против 14-годишен малолетник, кој заедно со уште две деца фрлале пиротехнички средства, по што се запалила сувата трева и настанал пожар во кој беа заатени околу три хектари површина. СВР Скопје до ОЈО Скопје поднел кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, предвидено ...

Министерството за економија и труд, во согласност со својата посветеност на заштита на правата на потрошувачите, денеска објави јавен повик за доделување на финансиски средства за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2024 година. Финансиските средства од оваа Програма се намененети за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на ...

Лиценци за нови фотонапонски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 250 MW издадени се во изминатите осум месеци (јануари -август), покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). – Станува збор за инвестиции кои се резултат на приватна иницијатива, во најголем дел тоа се компании кои поставуваат ...

Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 34 пожари на отворен простор, од нив шест се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). За пожарот на прилепската територија, од ЦУК појаснија дека активни се краците кон селата Крушевица, Чумово и Селце и накај место викано „Чуле“ на Селечка Планина. На овие места горат нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума. ...

Цените на угостителските услуги во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,2 отсто, а споредено со август минатата година за 5,1 отсто. Државниот завод за статистика денеска објави дека споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,3 отсто, Алкохолни пијалаци зa 0,3 отсто и Ноќевања за 0,1 отсто. – Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2024 година, во ...

Чест ми беше денеска да бидам гостинка кај фамилијата Здравески во село Мусинци, нашите вредни земјоделци од проектот „Договорно производство на бессемена лубеница“. Годината беше успешна, родот богат, а квалитетот на лубениците одличен. Проектот е на самиот финиш и набрзо на Агротим.мк ќе го презентираме искуството на земјоделците и фирмата откупувач – „Fresh line“. За договорното производство на бессемена лубеница имаше голем интерес од ...

„Денеска заедно со претставници од Земјоделскиот инспекторат сум на терен во општина Могила и општина Кривогаштани, сакав лично да се уверам со текот и откупот на пиперката од реколта 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Согласно она што го видов во овој дел на државата, кај дел од откупувачите има мало отстапување во делот на цената. Согласно препораките на Инспекторатот и сите ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на пченица и јачмен дека се усвоени нови мерки во насока на зголемување на финансиската поддршка. 1.Со дополна на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2024 година се воведе нова мерка за финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица. Корисници се земјоделски стопанства кои претходно имаат ...

Во текот на летото, односно од почетокот на сезоната заклучно со вчера во Грција биле потврдени вкупно 140 случаи на вирусот Западен Нил, додека починаа 17 лица, на возраст меѓу 61 и 92 години, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Согласно неделниот извештај, во изминатата седмица биле регистрирани 16 нови случаи додека пак починале две лица. Дополнително, во ...

До крајот на годинава, на општините ќе им бидат на располагање шест милијарди денари од 250-те милиони евра што треба да бидат наменети за развојни проекти на општините. Јавниот повик за аплицирање на општините за инфраструктурни проекти е веќе објавен и направен врз основа на претходно утврдени критериуми и процедури на Министерството за транспорт, за животна средина и просторно планирање, образование и наука, социјална политика, ...

Министерството за економија и труд денеска додели ваучери за одмор на работници со ниски примања. Доделени се 1.777 ваучери кои ќе може да се искористат од 15 септември до 1 декември во некои од туристичките капацитети во земјава. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, кој ги врачи ваучерите, рече дека тие се доделени на граѓани кои ги исполниле условите и дека ваучерите се во висина од 18.000 денари. – Решенијата за граѓаните кои ...

Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за излез од државата е околу 20 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина ...

Денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, заедно со инспекторскиот тим, беше во посета на преработувачите на пиперка ајварка во Гевгелискиот регион. Посетата се одвива како резултат на загриженоста на земјоделците за малиот застој во текот на откупот на пиперката куртова капија. Како што информираат преработувачите, простор за загриженост нема и тие апелираат за смиреност кај земјоделците. Тие гарантираат дека ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
33%
1003
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
3.13
37%
1003
weather icon

Загреб

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
52%
1001
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
19%
1005
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.15
42%
1005
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
95%
1001
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.58
54%
1004
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
56%
1006
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
35%
1005
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
41%
1006
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
6.17
31%
1002
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
6.17
51%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Платина

68577.54

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Родиум

320703.70

Рутениум

51376.89

Калај

55.99

Бакар

13.22

Сребро

2812.48

Цинк

0.00

Злато

151413.64

Алуминиум

3.64

Паладиум

47550.95